лампедуза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lampeduza/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Sep 2023 09:16:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лампедуза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lampeduza/ 32 32 Франција нема да прифаќа мигранти од италијанскиот остров Лампедуза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-nema-da-prifaka-migranti-od-italijanskiot-ostrov-lampeduza/ Wed, 20 Sep 2023 09:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=683380

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека неговата земја нема да прифаќа мигранти кои пристигнале на медитеранскиот остров Лампедуза, јави ДПА.

„Франција нема да прифати мигранти од Лампедуза“, изјави Дарманен за францускиот ТВ канал Те-Еф 1.

„Франција се залагаше за тешки мерки. Илегална миграција има во Франција и Италија, како и низ Европа, против која мора да се бориме“, рече министерот за внатрешни работи.

Според Дарманен, Франција понудила да и помогне на Италија да ги враќа луѓето во земји со кои Париз има добри дипломатски односи.

Тој рече дека околу 60 отсто од луѓето што пристигнале во Лампедуза зборуваат француски јазик.

The post Франција нема да прифаќа мигранти од италијанскиот остров Лампедуза appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека неговата земја нема да прифаќа мигранти кои пристигнале на медитеранскиот остров Лампедуза, јави ДПА. „Франција нема да прифати мигранти од Лампедуза“, изјави Дарманен за францускиот ТВ канал Те-Еф 1. „Франција се залагаше за тешки мерки. Илегална миграција има во Франција и Италија, како и низ Европа, против која мора да се бориме“, рече министерот за внатрешни работи. Според Дарманен, Франција понудила да и помогне на Италија да ги враќа луѓето во земји со кои Париз има добри дипломатски односи. Тој рече дека околу 60 отсто од луѓето што пристигнале во Лампедуза зборуваат француски јазик.

The post Франција нема да прифаќа мигранти од италијанскиот остров Лампедуза appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен ќе ја посети Лампедуза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-ke-ja-poseti-lampeduza/ Sat, 16 Sep 2023 14:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=682423

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, заедно со италијанската премиерка Џорџа Мелони, викендов ќе го посетат јужниот италијански остров Лампедуза, кој неделава беше преплавен од илјадници мигранти, соопшти денеска претставник на ЕУ.

Мелони го повика Брисел на помош по пристигнувањето на чамци со околу 8.500 мигранти за само три дена на малиот италијански медитерански остров, европското копно најблиску до брегот на Тунис.

Мелони ја покани Урсула фон дер Лајен да дојде и да види како се одвиваат работите во Лампедуза, а претседателот на Европската унија Шарл Мишел да го стави мигрантското прашање на агендата на самитот на ЕУ во октомври.

Премирката најави и дека Владата на Италија има намера да преземе „вонредни мерки“.

Од понеделникот до средата навечер на Лампедуза пристигнале 8.500 луѓе со 199 мали чамци од Африка, што е повеќе од бројот на жителите на тој остров, покажуваат податоците на агенцијата за миграција на ОН.

Вчера илјадници од тие мигранти беа префрлени на блиската Сицилија.

Вицепремиерот Матео Салвини го нарече доаѓањето на толку многу мигранти „акт на војна“.

The post Фон дер Лајен ќе ја посети Лампедуза appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, заедно со италијанската премиерка Џорџа Мелони, викендов ќе го посетат јужниот италијански остров Лампедуза, кој неделава беше преплавен од илјадници мигранти, соопшти денеска претставник на ЕУ. Мелони го повика Брисел на помош по пристигнувањето на чамци со околу 8.500 мигранти за само три дена на малиот италијански медитерански остров, европското копно најблиску до брегот на Тунис. Мелони ја покани Урсула фон дер Лајен да дојде и да види како се одвиваат работите во Лампедуза, а претседателот на Европската унија Шарл Мишел да го стави мигрантското прашање на агендата на самитот на ЕУ во октомври. Премирката најави и дека Владата на Италија има намера да преземе „вонредни мерки“. Од понеделникот до средата навечер на Лампедуза пристигнале 8.500 луѓе со 199 мали чамци од Африка, што е повеќе од бројот на жителите на тој остров, покажуваат податоците на агенцијата за миграција на ОН. Вчера илјадници од тие мигранти беа префрлени на блиската Сицилија. Вицепремиерот Матео Салвини го нарече доаѓањето на толку многу мигранти „акт на војна“.

The post Фон дер Лајен ќе ја посети Лампедуза appeared first on Република.

]]>