лагата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lagata/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 09:54:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лагата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lagata/ 32 32 Претставата на МНТ „Лагата“ гостува Фестивал во Дебар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-na-mnt-lagata-gostuva-festival-vo-debar/ Thu, 26 Sep 2024 09:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=819778

Македонскиот народен театар (МНТ) на 28 септември ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во Македонија“, Дебар со претставата „Лагата“, од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

Ова е второ фестивалско учество на претставата. На 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, актерот Јордан Симонов за улогата на Павле ја доби наградата за највисокото актерско остварување.

Фестивалот во Дебар почна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година.

Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат седум)претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и САД.

The post Претставата на МНТ „Лагата“ гостува Фестивал во Дебар appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) на 28 септември ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во Македонија“, Дебар со претставата „Лагата“, од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Ова е второ фестивалско учество на претставата. На 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, актерот Јордан Симонов за улогата на Павле ја доби наградата за највисокото актерско остварување. Фестивалот во Дебар почна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година. Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат седум)претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и САД.

The post Претставата на МНТ „Лагата“ гостува Фестивал во Дебар appeared first on Република.

]]>
„Лагата“ вечерва во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lagata-vecherva-vo-mnt-2/ Sat, 24 Feb 2024 12:27:11 +0000 https://republika.mk/?p=747798

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.

Преведувач на драмскиот текст: Офелија Ковилоска
Сценограф: Крсте С. Џидров
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Автор на музиката: Игор Василев-Новоградска

 

УЛОГИ:
Павле – Јордан Симонов
Родна – Габриела Петрушевска
Михаил – Оливер Митковски
Јована – Драгана Левенска

Времетраење: 100 минути

The post „Лагата“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Преведувач на драмскиот текст: Офелија Ковилоска Сценограф: Крсте С. Џидров Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска Автор на музиката: Игор Василев-Новоградска   УЛОГИ: Павле – Јордан Симонов Родна – Габриела Петрушевска Михаил – Оливер Митковски Јована – Драгана Левенска Времетраење: 100 минути

The post „Лагата“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>
Станавме имуни на лагите и не ги забележуваме https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stanavme-imuni-na-lagite-i-ne-gi-zabelezuvame/ Sat, 15 Oct 2022 09:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=561405

Вечерва во 20 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе биде изведена претстава „Лагата“, по текст на современиот француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.

Во комедијата, која во земјава се поставува првпат, играат Јордан Симонов како Павле, Габриела Петрушевска во улогата на Родна, Оливер Митковски како Михаил и Драгана Левенска во улогата на Јована.

Сценографијата е на Крсте Џидров-Џиби, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика е на Игор Василев-Новоградска.

„Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени, особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже.

Идризи (37) е актер, режисер, истражувач, преведувач, предавач и продуцент. Дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (2007), а по неколку години на истиот факултет и магистрира по Театарска режија (2014). Се стекнал и со звањето магистер на науки по Стратегија за медиуми (2015) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Своите докторски студии ги следи на Универзитетот во Нови Сад на насоката Сценски дизајн.

Од 2008 година е член на ансамблот на НУ Албански театар - Скопје, а воедно е и предавач (доцент) на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Повеќе од десет години бил ангажиран на различни позиции и го раководел Детскиот театарски центар – Скопје. Тој е основач и прв директор на НУ Албански театар за деца и млади - Скопје. Како актер учествувал во театарски претстави и филмови од локални и меѓународни продукции и режирал претстави во повеќе театри во Македонија, Косово и Албанија. Со своите претстави учествувал на многу национални и меѓународни фестивали. Учествувал на значајни меѓународни обуки и конференции, а неговите истражувања се објавени во престижни театарски списанија.

Која беше провокацијата да го поставите овој текст на Флоријан Зелер, еден од највозбудливите драмски писатеи на нашето време на сцената на МНТ?

ИДРИЗИ: Овој текст го читав пред неколку години. Освен тоа што е многу добро и паметно напишан, клучно во изборот беше темата со која се бави и лагата како феномен. Не само лагата во ситуации кои се опишани и опфатени преку текстот, туку воопшто како феномен, како нешто со коешто секојдневно се соочуваме, па дури сме стигнати дотаму да не ги забележуваме лагите околу нас. Без разлика дали се дел од нашиот приватен живот, од секојдневието, работата. Некако станавме имуни на лагите и не ги забележуваме.

По професија, меѓу другото сте и актер. Колку тоа ви помогна во работата со актерите додека ја работевте претставата?

ИДРИЗИ: Првично премиерата беше замислена за во јуни, но ја преместивме за во септември, за почетокот на новата театарска сезона. Но, во МНТ имаше поплава и незгоди и премиерата повторно се пролонгираше. Имавме и промена, бидејќи почнавме да ја работиме на малата сцена, а потоа се префрли на големата. Поради тоа требаше да направиме и одредени адаптации. Еве, денеска конечно е премиерата.
Во однос на тоа дека по професија сум и актер, мислам дека ми помага тоа во работата, иако јас тоа не го забележувам. Повеќе актерите ми го кажуваат тоа. За разлика од некои други режисери, имам поголемо разбирање за нив, поинаку се однесувам, знам да погодам точни моменти кога треба да ги прекинам, да кажам...Веројатно тоа сум го здобил како актер, тоа чувство, кои други режисери го немаат. Од актерите повеќе добивам такви коментари отколку што самиот сум свесен за тоа.

Дали текстот се занимава само за лагата во бракот или контекстот е поширок?

ИДРИЗИ: Секако дека има поширок контекст. На прв поглед, текстот и претставата говорат за лагите во бракот и односите меѓу брачните партнери. Но, претставата не говори само за тоа. Говори и за некои други лаги и сигурен сум дека тоа ќе биде воочливо за гледачите.

Одамна е загубен моралниот компас. Дали живееме во најлошото време досега за човештвото?

ИДРИЗИ: Не знам дали живееме во најлошо време, бидејќи во друго време не сум живеел. Луѓето секогаш велат: Нема полошо од ова време! Секоја генерација која доаѓа смета дека живее во најлошо време, а всушност реалноста ни покажува дека секогаш има полошо време. Не би рекол дека живееме во најлошо можно време, но дека времето не е одлично, тоа е сигурно.

Биди промената што сакаш да ја видиш. Како поединецот да се избори против лажните вести, понуди, ветувања. Како да живее во општеството?

ИДРИЗИ: Мислам дека тоа е сведено до степен на лична хигиена на секој поединец. Дефинитивно сме опкружени со многу лаги, вести, социјални медиуми. Дури понекогаш градиме лажно претставување за нас кое многу повеќе ни се допаѓа од вистината. Па се ‘вадиме’ дека тоа е некоја бела лага. Во принцип, опкружени сме со лаги и најчесто не само што дозволуваме, некогаш сме и самите иницијатори на тие лага. Затоа сметам дека тоа е работа на лични хигиена на секој поединец. Буквално, како што не учеа дека треба да миеме раце за време на пандемијата, така сега во време на епидемија на лажни вести и епидемија на лага, треба повторно да се учиме дека треба да миеме раце од лаги и самите да ја одржуваме хигиената.

Има ли рецепт на добар живот, без лажни претставувања, лажни политики и проекти?

ИДРИЗИ: И да има, јас не го знам тој рецепт. Не ми го кажале. Но, секако дека треба да има пориви, да постои желба за нешто такво, да има поединци, кога веќе нема масовност. Секој од себе треба да почне и да го најде својот рецепт за нешто такво.

Дали овој текст ја опишува непријатната вистина за бракот?

ИДРИЗИ: Не мора да значи, затоа што зависи за кој брак зборуваме. Има среќни бракови и помалку среќни. Има и лажни бракови. Сигурно ќе има луѓе и брачни партнери коишто ќе се поистоветат со ликовите. Сигурно ќе има луѓе кои ќе бидат ‘подбуцнати’ од претставата и текстот и вечерта ќе заминат дома со низа прашања. Сигурен сум дека ќе има двојки на кои претставата ќе им биде само забава.

Колку денес интимната врска може да ја издржи искреноста?

ИДРИЗИ: Па може, би требало да може. Секако дека има примери каде што тоа е евидентно. Прашањата ги доживувам како лични, па така и одговарам. Почнувам од себе и немам проблем со тоа. Но, тоа не значи дека е правило или дека е отстапка од некое правило. Секоја двојка и секој човек си гради однос со партнерот и во зависност од начинот како се изградени тие односи, такви ќе бидат релациите. Но, тоа не значи дека не можат да се изградат искрени односи. Јас уште верувам во таква утопија, место во кое луѓето имаат изградено искрени односи, кон себе и кон другите.

А што е со белите лаги? Потребни се?

ИДРИЗИ: Тоа е морална дилема за којашто не го знам точниот одговор. Поминавме многу анализи, читавме многу литература во текот на процесот на создавање на претставата, наоѓавме секакви објаснувања. Некои велеа дека белата лага е дозволива, особено во случаи кога не сакаме да повредиме некого. Од друга страна, тоа не е морално и без разлика дали ние сакаме или не сакаме да повредиме некого, тоа, сепак, е лага. Има и други морални дали, не само за белата лага, туку воопшто – кога смееме да лажеме, затоа што очигледно во животот се наоѓаме во ситуации преку одредена наша лага може да спасиме нечиј живот. И дали во таков случај сме морално приморани да лажеме или да ја кажеме вистината. Тоа се морални дилеми со кои продолжувам да се занимавам и за кои немам èе уште конечен одговор. Претставата нема да им понуди одговори на гледачите, но ќе ги натера да си поставуваат прашања и сами да дојдат до одговорите. Јас сè уште ги немам.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

Фото: Александар Ивановски

The post Станавме имуни на лагите и не ги забележуваме appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе биде изведена претстава „Лагата“, по текст на современиот француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Во комедијата, која во земјава се поставува првпат, играат Јордан Симонов како Павле, Габриела Петрушевска во улогата на Родна, Оливер Митковски како Михаил и Драгана Левенска во улогата на Јована. Сценографијата е на Крсте Џидров-Џиби, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика е на Игор Василев-Новоградска. „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени, особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. Идризи (37) е актер, режисер, истражувач, преведувач, предавач и продуцент. Дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (2007), а по неколку години на истиот факултет и магистрира по Театарска режија (2014). Се стекнал и со звањето магистер на науки по Стратегија за медиуми (2015) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Своите докторски студии ги следи на Универзитетот во Нови Сад на насоката Сценски дизајн. Од 2008 година е член на ансамблот на НУ Албански театар - Скопје, а воедно е и предавач (доцент) на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Повеќе од десет години бил ангажиран на различни позиции и го раководел Детскиот театарски центар – Скопје. Тој е основач и прв директор на НУ Албански театар за деца и млади - Скопје. Како актер учествувал во театарски претстави и филмови од локални и меѓународни продукции и режирал претстави во повеќе театри во Македонија, Косово и Албанија. Со своите претстави учествувал на многу национални и меѓународни фестивали. Учествувал на значајни меѓународни обуки и конференции, а неговите истражувања се објавени во престижни театарски списанија. Која беше провокацијата да го поставите овој текст на Флоријан Зелер, еден од највозбудливите драмски писатеи на нашето време на сцената на МНТ? ИДРИЗИ: Овој текст го читав пред неколку години. Освен тоа што е многу добро и паметно напишан, клучно во изборот беше темата со која се бави и лагата како феномен. Не само лагата во ситуации кои се опишани и опфатени преку текстот, туку воопшто како феномен, како нешто со коешто секојдневно се соочуваме, па дури сме стигнати дотаму да не ги забележуваме лагите околу нас. Без разлика дали се дел од нашиот приватен живот, од секојдневието, работата. Некако станавме имуни на лагите и не ги забележуваме. По професија, меѓу другото сте и актер. Колку тоа ви помогна во работата со актерите додека ја работевте претставата? ИДРИЗИ: Првично премиерата беше замислена за во јуни, но ја преместивме за во септември, за почетокот на новата театарска сезона. Но, во МНТ имаше поплава и незгоди и премиерата повторно се пролонгираше. Имавме и промена, бидејќи почнавме да ја работиме на малата сцена, а потоа се префрли на големата. Поради тоа требаше да направиме и одредени адаптации. Еве, денеска конечно е премиерата. Во однос на тоа дека по професија сум и актер, мислам дека ми помага тоа во работата, иако јас тоа не го забележувам. Повеќе актерите ми го кажуваат тоа. За разлика од некои други режисери, имам поголемо разбирање за нив, поинаку се однесувам, знам да погодам точни моменти кога треба да ги прекинам, да кажам...Веројатно тоа сум го здобил како актер, тоа чувство, кои други режисери го немаат. Од актерите повеќе добивам такви коментари отколку што самиот сум свесен за тоа. Дали текстот се занимава само за лагата во бракот или контекстот е поширок? ИДРИЗИ: Секако дека има поширок контекст. На прв поглед, текстот и претставата говорат за лагите во бракот и односите меѓу брачните партнери. Но, претставата не говори само за тоа. Говори и за некои други лаги и сигурен сум дека тоа ќе биде воочливо за гледачите. Одамна е загубен моралниот компас. Дали живееме во најлошото време досега за човештвото? ИДРИЗИ: Не знам дали живееме во најлошо време, бидејќи во друго време не сум живеел. Луѓето секогаш велат: Нема полошо од ова време! Секоја генерација која доаѓа смета дека живее во најлошо време, а всушност реалноста ни покажува дека секогаш има полошо време. Не би рекол дека живееме во најлошо можно време, но дека времето не е одлично, тоа е сигурно. Биди промената што сакаш да ја видиш. Како поединецот да се избори против лажните вести, понуди, ветувања. Како да живее во општеството? ИДРИЗИ: Мислам дека тоа е сведено до степен на лична хигиена на секој поединец. Дефинитивно сме опкружени со многу лаги, вести, социјални медиуми. Дури понекогаш градиме лажно претставување за нас кое многу повеќе ни се допаѓа од вистината. Па се ‘вадиме’ дека тоа е некоја бела лага. Во принцип, опкружени сме со лаги и најчесто не само што дозволуваме, некогаш сме и самите иницијатори на тие лага. Затоа сметам дека тоа е работа на лични хигиена на секој поединец. Буквално, како што не учеа дека треба да миеме раце за време на пандемијата, така сега во време на епидемија на лажни вести и епидемија на лага, треба повторно да се учиме дека треба да миеме раце од лаги и самите да ја одржуваме хигиената. Има ли рецепт на добар живот, без лажни претставувања, лажни политики и проекти? ИДРИЗИ: И да има, јас не го знам тој рецепт. Не ми го кажале. Но, секако дека треба да има пориви, да постои желба за нешто такво, да има поединци, кога веќе нема масовност. Секој од себе треба да почне и да го најде својот рецепт за нешто такво. Дали овој текст ја опишува непријатната вистина за бракот? ИДРИЗИ: Не мора да значи, затоа што зависи за кој брак зборуваме. Има среќни бракови и помалку среќни. Има и лажни бракови. Сигурно ќе има луѓе и брачни партнери коишто ќе се поистоветат со ликовите. Сигурно ќе има луѓе кои ќе бидат ‘подбуцнати’ од претставата и текстот и вечерта ќе заминат дома со низа прашања. Сигурен сум дека ќе има двојки на кои претставата ќе им биде само забава. Колку денес интимната врска може да ја издржи искреноста? ИДРИЗИ: Па може, би требало да може. Секако дека има примери каде што тоа е евидентно. Прашањата ги доживувам како лични, па така и одговарам. Почнувам од себе и немам проблем со тоа. Но, тоа не значи дека е правило или дека е отстапка од некое правило. Секоја двојка и секој човек си гради однос со партнерот и во зависност од начинот како се изградени тие односи, такви ќе бидат релациите. Но, тоа не значи дека не можат да се изградат искрени односи. Јас уште верувам во таква утопија, место во кое луѓето имаат изградено искрени односи, кон себе и кон другите. А што е со белите лаги? Потребни се? ИДРИЗИ: Тоа е морална дилема за којашто не го знам точниот одговор. Поминавме многу анализи, читавме многу литература во текот на процесот на создавање на претставата, наоѓавме секакви објаснувања. Некои велеа дека белата лага е дозволива, особено во случаи кога не сакаме да повредиме некого. Од друга страна, тоа не е морално и без разлика дали ние сакаме или не сакаме да повредиме некого, тоа, сепак, е лага. Има и други морални дали, не само за белата лага, туку воопшто – кога смееме да лажеме, затоа што очигледно во животот се наоѓаме во ситуации преку одредена наша лага може да спасиме нечиј живот. И дали во таков случај сме морално приморани да лажеме или да ја кажеме вистината. Тоа се морални дилеми со кои продолжувам да се занимавам и за кои немам èе уште конечен одговор. Претставата нема да им понуди одговори на гледачите, но ќе ги натера да си поставуваат прашања и сами да дојдат до одговорите. Јас сè уште ги немам. Разговараше: Александра М. Бундалевска Фото: Александар Ивановски

The post Станавме имуни на лагите и не ги забележуваме appeared first on Република.

]]>
Порозна е границата меѓу вистината и лагата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/porozna-e-granicata-megju-vistinata-i-lagata/ Fri, 14 Oct 2022 07:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=560906

Има ситуации кога некои работи треба да се премолчат, и не само во бракот, туку во секоја сфера од живеењето. Иако текстот микроскопски се занимава со еден интимен проблем, мислам дека тоа го има во секој дел од животот. Колку што лажеме, толку и вистина кажуваме. Колку што зборуваме за љубов, зборуваме и за омраза, вели актерката Габриела Петрушевска, која игра во претставата „Лагата“, чија премиера Македонскиот народен театар (МНТ) ја најави за в сабота, на 15 октовмри, на големата сцена во 20 часот.

Текстот е на современиот француски драматург Флоријан Зелер, а режијата е на Бесфорт Идризи. Освен Петрушевска, во претставата уште играат и Јордан Симонов, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

Според режисерот, „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже.

[caption id="attachment_560910" align="alignnone" width="1600"] Петрушевска: Има ситуации кога некои работи треба да се премолчат, и не само во бракот, туку во секоја сфера од живеењето[/caption]

Текстот е многу интелигентно напишан. Се занимава со некакви брачни ситуации, кога се лажеме, кога ја кажуваме вистината. Колку што лагата е активна сила, толку и вистината е активна сила. Тоа си излегува на површина. Кога ќе се спојат двајца, во брак или во некаква заедница, наводно има таков парадокс дека ќе станат едно, ама сакаат да си го зачуваат интегритетот. Зборуваме за брак во кој сопружниците се заедно 20 години, поминале низ многу премрежја и искушенија и имаат прикриени тајни. Во моментот кога сакаат да чепкаат во туѓи тајни, нивните тајни излегуваат на површина, вели Петрушевска.

Ова е француски текст и намерата на режисерот, а екипата се согласила, е дејствието да биде локализирано. Направено е така на некој начин публиката да може да се идентификува со она што се случува на сцената, но во извесни сегменти.

Благородна како лик е жена која што е манипулативна, ги користи сите женски средства за да стигне до тоа што и е потребно. Мислам дека е жена којашто својата животна енергија ја има инвестирано во работи за кои навистина верува, вели Петрушвска, на која ова и е втора претстава во МНТ по преминувањето од Народниот театар Битола во националниот театар и како што вели добро е што за партнер го има Јордан Симонов.

Тој има неверојатна актерска интелигенција , способност, вештина, но истовремено и човечност, толеранција и духовност, која мене лично ми помогна во целиот процес, додава Петрушевска.

Таа смета дека ја живееме границата меѓу вистината и лагата.

Ние, конкретно, во Македонија живееме на граница меѓу вистината и лагата, а таа граница е многу порозна, вели Петрушевска.

Според неа, етерот е преполн со лажни вести, лажни ветувања, понуди, проекти ,политики и најздраво е рационално да им пристапуваш.

Понекогаш може да биде и малку параноично. Лично, за себе може да кажам дека имам развиено параноја кон извесни работи, бидејќи постојано сме пренатрупани од лаги. И не станува збор само за лажни вести, односите во кои се наоѓаме, туку и за лажно време, секојдневието кое не опкружува, така што, за жал, може да кажам дека живееме во лажно време, вели Петрушевска.

На прашањето дали е ова текст кој ја опишува непријатната вистина за бракот таа вели:

Да, има сегменти каде што секој може се препознае. И не само непријатната вистина, туку и жртвата што можеби треба да ја направиш и во име на што ќе ја направиш. Лично, не сум против брак, но мислам дека тоа е едно парче хартија кое ќе се стави на маса, обврзува со многу нешта. За мене, кога би бил брак би било едно разбирање и цимерување. Сосема сум убедена дека во сите бракови и сите долги релации има искушенија и дека не треба на тоа да гледаме како на некаков суд, напротив како едно растење еден со друг. Претставата токму тоа го покажува. Ја покажува жртвата што треба да се понесе во даден момент, додава Петрушевска.

Во вакви односи и релации прашање е колку денес интимната врска може да ја издржи искреноста?

Не велам дека во име на љубов, на некаква синергија не треба да има понекогаш некоја бела лага, посебно во нашата професија, која е чиста илузија. Но, во таа илузија треба точно да протнеме вистината, да ја видиме и да ја препознаеме. Претставата си кажува една многу убава вистина и мислам дека публиката ќе сака да ја гледа. Никому посебно не му ја препорачувам, но би сакала публиката да дојде и ја види, заврши Петрушевска.

По премиерата на 15 октомври, следните изведби на „Лагата“ се закажани на 21 и 29 октомври.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

The post Порозна е границата меѓу вистината и лагата appeared first on Република.

]]>

Има ситуации кога некои работи треба да се премолчат, и не само во бракот, туку во секоја сфера од живеењето. Иако текстот микроскопски се занимава со еден интимен проблем, мислам дека тоа го има во секој дел од животот. Колку што лажеме, толку и вистина кажуваме. Колку што зборуваме за љубов, зборуваме и за омраза, вели актерката Габриела Петрушевска, која игра во претставата „Лагата“, чија премиера Македонскиот народен театар (МНТ) ја најави за в сабота, на 15 октовмри, на големата сцена во 20 часот. Текстот е на современиот француски драматург Флоријан Зелер, а режијата е на Бесфорт Идризи. Освен Петрушевска, во претставата уште играат и Јордан Симонов, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Според режисерот, „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. [caption id="attachment_560910" align="alignnone" width="1600"] Петрушевска: Има ситуации кога некои работи треба да се премолчат, и не само во бракот, туку во секоја сфера од живеењето[/caption]
Текстот е многу интелигентно напишан. Се занимава со некакви брачни ситуации, кога се лажеме, кога ја кажуваме вистината. Колку што лагата е активна сила, толку и вистината е активна сила. Тоа си излегува на површина. Кога ќе се спојат двајца, во брак или во некаква заедница, наводно има таков парадокс дека ќе станат едно, ама сакаат да си го зачуваат интегритетот. Зборуваме за брак во кој сопружниците се заедно 20 години, поминале низ многу премрежја и искушенија и имаат прикриени тајни. Во моментот кога сакаат да чепкаат во туѓи тајни, нивните тајни излегуваат на површина, вели Петрушевска.
Ова е француски текст и намерата на режисерот, а екипата се согласила, е дејствието да биде локализирано. Направено е така на некој начин публиката да може да се идентификува со она што се случува на сцената, но во извесни сегменти.
Благородна како лик е жена која што е манипулативна, ги користи сите женски средства за да стигне до тоа што и е потребно. Мислам дека е жена којашто својата животна енергија ја има инвестирано во работи за кои навистина верува, вели Петрушвска, на која ова и е втора претстава во МНТ по преминувањето од Народниот театар Битола во националниот театар и како што вели добро е што за партнер го има Јордан Симонов.
Тој има неверојатна актерска интелигенција , способност, вештина, но истовремено и човечност, толеранција и духовност, која мене лично ми помогна во целиот процес, додава Петрушевска. Таа смета дека ја живееме границата меѓу вистината и лагата.
Ние, конкретно, во Македонија живееме на граница меѓу вистината и лагата, а таа граница е многу порозна, вели Петрушевска.
Според неа, етерот е преполн со лажни вести, лажни ветувања, понуди, проекти ,политики и најздраво е рационално да им пристапуваш.
Понекогаш може да биде и малку параноично. Лично, за себе може да кажам дека имам развиено параноја кон извесни работи, бидејќи постојано сме пренатрупани од лаги. И не станува збор само за лажни вести, односите во кои се наоѓаме, туку и за лажно време, секојдневието кое не опкружува, така што, за жал, може да кажам дека живееме во лажно време, вели Петрушевска.
На прашањето дали е ова текст кој ја опишува непријатната вистина за бракот таа вели:
Да, има сегменти каде што секој може се препознае. И не само непријатната вистина, туку и жртвата што можеби треба да ја направиш и во име на што ќе ја направиш. Лично, не сум против брак, но мислам дека тоа е едно парче хартија кое ќе се стави на маса, обврзува со многу нешта. За мене, кога би бил брак би било едно разбирање и цимерување. Сосема сум убедена дека во сите бракови и сите долги релации има искушенија и дека не треба на тоа да гледаме како на некаков суд, напротив како едно растење еден со друг. Претставата токму тоа го покажува. Ја покажува жртвата што треба да се понесе во даден момент, додава Петрушевска.
Во вакви односи и релации прашање е колку денес интимната врска може да ја издржи искреноста?
Не велам дека во име на љубов, на некаква синергија не треба да има понекогаш некоја бела лага, посебно во нашата професија, која е чиста илузија. Но, во таа илузија треба точно да протнеме вистината, да ја видиме и да ја препознаеме. Претставата си кажува една многу убава вистина и мислам дека публиката ќе сака да ја гледа. Никому посебно не му ја препорачувам, но би сакала публиката да дојде и ја види, заврши Петрушевска.
По премиерата на 15 октомври, следните изведби на „Лагата“ се закажани на 21 и 29 октомври. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски

The post Порозна е границата меѓу вистината и лагата appeared first on Република.

]]>
Ние ја живееме лагата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nie-ja-ziveeme-lagata/ Thu, 13 Oct 2022 17:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=560778

Ние ја живееме лагата. Лагата постои од кога постои цивилизацијата. Прашање е кој и како ја користи. Кој колку е искрен, а колку не е, вели актерот Јордан Симонов, кој игра во претставата „Лагата“, чија премиера Македонскиот народен театар (МНТ) ја закажа за в сабота, на 15 октомври, на големата сцена во 20 часот.

Текстот е на современиот француски писател, драматург, режисер и сценарист Флоријан Зелер, а претставата во МНТ ја режира Бесфорт Идризи. „Лагата“ е опишана како безмилосна комедија која ги анализира лицемерите во општеството, лавиринт на лаги, измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот.

Со оваа претстава Симонов одбележува јубилеј 25 години работа во театарот како актер. Симонов (56) е дипиломиран актер, кој заврши постдипломски студии по театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на Слободан Унковски. Има впечатливи улоги во театар, на филм и на телевизија, играл кај сите значајни македонски театарски режисери - Коле Ангеловски, Дејан Пројковски, Слободан Унковски, Владимир Милчин, Љубиша Георгивски, Иван Поповски, Срѓан Јанаќијевиќ, Синиша Евтимов... Играше во „Бесачи“, „Мој термин“, „Дух“, „Изгубени Германци“, „Мајсторот и Маргарита“, „Сомнително лице“...

Како режисер ги постави „Тероризам“ , „Кец на десетка“, „Торонто експрес“ на сцената на МНТ и „Црнила ремикс“ во продукција на МКЦ.

Симонов во „Лагата“ го толкува ликот на Павле, преку кого се одвива приказната.

Зелер го напишал текстот „Лагата“, а тука има и уште еден текст, „Вистината“ каде што се појавуваат истите, четири лика , меѓутоа во друга ситуација. Одлично се напишани и двете драми. Зелер е мајстор на својот занает и многу добро знаел психологија, односно ги знаел брачните односи и се она што се случува во денешно време. Сите четири лика, не само мојот, се многу точно, занатски многу прецизно напишани и ставени се во една ситуација. Мојот лик е човек преку кој се одвива приказната. Дејствието го води мојот лик, публиката ги прати неговите трансформации во однос на случувањата на сцена. Павел да речеме е манипулатор, лажго, се обидува на секакви начини да излезе од ситуацијата. Некогаш може, но некогаш не може да го направи тоа. Таму каде што не може се појавуваат комични моменти, вели Симонов во разговор за „Република“.

[caption id="attachment_560783" align="alignnone" width="1600"] Симонов: Најубаво е да се кажува вистината[/caption]

Претставата се работеше во две етапи, пред летните одмори и потоа пробите продложија на есен. Освен Симонов во претставата, која првпат се поставува во Македонија играат Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценографијата е на Крсте Џидров-Џиби, костимите се на Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика ја потпишува Игор Василевски-Новоградска.

Додека ја работевме претставата го обработувавме феноменот на лагата. Тенка е границата каде е лагата, каде е вистината. Луѓето што се бавеле со самиот феномен на лагата, велат дека има бели лаги кои сите ние најчесто ги употребуваме во секојдневниот живот. Дури е и пресметано колку еден нормален човек во текот на неделата кажува бели лаги. Тоа доаѓа од разни мотиви. Најубаво е да се кажува вистината. Меѓутоа, понекогаш, како што велат, вистината знае многу да боли, а ние не сакаме да се повредуваме, па така, луѓето се склони кон тоа не да ја кажат лагата, туку, да не ја кажат вистината, вели Симонов.

Во претставата, навидум станува збор за брачното неверство и тоа е основната тема преку која авторот сакал да испрати многу подлабоки пораки. Меѓутоа, таму има и подлабоки теми, смета Симонов.

За еден брак да биде успешен, треба да постојат неколку елементи. Тоа се љубов, разбирање, толеранција и доверба. Мислам дека тие четири елементи мора да постојат. Ако еден од нив го нема, тогаш може да настане проблем во бракот. Бракот, се разбира, поминува низ разни фази во животот. Времето поминува, се случуваат разни работи, луѓето се менуваат, меѓутоа никако не треба сопружниците да ги заборават овие четири елементи. А во претставата некои од овие работи се заборавени. Претставата, од една страна е многу комична, но од друга страна, многу боли, затоа што е вистинита, додава Симонов, кој во претставата е партнер со Габирела Петрушевска, со која првпат заедно се на сцена.

Симонов вели дека интимните врски ако сакаат да опстанат, мора да бидат искрени.

Довербата, искреноста, толеранцијата, љубовта мора да постојат во заедничко живеење. Ако ги нема, тогаш бракот не е како што треба, вели Симонов.

[caption id="attachment_560779" align="alignnone" width="1600"] Симонов: Ние сме сега таа генерација која ја живееме лагата, сега, во моментов[/caption]

Но, кога станува опасна таа тенка граница меѓу лагата и вистината?

Недовербата, непочитувањето. Тоа може и од страв да доаѓа, од страв да не го повредиш. Токму со таква ситуација се бави претставата. Мојот лик се обидува да и објасни на Родна, мојата партнерка, дека можеби понекогаш, да не ја кажеш вистина значи всушност да не повредиш некого. Односно, да не му нанесеш непотребно страдање затоа што знаеш дека вистината ќе го заболи. Тоа е дилемата. Тоа е тенката граница и тука треба да се внимава. Мој став е дека секогаш треба да се каже вистината. Тоа е правилниот пат. Ако одиме со бели лаги, со премолчување, калкулирање, човекот е изгубен, почнува да лаже. Му станува проблем во животот, вели Симонов.

„Лагата“ е опишана како безмилосна комедија која го анализира лицемерието во општеството, па оттука прашањето дали сите живееме во лавиринт на лаги?

Во еден момент општеството дојде до некаква позиција каде што рече дека тоа е погрешно. Но, како што се развиваше технологијата и како почнавме технолошки да напредуваме, ситуацијата со лажни вести ни стана начин на живот. Ние сме сега таа генерација која ја живееме лагата, сега, во моментов. Ја живееме лагата од општеството, односите се на многу ниско ниво. Ние ја живееме лагата, имаме проблем и тоа нема добро да заврши. За да се смени ова веројатно е потребно секој од нас, на микро ниво да работи. Не знам дали воопшто такво нешто може да се случи, секој да почне сам да размислува и да дојде до некакви заклучоци, па потоа да се направи некаква критична маса и сето тоа да отиде на ниво на општо мислење. Тоа е тешко, тоа се идеали. Не можат сите да бидат идеалисти, меѓутоа и тие што се, имаат некаква функција. Во секој случај може да покренат маса, да отворат некакви аспекти во јавноста, ќе изгинат, ама ќе ја исполнат својата мисија, вели Симонов за „Република“.

Следните изведби се закажани на 21 и 29 октомври со почеток во 20:00 часот.

разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

 

 

The post Ние ја живееме лагата appeared first on Република.

]]>

Ние ја живееме лагата. Лагата постои од кога постои цивилизацијата. Прашање е кој и како ја користи. Кој колку е искрен, а колку не е, вели актерот Јордан Симонов, кој игра во претставата „Лагата“, чија премиера Македонскиот народен театар (МНТ) ја закажа за в сабота, на 15 октомври, на големата сцена во 20 часот. Текстот е на современиот француски писател, драматург, режисер и сценарист Флоријан Зелер, а претставата во МНТ ја режира Бесфорт Идризи. „Лагата“ е опишана како безмилосна комедија која ги анализира лицемерите во општеството, лавиринт на лаги, измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот. Со оваа претстава Симонов одбележува јубилеј 25 години работа во театарот како актер. Симонов (56) е дипиломиран актер, кој заврши постдипломски студии по театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на Слободан Унковски. Има впечатливи улоги во театар, на филм и на телевизија, играл кај сите значајни македонски театарски режисери - Коле Ангеловски, Дејан Пројковски, Слободан Унковски, Владимир Милчин, Љубиша Георгивски, Иван Поповски, Срѓан Јанаќијевиќ, Синиша Евтимов... Играше во „Бесачи“, „Мој термин“, „Дух“, „Изгубени Германци“, „Мајсторот и Маргарита“, „Сомнително лице“... Како режисер ги постави „Тероризам“ , „Кец на десетка“, „Торонто експрес“ на сцената на МНТ и „Црнила ремикс“ во продукција на МКЦ. Симонов во „Лагата“ го толкува ликот на Павле, преку кого се одвива приказната.
Зелер го напишал текстот „Лагата“, а тука има и уште еден текст, „Вистината“ каде што се појавуваат истите, четири лика , меѓутоа во друга ситуација. Одлично се напишани и двете драми. Зелер е мајстор на својот занает и многу добро знаел психологија, односно ги знаел брачните односи и се она што се случува во денешно време. Сите четири лика, не само мојот, се многу точно, занатски многу прецизно напишани и ставени се во една ситуација. Мојот лик е човек преку кој се одвива приказната. Дејствието го води мојот лик, публиката ги прати неговите трансформации во однос на случувањата на сцена. Павел да речеме е манипулатор, лажго, се обидува на секакви начини да излезе од ситуацијата. Некогаш може, но некогаш не може да го направи тоа. Таму каде што не може се појавуваат комични моменти, вели Симонов во разговор за „Република“.
[caption id="attachment_560783" align="alignnone" width="1600"] Симонов: Најубаво е да се кажува вистината[/caption] Претставата се работеше во две етапи, пред летните одмори и потоа пробите продложија на есен. Освен Симонов во претставата, која првпат се поставува во Македонија играат Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценографијата е на Крсте Џидров-Џиби, костимите се на Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика ја потпишува Игор Василевски-Новоградска.
Додека ја работевме претставата го обработувавме феноменот на лагата. Тенка е границата каде е лагата, каде е вистината. Луѓето што се бавеле со самиот феномен на лагата, велат дека има бели лаги кои сите ние најчесто ги употребуваме во секојдневниот живот. Дури е и пресметано колку еден нормален човек во текот на неделата кажува бели лаги. Тоа доаѓа од разни мотиви. Најубаво е да се кажува вистината. Меѓутоа, понекогаш, како што велат, вистината знае многу да боли, а ние не сакаме да се повредуваме, па така, луѓето се склони кон тоа не да ја кажат лагата, туку, да не ја кажат вистината, вели Симонов.
Во претставата, навидум станува збор за брачното неверство и тоа е основната тема преку која авторот сакал да испрати многу подлабоки пораки. Меѓутоа, таму има и подлабоки теми, смета Симонов.
За еден брак да биде успешен, треба да постојат неколку елементи. Тоа се љубов, разбирање, толеранција и доверба. Мислам дека тие четири елементи мора да постојат. Ако еден од нив го нема, тогаш може да настане проблем во бракот. Бракот, се разбира, поминува низ разни фази во животот. Времето поминува, се случуваат разни работи, луѓето се менуваат, меѓутоа никако не треба сопружниците да ги заборават овие четири елементи. А во претставата некои од овие работи се заборавени. Претставата, од една страна е многу комична, но од друга страна, многу боли, затоа што е вистинита, додава Симонов, кој во претставата е партнер со Габирела Петрушевска, со која првпат заедно се на сцена.
Симонов вели дека интимните врски ако сакаат да опстанат, мора да бидат искрени.
Довербата, искреноста, толеранцијата, љубовта мора да постојат во заедничко живеење. Ако ги нема, тогаш бракот не е како што треба, вели Симонов.
[caption id="attachment_560779" align="alignnone" width="1600"] Симонов: Ние сме сега таа генерација која ја живееме лагата, сега, во моментов[/caption] Но, кога станува опасна таа тенка граница меѓу лагата и вистината?
Недовербата, непочитувањето. Тоа може и од страв да доаѓа, од страв да не го повредиш. Токму со таква ситуација се бави претставата. Мојот лик се обидува да и објасни на Родна, мојата партнерка, дека можеби понекогаш, да не ја кажеш вистина значи всушност да не повредиш некого. Односно, да не му нанесеш непотребно страдање затоа што знаеш дека вистината ќе го заболи. Тоа е дилемата. Тоа е тенката граница и тука треба да се внимава. Мој став е дека секогаш треба да се каже вистината. Тоа е правилниот пат. Ако одиме со бели лаги, со премолчување, калкулирање, човекот е изгубен, почнува да лаже. Му станува проблем во животот, вели Симонов.
„Лагата“ е опишана како безмилосна комедија која го анализира лицемерието во општеството, па оттука прашањето дали сите живееме во лавиринт на лаги?
Во еден момент општеството дојде до некаква позиција каде што рече дека тоа е погрешно. Но, како што се развиваше технологијата и како почнавме технолошки да напредуваме, ситуацијата со лажни вести ни стана начин на живот. Ние сме сега таа генерација која ја живееме лагата, сега, во моментов. Ја живееме лагата од општеството, односите се на многу ниско ниво. Ние ја живееме лагата, имаме проблем и тоа нема добро да заврши. За да се смени ова веројатно е потребно секој од нас, на микро ниво да работи. Не знам дали воопшто такво нешто може да се случи, секој да почне сам да размислува и да дојде до некакви заклучоци, па потоа да се направи некаква критична маса и сето тоа да отиде на ниво на општо мислење. Тоа е тешко, тоа се идеали. Не можат сите да бидат идеалисти, меѓутоа и тие што се, имаат некаква функција. Во секој случај може да покренат маса, да отворат некакви аспекти во јавноста, ќе изгинат, ама ќе ја исполнат својата мисија, вели Симонов за „Република“.
Следните изведби се закажани на 21 и 29 октомври со почеток во 20:00 часот. разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски    

The post Ние ја живееме лагата appeared first on Република.

]]>
Праизведба на комедијата „Лагата“ на сцената на МНТ в сабота https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-komedijata-lagata-na-scenata-na-mnt-v-sabota/ Mon, 10 Oct 2022 07:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=559310

На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 15 октомври премиерно ќе биде одиграна комичната претстава „Лагата“, работена според текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи, соопштија од националниот театар.

Во комедијата, која во нашата земја се поставува првпат, играат: Јордан Симонов (Павле), Габриела Петрушевска (Родна), Оливер Митковски (Михаил) и Драгана Левенска (Јована).

Според режисерот, „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. Иако при првиот контакт со текстот, може да се добие впечаток дека негова главна тема е брачниот однос или неверството, сепак, како што и самиот наслов навестува, всушност, тоа со што се занимава текстот, а воедно и нашата претстава, е лагата како феномен.

Живееме во „лажно време“, односно во време кога лажењето е општо прифатена пракса, без разлика дали станува збор за бели лаги, лажно претставување на социјалните мрежи, лажни вести, лажни ветувања, понуди, проекти, градби, политики... ние секојдневно сме изложени на лаги од најразлични размери. Оттаму и идејата да се работи токму овој текст, при што преку еден комичен пристап ќе се фокусираме на ваквите општествени појави кои, за жал, се сѐ почести до мера што лажењето е развиено на ниво на општествено прифатлива норма.

Сценографијата е на Крсте Џидров-Џиби, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска.

Следните изведби се закажани на 21 и 29 октомври со почеток во 20:00 часот, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата на МНТ.

The post Праизведба на комедијата „Лагата“ на сцената на МНТ в сабота appeared first on Република.

]]>

На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 15 октомври премиерно ќе биде одиграна комичната претстава „Лагата“, работена според текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи, соопштија од националниот театар. Во комедијата, која во нашата земја се поставува првпат, играат: Јордан Симонов (Павле), Габриела Петрушевска (Родна), Оливер Митковски (Михаил) и Драгана Левенска (Јована). Според режисерот, „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. Иако при првиот контакт со текстот, може да се добие впечаток дека негова главна тема е брачниот однос или неверството, сепак, како што и самиот наслов навестува, всушност, тоа со што се занимава текстот, а воедно и нашата претстава, е лагата како феномен. Живееме во „лажно време“, односно во време кога лажењето е општо прифатена пракса, без разлика дали станува збор за бели лаги, лажно претставување на социјалните мрежи, лажни вести, лажни ветувања, понуди, проекти, градби, политики... ние секојдневно сме изложени на лаги од најразлични размери. Оттаму и идејата да се работи токму овој текст, при што преку еден комичен пристап ќе се фокусираме на ваквите општествени појави кои, за жал, се сѐ почести до мера што лажењето е развиено на ниво на општествено прифатлива норма. Сценографијата е на Крсте Џидров-Џиби, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска. Следните изведби се закажани на 21 и 29 октомври со почеток во 20:00 часот, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата на МНТ.

The post Праизведба на комедијата „Лагата“ на сцената на МНТ в сабота appeared first on Република.

]]>
Режисерот Бесфорт Идризи во МНТ ги почна подготовките за комедијата „Лагата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/reziserot-besfort-idrizi-vo-mnt-gi-pochna-podgotovkite-za-komedijata-lagata/ Thu, 14 Apr 2022 08:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=488248

На малата сцена во Македонскиот народен театар во тек се читачките проби за претставата „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелниот француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи, соопштитја од МНТ.

„Лагата“ на Флоријан Зелер е безмилосна комедија која ги анализира лицемерите во општеството. Лавиринт на лаги и измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот.
Мишел и Лоранс доаѓаат на вечера, но Алис истото попладне го забележува Мишел како се бакнува со друга жена, притоа е во дилема дали да ѝ каже на пријателката што видела или не. Нејзиниот сопруг Пол верува дека е подобро да се однесуваат како ништо да не се случило. Алис е далеку од сигурна. Со оглед на тоа што нивната сопствена врска се држи под лупа, станува јасно дека некои вистини најдобро е да не се кажат... а границата меѓу вистината и лагата може да биде опасна за преминување.

Во претставата која во нашата земја се поставува за првпат играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценографијата ја работи Крсте Џидров-Џиби, костимите ќе бидат дизајн на Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василевски-Новоградска.

Премиерата се очекува кон втората половина на мај 2022 г.

The post Режисерот Бесфорт Идризи во МНТ ги почна подготовките за комедијата „Лагата“ appeared first on Република.

]]>

На малата сцена во Македонскиот народен театар во тек се читачките проби за претставата „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелниот француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи, соопштитја од МНТ. „Лагата“ на Флоријан Зелер е безмилосна комедија која ги анализира лицемерите во општеството. Лавиринт на лаги и измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот. Мишел и Лоранс доаѓаат на вечера, но Алис истото попладне го забележува Мишел како се бакнува со друга жена, притоа е во дилема дали да ѝ каже на пријателката што видела или не. Нејзиниот сопруг Пол верува дека е подобро да се однесуваат како ништо да не се случило. Алис е далеку од сигурна. Со оглед на тоа што нивната сопствена врска се држи под лупа, станува јасно дека некои вистини најдобро е да не се кажат... а границата меѓу вистината и лагата може да биде опасна за преминување. Во претставата која во нашата земја се поставува за првпат играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценографијата ја работи Крсте Џидров-Џиби, костимите ќе бидат дизајн на Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василевски-Новоградска. Премиерата се очекува кон втората половина на мај 2022 г.

The post Режисерот Бесфорт Идризи во МНТ ги почна подготовките за комедијата „Лагата“ appeared first on Република.

]]>