Лабина Митевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/labina-mitevska/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:06:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лабина Митевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/labina-mitevska/ 32 32 Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/labina-mitevska-e-dobitnichka-na-godinashnata-eurimazh-nagrada-za-megunrodni-ko-poroduktsii-od-eurimazh-i-evropskata-filmskata-akademija/ Wed, 20 Nov 2024 11:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=839902

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната „Еуримаж“ награда за меѓународни ко-продукции од Еуримаж и Европската филмска Академија. Лабина Митевска е еден од основачите на семејната продуцентска куќа Сестри и Брат Митевски од Скопје.

Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. Се наградува мајсторската изработка на високо квалитетна кинематографија постигната преку бројни извонредни меѓународни ко-продукции кои се гордост на фондот Еуримаж, вели жирото во својата одлука.

Митевска ќе биде почесен гостин на гала приемот на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн каде лично ќе ја прими доделената награда.

„Еуримаж“ наградата за меѓународни ко-продукции ја доделува Европската филмска академија во соработка со Еуримаж заедно со фондот за поддршка на културата на Советот на Европа.

Наградата ја потврдува клучната улога на ко-продукциите во зајакнувањето на меѓународната размена и претставува награда од национален интерес за македонската кинематографија.

Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија, изјавија од продукцијата.

Ко-продукциите се неминовност за филмската продукција во Европа и Лабина во својата забележителна продуцентска кариера има остварено успешна соработка со доверливи соработници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Франција, Белгија, Германија, Шведска, Данска, Турција, Романија. Речиси сите филмски проекти на кои има работено и како мнозински и како малцински ко-продуцент се избрани во селекциите на трите најголеми филмски фестивали Берлин, Венеција, и Кан и се наградувани и прикажувани ширум светот.

Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски, изјави Митевска.

Церемонијата на Европските Филмски Награди е овозможена од Европската Филмска Академија и Европски Филмски Награди Продукција гГмбХ.

Сестрите и братот Лабина, Теона и Вук успешно ја започнаа работата на нивната продуцентска куќа во 2001. Лабина е високо почитувана актерка од Балканскиот регион, која ја започнува својата кариера во „Пред дождот“  (1994) на Милчо Манчевски, награден со „Златен лав“ во Венеција и номиниран за „Оскар“. Лабина е извршен директор на продукцијата, нејзината сестра Теона е режисер и нивниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сет дизајнер и автор на анимации.

Филмовите на „Сестри и Брат Митевски продукција“ го вклучуваат нивниот прв филм „Вета“ (2001), краткометражен филм кој ја доби Специјалната награда на жирито на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, проследено со „Како убив светец“ (2004), нивниот прв игран филм, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам и освои бројни други награди вклучувајќи ја и главната награда за игран филм на Кросинг Јуроп (Crossing Europe) филмскиот фестивал во Линц, Австрија.

„Јас сум од Титов Велес“ (2007) беше поканет на Берлинскиот филмски фестивал, Сараевскиот филмски фестивал, Торонто филмскиот фестивал, Пусан фестивалот како и селекцијата АСИД (ACID) на Канскиот фестивал и на уште 80 други фестивали. Беше дистрибуиран во 15 земји и освои над 20 награди. „Жената која ги избриша своите солзи“ (2012) со Викторија Абрил ја имаше својата премиера на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и беше прикажан на уште 40 други фестивали. „Кога денот немаше име“ (2017) исто така имаше премиера во Берлин, како и „Господ постои, името и е Петрунија“ (2019) каде ја доби наградата на Екуменското жири, која се дополни со други 30 меѓународни награди – вклучувајќи ја и ЛУКС (LUX), наградата на публиката на Европскиот Парламент во 2019. „Најсреќниот човек на светот“ (2022) ја имаше својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, како и во Торонто филмски фестивал и освои една дузина награди. „Дваесет и еден ден до крајот на светот' (2023) е најновиот филм на продуцентската куќа кој имаше премиера исто во Венеција. Во 2024 Лабина Митевска работи на „Скејтањето не е за девојчиња“ (2024) на Дина Дума кој беше развиван на Канскиот Синефондасион (Cannes Cinéfondation) и МАЈКА (2024), со Нооми Рапас (Noomi Rapace) најновиот филм на нејзината сестра Теона Стругар Митевска.

Лабина Митевска е членка на Европската Филмска Академија и е национален претставник на ЕАВЕ (Европски Аудиовизуелни Претприемачи). Во 2014 година беше дел од Продуценти во подем на ЕФП (Европска Филмска Промоција) на Канскиот филмски фестивал. Од 2022 Лабина е дел од продуцентскиот тим на белгиската филмска компанија Ентр Шиан е Лу (Entre Chien et Loup).

The post Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија appeared first on Република.

]]>

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната „Еуримаж“ награда за меѓународни ко-продукции од Еуримаж и Европската филмска Академија. Лабина Митевска е еден од основачите на семејната продуцентска куќа Сестри и Брат Митевски од Скопје.
Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. Се наградува мајсторската изработка на високо квалитетна кинематографија постигната преку бројни извонредни меѓународни ко-продукции кои се гордост на фондот Еуримаж, вели жирото во својата одлука.
Митевска ќе биде почесен гостин на гала приемот на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн каде лично ќе ја прими доделената награда. „Еуримаж“ наградата за меѓународни ко-продукции ја доделува Европската филмска академија во соработка со Еуримаж заедно со фондот за поддршка на културата на Советот на Европа. Наградата ја потврдува клучната улога на ко-продукциите во зајакнувањето на меѓународната размена и претставува награда од национален интерес за македонската кинематографија.
Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија, изјавија од продукцијата.
Ко-продукциите се неминовност за филмската продукција во Европа и Лабина во својата забележителна продуцентска кариера има остварено успешна соработка со доверливи соработници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Франција, Белгија, Германија, Шведска, Данска, Турција, Романија. Речиси сите филмски проекти на кои има работено и како мнозински и како малцински ко-продуцент се избрани во селекциите на трите најголеми филмски фестивали Берлин, Венеција, и Кан и се наградувани и прикажувани ширум светот.
Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски, изјави Митевска.
Церемонијата на Европските Филмски Награди е овозможена од Европската Филмска Академија и Европски Филмски Награди Продукција гГмбХ. Сестрите и братот Лабина, Теона и Вук успешно ја започнаа работата на нивната продуцентска куќа во 2001. Лабина е високо почитувана актерка од Балканскиот регион, која ја започнува својата кариера во „Пред дождот“  (1994) на Милчо Манчевски, награден со „Златен лав“ во Венеција и номиниран за „Оскар“. Лабина е извршен директор на продукцијата, нејзината сестра Теона е режисер и нивниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сет дизајнер и автор на анимации. Филмовите на „Сестри и Брат Митевски продукција“ го вклучуваат нивниот прв филм „Вета“ (2001), краткометражен филм кој ја доби Специјалната награда на жирито на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, проследено со „Како убив светец“ (2004), нивниот прв игран филм, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам и освои бројни други награди вклучувајќи ја и главната награда за игран филм на Кросинг Јуроп (Crossing Europe) филмскиот фестивал во Линц, Австрија. „Јас сум од Титов Велес“ (2007) беше поканет на Берлинскиот филмски фестивал, Сараевскиот филмски фестивал, Торонто филмскиот фестивал, Пусан фестивалот како и селекцијата АСИД (ACID) на Канскиот фестивал и на уште 80 други фестивали. Беше дистрибуиран во 15 земји и освои над 20 награди. „Жената која ги избриша своите солзи“ (2012) со Викторија Абрил ја имаше својата премиера на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и беше прикажан на уште 40 други фестивали. „Кога денот немаше име“ (2017) исто така имаше премиера во Берлин, како и „Господ постои, името и е Петрунија“ (2019) каде ја доби наградата на Екуменското жири, која се дополни со други 30 меѓународни награди – вклучувајќи ја и ЛУКС (LUX), наградата на публиката на Европскиот Парламент во 2019. „Најсреќниот човек на светот“ (2022) ја имаше својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, како и во Торонто филмски фестивал и освои една дузина награди. „Дваесет и еден ден до крајот на светот' (2023) е најновиот филм на продуцентската куќа кој имаше премиера исто во Венеција. Во 2024 Лабина Митевска работи на „Скејтањето не е за девојчиња“ (2024) на Дина Дума кој беше развиван на Канскиот Синефондасион (Cannes Cinéfondation) и МАЈКА (2024), со Нооми Рапас (Noomi Rapace) најновиот филм на нејзината сестра Теона Стругар Митевска. Лабина Митевска е членка на Европската Филмска Академија и е национален претставник на ЕАВЕ (Европски Аудиовизуелни Претприемачи). Во 2014 година беше дел од Продуценти во подем на ЕФП (Европска Филмска Промоција) на Канскиот филмски фестивал. Од 2022 Лабина е дел од продуцентскиот тим на белгиската филмска компанија Ентр Шиан е Лу (Entre Chien et Loup).  

The post Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија appeared first on Република.

]]>
Лабина Митевска: Да ги сакаме нашите автори и да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/labina-mitevska-da-gi-sakame-nashite-avtori-i-da-im-ovozmozhuvame-da-sozdavaat-slobodno-bez-tsenzura/ Sun, 24 Sep 2023 11:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=684674

За да се создаде едно врвно уметничко дело потребно е да ги сакаме нашите автори, да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура, и да постои континуит во таа поддршка, бидејќи уметноста не е веќе привилегија, таа е потреба, рече синоќа Лабина Митевска, која е годишна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

Митевска, актерка и продуцентка нагррадата ја прими во Битола, на свеченото отворање на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“.

Особено ми е значајно ова признание бидејќи доаѓа од мојата фела и што ја добивам во овој град во кој се вљубив пред многу години. Веќе триесет години работам во оваа фантастична професија. Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму. Македонија има многу нешта што може да и ги понуди во светската кинематографија. Имаме одлични автори, добри приказни, имаме фантастични локации, кажа Митевска.

Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму, рече Митевска Фото/Браќа Манаки

По повод доделувањето на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ пред присутните говореше претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи кој се осврна на битката на филмските работници за подобри услови за филм, подобар стандард на филмските работници и подостоинствен живот.

Како обврска на нашата генерација останува конечно стандардизирање на буџетот за филм во рамките на државниот буџет и решавање на статусот на филмските работници. Секој ден сме поблиску до решение и колку и да звучи невозможно, ќе се случи, рече Иванов најавувајќи го секретарот на ДФРМ, Томи Салковски кој и ја врачи наградата на Митевска.

Во Битола, од синоќа, во текот на седум фестивалски денови ќе се открива прекрасното непознато, онака како што браќата Манаки со камерата 300 почнале да го откриваат прекрасното непознато, кое може да се види и создаде само преку филмскиот објектив.

Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови, рече директорот на Фестивалот „Браќа Манаки“ Мони Дамевски Фото/Браќа Манаки

Создавањето на еден филм, на едно уметничко дело, па и на Фестивал секогаш започнува со скок во непознатото. Возбудлив, но и застрашувачки. За среќа тој скок во непознатото најчесто резултира со едно прекрасно патување и завршува со резултат што им носи големо задоволство и на публиката и на создавачите на филмот. Затоа одново и одново скокаме во непознатото. Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови.

Со овие зборови им посака добредојде на присутните, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски, човекот за кого потрагата по прекрасното непознато никогаш не престанува и кој заедно со својот тим го создаде филмскиот универзум наречен 44. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

Тој подвлече дека фестивалот е место на слободната мисла на филмските уметници и големите мајстори на филмската фотографија.

Фестивалот е домаќин на највисоки претставници на француското, британското, кинеското, австралиското, шпанското, корејското, германското, грчкото, спрското, чилеанското и американското друштво на кинематографери. Ќе бидат прикажани 80 филмови, девет работилници и дваесеттина различни настани кои ќе го остават својот сопствен магичен печат на Битола, рече Дамевски.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека ова ново издание е потврда за раст на Фестивалот, но и на градот со него.

Битола благодарение на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки претставува светски гласник во областа на кинематографијата. Уникатноста на творештвото најсилно допира низ моќта да се привлече посетителот, да се задржи неговото внимание и истиот да стане дел од патувањето на прекрасното непознато. Вечерва повторно го славиме ентузијазмот и успехот на двајцата мечтатели кои ја зачуваа севкупната бесмртност на човештвото низ сите нивни фотографии и филмски снимки, истакна Коњановски.

На годинешниот лауреат, кинематограферот Питер Бижу, наградата Златна камера 300 за животен опус му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Питер Бижу, фото/Браќа Манаки

Многу сум среќен што сум во Македонија и што го добивам ова прекрасно признание од Фестивалот „Браќа Манаки“, се заблагодари Бижу, чие појавување на сцената во Центарот за култура во Битола беше проследено со огромен аплауз од публиката која на нозе го поздрави оскаровецот.

Костадиновска Стојчевска рече дека Фестивалот „Браќа Манаки“ ги негува вредностите на врвната визуелна уметност и е чувар на споменот за љубопитните браќа Манаки за кои дотогаш непознатото било голем предизвик.

Вечерва сакам да нагласам дека збирката на движното културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки – Битола 1853-1964“, која се наоѓа во Државниот архив – одделение Битола, е прогласена за културно наследство од особено значење, во поткатегорија исклучително значење. Збирката од над 1.200 артефакти е оригинално сведоштво за едно бурно време на Балканот и своевиден раопис од европска важност. За историјата на светската кинематографија и да не зборуваме, зошто браќата Манаки беа први на Балканот, меѓу првите во Европа. Македонската кинематографија им ја должи сета почит. Оттаму радува ентузијазмот и страста на овој фестивал од година во година, со децении да ја надоградува љубовта кон добриот кадар, рече Костадиновска-Стојчевска.

На свеченото отворање беше изведен перформанс во режија на Дејан Пројковски. Националниот џез оркестар и детски хор ја изведоа „Another brick in the wall“ од „Пинк Флојд“ со што на сцената и во гледалиштето се ширеше филмската магија на „Пинк Флојд: Sидот“ од лауреатот Питер Бижу.

The post Лабина Митевска: Да ги сакаме нашите автори и да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура appeared first on Република.

]]>

За да се создаде едно врвно уметничко дело потребно е да ги сакаме нашите автори, да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура, и да постои континуит во таа поддршка, бидејќи уметноста не е веќе привилегија, таа е потреба, рече синоќа Лабина Митевска, која е годишна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Митевска, актерка и продуцентка нагррадата ја прими во Битола, на свеченото отворање на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“.
Особено ми е значајно ова признание бидејќи доаѓа од мојата фела и што ја добивам во овој град во кој се вљубив пред многу години. Веќе триесет години работам во оваа фантастична професија. Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму. Македонија има многу нешта што може да и ги понуди во светската кинематографија. Имаме одлични автори, добри приказни, имаме фантастични локации, кажа Митевска.
Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму, рече Митевска Фото/Браќа Манаки По повод доделувањето на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ пред присутните говореше претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи кој се осврна на битката на филмските работници за подобри услови за филм, подобар стандард на филмските работници и подостоинствен живот.
Како обврска на нашата генерација останува конечно стандардизирање на буџетот за филм во рамките на државниот буџет и решавање на статусот на филмските работници. Секој ден сме поблиску до решение и колку и да звучи невозможно, ќе се случи, рече Иванов најавувајќи го секретарот на ДФРМ, Томи Салковски кој и ја врачи наградата на Митевска.
Во Битола, од синоќа, во текот на седум фестивалски денови ќе се открива прекрасното непознато, онака како што браќата Манаки со камерата 300 почнале да го откриваат прекрасното непознато, кое може да се види и создаде само преку филмскиот објектив. Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови, рече директорот на Фестивалот „Браќа Манаки“ Мони Дамевски Фото/Браќа Манаки
Создавањето на еден филм, на едно уметничко дело, па и на Фестивал секогаш започнува со скок во непознатото. Возбудлив, но и застрашувачки. За среќа тој скок во непознатото најчесто резултира со едно прекрасно патување и завршува со резултат што им носи големо задоволство и на публиката и на создавачите на филмот. Затоа одново и одново скокаме во непознатото. Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови.
Со овие зборови им посака добредојде на присутните, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски, човекот за кого потрагата по прекрасното непознато никогаш не престанува и кој заедно со својот тим го создаде филмскиот универзум наречен 44. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“. Тој подвлече дека фестивалот е место на слободната мисла на филмските уметници и големите мајстори на филмската фотографија.
Фестивалот е домаќин на највисоки претставници на француското, британското, кинеското, австралиското, шпанското, корејското, германското, грчкото, спрското, чилеанското и американското друштво на кинематографери. Ќе бидат прикажани 80 филмови, девет работилници и дваесеттина различни настани кои ќе го остават својот сопствен магичен печат на Битола, рече Дамевски.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека ова ново издание е потврда за раст на Фестивалот, но и на градот со него.
Битола благодарение на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки претставува светски гласник во областа на кинематографијата. Уникатноста на творештвото најсилно допира низ моќта да се привлече посетителот, да се задржи неговото внимание и истиот да стане дел од патувањето на прекрасното непознато. Вечерва повторно го славиме ентузијазмот и успехот на двајцата мечтатели кои ја зачуваа севкупната бесмртност на човештвото низ сите нивни фотографии и филмски снимки, истакна Коњановски.
На годинешниот лауреат, кинематограферот Питер Бижу, наградата Златна камера 300 за животен опус му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Питер Бижу, фото/Браќа Манаки
Многу сум среќен што сум во Македонија и што го добивам ова прекрасно признание од Фестивалот „Браќа Манаки“, се заблагодари Бижу, чие појавување на сцената во Центарот за култура во Битола беше проследено со огромен аплауз од публиката која на нозе го поздрави оскаровецот.
Костадиновска Стојчевска рече дека Фестивалот „Браќа Манаки“ ги негува вредностите на врвната визуелна уметност и е чувар на споменот за љубопитните браќа Манаки за кои дотогаш непознатото било голем предизвик.
Вечерва сакам да нагласам дека збирката на движното културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки – Битола 1853-1964“, која се наоѓа во Државниот архив – одделение Битола, е прогласена за културно наследство од особено значење, во поткатегорија исклучително значење. Збирката од над 1.200 артефакти е оригинално сведоштво за едно бурно време на Балканот и своевиден раопис од европска важност. За историјата на светската кинематографија и да не зборуваме, зошто браќата Манаки беа први на Балканот, меѓу првите во Европа. Македонската кинематографија им ја должи сета почит. Оттаму радува ентузијазмот и страста на овој фестивал од година во година, со децении да ја надоградува љубовта кон добриот кадар, рече Костадиновска-Стојчевска.
На свеченото отворање беше изведен перформанс во режија на Дејан Пројковски. Националниот џез оркестар и детски хор ја изведоа „Another brick in the wall“ од „Пинк Флојд“ со што на сцената и во гледалиштето се ширеше филмската магија на „Пинк Флојд: Sидот“ од лауреатот Питер Бижу.

The post Лабина Митевска: Да ги сакаме нашите автори и да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура appeared first on Република.

]]>
Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/labina-mitevska-e-godinashna-dobitnichka-na-nagradata-golema-zvezda-na-makedonskiot-film/ Thu, 17 Aug 2023 10:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=672975

Познатата македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), соопшти денеска Игор Иванов Изи, директор на Друштвото.

Оваа година се одлучивме за ѕвезда која долги години блеска на големото платно со голем број главни и споредни филмски улоги и е еден од најуспешните продуценти во историјата на македонскиот независен филм. Станува збор за исклучителна актерка со која и лично сум имал можност да соработувам. Едно од најсензибилните и најфотогенични лица во современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, рече Иванов.

Актерската кариера Митевска (47) jа започнува во 1994 година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм кој го добива „Златниот лав“ во Венеција. Играше и во: „Туку така под облака“, „Добредојдовте во Сараево“, „Те сакам тебе“, „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“, „Како убив светец“, „Бубачки“, „Тајната книга“, „Јас сум од Титов Велес“, „Превртено“, „Кога денот немаше име“, „Господ пости, името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот...

Митевска во 2001 година била член на жирито на Фестивалот во Карлови Вари и во неколку наврати беше директор на ИФФК „Браќа Манаки“. Со нејзината сестра Теона С. Митевска и братот, Вук Митевски ја оформуваат продукцијата „Сестри и брат Митевски“ со која снимаат бројни краткометражни и долгометражни играни филмови кои се прикажуваат на фестивалите во Берлин и Венеција.

Со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го свртеа вниманието на европската и на светската филмска јавност, и беа меѓу трите финалисти за престижната европска награда „Лукс“. Лабина и Теона, по поддршката која ја добија од Еуримаж, Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево го завршија последниот проект, филмот „Најсреќниот човек на светот“ по сценарио на Елма Татарагиќ, кој беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм.

Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, глумица (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) и Горјан Тозија, филмски продуцент (2022).

Наградата на Лабина Митевска свечено ќе и биде врачена на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки".

The post Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ appeared first on Република.

]]>

Познатата македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), соопшти денеска Игор Иванов Изи, директор на Друштвото.
Оваа година се одлучивме за ѕвезда која долги години блеска на големото платно со голем број главни и споредни филмски улоги и е еден од најуспешните продуценти во историјата на македонскиот независен филм. Станува збор за исклучителна актерка со која и лично сум имал можност да соработувам. Едно од најсензибилните и најфотогенични лица во современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, рече Иванов.
Актерската кариера Митевска (47) jа започнува во 1994 година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм кој го добива „Златниот лав“ во Венеција. Играше и во: „Туку така под облака“, „Добредојдовте во Сараево“, „Те сакам тебе“, „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“, „Како убив светец“, „Бубачки“, „Тајната книга“, „Јас сум од Титов Велес“, „Превртено“, „Кога денот немаше име“, „Господ пости, името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот... Митевска во 2001 година била член на жирито на Фестивалот во Карлови Вари и во неколку наврати беше директор на ИФФК „Браќа Манаки“. Со нејзината сестра Теона С. Митевска и братот, Вук Митевски ја оформуваат продукцијата „Сестри и брат Митевски“ со која снимаат бројни краткометражни и долгометражни играни филмови кои се прикажуваат на фестивалите во Берлин и Венеција. Со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го свртеа вниманието на европската и на светската филмска јавност, и беа меѓу трите финалисти за престижната европска награда „Лукс“. Лабина и Теона, по поддршката која ја добија од Еуримаж, Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево го завршија последниот проект, филмот „Најсреќниот човек на светот“ по сценарио на Елма Татарагиќ, кој беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, глумица (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) и Горјан Тозија, филмски продуцент (2022). Наградата на Лабина Митевска свечено ќе и биде врачена на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки".  

The post Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ appeared first on Република.

]]>
Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки, рече режисерката Теона С. Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ni-beshe-vazno-da-gi-spodelime-nashite-iskustva-od-vojnata-za-da-mozat-da-uchat-od-nashite-greshki-reche-reziserkata-teona-s-mitevska-na-makedonskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot/ Fri, 28 Oct 2022 07:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=566590

Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки од минатото, рече синоќа режисерката Теона Стругар Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ која се одржа во скопското кино „Милениум“.

По синоќешната премиера, филмот во следните две недели ќе се прикажува во кино „Милениум“ од 20 и од 22 часот.

Ова е шести игран филм на Теона С. Митевска по „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“, „Жената што си ги избриша солзите“, „Кога денот немаше име“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

Овој филм го спремав повеќе од пет години. Додека го снимавме не можевме да претпоставиме дека ќе почне нова војна на европската територија. Одеднаш филмот, кој зборува за минатото и како да се справиме со неговите лузни, станува наша реалност, рече режисерката Митевска.

„Најсреќниот човек на светот“ имаше светска премиера на 2 септември годинава на Фестивалот во Венеција во програмата „Хоризонти“ и е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар меѓународен филм.

По премиерата на филмот во Венеција, го прикажавме филмот во Киев, пред две недели. Тоа беше исклучително тешко и емотивно искуство. Но, нас ни беше важно да го направиме токму тоа, со надеж дека може да ги споделиме нашите минати искуства, за да можат да научат од нашите грешки од минатото. Како уметник, важно ми е да зборувам за актуелни теми, колку и да се тешки и болни, да бидам бескомпромисна и храбра, бидејќи длабоко верувам дека само така може да одиме напред, рече Теона Митевска.

„Најсреќниот човек на светот“ е на босански јазик. Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ-Курет и Аднан Омеровиќ, а уште играат: Ксенија Маринковиќ, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ и македонските актери Ана Костовска, Лабина Митевска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева.

Филмот е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ. Сценариото е на Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ, врз чија вистинска приказна е заснована приказната.

Актерката и продуцентка на филмот, Лабина Митевска им се заблаодари на сите оние кои што помогнаа да се направи овој филм.

Се надевам дека уживавте во овој филм онолку колку што е тежок, колку што ние уживавме да го создадеме. Филмот ја почнува својата редовна дистрибуција низ светот, тоа нè прави среќни. Колку и да е тешка уметноста, мислам дека сме должни секогаш да зборуваме, дискутираме и понекогаш да нè боли стомак со денови, рече Лабина Митевска.

Во ноември филмот ќе се прикаже на шест фестивали низ светот. „Најсреќниот човек на светот“ ќе има проекција на Филмскиот фестивал во Солун, каде режисерката Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. Од Солун, филмот продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија каде што од 9 до 20 ноември филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката посветен на пост-југословенската кинематографија.

Филмот ќе продолжи за Интернационалниот филмски фестивал во Арас, Франција кој започнува на 7 ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22 февруари 2023. Во ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмски фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Митевска ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.

The post Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки, рече режисерката Теона С. Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ appeared first on Република.

]]>

Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки од минатото, рече синоќа режисерката Теона Стругар Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ која се одржа во скопското кино „Милениум“. По синоќешната премиера, филмот во следните две недели ќе се прикажува во кино „Милениум“ од 20 и од 22 часот. Ова е шести игран филм на Теона С. Митевска по „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“, „Жената што си ги избриша солзите“, „Кога денот немаше име“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.
Овој филм го спремав повеќе од пет години. Додека го снимавме не можевме да претпоставиме дека ќе почне нова војна на европската територија. Одеднаш филмот, кој зборува за минатото и како да се справиме со неговите лузни, станува наша реалност, рече режисерката Митевска.
„Најсреќниот човек на светот“ имаше светска премиера на 2 септември годинава на Фестивалот во Венеција во програмата „Хоризонти“ и е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар меѓународен филм.
По премиерата на филмот во Венеција, го прикажавме филмот во Киев, пред две недели. Тоа беше исклучително тешко и емотивно искуство. Но, нас ни беше важно да го направиме токму тоа, со надеж дека може да ги споделиме нашите минати искуства, за да можат да научат од нашите грешки од минатото. Како уметник, важно ми е да зборувам за актуелни теми, колку и да се тешки и болни, да бидам бескомпромисна и храбра, бидејќи длабоко верувам дека само така може да одиме напред, рече Теона Митевска.
„Најсреќниот човек на светот“ е на босански јазик. Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ-Курет и Аднан Омеровиќ, а уште играат: Ксенија Маринковиќ, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ и македонските актери Ана Костовска, Лабина Митевска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева. Филмот е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ. Сценариото е на Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ, врз чија вистинска приказна е заснована приказната. Актерката и продуцентка на филмот, Лабина Митевска им се заблаодари на сите оние кои што помогнаа да се направи овој филм.
Се надевам дека уживавте во овој филм онолку колку што е тежок, колку што ние уживавме да го создадеме. Филмот ја почнува својата редовна дистрибуција низ светот, тоа нè прави среќни. Колку и да е тешка уметноста, мислам дека сме должни секогаш да зборуваме, дискутираме и понекогаш да нè боли стомак со денови, рече Лабина Митевска.
Во ноември филмот ќе се прикаже на шест фестивали низ светот. „Најсреќниот човек на светот“ ќе има проекција на Филмскиот фестивал во Солун, каде режисерката Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. Од Солун, филмот продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија каде што од 9 до 20 ноември филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката посветен на пост-југословенската кинематографија. Филмот ќе продолжи за Интернационалниот филмски фестивал во Арас, Франција кој започнува на 7 ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22 февруари 2023. Во ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмски фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Митевска ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.    