лансирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lansiranje/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 15:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лансирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lansiranje/ 32 32 Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-lansirashe-neidentifikuvana-raketa/ Mon, 27 May 2024 15:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=782137

Северна Кореја денеска лансираше неидентификувана ракета во правец на југозапад, соопштија армиите на Јужна Кореја и на Јапонија.

Јапонската влада претходно денеска издаде итно предупредување до жителите на јужната префектура Окинава да ја избегнат заканата од севернокорејската ракета.

Подоцна, предупредувањето беше укинато бидејќи властите утврдија дека проектилот нема да стигне до јапонска територија.

Претставник на јапонската Влада изјави дека имало проблем за време на лансирањето и се слушнал удар како експлозија, пренесе НХК.

Ракетата исчезна од радарот, рече официјалниот претставник, додавајќи дека лансирањето најверојатно било неуспешно.

Северна Кореја претходно ја информираше Јапонија дека планира да лансира сателит меѓу 27 мај и 4 јуни.

The post Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја денеска лансираше неидентификувана ракета во правец на југозапад, соопштија армиите на Јужна Кореја и на Јапонија. Јапонската влада претходно денеска издаде итно предупредување до жителите на јужната префектура Окинава да ја избегнат заканата од севернокорејската ракета. Подоцна, предупредувањето беше укинато бидејќи властите утврдија дека проектилот нема да стигне до јапонска територија. Претставник на јапонската Влада изјави дека имало проблем за време на лансирањето и се слушнал удар како експлозија, пренесе НХК.
Ракетата исчезна од радарот, рече официјалниот претставник, додавајќи дека лансирањето најверојатно било неуспешно.
Северна Кореја претходно ја информираше Јапонија дека планира да лансира сателит меѓу 27 мај и 4 јуни.

The post Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета appeared first on Република.

]]>
Русија на 11 април ќе изврши ново пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-na-11-april-ke-izvrshi-novo-probno-lansirane-na-teshkata-raketa-nosach-angara-a5/ Wed, 10 Apr 2024 13:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=764601

Уште еден обид за пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток е закажан за 11 април, изјави денеска генералниот директор на Државната вселенска корпорација Роскосмос, Јуриј Борисов.

Вчерашниот обид за лансирање беше неуспешен поради дефект на системот за надополнување на резервоарот со оксидатор на централната единица и пробното лансирање беше автоматски откажано две минути пред лансирањето, пренесоа руските медиуми.

Денешното лансирање, планирано да биде изведено во 9 часот по московско време, е одложено.

 

The post Русија на 11 април ќе изврши ново пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ appeared first on Република.

]]>

Уште еден обид за пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток е закажан за 11 април, изјави денеска генералниот директор на Државната вселенска корпорација Роскосмос, Јуриј Борисов. Вчерашниот обид за лансирање беше неуспешен поради дефект на системот за надополнување на резервоарот со оксидатор на централната единица и пробното лансирање беше автоматски откажано две минути пред лансирањето, пренесоа руските медиуми. Денешното лансирање, планирано да биде изведено во 9 часот по московско време, е одложено.  

The post Русија на 11 април ќе изврши ново пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја го истрела најмоќниот проектил од 2017-та https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-go-istrela-najmokjniot-proektil-od-2017-ta/ Sun, 30 Jan 2022 21:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=451689

Северна Кореја во неделата го тестираше својот најмоќен проектил од 2017 година, што беше рекордното седмо лансирање во јануари, поради што Јужна Кореја предупреди дека следниот чекор на Пјонгјанг би можело да биде тестирање ракета со долг дострел и нуклеарно оружје.

Северна Кореја никогаш досега не лансирал толку проектили во еден календарски месец, а минатата седмица се закани дека ќе се откаже од речиси петгодишниот самонаметнат мораториум на тестирање на проектили со долг дострел и нуклеарно оружје.

Имајќи предвид дека преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров со САД, Северна Кореја ги удвоила напорите да го оствари ветувањето на водачот Ком Џонг-ун дека ќе ги модернизира вооружените сили, а Пјонгјанг покажува пркос и покрај големите децениски меѓународни санкции.

Јужна Кореја објави во неделата дека се чини дека Северна Кореја следела „сличен образец“ како и во 2017 година, кога тензиите на полуостровот беа на врвот и предупредија дека Пјонгјанг наскоро би можел да започне со тестирањето на нуклеарни и интерконтинентални проектили.

„Северна Кореја се приближи до уништувањето на декларацијата за мораториумот“, соопшти јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а јужнокорејската армија објави дека „забележала балистичка ракета со среден дострел истрелана под висок агол источно кон Источното Море“.

Портпаролот на јапонската влада, Хироказу Матсуно, во неделата рече дека балистичката ракета била со „среден или поголем дострел“.

„Максималната брзина на ракетаа тестирана во неделаа била приближно М=16, односно речиси 16 пати поголема од брзината на звукот. Разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД веруваат дека станува збор за балистичка ракета со среден дострел“, изјвил за новинарите во Сеул информиран извор од јужнокорејската восјка кој сакал да остане анонимен, пренесе агенцијата Yonhap.

Нагорната траекторија вклучува истрелување на проектил под голем агол, а не со полн дострел. Се преоценува дека оваа балистичка рекета достигнала максимална височина од 2.000 километри и летела околу 800 километри половина час, според процените на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Тоа укажува на тоа дека Пјонгјанг можеби ја тестирал својата „прва балистичка ракета со среден дострел (IRBM) од 2017 година“, напиша на Twitter Џозеф Демпси, аналитичар на Меѓународнито институт за стратешки студии.

Последен пат Пјонгјанг тестираше таква ракета во 2017 година, кога „Хвасонг-12“ прелета 787 километри, а се искачи на височина од 2.111 километри. Аналитичарите тогаш оценија дека траекторијата упатува на тоа дека проектилот би можел да прелета околу 4.500 километри доколку бил истрелан на балистичка траекторија која го зголемува дострелот, а со тоа стратешката американска пацифичка база на Гуам би била во дострелот.

Северна Кореја во јануари двапати тестираше и хиперсонични проектили и четири пати лансираше блаистички и крстосувачки проектили со кус дострел. Тамошните државни медиуми минатата седмица објавија фотографии од Ким во обиколка на „важна“ фабрика за муниција којашто произведува „голем систем на оружје“.

„Ким го контролираше својот апетит за тестирање и провокации. Но времето созреа, а продолжувањето на севернокорејското истрелување ракети претставува само уште еден предизвик во веќе и онака големата палета надворешнополитички предизвици за Вашингтон“, вели за AFP, Су Ким, аналитичарка на „RAND Corporation“.

„Намерата на овие тестирања е и да го потстети светот дека режимот на Ким ги слуша надворешните дискусии за своите домашни слабости. Сака да ги потсети Вашингтон и Сеул дека би бил прескап обидот за негово соборување“, вели Лејф Исли, професор од Универзитетот Ихва.

Серијата лансирање на самиот почеток од 2022 година се одвива во деликатен момент за регионот. Единствениот и главниот сојузник на изолираната Северан Кореја, Кина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри на почетокот од февруари, додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори во март.

На домашен план, пак, Северна Кореја во февраури се подготвува да ја прослави 80-годишнината од лидер Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг-ун, како и 110-годишнината од раѓањето на основачот на комунистичката земја Ким Ил Сунг, неговиот дедо, во април.

Како одговор на написите во странските медиуми за сѐ поголемите цени на храната и сѐ поголемата глад, економски руинираниот од меѓународните санкции Пјонгјанг неодмана повторни ја започна прекуграничната трговија со соседна Кина. Сојузникот Пекинг, со поддршка на Русија, во јануари блокираа во Советот за безбедност на ОН воведување дополнителни санкци за Северна Кореја поради хуманитарни причини, поради неодамнешните тестирања проектили.

The post Северна Кореја го истрела најмоќниот проектил од 2017-та appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја во неделата го тестираше својот најмоќен проектил од 2017 година, што беше рекордното седмо лансирање во јануари, поради што Јужна Кореја предупреди дека следниот чекор на Пјонгјанг би можело да биде тестирање ракета со долг дострел и нуклеарно оружје. Северна Кореја никогаш досега не лансирал толку проектили во еден календарски месец, а минатата седмица се закани дека ќе се откаже од речиси петгодишниот самонаметнат мораториум на тестирање на проектили со долг дострел и нуклеарно оружје. Имајќи предвид дека преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров со САД, Северна Кореја ги удвоила напорите да го оствари ветувањето на водачот Ком Џонг-ун дека ќе ги модернизира вооружените сили, а Пјонгјанг покажува пркос и покрај големите децениски меѓународни санкции. Јужна Кореја објави во неделата дека се чини дека Северна Кореја следела „сличен образец“ како и во 2017 година, кога тензиите на полуостровот беа на врвот и предупредија дека Пјонгјанг наскоро би можел да започне со тестирањето на нуклеарни и интерконтинентални проектили. „Северна Кореја се приближи до уништувањето на декларацијата за мораториумот“, соопшти јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а јужнокорејската армија објави дека „забележала балистичка ракета со среден дострел истрелана под висок агол источно кон Источното Море“. Портпаролот на јапонската влада, Хироказу Матсуно, во неделата рече дека балистичката ракета била со „среден или поголем дострел“. „Максималната брзина на ракетаа тестирана во неделаа била приближно М=16, односно речиси 16 пати поголема од брзината на звукот. Разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД веруваат дека станува збор за балистичка ракета со среден дострел“, изјвил за новинарите во Сеул информиран извор од јужнокорејската восјка кој сакал да остане анонимен, пренесе агенцијата Yonhap. Нагорната траекторија вклучува истрелување на проектил под голем агол, а не со полн дострел. Се преоценува дека оваа балистичка рекета достигнала максимална височина од 2.000 километри и летела околу 800 километри половина час, според процените на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Тоа укажува на тоа дека Пјонгјанг можеби ја тестирал својата „прва балистичка ракета со среден дострел (IRBM) од 2017 година“, напиша на Twitter Џозеф Демпси, аналитичар на Меѓународнито институт за стратешки студии. Последен пат Пјонгјанг тестираше таква ракета во 2017 година, кога „Хвасонг-12“ прелета 787 километри, а се искачи на височина од 2.111 километри. Аналитичарите тогаш оценија дека траекторијата упатува на тоа дека проектилот би можел да прелета околу 4.500 километри доколку бил истрелан на балистичка траекторија која го зголемува дострелот, а со тоа стратешката американска пацифичка база на Гуам би била во дострелот. Северна Кореја во јануари двапати тестираше и хиперсонични проектили и четири пати лансираше блаистички и крстосувачки проектили со кус дострел. Тамошните државни медиуми минатата седмица објавија фотографии од Ким во обиколка на „важна“ фабрика за муниција којашто произведува „голем систем на оружје“. „Ким го контролираше својот апетит за тестирање и провокации. Но времето созреа, а продолжувањето на севернокорејското истрелување ракети претставува само уште еден предизвик во веќе и онака големата палета надворешнополитички предизвици за Вашингтон“, вели за AFP, Су Ким, аналитичарка на „RAND Corporation“. „Намерата на овие тестирања е и да го потстети светот дека режимот на Ким ги слуша надворешните дискусии за своите домашни слабости. Сака да ги потсети Вашингтон и Сеул дека би бил прескап обидот за негово соборување“, вели Лејф Исли, професор од Универзитетот Ихва. Серијата лансирање на самиот почеток од 2022 година се одвива во деликатен момент за регионот. Единствениот и главниот сојузник на изолираната Северан Кореја, Кина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри на почетокот од февруари, додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори во март. На домашен план, пак, Северна Кореја во февраури се подготвува да ја прослави 80-годишнината од лидер Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг-ун, како и 110-годишнината од раѓањето на основачот на комунистичката земја Ким Ил Сунг, неговиот дедо, во април. Како одговор на написите во странските медиуми за сѐ поголемите цени на храната и сѐ поголемата глад, економски руинираниот од меѓународните санкции Пјонгјанг неодмана повторни ја започна прекуграничната трговија со соседна Кина. Сојузникот Пекинг, со поддршка на Русија, во јануари блокираа во Советот за безбедност на ОН воведување дополнителни санкци за Северна Кореја поради хуманитарни причини, поради неодамнешните тестирања проектили.

The post Северна Кореја го истрела најмоќниот проектил од 2017-та appeared first on Република.

]]>