лабораторија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/laboratorija/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 14:46:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лабораторија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/laboratorija/ 32 32 Уништена лабораторија за кокаин и за хероин во Приштина, уапсени се две лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/unishtena-laboratorija-za-kokain-i-za-heroin-vo-prishtina-uapseni-se-dve-litsa/ Sun, 22 Sep 2024 14:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=818758

Косовската полиција соопшти дека во акција, спроведена по 10-месечна истрага, синоќа во подрум на куќа во населбата Сончев брег, Приштина, открила и уништила лабораторија за обработка на кокаин и на хероин, при што уапсила две лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во акцијата на Единицата за антидрога и на Управата за борба против трговијата со наркотици на Полицијата на Косово, откриени се и одредена количина дрога хероин и кокаин, работен алат за преработка на наркотични материи, како и околу 7 килограми дрога во цврста состојба.

Постојат сомнежи дека осомничените подолго време ја користеле оваа лабораторија за преработка на наркотичните супстанции хероин и кокаин, при што по преработка на истите материи ги пакувале во мали дози за продажба во различни региони на земјата. Косовската полиција со своите единици за борба против дрогата останува посветена на спречувањето и на сузбивањето на употреба, одгледување или продажба на наркотични супстанции, а строги законски мерки ќе бидат преземени против сите инволвирани во такви кривични дела кои на еден или на друг начин ги загрозуваат здравјето и безбедноста на нашите граѓани“, соопшти косовкската полиција.

 

The post Уништена лабораторија за кокаин и за хероин во Приштина, уапсени се две лица appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција соопшти дека во акција, спроведена по 10-месечна истрага, синоќа во подрум на куќа во населбата Сончев брег, Приштина, открила и уништила лабораторија за обработка на кокаин и на хероин, при што уапсила две лица, јави дописникот на МИА од Приштина. Во акцијата на Единицата за антидрога и на Управата за борба против трговијата со наркотици на Полицијата на Косово, откриени се и одредена количина дрога хероин и кокаин, работен алат за преработка на наркотични материи, како и околу 7 килограми дрога во цврста состојба.
Постојат сомнежи дека осомничените подолго време ја користеле оваа лабораторија за преработка на наркотичните супстанции хероин и кокаин, при што по преработка на истите материи ги пакувале во мали дози за продажба во различни региони на земјата. Косовската полиција со своите единици за борба против дрогата останува посветена на спречувањето и на сузбивањето на употреба, одгледување или продажба на наркотични супстанции, а строги законски мерки ќе бидат преземени против сите инволвирани во такви кривични дела кои на еден или на друг начин ги загрозуваат здравјето и безбедноста на нашите граѓани“, соопшти косовкската полиција.
 

The post Уништена лабораторија за кокаин и за хероин во Приштина, уапсени се две лица appeared first on Република.

]]>
Американците обвинуваат: Корона вирусот, сепак, излегол од лабораторија во Вухан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koronavirusot-sepak-izlegol-od-laboratorija-vo-vuhan/ Wed, 01 Mar 2023 10:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=614593

Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан.

ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за телевизиската мрежа „Фокс њуз“.

Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на The Wall Street Journal, според кој американското Министерство за енергетика со „мала сигурност“ проценило дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија.

Некои агенции веруваат дека пандемијата е веројатно резултат на природен пренос, додека други се неодлучни, наведе весникот.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, пред два дена кажа дека американската Влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Кинеското Министерство за надворешни работи цитираше извештај на Светската здравствена организација и Кина, кој укажува на природното потекло на пандемијата, а не на истекување на вирус од лабораторија.

Вреј кажа и дека не може да сподели многу детали за проценката на агенцијата бидејќи се работи за доверливи информации.

Тој ја обвини кинеската Влада дека „прави се што може за да се обиде да ги попречи и замагли“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата.

 

The post Американците обвинуваат: Корона вирусот, сепак, излегол од лабораторија во Вухан appeared first on Република.

]]>

Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан.
ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за телевизиската мрежа „Фокс њуз“.
Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на The Wall Street Journal, според кој американското Министерство за енергетика со „мала сигурност“ проценило дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија. Некои агенции веруваат дека пандемијата е веројатно резултат на природен пренос, додека други се неодлучни, наведе весникот. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, пред два дена кажа дека американската Влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата. Кинеското Министерство за надворешни работи цитираше извештај на Светската здравствена организација и Кина, кој укажува на природното потекло на пандемијата, а не на истекување на вирус од лабораторија. Вреј кажа и дека не може да сподели многу детали за проценката на агенцијата бидејќи се работи за доверливи информации. Тој ја обвини кинеската Влада дека „прави се што може за да се обиде да ги попречи и замагли“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата.  

The post Американците обвинуваат: Корона вирусот, сепак, излегол од лабораторија во Вухан appeared first on Република.

]]>
Поради грешка на лабораторија 20 луѓе починале од Ковид: Добиле негативни резултати, а биле заразени со корона https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-greshka-na-laboratorija-20-lugje-pochinale-od-kovid-dobile-negativni-rezultati-a-bile-zarazeni-so-korona/ Tue, 29 Nov 2022 20:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=579767

Англиската владина агенција одговорна за справување со итни случаи во јавното здравство соопшти дека грешка во лабораторија за тестирање предизвикала десетици илјади лица, кои биле позитивни на корона вирусот, да добијат погрешни резултати од тестот и да им се каже дека се негативни, што веројатно довело до смрт на дури 20 лица.

Велика Британија има една од најголемите бројки на жртви на корона вирусот во светот со повеќе од 177.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата во 2020 година.

Многу експерти коментираа дека програмата за следење контакти е далеку под светскиот систем, што го вети владата.

Истрагата на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство покажала дека лабораторијата „Именса“ во централна Англија, во периодот од 2 септември до 12 октомври минатата година, погрешно пријавила околу 39.000 тестови како негативни, во ситуација кога тие биле позитивни.

Причината за грешките е неправилното поставување на нивото на прагот за пријавување позитивни и негативни резултати од примероците на ПЦР за Ковид-19, се наведува во извештајот на Агенцијата по завршувањето на истрагата.

Како резултат на тоа, многумина продолжиле со секојдневниот живот и не се самоизолирале, иако имале Ковид-19.

Агенцијата соопшти дека грешките можеле да резултираат со до 55.000 дополнителни инфекции во областите каде што биле пријавени лажни негативни.

Клиниката „Именса”, приватна компанија што ја води лабораторијата, е основана во мај 2020 година и добила договори во вредност од 203,63 милиони американски долари за обработка на резултати од ПЦР тестови.

Во оваа истрага внимателно ги разгледавме аранжманите за надзор на договорите на приватните лаборатории што во тој период ги вршеа итните тестирања, изјави Ричард Глив, директор на Агенциујата и главен истражувач.

The post Поради грешка на лабораторија 20 луѓе починале од Ковид: Добиле негативни резултати, а биле заразени со корона appeared first on Република.

]]>

Англиската владина агенција одговорна за справување со итни случаи во јавното здравство соопшти дека грешка во лабораторија за тестирање предизвикала десетици илјади лица, кои биле позитивни на корона вирусот, да добијат погрешни резултати од тестот и да им се каже дека се негативни, што веројатно довело до смрт на дури 20 лица. Велика Британија има една од најголемите бројки на жртви на корона вирусот во светот со повеќе од 177.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата во 2020 година. Многу експерти коментираа дека програмата за следење контакти е далеку под светскиот систем, што го вети владата. Истрагата на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство покажала дека лабораторијата „Именса“ во централна Англија, во периодот од 2 септември до 12 октомври минатата година, погрешно пријавила околу 39.000 тестови како негативни, во ситуација кога тие биле позитивни.
Причината за грешките е неправилното поставување на нивото на прагот за пријавување позитивни и негативни резултати од примероците на ПЦР за Ковид-19, се наведува во извештајот на Агенцијата по завршувањето на истрагата.
Како резултат на тоа, многумина продолжиле со секојдневниот живот и не се самоизолирале, иако имале Ковид-19. Агенцијата соопшти дека грешките можеле да резултираат со до 55.000 дополнителни инфекции во областите каде што биле пријавени лажни негативни. Клиниката „Именса”, приватна компанија што ја води лабораторијата, е основана во мај 2020 година и добила договори во вредност од 203,63 милиони американски долари за обработка на резултати од ПЦР тестови.
Во оваа истрага внимателно ги разгледавме аранжманите за надзор на договорите на приватните лаборатории што во тој период ги вршеа итните тестирања, изјави Ричард Глив, директор на Агенциујата и главен истражувач.

The post Поради грешка на лабораторија 20 луѓе починале од Ковид: Добиле негативни резултати, а биле заразени со корона appeared first on Република.

]]>
Дома имал лабораторија за производство на марихуана: Уапсен 35-годишен скопјанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/doma-imal-laboratorija-za-proizvodstvo-na-marihuana-uapsen-35-godishen-skopjanec/ Wed, 31 Aug 2022 11:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=546060

Полицијата уапсила скопјанец, кој дома имал лабораторија за производство на марихуана.

При апсењето, кај него била откриена половина килограм дрога.

На 30.08.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(35) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и апарати за лабораторија за производство на марихуана - информират од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Дома имал лабораторија за производство на марихуана: Уапсен 35-годишен скопјанец appeared first on Република.

]]>

Полицијата уапсила скопјанец, кој дома имал лабораторија за производство на марихуана. При апсењето, кај него била откриена половина килограм дрога.
На 30.08.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(35) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и апарати за лабораторија за производство на марихуана - информират од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Дома имал лабораторија за производство на марихуана: Уапсен 35-годишен скопјанец appeared first on Република.

]]>
Нови докази: Короната сепак е создадена во лабораторија? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/novi-dokazi-koronata-sepak-e-sozdadena-vo-laboratorija/ Thu, 10 Feb 2022 12:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=456723

Најновите информации за пандемијата на вирусот ковид-19 покажуваат дека започнала во кинеска лабораторија.

Научниците пронајдоа траги од коронавирус кои би можеле да ја поддржат теоријата дека пандемијата започнала од лабораторија.

Откритието, од анализата на примероците од почвата, сугерира дека коронавирусот можеби природно не преминал од диви животни на луѓето.

Сепак, потребни се повеќе докази, особено во однос на точното време кога вирусот ги инфицирал примероците, пишува „Daily Mail“.

Научниците во Унгарија пронајдоа траги од единствена варијанта на коронавирусот додека испитува ДНК од почвата на Антарктикот испратена до „Sangon Biotech“ во Шангај.

Истражувачите пронајдоа и генетски материјал од кинески хрчаци и зелени мајмуни, што може да сугерира дека вирусот бил тестиран во лабораторија, користејќи ги или самите животни или нивните клетки.

Некои од оние кои ја поддржуваат теоријата за лабораториски протекување и сугерираат дека кинеските научници го конструирале вирусот во лабораторија за да го направат поопасен во експериментот, пред да им „избега“.

Сепак, наодите мора да се толкуваат со претпазливост, бидејќи ДНК на почвата можеби е контаминирана со вирусот од првите пациенти со ковид-19, што Кина го пријави во декември 2019 година.

The post Нови докази: Короната сепак е создадена во лабораторија? appeared first on Република.

]]>

Најновите информации за пандемијата на вирусот ковид-19 покажуваат дека започнала во кинеска лабораторија. Научниците пронајдоа траги од коронавирус кои би можеле да ја поддржат теоријата дека пандемијата започнала од лабораторија. Откритието, од анализата на примероците од почвата, сугерира дека коронавирусот можеби природно не преминал од диви животни на луѓето. Сепак, потребни се повеќе докази, особено во однос на точното време кога вирусот ги инфицирал примероците, пишува „Daily Mail“. Научниците во Унгарија пронајдоа траги од единствена варијанта на коронавирусот додека испитува ДНК од почвата на Антарктикот испратена до „Sangon Biotech“ во Шангај. Истражувачите пронајдоа и генетски материјал од кинески хрчаци и зелени мајмуни, што може да сугерира дека вирусот бил тестиран во лабораторија, користејќи ги или самите животни или нивните клетки. Некои од оние кои ја поддржуваат теоријата за лабораториски протекување и сугерираат дека кинеските научници го конструирале вирусот во лабораторија за да го направат поопасен во експериментот, пред да им „избега“. Сепак, наодите мора да се толкуваат со претпазливост, бидејќи ДНК на почвата можеби е контаминирана со вирусот од првите пациенти со ковид-19, што Кина го пријави во декември 2019 година.

The post Нови докази: Короната сепак е создадена во лабораторија? appeared first on Република.

]]>