Квинта група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvinta-grupa/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jul 2023 07:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Квинта група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvinta-grupa/ 32 32 Oдземена лиценцата на Клан Косова, ЕУ и западни амбасадори изразија сериозна загриженост https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/odzemena-litsentsata-na-klan-kosova-eu-i-zapadni-ambasadori-izrazija-seriozna-zagrizhenost/ Sat, 29 Jul 2023 07:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=666504

Европската Унија и амбасадорите на земјите од Квинта групата, акредитирани во Косово ја изразија својата загриженост поради одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија да ја укине дозволата за деловно работење на ТВ Клан Косова.

Тие оценија дека тоа може да има последици за медиумскиот плурализам во Косово.

ЕУ и Квинта, која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, најавија дека очекуваат фер и транспарентен процес за решавање на ситуацијата.

Многу сме загрижени што одземањето на деловната лиценца на Клан Косова е непропорционална одлука која ќе има последици за медиумската плуралност во Косово. Одземањето на лиценцата на кој било медиум е важен чекор кој бара ригорозно разгледување. Слободата на изразување и информирање се суштински карактеристики на демократските општества“, се вели во заедничката изјава.

Министерството за индустрија, претприемништво и трговија вчера соопшти дека Комисијата за разгледување жалби за регистрација на фирми ја одбила жалбата на Клан Косова на одлуката за суспендирање на деловниот сертификат на оваа телевизија и дека сега подносителот на претставката може да поднесе тужба до судот бидејќи предметот е затворен во рамките на Министерството.

The post Oдземена лиценцата на Клан Косова, ЕУ и западни амбасадори изразија сериозна загриженост appeared first on Република.

]]>

Европската Унија и амбасадорите на земјите од Квинта групата, акредитирани во Косово ја изразија својата загриженост поради одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија да ја укине дозволата за деловно работење на ТВ Клан Косова. Тие оценија дека тоа може да има последици за медиумскиот плурализам во Косово. ЕУ и Квинта, која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, најавија дека очекуваат фер и транспарентен процес за решавање на ситуацијата.