КЗ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kz/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Oct 2023 12:30:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КЗ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kz/ 32 32 Рејндерс: Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rejnders-bevme-iznenadeni-od-nedostigot-na-efektivna-debata-pred-noseneto-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik/ Fri, 27 Oct 2023 12:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=695583

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс вели дека биле изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик и најави средби на билатерално ниво за да се обезбеди добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил, за реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет.

Прашан каков е ставот на Европската Комисија за последните измени на Кривичниот законик, имајќи предвид дека многу предмети против висок профил на функционери завршија без пресуди, Рејндерс рече дека денеска имале средба со сите партнери од Западен Балкан, додека во однос на реформите ќе имаат средби на билатерално ниво.

Има два-три елементи тука. Прво бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таква реформа. При носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК пред носењето на таков тип на законодавство. Како што реков, со некои земји секако треба да бидеме воздржани, да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка - изјави Рејндерс, на заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на  Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога.

Заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога

Дополнително, посочи Рејндерс, ќе се разговара и за ефектот од тие измени и дополнувања, за тековните случаи на корупција од висок профил.

Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување. Секако, ние сакаме да добиеме одговор, да продолжат кривичните гонења. Тоа, секако ќе биде дискусија на билатерално ниво. Изразивме мислење, за тоа имаме загриженост во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината, секако сакаме, прво да се осигури да не изостане кривично гонење на случаи од висок профил. Она што веќе го видовме изминатите месеци - изјави Рејндерс.

Прашан каква е оценката за правосудниот систем во земјава, со оглед на големиот број предмети поврзани со организиран криминал кои застарea и се уште не се завршени, Рејндер рече дека, целосна оценка за тоа ќе даде извештајот на Комисијата што ќе биде објавен до крајот на следниот месец.

Но, само две забелешки. Она што го кажав за кривичните судови, треба да има добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил. Тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво, не само за Кривичниот суд, туку и реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет и оние промени што беа направени - изјави Рејндерс.

Во однос на Судскиот совет, Рејндерс посочи дека е важно да се организира добар процес, препорака што ја даваат и на земји членки.

Тука, мислам на извештајот за владеење на правото на земјите членки. Бараме и од земјите членки да направат реформи, а истото го правиме и со партнерите од Западен Балкан - изјави Рејндерс.

The post Рејндерс: Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс вели дека биле изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик и најави средби на билатерално ниво за да се обезбеди добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил, за реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет. Прашан каков е ставот на Европската Комисија за последните измени на Кривичниот законик, имајќи предвид дека многу предмети против висок профил на функционери завршија без пресуди, Рејндерс рече дека денеска имале средба со сите партнери од Западен Балкан, додека во однос на реформите ќе имаат средби на билатерално ниво. Има два-три елементи тука. Прво бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таква реформа. При носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК пред носењето на таков тип на законодавство. Како што реков, со некои земји секако треба да бидеме воздржани, да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка - изјави Рејндерс, на заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на  Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога. Заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога Дополнително, посочи Рејндерс, ќе се разговара и за ефектот од тие измени и дополнувања, за тековните случаи на корупција од висок профил.
Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување. Секако, ние сакаме да добиеме одговор, да продолжат кривичните гонења. Тоа, секако ќе биде дискусија на билатерално ниво. Изразивме мислење, за тоа имаме загриженост во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината, секако сакаме, прво да се осигури да не изостане кривично гонење на случаи од висок профил. Она што веќе го видовме изминатите месеци - изјави Рејндерс.
Прашан каква е оценката за правосудниот систем во земјава, со оглед на големиот број предмети поврзани со организиран криминал кои застарea и се уште не се завршени, Рејндер рече дека, целосна оценка за тоа ќе даде извештајот на Комисијата што ќе биде објавен до крајот на следниот месец.
Но, само две забелешки. Она што го кажав за кривичните судови, треба да има добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил. Тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво, не само за Кривичниот суд, туку и реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет и оние промени што беа направени - изјави Рејндерс.
Во однос на Судскиот совет, Рејндерс посочи дека е важно да се организира добар процес, препорака што ја даваат и на земји членки.
Тука, мислам на извештајот за владеење на правото на земјите членки. Бараме и од земјите членки да направат реформи, а истото го правиме и со партнерите од Западен Балкан - изјави Рејндерс.

The post Рејндерс: Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>
Николоски: Измените на КЗ ја покажаа целата бруталност и злоупотреба на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-izmenite-na-kz-ja-pokazhaa-tselata-brutalnost-i-zloupotreba-na-vlasta/ Thu, 19 Oct 2023 17:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=692997

Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што истакна дека измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност и злоупотреба на власта а суштината е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни.

„Практично измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност на злоупотреба на власта, да потсетам дека власта имаше два претходни обиди за злоупотреба на ЕУ знаменцето од едниот се откажаа од другиот не се откажуваат. Пробаа законот за медицинска марихуана да го поминат со ЕУ знаменце во корист на фамилијата Заеви, па се повлекоа. Вториот закон кој што нема никаква врска со ЕУ е законот за игри на среќа кој што исто така е со ЕУ знаменце и кој што го туркаат во моментов во собрание, со цел да се задоволат бизнис интересите на Артан Груби. И закон кој што исто така влезе со ЕУ знаменце е овој за амнестија и затоа ние рековме доколку се обидуваат да продолжат да го понижуваат собранието ние немаме ниту еден друг начин освен да одиме на излезна врата“, посочи Николоски.

Николоски кажа дека причината зошто до сега не го напуштиле собранието била токму за да се спречи изгласување на лоши закони.

„Причината зошто до сега не го напуштавме собранието беше токму за да спречиме изгласување на лоши закони. И многу спречивме и многу номинации спречивме. Спречивме Јовевски да стане уставен судија, спречивме закон со кој што земјоделското земјиште во Македонија можеше да се трансформира за фотоволтаици, па Македонија да нема храна од каде да произведува и бројни други“, нагласи Николоски.

Николоски посочи и дека со измените на кривичниот законик се избриша ставот 5 делот кој што се однесува на местење на тендери.

„Јас во мојот говор јасно кажував кој се ќе биде спасен од одговорност и кој се спаси со измените на кривичниот законик, таму работата е јасна. Се избриша ставот 5, делот кој што се однесува на местење на тендери. Сега местење тендер веќе не е кривично дело. Вториот проблем е злосторничко здружение каде што казната од 10 нагоре се намали на три години“, нагласи Николоски.

Николоски посочи и дека суштината на измените на кривичниот законик е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни.

„Суштината е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни. На пример Зоран Заев за период 2017, 18, 19 ,како премиер веќе не може да одговара.Мила Царовска за период кога беше министер веќе не може да одговара, Дамјан Манчевски за период кога беше министер веќе не може да одговара, Арбен Таравари за период кога беше министер не може да одговара, Драги Рашковски или ќе излезе од затвор или значајно ќе му биде намалена казната исто и Мухамед Зекири, Оливер Спасовски нема да одговара за набавката за чизми во рамките МВР за што се поднесе кривична пријава во рамки на техничката влада“, истакна Николоски.

The post Николоски: Измените на КЗ ја покажаа целата бруталност и злоупотреба на власта appeared first on Република.

]]>

Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што истакна дека измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност и злоупотреба на власта а суштината е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни. „Практично измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност на злоупотреба на власта, да потсетам дека власта имаше два претходни обиди за злоупотреба на ЕУ знаменцето од едниот се откажаа од другиот не се откажуваат. Пробаа законот за медицинска марихуана да го поминат со ЕУ знаменце во корист на фамилијата Заеви, па се повлекоа. Вториот закон кој што нема никаква врска со ЕУ е законот за игри на среќа кој што исто така е со ЕУ знаменце и кој што го туркаат во моментов во собрание, со цел да се задоволат бизнис интересите на Артан Груби. И закон кој што исто така влезе со ЕУ знаменце е овој за амнестија и затоа ние рековме доколку се обидуваат да продолжат да го понижуваат собранието ние немаме ниту еден друг начин освен да одиме на излезна врата“, посочи Николоски. Николоски кажа дека причината зошто до сега не го напуштиле собранието била токму за да се спречи изгласување на лоши закони. „Причината зошто до сега не го напуштавме собранието беше токму за да спречиме изгласување на лоши закони. И многу спречивме и многу номинации спречивме. Спречивме Јовевски да стане уставен судија, спречивме закон со кој што земјоделското земјиште во Македонија можеше да се трансформира за фотоволтаици, па Македонија да нема храна од каде да произведува и бројни други“, нагласи Николоски. Николоски посочи и дека со измените на кривичниот законик се избриша ставот 5 делот кој што се однесува на местење на тендери. „Јас во мојот говор јасно кажував кој се ќе биде спасен од одговорност и кој се спаси со измените на кривичниот законик, таму работата е јасна. Се избриша ставот 5, делот кој што се однесува на местење на тендери. Сега местење тендер веќе не е кривично дело. Вториот проблем е злосторничко здружение каде што казната од 10 нагоре се намали на три години“, нагласи Николоски. Николоски посочи и дека суштината на измените на кривичниот законик е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни. „Суштината е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни. На пример Зоран Заев за период 2017, 18, 19 ,како премиер веќе не може да одговара.Мила Царовска за период кога беше министер веќе не може да одговара, Дамјан Манчевски за период кога беше министер веќе не може да одговара, Арбен Таравари за период кога беше министер не може да одговара, Драги Рашковски или ќе излезе од затвор или значајно ќе му биде намалена казната исто и Мухамед Зекири, Оливер Спасовски нема да одговара за набавката за чизми во рамките МВР за што се поднесе кривична пријава во рамки на техничката влада“, истакна Николоски.

The post Николоски: Измените на КЗ ја покажаа целата бруталност и злоупотреба на власта appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Власта со измените на КЗ се спрема за опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vlasta-so-izmenite-na-kz-se-sprema-za-opozitsija/ Fri, 15 Sep 2023 11:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=682121

При денешната посета на општина Бутел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Ковачевски вчера изјави дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на дела кои не се сериозни истакна дека власта на тој начин се спрема за опозиција и се обидува да си обезбеди покомотна состојба, но набрзо од денес секој оној политичар кој што направил криминал ќе одговара.

„Ковачевски многу работи зборува изминатиот период, често пати велам дека сепак поради институцијата која што ја претставува треба да се коментира, инаку индивидуално не знам дали воопшто заслужуваат тие негови позиции коментар но еве јавноста нека оцени, ако не е тешко дело перење на пари, уцена итн., има неколку дела кои се директно афектирани од страна на овие измени во Кривичниот законик, ако не се тешки дела тогаш навистина не знам што се тешки дела. Јасно е дека тој и пратениците на СДСМ заедно со ДУИ и пратениците од ДУИ и останатите се спремаат за опозиција и на ваков начин сакаат да си обезбедат покомотна положба. Но мојата порака изминатите денови е иста, константна, а тоа е дека набрзо од денеска владата на ВМРО-ДПМНЕ и покрај овие измени кои што на начин на кој што ги направија со злоупотреба на европското знаменце ќе бидат ефективни, има уште десетици други членови кои што се дел и од кривичниот законик и од други закони по кои што секој оној криминален политичар, кој што сторил криминал ќе одговара. Така што мислам дека залудни им се овие обиде да направат нешто кое што мислат дека ќе им помогне но нема да им помогне“, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Власта со измените на КЗ се спрема за опозиција appeared first on Република.

ДКСК: Со измените во кривичниот законик се зголемува ризикот од политички пазар и трговија со влијание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-so-izmenite-vo-krivichniot-zakonik-se-zgolemuva-rizikot-od-politichki-pazar-i-trgovija-so-vlijanie/ Thu, 07 Sep 2023 10:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=679673

Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава, реагираат од Антикорупција комисија.

„Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експерстка дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува правната сигурност во државата.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е изненадена и загрижена од ваквиот начин на донесување на законот, дотолку повеќе што во меѓувреме Министерството за правда побара од ДКСК да достави мислење по Предлог –законот за изменување и дополнување на Кривичниот законок, со рок за произнесување до 20 Септември 2023 година.

Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание.
Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна“, соопштија од ДКСК.

The post ДКСК: Со измените во кривичниот законик се зголемува ризикот од политички пазар и трговија со влијание appeared first on Република.

]]>

Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава, реагираат од Антикорупција комисија. „Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експерстка дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува правната сигурност во државата. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е изненадена и загрижена од ваквиот начин на донесување на законот, дотолку повеќе што во меѓувреме Министерството за правда побара од ДКСК да достави мислење по Предлог –законот за изменување и дополнување на Кривичниот законок, со рок за произнесување до 20 Септември 2023 година.
Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание. Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна“, соопштија од ДКСК.

The post ДКСК: Со измените во кривичниот законик се зголемува ризикот од политички пазар и трговија со влијание appeared first on Република.

]]>
Муамеди: По предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/muamedi-po-predlozhenite-izmeni-na-krivichniot-zakonik-definitivno-se-sramam-kade-sum-zavrshil-fakultet/ Wed, 06 Sep 2023 12:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=679327

После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пичка Ви Матер!, напиша на својот фејсбук профил Ујмер Муамеди.

The post Муамеди: По предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет appeared first on Република.