лариса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/larisa/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Mar 2023 08:15:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лариса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/larisa/ 32 32 Шефот на железничката станица во Лариса ќе оди во притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shefot-na-zheleznichkata-stanitsa-vo-larisa-ke-odi-vo-pritvor/ Mon, 06 Mar 2023 08:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=616277

По маратонскиот исказ даден пред истражен судија и обвинител, шефот на железничката станица во Лариса, доби мерка притвор за железничката несреќа.

Шефот на станицата беше уапсен веднаш по несреќата, што се случи во вторникот кусо пред полноќ кај месноста Темпи, а животот го загубија 57лица.

Во форензичките лаборатории на грчката полиција, според медиумите, заврши процесот на идентификација на загинатите преку ДНК анализа и од 57 загинати, идентификувани се 55 лица.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, еден загинат, сè уште не е идентификуван, бидејќи никој не го побарал и не постои ДНК примерок за анализа, додека пак една жена и понатаму ја бара нејзината ќерка која била во возот, но не постои никаква трага од неа.

Новиот министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис денеска и утре ќе биде во Лариса и Солун и ќе го посети местото на несреќата, а в среда планирано е да одржи прес конференција.

Паралелно, продолжува штрајкот на вработените во железницата, штрајк што започна веднаш по несреќата и Грција веќе шести ден е без возови.

Железничката несреќа предизвика бурни реакции и граѓаните организирани од синдикатите, од организации и сл континуирано одржуваат протести, а последниот, вчера, беше еден од помасовните со учество на околу 10.000 лица, според грчката полиција.

Во инцидентите што се случија, уапсени се пет лица, а повредени се седум полицајци.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој веднаш по несреќата рече дека судирот на двата воза веројатно се должи на човечка грешка, вчера, преку Фејсбук им се извини на роднините на загинатите.

-Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично, и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша Мицотакис.

Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка, истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола“.

The post Шефот на железничката станица во Лариса ќе оди во притвор appeared first on Република.

]]>

По маратонскиот исказ даден пред истражен судија и обвинител, шефот на железничката станица во Лариса, доби мерка притвор за железничката несреќа. Шефот на станицата беше уапсен веднаш по несреќата, што се случи во вторникот кусо пред полноќ кај месноста Темпи, а животот го загубија 57лица. Во форензичките лаборатории на грчката полиција, според медиумите, заврши процесот на идентификација на загинатите преку ДНК анализа и од 57 загинати, идентификувани се 55 лица. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, еден загинат, сè уште не е идентификуван, бидејќи никој не го побарал и не постои ДНК примерок за анализа, додека пак една жена и понатаму ја бара нејзината ќерка која била во возот, но не постои никаква трага од неа. Новиот министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис денеска и утре ќе биде во Лариса и Солун и ќе го посети местото на несреќата, а в среда планирано е да одржи прес конференција. Паралелно, продолжува штрајкот на вработените во железницата, штрајк што започна веднаш по несреќата и Грција веќе шести ден е без возови. Железничката несреќа предизвика бурни реакции и граѓаните организирани од синдикатите, од организации и сл континуирано одржуваат протести, а последниот, вчера, беше еден од помасовните со учество на околу 10.000 лица, според грчката полиција. Во инцидентите што се случија, уапсени се пет лица, а повредени се седум полицајци. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој веднаш по несреќата рече дека судирот на двата воза веројатно се должи на човечка грешка, вчера, преку Фејсбук им се извини на роднините на загинатите. -Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично, и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша Мицотакис. Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка, истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола“.

The post Шефот на железничката станица во Лариса ќе оди во притвор appeared first on Република.

]]>
Внукот на поранешниот грчки премиер Караманлис си поднесе оставка поради судирот на возови, кај нас по „Дурмо“, Беса транс“ и модуларната на министрите око не им трепна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vnukot-na-poraneshniot-grchki-premier-karamanlis-si-podnese-ostavka-poradi-sudirot-na-vozovi-kaj-nas-posle-durmo-i-besa-trans-na-ministrite-oko-ne-im-trepna/ Thu, 02 Mar 2023 08:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=614915

По  верижниот судар на два воза во Грција кај градот Лариса загинаа најмалку 38 лица.Министерот за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис по трагедијата си  поднесе оставка.На многумина ова презиме им звучи познато и се во право.

Костас Караманлис е внук на поранешниот грчки премиер кој го носи истото име и презиме како неговиот дедо.Костас помладиот ја продолжи семејната традиција на Костас постариот.

Караманлис сениор беше премиер на Грција од 2005 до 2009 кога јужниот сосед имаше најтврд став за спорот за името и кога имавме блокада за членство во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ.

Костас јуниор доаѓа нормално од партијата Неа Демократија. Тој сметаше дека е морален чин да се повлече по несреќата и тоа грчката јавност го поздрави.

Ова треба да биде пример за министрите во Македонија. Кај нас за само неколку години се случија слични трагедии со автобусите на Дурмо“ и на „Беса транс“. Судењата за овие трагедии се до никаде а министрите не ни помислија на оставки.

The post Внукот на поранешниот грчки премиер Караманлис си поднесе оставка поради судирот на возови, кај нас по „Дурмо“, Беса транс“ и модуларната на министрите око не им трепна appeared first on Република.

]]>

По  верижниот судар на два воза во Грција кај градот Лариса загинаа најмалку 38 лица.Министерот за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис по трагедијата си  поднесе оставка.На многумина ова презиме им звучи познато и се во право. Костас Караманлис е внук на поранешниот грчки премиер кој го носи истото име и презиме како неговиот дедо.Костас помладиот ја продолжи семејната традиција на Костас постариот. Караманлис сениор беше премиер на Грција од 2005 до 2009 кога јужниот сосед имаше најтврд став за спорот за името и кога имавме блокада за членство во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ. Костас јуниор доаѓа нормално од партијата Неа Демократија. Тој сметаше дека е морален чин да се повлече по несреќата и тоа грчката јавност го поздрави. Ова треба да биде пример за министрите во Македонија. Кај нас за само неколку години се случија слични трагедии со автобусите на Дурмо“ и на „Беса транс“. Судењата за овие трагедии се до никаде а министрите не ни помислија на оставки.  

The post Внукот на поранешниот грчки премиер Караманлис си поднесе оставка поради судирот на возови, кај нас по „Дурмо“, Беса транс“ и модуларната на министрите око не им трепна appeared first on Република.

]]>
Страшен судир: Објавено видео од несреќата во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/strashen-sudir-objaveno-video-od-nesrekata-vo-grtsija/ Thu, 02 Mar 2023 07:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=614891

Грчката телевизија синоќа објави видео снимка од моментот кога два воза се судрија во Темпи, кај Лариса, а во меѓувреме објавено беше и дека бројот на загинати се зголеми на 43.

На видеото кое го објави ЕРТ се гледа моментот кога товарниот воз директно се судри со комерцијален воз, а регистрирано е дека два воза се движеле по иста шина.

Патничкиот воз, што се движел кон Солун, директно се судрил со товарниот воз, што се движел во спротивна насока, јавува Катимерини.

Двата воза поради непознати околности се движеле по истата пруга, што довело до жесток судар.

Причините за несреќата се истражуваат, додека шефот на станицата Лариса наводно ја прифатил својата кобна грешка, извинувајќи се во фаза на прелиминарна истрага за трагичната несреќа.

https://www.youtube.com/watch?v=gWBkKwMO5S0

-Бројот на загинати достигна 43, изјави Рубини Леонтари, шеф на судската служба во Лариса, кој разговараше за ЕРТ.

Повредени се вкупно 85 лица, од кои 72 се во болница, а шест се на одделенијата за интензивна нега.

Надлежните проценуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми, бидејќи неколку луѓе се заробени во првите вагони на патничкиот воз.

Според ажурираните информации на „Хеленик Трејн“, двата воза превезувале вкупно 354 патници.

The post Страшен судир: Објавено видео од несреќата во Грција appeared first on Република.

Грчките железничари најавија штрајк, синдикатот предупредувал на проблеми во железничкиот сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zheleznichari-najavija-shtrajk-sindikatot-predupreduval-na-problemi-vo-zheleznichkiot-soobrakaj/ Wed, 01 Mar 2023 21:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=614872

Железничката компанија „Хеленик треин“ најави прекин на сите возови за утре, поради штрајкот што го распиша Панхеленската железничка федерација, пренесува „Прототема“.

Во писмото од 7 февруари, грчкиот синдикат на железничари укажува на бројни проблеми во грчките железници. Во писмото наведуваат дека „додека не се преземат заштитни мерки на работните места и безбедно функционирање и сообраќај на возовите, нема крај на несреќите“.

Претседателот на Грчките железници, Костас Генидунијас вели дека на релација Атина-Солун нема семафори, индикатори, ниту контрола на сообраќајот и дека се се прави рачно.

Грчките власти денеска го приведоа шефот на железничката станица во Лариса, по судирот на два воза во градот Темпи, недалеку од тој град. Шефот на станицата, за кој се смета дека сноси најголема одговорност за несреќата, се извини на сослушувањето во обвинителството, по што беше пуштен на слобода. На местото на настанот излезе обвинител кој ќе спроведе истрага за прекршоци за безбедност во сообраќајот со смртен исход, пренесува Екатимерини.

Тоа дело се третира како кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

The post Грчките железничари најавија штрајк, синдикатот предупредувал на проблеми во железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>

Железничката компанија „Хеленик треин“ најави прекин на сите возови за утре, поради штрајкот што го распиша Панхеленската железничка федерација, пренесува „Прототема“. Во писмото од 7 февруари, грчкиот синдикат на железничари укажува на бројни проблеми во грчките железници. Во писмото наведуваат дека „додека не се преземат заштитни мерки на работните места и безбедно функционирање и сообраќај на возовите, нема крај на несреќите“. Претседателот на Грчките железници, Костас Генидунијас вели дека на релација Атина-Солун нема семафори, индикатори, ниту контрола на сообраќајот и дека се се прави рачно.
Грчките власти денеска го приведоа шефот на железничката станица во Лариса, по судирот на два воза во градот Темпи, недалеку од тој град. Шефот на станицата, за кој се смета дека сноси најголема одговорност за несреќата, се извини на сослушувањето во обвинителството, по што беше пуштен на слобода. На местото на настанот излезе обвинител кој ќе спроведе истрага за прекршоци за безбедност во сообраќајот со смртен исход, пренесува Екатимерини.
Тоа дело се третира како кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

The post Грчките железничари најавија штрајк, синдикатот предупредувал на проблеми во железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>
Херојот од трагичниот настан во Грција – го скршил прозорецот и спасил уште десет патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/herojot-od-tragichniot-nastan-vo-grtsija-go-skrshil-prozoretsot-i-spasil-ushte-deset-patnitsi/ Wed, 01 Mar 2023 20:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=614856

Додека трагичниот биланс на загинати од ужасната несреќа во Грција расте, а вознемиреноста за заробените под возот се зголемува, една објава на Фејсбук од докторката од Универзитетската болница во Лариса, Ерис Цијастудис, дава друга слика за трагедијата во Темпи.

Според административниот советник на Лекарското друштво Лариса, дваесетгодишен студент се истакнал по своите херојски постапки кога успеал сам да го скрши стаклото и да спаси најмалку десет млади луѓе.

Студентот Андреас Аликаниотис излегол речиси неповреден од вториот вагон и пркосејќи на опасноста и огромниот оган кој горел покрај него, сакал да спаси луѓе. И успеал во тоа, пренесува protothema.gr.

„Иако денес небото беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, 20-годишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напушти вагонот туку сам успеа да го скрши стаклото и спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Честитки за мојот убав Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“, се вели во објавата.

Бројот на загинатите во железничка несреќа во Грција се искачи на 40, соопштија денеска на брифинг претставници на противпожарната бригада и полицијата.

The post Херојот од трагичниот настан во Грција – го скршил прозорецот и спасил уште десет патници appeared first on Република.

]]>

Додека трагичниот биланс на загинати од ужасната несреќа во Грција расте, а вознемиреноста за заробените под возот се зголемува, една објава на Фејсбук од докторката од Универзитетската болница во Лариса, Ерис Цијастудис, дава друга слика за трагедијата во Темпи. Според административниот советник на Лекарското друштво Лариса, дваесетгодишен студент се истакнал по своите херојски постапки кога успеал сам да го скрши стаклото и да спаси најмалку десет млади луѓе. Студентот Андреас Аликаниотис излегол речиси неповреден од вториот вагон и пркосејќи на опасноста и огромниот оган кој горел покрај него, сакал да спаси луѓе. И успеал во тоа, пренесува protothema.gr.
„Иако денес небото беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, 20-годишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напушти вагонот туку сам успеа да го скрши стаклото и спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Честитки за мојот убав Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“, се вели во објавата.
Бројот на загинатите во железничка несреќа во Грција се искачи на 40, соопштија денеска на брифинг претставници на противпожарната бригада и полицијата.

The post Херојот од трагичниот настан во Грција – го скршил прозорецот и спасил уште десет патници appeared first on Република.

]]>
Свртничарот од Лариса призна вина – го испратил возот на погрешна пруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/svrtnicharot-od-larisa-prizna-vina-go-ispratil-vozot-na-pogreshna-pruga/ Wed, 01 Mar 2023 20:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=614854

Свртничар вработен во железничката страница во Лариса ја признал вината за фаталната несреќа што се случи во Грција, јавуваат дел од грчките медиуми.

Тој се соочува со тешки кривични дела, односно му се заканува кривична постапка за нарушување на безбедноста во сообраќајот со последица смрт на повеќе лица. За ова дело, наведува телевизијата ЕРТ, според последните измени на грчкиот Кривичен законик е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор. Можни се обвиненија и за повеќекратно убиство од небрежност

Грчката телевизија Скај јавува дека свртничарот веќе е уапсен и дека пред истражните органи признал оти еден од возовите упатил на погрешна пруга по која од спротивната насока се движел другиот воз.

Во исказот даден во рамки на предистрагата тој навел дека ја сфатил грешката веднаш штом слушнал за несреќата.

Истата информација ја пренесува и државната телевизија ЕРТ повикувајќи се на полициски извори. Наводно, грешката е направена при упатувањето на патничкиот воз во погрешна пруга.

„Секако, се очекува изјави да дадат и други вработени. Истрагата не е затворена со апсењето, списите на случајот не се целосно оформени. Ги чекаме изјавите и од другите вработени, но и од сведочењата на патниците“, вели полицискиот извор на кој се повикува ЕРТ.

Премиерот Кирјакос Мицотакис по враќањето од местото на несреќата во обраќање до јавноста вечерва најави дека ќе формира независен експертски комитет кој ќе ги испитува причините за железничката несреќа. Покрај Караманлис, соопшти Мицотакис, оставки поднеле и одговорните во Грчката организација на железници.

Тој го поздрави повлекувањето и рече дека она што засега се укажува за трагедијата е оти таа настанала поради човечка грешка.

The post Свртничарот од Лариса призна вина – го испратил возот на погрешна пруга appeared first on Република.

]]>

Свртничар вработен во железничката страница во Лариса ја признал вината за фаталната несреќа што се случи во Грција, јавуваат дел од грчките медиуми. Тој се соочува со тешки кривични дела, односно му се заканува кривична постапка за нарушување на безбедноста во сообраќајот со последица смрт на повеќе лица. За ова дело, наведува телевизијата ЕРТ, според последните измени на грчкиот Кривичен законик е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор. Можни се обвиненија и за повеќекратно убиство од небрежност Грчката телевизија Скај јавува дека свртничарот веќе е уапсен и дека пред истражните органи признал оти еден од возовите упатил на погрешна пруга по која од спротивната насока се движел другиот воз. Во исказот даден во рамки на предистрагата тој навел дека ја сфатил грешката веднаш штом слушнал за несреќата. Истата информација ја пренесува и државната телевизија ЕРТ повикувајќи се на полициски извори. Наводно, грешката е направена при упатувањето на патничкиот воз во погрешна пруга.
„Секако, се очекува изјави да дадат и други вработени. Истрагата не е затворена со апсењето, списите на случајот не се целосно оформени. Ги чекаме изјавите и од другите вработени, но и од сведочењата на патниците“, вели полицискиот извор на кој се повикува ЕРТ.
Премиерот Кирјакос Мицотакис по враќањето од местото на несреќата во обраќање до јавноста вечерва најави дека ќе формира независен експертски комитет кој ќе ги испитува причините за железничката несреќа. Покрај Караманлис, соопшти Мицотакис, оставки поднеле и одговорните во Грчката организација на железници. Тој го поздрави повлекувањето и рече дека она што засега се укажува за трагедијата е оти таа настанала поради човечка грешка.

The post Свртничарот од Лариса призна вина – го испратил возот на погрешна пруга appeared first on Република.

]]>
Мицковски за оставката на грчкиот министер: Гледајте како се прави во ЕУ, не само да причате причи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-za-ostavkata-na-grchkiot-minister-gledajte-kako-se-pravi-vo-eu-ne-samo-da-prichate-prichi/ Wed, 01 Mar 2023 20:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=614852

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица. Ваквиот потег на грчкиот министер беше повод аналитичарот Ивор Мицковски да потсети кој понесе, односно непонесе одговорност за автобусот во ЛАскарци, за случајот Беса Транс, за поќарот во Тетовската болница...

Грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис поднесе оставка по тешката железничка несреќа.
Само да се потсетиме дека никој не поднесе оставка за Ласкарци или Беса транс, напротив им помогаат на газдите да се спасат, за изгорените во модуларната во Тетово, за бегството на Груевски, за пасошите на криминалците, уствари никој никогаш не поднел оставка или не презел одговорност за ништо.
Гледајте како се прави во ЕУ, не само да причате причи - коментира Ивор Мицковски.

The post Мицковски за оставката на грчкиот министер: Гледајте како се прави во ЕУ, не само да причате причи appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица. Ваквиот потег на грчкиот министер беше повод аналитичарот Ивор Мицковски да потсети кој понесе, односно непонесе одговорност за автобусот во ЛАскарци, за случајот Беса Транс, за поќарот во Тетовската болница...
Грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис поднесе оставка по тешката железничка несреќа. Само да се потсетиме дека никој не поднесе оставка за Ласкарци или Беса транс, напротив им помогаат на газдите да се спасат, за изгорените во модуларната во Тетово, за бегството на Груевски, за пасошите на криминалците, уствари никој никогаш не поднел оставка или не презел одговорност за ништо. Гледајте како се прави во ЕУ, не само да причате причи - коментира Ивор Мицковски.

The post Мицковски за оставката на грчкиот министер: Гледајте како се прави во ЕУ, не само да причате причи appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Се чини дека драмата се должи главно на трагична човечка грешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-se-chini-deka-dramata-se-dolzhi-glavno-na-tragichna-chovechka-greshka/ Wed, 01 Mar 2023 20:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=614845

Се чини дека драмата се должи, за жал, главно на трагична човечка грешка, рече, меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во неговата изјава по враќањето од местото на железничката несреќа во која животот го загубија 38 лица.

- Во болницата во Лариса се сретнав со роднините на жртвите и исчезнатите. Низ нивната неискажлива болка, со достоинство, ме прашаа „Зошто?“. И ми рекоа „никогаш повеќе“. Им должиме искрен одговор, истакна Мицотакис.

Грчкиот премиер соопшти дека по оставката на министерот транспорт и инфраструктура, на оваа позиција доаѓа досегашниот државен министер Јоргос Герапетритис како привремен министер сè до изборите и најави формирање независна и натпартиска комисија на експерти која „целосно ќе ги испита причините за несреќата, но ќе ги разгледа и долгогодишните доцнења во реализацијата на железничките проекти“.

Паралелно, додаде тој, судството ќе си ја врши работата и виновните ќе сносат одговорност.

Извор: МИА

The post Мицотакис: Се чини дека драмата се должи главно на трагична човечка грешка appeared first on Република.

]]>

Се чини дека драмата се должи, за жал, главно на трагична човечка грешка, рече, меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во неговата изјава по враќањето од местото на железничката несреќа во која животот го загубија 38 лица.
- Во болницата во Лариса се сретнав со роднините на жртвите и исчезнатите. Низ нивната неискажлива болка, со достоинство, ме прашаа „Зошто?“. И ми рекоа „никогаш повеќе“. Им должиме искрен одговор, истакна Мицотакис.
Грчкиот премиер соопшти дека по оставката на министерот транспорт и инфраструктура, на оваа позиција доаѓа досегашниот државен министер Јоргос Герапетритис како привремен министер сè до изборите и најави формирање независна и натпартиска комисија на експерти која „целосно ќе ги испита причините за несреќата, но ќе ги разгледа и долгогодишните доцнења во реализацијата на железничките проекти“. Паралелно, додаде тој, судството ќе си ја врши работата и виновните ќе сносат одговорност.
Извор: МИА

The post Мицотакис: Се чини дека драмата се должи главно на трагична човечка грешка appeared first on Република.

]]>
Грчкиот министер за транспорт поднесе оставка – ја презеде одговорноста за железничката несреќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkiot-minister-za-transport-podnese-ostavka-ja-prezede-odgovornosta-za-zheleznichkata-nesreka/ Wed, 01 Mar 2023 15:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=614779

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица.

– Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично – вели Караманлис.

Toj oбјаснува дека кога се случува нешто толку трагично, не е можно да се прават дека не се случило, и додава дека иако е кусо време во политиката, смета дека „неопходен елемент на демократијата е граѓаните да му веруваат на политичкиот систем“.

– Ова се нарекува политичка одговорност. Поради тоа поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и инфраструктура. Чувствувам должност да го сторам ова како минимален знак на почит кон луѓето кои толку неправедно заминаа и преземајќи ја одговорноста за безвременските грешки на грчкиот државен и политички систем – вели Караманлис.

The post Грчкиот министер за транспорт поднесе оставка – ја презеде одговорноста за железничката несреќа appeared first on Република.

Сведоштво за ужасот кај Лариса: Се превртевме, оган насекаде, луѓе врескаа… https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/svedoshtvo-za-uzhasot-kaj-larisa-se-prevrtevme-ogan-nasekade-luge-vreskaa/ Wed, 01 Mar 2023 15:27:37 +0000 https://republika.mk/?p=614776

Најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени кога возови се судрија во близина на грчкиот град Лариса, соопштија пожарникарите.

Во централна Грција се судрија патнички и товарен воз, а спасувачките екипи ги извлекуваа патниците од згмечените вагони.

„Евакуацијата на патниците е во тек во многу тешки услови со оглед на сериозноста на судирот на возот“, изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Вартакјанис.

Регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за ТВ СКАИ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините во судирот, додека првите два вагони, кои се запалиле, биле „речиси целосно уништени“.

„Слушнавме голема експлозија. Имаше десет секунди ужас. Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страна и метежот престана. Потоа настана паника. Оган лево и десно, насекаде… Десет-петнаесет секунди владееше хаос. Превртување, пожари, закачени кабли, скршени прозорци, луѓе што врескаат, луѓе заробени“, вели патникот Стергиос Миненис, пренесе Ројтерс.

The post Сведоштво за ужасот кај Лариса: Се превртевме, оган насекаде, луѓе врескаа… appeared first on Република.

]]>

Најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени кога возови се судрија во близина на грчкиот град Лариса, соопштија пожарникарите. Во централна Грција се судрија патнички и товарен воз, а спасувачките екипи ги извлекуваа патниците од згмечените вагони.
„Евакуацијата на патниците е во тек во многу тешки услови со оглед на сериозноста на судирот на возот“, изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Вартакјанис.
Регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за ТВ СКАИ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините во судирот, додека првите два вагони, кои се запалиле, биле „речиси целосно уништени“.
„Слушнавме голема експлозија. Имаше десет секунди ужас. Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страна и метежот престана. Потоа настана паника. Оган лево и десно, насекаде… Десет-петнаесет секунди владееше хаос. Превртување, пожари, закачени кабли, скршени прозорци, луѓе што врескаат, луѓе заробени“, вели патникот Стергиос Миненис, пренесе Ројтерс.

The post Сведоштво за ужасот кај Лариса: Се превртевме, оган насекаде, луѓе врескаа… appeared first on Република.

]]>
Катастрофа кај Лариса: Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/katastrofa-kaj-larisa-najmalku-32-zaginati-i-85-povredeni-vo-zheleznichkata-nesreka-vo-grtsija/ Wed, 01 Mar 2023 08:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=614452

Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.

Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани.

https://republika.mk/vesti/balkan/pekol-koj-traeshe-10-sekundi-ogan-imashe-nasekade-svedochi-prezhivean-patnik-od-vozot-vo-grtsija/

Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина - Солун директно се судрил со товарен воз.

Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови.

Паралелно во тек е и процесот на идентификација на жртвите.

https://republika.mk/vesti/balkan/beshe-kako-zemjotres-so-kuferot-go-skrshiv-stakloto-i-izlegov-od-vozot-prezhiveanite-patnitsi-raskazhuvaat-za-strashnata-nesreka-vo-grtsija/

The post Катастрофа кај Лариса: Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција appeared first on Република.

]]>

Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз. Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани. https://republika.mk/vesti/balkan/pekol-koj-traeshe-10-sekundi-ogan-imashe-nasekade-svedochi-prezhivean-patnik-od-vozot-vo-grtsija/ Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина - Солун директно се судрил со товарен воз. Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови. Паралелно во тек е и процесот на идентификација на жртвите. https://republika.mk/vesti/balkan/beshe-kako-zemjotres-so-kuferot-go-skrshiv-stakloto-i-izlegov-od-vozot-prezhiveanite-patnitsi-raskazhuvaat-za-strashnata-nesreka-vo-grtsija/

The post Катастрофа кај Лариса: Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција appeared first on Република.

]]>
Беше како земјотрес, со куферот го скршив стаклото и излегов од возот: Преживеаните патници раскажуваат за страшната несреќа во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/beshe-kako-zemjotres-so-kuferot-go-skrshiv-stakloto-i-izlegov-od-vozot-prezhiveanite-patnitsi-raskazhuvaat-za-strashnata-nesreka-vo-grtsija/ Wed, 01 Mar 2023 07:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=614420

Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени во судир на патнички воз и товарен воз во близина на градот Лариса во северна Грција во вторникот нешто пред полноќ.

Двата воза се судриле нешто пред полноќ, кога патнички воз со околу 350 патници сообраќал од Атина кон Солун, а во спротивен правец сообраќал товарен воз.

По судирот, неколку вагони излетале од шините, од кои најмалку еден наводно бил целосно уништен, додека останатите биле зафатени од пламен.

Еден патник рече дека слушнал „голем удар“ проследен со 10 секунди „кошмар“.
Како што рече, се вртеле во вагонот додека не паднале на страна, а потоа веќе избил пожарот.

Друг патник вели дека успеал да побегне од вагонот откако скршил прозорец со куфер.

Беше како земјотрес“, вели друг патник.

Никогаш не сум видел такво нешто во мојот живот. Трагично е. По пет часа пронајдовме нови тела“, рекол еден од спасувачите, пренесува AFP. Тие успеале да извлечат поголем дел од патниците на безбедно.

The post Беше како земјотрес, со куферот го скршив стаклото и излегов од возот: Преживеаните патници раскажуваат за страшната несреќа во Грција appeared first on Република.

]]>

Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени во судир на патнички воз и товарен воз во близина на градот Лариса во северна Грција во вторникот нешто пред полноќ. Двата воза се судриле нешто пред полноќ, кога патнички воз со околу 350 патници сообраќал од Атина кон Солун, а во спротивен правец сообраќал товарен воз. По судирот, неколку вагони излетале од шините, од кои најмалку еден наводно бил целосно уништен, додека останатите биле зафатени од пламен. Еден патник рече дека слушнал „голем удар“ проследен со 10 секунди „кошмар“. Како што рече, се вртеле во вагонот додека не паднале на страна, а потоа веќе избил пожарот. Друг патник вели дека успеал да побегне од вагонот откако скршил прозорец со куфер.