кворум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvorum/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 13:08:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кворум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvorum/ 32 32 ДПМ поради немање кворум не го одржа продолжението на Вонредното изборно собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dpm-poradi-nemane-kvorum-ne-go-odrzha-prodolzhenieto-na-vonrednoto-izborno-sobranie/ Sat, 27 Jan 2024 12:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=737490

Пропадна и вториот обид за продолжување на Вонредното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија откако повторно денеска немаше кворум.

Од ДПМ информираа дека продолжението на седницата на Вонредното изборно собрание закажано за денеска во 11 часот не се одржа поради немање кворум.

Вонредното изборно собрание претходно требаше да се одржи на 25 ноември 2023 година, но исто така не се одржа поради немање кворум за работа.

За оваа седница останува важечка кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ.

Повикот за кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ беше објавен на 20 октомври минатата година, а рокот за доставување на кандидатурите беше до 4 ноември, при што со кандидатури се јавија шест кандидати.

Од четворицата кандидати за претседател на ДПМ, досега се откажаа тројца. Блаже Миневски, на 22 јануари, Живко Грозданоски ја повлече својата кандидатура на 20 ноември лани, поради друг личен ангажман, а Гоце Ристовски се откажа на 13 ноември, поради разединетост на членството.

Писателот Блаже Миневски преку соопштение образложи дека ја повлекува кандидатурата поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста.

Тој додаде дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период.

За претседател на Собранието на ДПМ, кандидатурите ги повлекоа Стефан Марковски и Иван Антоновски.

Писателот Иван Антоновски образложувајќи ја својата одлука за повлекување на кандидатурата, соопшти дека се надева оти ќе успее да спречи заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото.

И писателот Стефан Марковски изрази жалење што внатрешните поделби, ниските конфронтации за добивање позиции по секоја цена, а со тоа и влијание, дури и буквална злоупотреба на потписите на дел од членовите дополнително го деградираат реномето на ДПМ.

The post ДПМ поради немање кворум не го одржа продолжението на Вонредното изборно собрание appeared first on Република.

]]>

Пропадна и вториот обид за продолжување на Вонредното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија откако повторно денеска немаше кворум. Од ДПМ информираа дека продолжението на седницата на Вонредното изборно собрание закажано за денеска во 11 часот не се одржа поради немање кворум. Вонредното изборно собрание претходно требаше да се одржи на 25 ноември 2023 година, но исто така не се одржа поради немање кворум за работа. За оваа седница останува важечка кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ. Повикот за кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ беше објавен на 20 октомври минатата година, а рокот за доставување на кандидатурите беше до 4 ноември, при што со кандидатури се јавија шест кандидати. Од четворицата кандидати за претседател на ДПМ, досега се откажаа тројца. Блаже Миневски, на 22 јануари, Живко Грозданоски ја повлече својата кандидатура на 20 ноември лани, поради друг личен ангажман, а Гоце Ристовски се откажа на 13 ноември, поради разединетост на членството. Писателот Блаже Миневски преку соопштение образложи дека ја повлекува кандидатурата поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста. Тој додаде дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период. За претседател на Собранието на ДПМ, кандидатурите ги повлекоа Стефан Марковски и Иван Антоновски. Писателот Иван Антоновски образложувајќи ја својата одлука за повлекување на кандидатурата, соопшти дека се надева оти ќе успее да спречи заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото. И писателот Стефан Марковски изрази жалење што внатрешните поделби, ниските конфронтации за добивање позиции по секоја цена, а со тоа и влијание, дури и буквална злоупотреба на потписите на дел од членовите дополнително го деградираат реномето на ДПМ.

The post ДПМ поради немање кворум не го одржа продолжението на Вонредното изборно собрание appeared first on Република.

]]>
Џафери на средба со дел од лидерите на владејачките партии: Пратениците да ги откажат сите не неопходни патувања со цел непречена работа на Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-na-sredba-so-del-od-liderite-na-vladejachkite-partii-pratenicite-da-gi-otkazat-site-ne-neophodni-patuvanja-so-cel-neprechena-rabota-na-sobranieto/ Fri, 22 Jul 2022 13:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=532189

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска по 79. собраниска седницата, која ја прекина поради немање кворум, одржа средба со дел од лидерите на политичките партии од владејачкото мнозинство.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери истакнал дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат граѓаните кои ги избрале и им дале мандат.

– Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго, а не практикување на мандатот којшто им е доверен од граѓаните, рече Џафери.

Тој кажал дека е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала. Нагласил и дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала.

Дополнително, Џафери нагласил и дека согласно Одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и не неопходни приватни патувања на пратениците во текот на месец јули со цел непречено работење на Собранието.

На денешната 79. седница на Собранието свикана за во 11 часот, на списокот за присутни пратеници беа потпишани 85 пратеници, а во салата беа присутни 58 пратеници. Собранискиот спикер Џафери од пленарната сала ги повика пратениците да влезат во сала, за да може пленумот да продолжи со работа, при што, поради немање кворум, мораше да ја прекине седницата и ги повика сите лидери на политичките партии од владејачкото мнозинство на средба во неговиот кабинет.

The post Џафери на средба со дел од лидерите на владејачките партии: Пратениците да ги откажат сите не неопходни патувања со цел непречена работа на Собранието appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска по 79. собраниска седницата, која ја прекина поради немање кворум, одржа средба со дел од лидерите на политичките партии од владејачкото мнозинство. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери истакнал дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат граѓаните кои ги избрале и им дале мандат. – Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго, а не практикување на мандатот којшто им е доверен од граѓаните, рече Џафери. Тој кажал дека е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала. Нагласил и дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала. Дополнително, Џафери нагласил и дека согласно Одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и не неопходни приватни патувања на пратениците во текот на месец јули со цел непречено работење на Собранието. На денешната 79. седница на Собранието свикана за во 11 часот, на списокот за присутни пратеници беа потпишани 85 пратеници, а во салата беа присутни 58 пратеници. Собранискиот спикер Џафери од пленарната сала ги повика пратениците да влезат во сала, за да може пленумот да продолжи со работа, при што, поради немање кворум, мораше да ја прекине седницата и ги повика сите лидери на политичките партии од владејачкото мнозинство на средба во неговиот кабинет.

The post Џафери на средба со дел од лидерите на владејачките партии: Пратениците да ги откажат сите не неопходни патувања со цел непречена работа на Собранието appeared first on Република.

]]>