Ла Манш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/la-mansh/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 07:57:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ла Манш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/la-mansh/ 32 32 По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-povod-15-godishninata-od-preplivuvaneto-na-la-mansh-maratonetsot-tomi-stefanovski-so-podvig-na-ohridskoto-ezero-utre-ke-organizira-humanitaren-nastan/ Tue, 13 Aug 2024 07:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=806029

Македонскиот пливач Томи Стефановски утре ќе плива маратон на Охридското Езеро, со цел подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.

Станува збор за хуманитарен настан насловен „Пливање за инклузија“, со што воедно ќе го одбележи и јубилејот 15 години од неговото препливување на каналот Ла Манш.

Трасата за овој хуманитарен потфат е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10:30 часот од пред хотелот „Десарет“, ќе плива до црквата „Свети Јован Канео“ се до градското пристаниште во Охрид.

Стефановски упати повик до сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата и донираат.

Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чуствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.

Инаку, Стефановски на 14 август 2009 година преплива каналот Ла Манш, по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Нико Нестор (1958 година) и 40- годишнината од препливување на Атина Бојаџи во 1969 година. На Стефановски за препливување на Ла Манш му беа потребни 7:42 часа, што е 13 резултат на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот.

Утрешниот хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација „ИТК Македонија“ од Скопје и Охридскиот пливачки маратон.

 

The post По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пливач Томи Стефановски утре ќе плива маратон на Охридското Езеро, со цел подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. Станува збор за хуманитарен настан насловен „Пливање за инклузија“, со што воедно ќе го одбележи и јубилејот 15 години од неговото препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10:30 часот од пред хотелот „Десарет“, ќе плива до црквата „Свети Јован Канео“ се до градското пристаниште во Охрид. Стефановски упати повик до сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата и донираат.
Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чуствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.
Инаку, Стефановски на 14 август 2009 година преплива каналот Ла Манш, по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Нико Нестор (1958 година) и 40- годишнината од препливување на Атина Бојаџи во 1969 година. На Стефановски за препливување на Ла Манш му беа потребни 7:42 часа, што е 13 резултат на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот. Утрешниот хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација „ИТК Македонија“ од Скопје и Охридскиот пливачки маратон.  

The post По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан appeared first on Република.

]]>
Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ohrid-se-sekava-na-svoite-velikani-na-deneshen-den-atina-bojadhi-go-prepliva-la-mansh/ Sat, 09 Sep 2023 17:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=680369

Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“.

Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри-Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки маратон со само 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида-Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеа да стигне само таа и еден пливач од Египет.

Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и додели орден за храброст. Интересно, поради опасност, тој маратон по таа 1962 година повеќе никогаш не е одржан.

И, потоа, во 1969 година следи врвот на нејзината кариера со испливувањето на Ла Манш. По враќањето во Македонија, и беше приреден незаборавен пречек во нејзиниот Охрид…

„Тоа беше неверојатен пречек, како се приближувавме кон Охрид, колони луѓе беа покрај патот почнувајќи од селото Косел па се до центарот на Охрид. Ми се чини како целиот град да беше излезен на улици и не поздравуваше.

Се сеќавам на гласот на син ми, кој беше со мене во автомобилот во кој се движевме, кој низ плач прашуваше: ‘Мамо, кои се овие луѓе? Што е ова?’“ – ќе изјави во едно свое интервју Атина Бојаџи, потестувајќи се на таа 1969 година.Тој нејзин успех шест години потоа е овековечен во филмот на Александар Ѓурчинов, „Исправи се Делфина“, каде Атина ја глуми Неда Арнериќ.

Во 1998 година. Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Атина Бојаџи и го доделува признанието „Великан на македонскиот спорт“, а во 2000 година дневниот весник „Утрински весник“ ја прогласи за спортист на векот.

Во чест на „хероината од Ла Манш“ стадионот во рамките на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид го носи името „Атина Бојаџи“.

извор: ОхридПрес/Екипа.мк 

The post Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш appeared first on Република.

]]>

Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“.

Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри-Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки маратон со само 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида-Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеа да стигне само таа и еден пливач од Египет.

Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и додели орден за храброст. Интересно, поради опасност, тој маратон по таа 1962 година повеќе никогаш не е одржан.

И, потоа, во 1969 година следи врвот на нејзината кариера со испливувањето на Ла Манш. По враќањето во Македонија, и беше приреден незаборавен пречек во нејзиниот Охрид… „Тоа беше неверојатен пречек, како се приближувавме кон Охрид, колони луѓе беа покрај патот почнувајќи од селото Косел па се до центарот на Охрид. Ми се чини како целиот град да беше излезен на улици и не поздравуваше. Се сеќавам на гласот на син ми, кој беше со мене во автомобилот во кој се движевме, кој низ плач прашуваше: ‘Мамо, кои се овие луѓе? Што е ова?’“ – ќе изјави во едно свое интервју Атина Бојаџи, потестувајќи се на таа 1969 година.Тој нејзин успех шест години потоа е овековечен во филмот на Александар Ѓурчинов, „Исправи се Делфина“, каде Атина ја глуми Неда Арнериќ. Во 1998 година. Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Атина Бојаџи и го доделува признанието „Великан на македонскиот спорт“, а во 2000 година дневниот весник „Утрински весник“ ја прогласи за спортист на векот. Во чест на „хероината од Ла Манш“ стадионот во рамките на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид го носи името „Атина Бојаџи“. извор: ОхридПрес/Екипа.мк 

The post Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш appeared first on Република.

]]>
Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brod-so-migranti-potona-vo-la-mansh-najmalku-shestmina-zaginati/ Sat, 12 Aug 2023 12:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=671388

Најмалку шестмина мигранти се удавија денеска кога нивниот чамец потона во Ла Манш, според новиот официјален извештај за несреќата.

Портпаролот на француската поморска полиција изјави дека петмина до 10 патници се водат за исчезнати и по нив се трага.

Брзата помош згрижила 55 мигранти.

Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода.

Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година.

The post Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати appeared first on Република.

]]>

Најмалку шестмина мигранти се удавија денеска кога нивниот чамец потона во Ла Манш, според новиот официјален извештај за несреќата. Портпаролот на француската поморска полиција изјави дека петмина до 10 патници се водат за исчезнати и по нив се трага. Брзата помош згрижила 55 мигранти. Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода. Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година.

The post Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати appeared first on Република.

]]>
Евгениј Поп Ацев: Ладната вода го победи моето тело, разочаран сум ама среќен што пробав https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/evgenij-pop-atsev-ladnata-voda-go-pobedi-moeto-telo-razocharan-sum-ama-sreken-shto-probav/ Fri, 21 Jul 2023 14:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=663998

Македонскиот маратонски пливач и светски првак Евгениј Поп Ацев денеска проба да го преплива каналот Ла Манш, но не успеа. Вели, иако е разочаран, сепак, среќен е што се обидел.

Иако последниве години имав проблеми со пливањето и со здравјето сепак се надевав дека ќе соберам сила и ќе можам. Имав голема желба и сила и добро пливав, но ладната вода ме победи т.е. го победи моето тело, кое отсекогаш лошо се справувало со ладна вода. Иако разочарувањето е големо и ќе ми треба подолг период да го пребродам овој неуспех, сепак сум среќен што пробав и собрав уште едно искуство (макар и лошо) и што ќе можам дома да се вратам жив и здрав. Многу сум благодарен на жена ми Алана, на Капетанот и тимот на бродот за големата помош и за брзата и правилна реакција за да не се случи нешто пострашно. Исто така, огромна благодарност до мојата фамилија, блиските и цела Македонија кои отсекогаш ме поддржувале и храбреле, поготово во вакви тешки моменти .
Тешки две години беа ова за мене што се однесува на пливањето и мислам дека ова најтешкиот момент, но и можеби најсилен знак. Премногу го сакам овој спорт и тешко ми е да се отргнам од него па некако ги игнорирав сите знаци и совети и повеќе го слушав срцето наместо телото и разумот да продолжам. Имам толку убави спомени, успеси, емоции, искуства и познанства, и тоа се додека ја претставував својата земја на светско ниво. Тоа е најголема чест и задоволство за еден човек и е најголемата убавина на спортот. За тоа ќе сум вечно среќен и задоволен што ја имам доживеано таа убавина без разлика што ќе донесе следниот ден, сподели Поп Ацев.

The post Евгениј Поп Ацев: Ладната вода го победи моето тело, разочаран сум ама среќен што пробав appeared first on Република.

]]>

Македонскиот маратонски пливач и светски првак Евгениј Поп Ацев денеска проба да го преплива каналот Ла Манш, но не успеа. Вели, иако е разочаран, сепак, среќен е што се обидел.
Иако последниве години имав проблеми со пливањето и со здравјето сепак се надевав дека ќе соберам сила и ќе можам. Имав голема желба и сила и добро пливав, но ладната вода ме победи т.е. го победи моето тело, кое отсекогаш лошо се справувало со ладна вода. Иако разочарувањето е големо и ќе ми треба подолг период да го пребродам овој неуспех, сепак сум среќен што пробав и собрав уште едно искуство (макар и лошо) и што ќе можам дома да се вратам жив и здрав. Многу сум благодарен на жена ми Алана, на Капетанот и тимот на бродот за големата помош и за брзата и правилна реакција за да не се случи нешто пострашно. Исто така, огромна благодарност до мојата фамилија, блиските и цела Македонија кои отсекогаш ме поддржувале и храбреле, поготово во вакви тешки моменти . Тешки две години беа ова за мене што се однесува на пливањето и мислам дека ова најтешкиот момент, но и можеби најсилен знак. Премногу го сакам овој спорт и тешко ми е да се отргнам од него па некако ги игнорирав сите знаци и совети и повеќе го слушав срцето наместо телото и разумот да продолжам. Имам толку убави спомени, успеси, емоции, искуства и познанства, и тоа се додека ја претставував својата земја на светско ниво. Тоа е најголема чест и задоволство за еден човек и е најголемата убавина на спортот. За тоа ќе сум вечно среќен и задоволен што ја имам доживеано таа убавина без разлика што ќе донесе следниот ден, сподели Поп Ацев.

The post Евгениј Поп Ацев: Ладната вода го победи моето тело, разочаран сум ама среќен што пробав appeared first on Република.

]]>
Велика Британија ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за спречување на миграцијата преку Ла Манш https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ke-i-dade-na-frantsija-480-milioni-funti-za-sprechuvane-na-migratsijata-preku-la-mansh/ Fri, 10 Mar 2023 22:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=618342

Британскиот премиер, Риши Сунак, соопшти дека Велика Британија во следните три години ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето, со цел да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови.

Британските медиуми потсетуваат дека за британскиот премиер, запирањето на пристигнувањето на бродовите со мигранти до јужниот брег на Англија е еден од неговите пет приоритети во работата на владата.

Нам не ни е потребно да го решиме овој проблем, туку да го искорениме, рече Сунак на заедничка прес-конференција со францускиот претседател, Емануел Макрон во Париз.

The post Велика Британија ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за спречување на миграцијата преку Ла Манш appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер, Риши Сунак, соопшти дека Велика Британија во следните три години ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето, со цел да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови. Британските медиуми потсетуваат дека за британскиот премиер, запирањето на пристигнувањето на бродовите со мигранти до јужниот брег на Англија е еден од неговите пет приоритети во работата на владата.
Нам не ни е потребно да го решиме овој проблем, туку да го искорениме, рече Сунак на заедничка прес-конференција со францускиот претседател, Емануел Макрон во Париз.

The post Велика Британија ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за спречување на миграцијата преку Ла Манш appeared first on Република.

]]>
„Ветуваме супер безбедно патување“: Убавото време носи нов бран Албанци со гумени чамци преку Ла Манш https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vetuvame-super-bezbedno-patuvanje-ubavoto-vreme-nosi-nov-bran-albanci-so-gumeni-chamci-preku-la-mansh/ Thu, 10 Nov 2022 11:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=572262

Британски „Дејли Телеграф“ продолжува со написи за бранот албански мигранти кој не стивнува.

Временските услови се подобруваат, а со тоа се очекува зголемување на бројот на албански имигранти кои со гумени чамци го минуваат Ла Манш, бидејќи шверцерите го гарантираат минувањето „100 илјади проценти во добри услови“, пишува Дејли Телеграф.

Во написот се наведува дека огласите биле објавени на TikTok во вторникот вечерта, нудејќи безбедно патување, бидејќи се очекува морето да биде мирно по една недела на бури и дожд што ги спречи повеќето премини.

Во една од рекламите со задинска фотографија на Албанци во мали чамци стои дека патувањето ќе биде лесно. „Патување до Велика Британија со гумен чамец. Поаѓање на патувањето од Кале. Пристигнување во Довер. Супер безбедно. 100.000 проценти гаранција. Заминувањето е на 11 овој месец, пренесува Дејли Телеграф објава на социјалната мрежа „Тикток“.

Според Топ чанел, кој ја пренесува веста, британските министри се повеќе се загрижени дека до крајот на годината во Велика Британија би можеле да стигнат уште најмалку 10 илјади албански имигранти.

Исто така, постојат стравувања дека секое зголемување на бројот на илегални имигранти ќе изврши притисок врз центарот за азил во Кент.

Како што претходно објави „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на официјална полициска статистика, во изминатите месеци од годинава, пристигнале над 10 илјади Албанци, од вкупно 40 илјади имигранти кои досега го поминале каналот, при што секој петти албански имигрант кој пристигнал во Велика Британија бара азил како малолетник.

The post „Ветуваме супер безбедно патување“: Убавото време носи нов бран Албанци со гумени чамци преку Ла Манш appeared first on Република.

]]>

Британски „Дејли Телеграф“ продолжува со написи за бранот албански мигранти кој не стивнува. Временските услови се подобруваат, а со тоа се очекува зголемување на бројот на албански имигранти кои со гумени чамци го минуваат Ла Манш, бидејќи шверцерите го гарантираат минувањето „100 илјади проценти во добри услови“, пишува Дејли Телеграф. Во написот се наведува дека огласите биле објавени на TikTok во вторникот вечерта, нудејќи безбедно патување, бидејќи се очекува морето да биде мирно по една недела на бури и дожд што ги спречи повеќето премини. Во една од рекламите со задинска фотографија на Албанци во мали чамци стои дека патувањето ќе биде лесно. „Патување до Велика Британија со гумен чамец. Поаѓање на патувањето од Кале. Пристигнување во Довер. Супер безбедно. 100.000 проценти гаранција. Заминувањето е на 11 овој месец, пренесува Дејли Телеграф објава на социјалната мрежа „Тикток“. Според Топ чанел, кој ја пренесува веста, британските министри се повеќе се загрижени дека до крајот на годината во Велика Британија би можеле да стигнат уште најмалку 10 илјади албански имигранти. Исто така, постојат стравувања дека секое зголемување на бројот на илегални имигранти ќе изврши притисок врз центарот за азил во Кент. Како што претходно објави „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на официјална полициска статистика, во изминатите месеци од годинава, пристигнале над 10 илјади Албанци, од вкупно 40 илјади имигранти кои досега го поминале каналот, при што секој петти албански имигрант кој пристигнал во Велика Британија бара азил како малолетник.

The post „Ветуваме супер безбедно патување“: Убавото време носи нов бран Албанци со гумени чамци преку Ла Манш appeared first on Република.

]]>
Се повеќе мигранти се обидуваат да го преминат Ла Манш во обид да влезат во Англија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-povekje-migranti-se-obiduvaat-da-go-preminat-la-mansh-vo-obid-da-vlezat-vo-anglija/ Mon, 20 Jun 2022 14:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=517703

Француската полиција соопшти дека бројот на обиди на мигранти илегално да го преминат Ла Манш за да стигнат до Англија значително се зголемил во првата половина на 2022 година по веќе рекордната 2021 година.

Од француското министерство за внатрешни работи прецизираат дека помеѓу 1 јануари и 13 јуни 2022 година имало 777 случаи на преминување или обид за преминување на Ла Манш со мали чамци, во кои биле вклучени 20.132 мигранти, што претставува 68 отсто повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

Овој извештај доаѓа во време кога на британска страна се заострува мигрантската политика.

Податоците на Министерството во јануари, во 2021 година, обидите да се премине Ла Манш, главно со гумени чамци, од северниот брег на Франција меѓу Кале и Данкерк достигнал „рекорд“ од 52.000 луѓе кои се обиделе и 28.000 кои успеале.

Министерството соопшти дека стапката на спречени обиди постојано се зголемува и дека 61,39 отсто од обидите за преминување преку морето биле спречени, што е за 4,2 процентни поени повеќе од 2021 година и дека од почетокот на годината биле приведени 10.090 лица, што е пораст од 65 отсто.

The post Се повеќе мигранти се обидуваат да го преминат Ла Манш во обид да влезат во Англија appeared first on Република.

]]>

Француската полиција соопшти дека бројот на обиди на мигранти илегално да го преминат Ла Манш за да стигнат до Англија значително се зголемил во првата половина на 2022 година по веќе рекордната 2021 година. Од француското министерство за внатрешни работи прецизираат дека помеѓу 1 јануари и 13 јуни 2022 година имало 777 случаи на преминување или обид за преминување на Ла Манш со мали чамци, во кои биле вклучени 20.132 мигранти, што претставува 68 отсто повеќе отколку во истиот период во 2021 година. Овој извештај доаѓа во време кога на британска страна се заострува мигрантската политика. Податоците на Министерството во јануари, во 2021 година, обидите да се премине Ла Манш, главно со гумени чамци, од северниот брег на Франција меѓу Кале и Данкерк достигнал „рекорд“ од 52.000 луѓе кои се обиделе и 28.000 кои успеале. Министерството соопшти дека стапката на спречени обиди постојано се зголемува и дека 61,39 отсто од обидите за преминување преку морето биле спречени, што е за 4,2 процентни поени повеќе од 2021 година и дека од почетокот на годината биле приведени 10.090 лица, што е пораст од 65 отсто.

The post Се повеќе мигранти се обидуваат да го преминат Ла Манш во обид да влезат во Англија appeared first on Република.

]]>