Ла Сала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/la-sala/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Feb 2023 21:11:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ла Сала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/la-sala/ 32 32 Ла скала влезе во дигиталната ера со сопствен телевизиски канал https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/la-skala-vleze-vo-digitalnata-era-so-sopstven-televiziski-kanal/ Fri, 10 Feb 2023 21:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=607588

Ла скала, познатата оперска куќа во Милано, Италија, основана пред 245 години, влезе во нова, дигитална ера, со сопствен телевизиски канал којшто ќе пренесува оперски и балетски претстави и концерти.

Директорот на Скала, Доминик Мајер денеска пред новинарите изјави дека целта со отворањето ТВ-канал, е „да влеземе во секој дом“, сѐ до „јужноамериканските пампаси“. Стрим-програмата ќе биде пуштена на 14 февруари со пренос во живо на операта „Сицилијанска вечер“ од Џузепе Верди, по што следат снимки од други, постари претстави.

- Дополнително, сакаме сами да одлучуваме што ќе прикажуваме и тоа е прашање на „независност“, нагласи тој.

Партнерството меѓу Ла скала и јавниот телевизиски канал РАИ е прекинато.

Ла скала го следеше примерот на други светски оперски куќи, како што се оние во Виена, Париз или Њујорк, кои сe насочија кон пошироката публика преку телевизијата, а коишто особено процветаа во пандемијата што ги затвори кината.

Новата платформа наречена „LaScala .tv“ е наменета за љубителите на музиката „кои го познаваат театарот, се чести посетители и сега повторно ќе можат да ги гледаат спектаклите во коишто уживаа“, т.е. „да надополнат за пропуштеното“, според соопштението за печатот.

ТВ-каналот ќе биде достапен за плаќање - освен во училиштата, а целта е да се допре и до луѓето кои живеат далеку и не можат да патуваат во Милано. Цените се движат од 2,90 до 11,90 евра по содржина и варираат зависно квалитетот на аудио и видеоснимката, или дали се работи за пренос во живо или за снимка.

Понатаму, платформата е посветена на младите генерации кои се вешти во користењето на стриминг и на кои „треба да им се долови огромното уметничко наследство запишано во историјата и колективниот идентитет на Италија“, соопшти раководството на Ла Скала. Новост е тоа дека во паузите гледачите ќе можат да ѕирнат зад сцената и да се запознаат со тајните на режијата и сценографијата.

The post Ла скала влезе во дигиталната ера со сопствен телевизиски канал appeared first on Република.

]]>

Ла скала, познатата оперска куќа во Милано, Италија, основана пред 245 години, влезе во нова, дигитална ера, со сопствен телевизиски канал којшто ќе пренесува оперски и балетски претстави и концерти.

Директорот на Скала, Доминик Мајер денеска пред новинарите изјави дека целта со отворањето ТВ-канал, е „да влеземе во секој дом“, сѐ до „јужноамериканските пампаси“. Стрим-програмата ќе биде пуштена на 14 февруари со пренос во живо на операта „Сицилијанска вечер“ од Џузепе Верди, по што следат снимки од други, постари претстави. - Дополнително, сакаме сами да одлучуваме што ќе прикажуваме и тоа е прашање на „независност“, нагласи тој. Партнерството меѓу Ла скала и јавниот телевизиски канал РАИ е прекинато. Ла скала го следеше примерот на други светски оперски куќи, како што се оние во Виена, Париз или Њујорк, кои сe насочија кон пошироката публика преку телевизијата, а коишто особено процветаа во пандемијата што ги затвори кината. Новата платформа наречена „LaScala .tv“ е наменета за љубителите на музиката „кои го познаваат театарот, се чести посетители и сега повторно ќе можат да ги гледаат спектаклите во коишто уживаа“, т.е. „да надополнат за пропуштеното“, според соопштението за печатот. ТВ-каналот ќе биде достапен за плаќање - освен во училиштата, а целта е да се допре и до луѓето кои живеат далеку и не можат да патуваат во Милано. Цените се движат од 2,90 до 11,90 евра по содржина и варираат зависно квалитетот на аудио и видеоснимката, или дали се работи за пренос во живо или за снимка. Понатаму, платформата е посветена на младите генерации кои се вешти во користењето на стриминг и на кои „треба да им се долови огромното уметничко наследство запишано во историјата и колективниот идентитет на Италија“, соопшти раководството на Ла Скала. Новост е тоа дека во паузите гледачите ќе можат да ѕирнат зад сцената и да се запознаат со тајните на режијата и сценографијата.

The post Ла скала влезе во дигиталната ера со сопствен телевизиски канал appeared first on Република.

]]>