кванташки пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvantashki-pazar/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Apr 2023 07:17:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кванташки пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvantashki-pazar/ 32 32 Запленета роба на Кванташки пазар донирана во неколку институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zapleneta-roba-na-kvantashki-pazar-donirana-vo-nekolku-institutsii/ Wed, 26 Apr 2023 07:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=634129

Запленетата роба од овошје и зеленчук во акцијата на Кванташкиот пазар, што вчера ја спроведоа Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за управување со одземен имот и МВР, е донирана на установи низ земјава каде што е најнеопходна.

Оваа одлука е донесена на вчерашната средба на директорите на Агенцијата за управување со одземен имот Дртитон Небиу и на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека по првпат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица - Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје и во КПУ Идризово.

Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи. Им благодарам на колегите од Агенцијата за управување со одземен имот и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата. Продолжуваме понатаму со активностите на терен, се истакнува во пишаната изјава на директорот Дритон Небиу.

The post Запленета роба на Кванташки пазар донирана во неколку институции appeared first on Република.

]]>

Запленетата роба од овошје и зеленчук во акцијата на Кванташкиот пазар, што вчера ја спроведоа Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за управување со одземен имот и МВР, е донирана на установи низ земјава каде што е најнеопходна. Оваа одлука е донесена на вчерашната средба на директорите на Агенцијата за управување со одземен имот Дртитон Небиу и на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски. Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека по првпат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица - Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје и во КПУ Идризово.
Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи. Им благодарам на колегите од Агенцијата за управување со одземен имот и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата. Продолжуваме понатаму со активностите на терен, се истакнува во пишаната изјава на директорот Дритон Небиу.

The post Запленета роба на Кванташки пазар донирана во неколку институции appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Ќе има и одземање стока од нерегистрирани трговци на мало https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-ke-ima-i-odzemane-stoka-od-neregistrirani-trgovtsi-na-malo/ Tue, 25 Apr 2023 08:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=633806

Ќе има и одземање роба од нерегистрирани трговци на мало, изјави за МИА, директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски, истакнувајќи дека никој не е над законот.

Од утрово екипи на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) вршат инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на ДПИ во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

Секој што ќе ги прекршува законите, ќе одговара без селекција. Сите акции ќе продолжат интензивно и нема да застанат на цела територија. Утврдено е дека на кванташкиот пазар, а и низ цело Скопје и на цела територија, се лоцирани нерегистрирани трговци на мало. Сите што вршат нерегистрирана дејност, ќе одговараат по законите за кои е надлежен ДПИ. Постапуваме по законот за трговија. Денеска одиме по друг принцип, ќе има и одземање на роба, по законите за кои сме надлежни, нагласи тој за МИА.

Тој нагласи дека системот мора да профункционира, во интерес на сите.

Никој не може да манипулира со населението. Системот ќе функционира по сите закони. Она што е увидено при деновите на контрола, дека се појавуваат покрај увозниците и нерегистрирани трговци кои вршат дејност, по законот за трговија, ќе им биде одземена робата, додаде Трајковски.

Тој изјави дека има трговци кои се обидуваат да ги манипулираат законите и граѓаните.

The post Трајковски: Ќе има и одземање стока од нерегистрирани трговци на мало appeared first on Република.

]]>

Ќе има и одземање роба од нерегистрирани трговци на мало, изјави за МИА, директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски, истакнувајќи дека никој не е над законот. Од утрово екипи на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) вршат инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на ДПИ во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.
Секој што ќе ги прекршува законите, ќе одговара без селекција. Сите акции ќе продолжат интензивно и нема да застанат на цела територија. Утврдено е дека на кванташкиот пазар, а и низ цело Скопје и на цела територија, се лоцирани нерегистрирани трговци на мало. Сите што вршат нерегистрирана дејност, ќе одговараат по законите за кои е надлежен ДПИ. Постапуваме по законот за трговија. Денеска одиме по друг принцип, ќе има и одземање на роба, по законите за кои сме надлежни, нагласи тој за МИА.
Тој нагласи дека системот мора да профункционира, во интерес на сите.
Никој не може да манипулира со населението. Системот ќе функционира по сите закони. Она што е увидено при деновите на контрола, дека се појавуваат покрај увозниците и нерегистрирани трговци кои вршат дејност, по законот за трговија, ќе им биде одземена робата, додаде Трајковски.
Тој изјави дека има трговци кои се обидуваат да ги манипулираат законите и граѓаните.

The post Трајковски: Ќе има и одземање стока од нерегистрирани трговци на мало appeared first on Република.

]]>
Утрово инспектори на Кванташки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-inspektori-na-kvantashki/ Tue, 25 Apr 2023 07:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=633768

На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е и на Кванташки пазар, а се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови. Кај увозниците на овошје и зеленчук се контролира почитување на одлуката на Владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата што ги испорачувале во јануари и февруари. Се вршат контроли и кај сите други субјекти на Каванташки за регистрирана и нерегистрирана дејност, изјави за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Акцијата, како што најави, ќе трае во тек на целиот ден со што ДПИ ќе излезе со информација за исходот.

Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.

The post Утрово инспектори на Кванташки appeared first on Република.

]]>

На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.
Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е и на Кванташки пазар, а се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови. Кај увозниците на овошје и зеленчук се контролира почитување на одлуката на Владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата што ги испорачувале во јануари и февруари. Се вршат контроли и кај сите други субјекти на Каванташки за регистрирана и нерегистрирана дејност, изјави за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски.
Акцијата, како што најави, ќе трае во тек на целиот ден со што ДПИ ќе излезе со информација за исходот. Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.

The post Утрово инспектори на Кванташки appeared first on Република.

]]>
Кванташки пазар пред пропаѓање: закупците на протест поради рекет, закани и уцени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kvantashki-pazar-pred-propagjanje-zakupcite-na-protest-poradi-reket-zakani-i-uceni/ Fri, 16 Dec 2022 18:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=586257

Трет протест во рок од две недели на закупците и пазарџиите од кванташкиот пазар во Скопје. Тие велат дека помеѓу главните причини се рекет, закани и уцени.

Предупредуваат дека се уништува најголемата извозна артерија на главниот град, а бизнисите им пропаѓаат, бидејќи сопственикот од Албанија врз основа на расположение ги менува ценовниците и тарифите, а и ги казнува со измислени правила, и со тоа се обидува закупците и земјоделците да ги соголи до коска и да го пропадне пазарот.

Заканите не се физички, туку психички. Од типот, досега си плаќал 100 евра, сега ќе плаќаш 1000. Твоето место ќе го правам веце, разни психички закани, кои мислам дека се посилни од физичките, изјави Таџедин Идризи, кој е дел од организаторите на протестот.

Пазарџиите се жалат дека работат во крајно катастрофални услови. Странскиот сопственик ветил дека ќе инвестира и ќе изгради пазар по европски стандарди. Но, од современите и модерни стандарди, за овие три години има само затнати тоалети, нехигиенски услови за чување на храната и бунар ископан помеѓу две септички јами, за кој пазарџиите велат дека секој кој се напил се разболел, а никаде не пишува дека водата не е за пиење.

Водата е бушотина помеѓу две септички јами кои се 100 години стари. Исклучени сме од водовод, поради изговор дека плаќале сметки за цела наслеба. Затоа бараме услови, бараме цените да ни бидат конкурентни, бараме за сите да биде еднакво, не некој 20.000, некој 15 а некој 2.000 денари. Нема основни услови, додаде Идризи.

Закупците и пазарџиите тврдат дека никогаш не го запознале сопственикот од Албанија, само менаџерот Клодиан Ибрај, за кој велат дека се однесувал како шериф и како да не го фаќа законот. Се обидовме да поразговараме со него, но, неговите најблиски соработници не ни дозволија да влеземе во канцелариите.

Велат, не разбирал ниту македонски, ниту англиски. Ни дадоа само визит карта со електронска адреса, на која не одговрија на поставените прашања, туку не предупредија да не објавиме дел од видео матерјалите.

Ве повикуваме да се воздржите од објавување на било какви видео материјали кои неовластено се снимени во внатрешноста на пазарот, пишуваше во известувањето од компнијата „Анамарк“ – Скопје.

Од Алфа упативме прашања до надлежните во министерството за економија, и министерството за земјоделие, за тоа, дали се запознаени со состојбата на пазарот и дали концесионерот ги исполнува обврските од договорот, но, до овие вести, одговор оттаму не пристигна.

Пазарџиите велат дека ако надлежните продолжат да замижуваат пред уништувањето на пазарот, тие едноставно ќе го напуштат и ќе отворат нелегален пазар во непосредна близина.

The post Кванташки пазар пред пропаѓање: закупците на протест поради рекет, закани и уцени appeared first on Република.

]]>

Трет протест во рок од две недели на закупците и пазарџиите од кванташкиот пазар во Скопје. Тие велат дека помеѓу главните причини се рекет, закани и уцени. Предупредуваат дека се уништува најголемата извозна артерија на главниот град, а бизнисите им пропаѓаат, бидејќи сопственикот од Албанија врз основа на расположение ги менува ценовниците и тарифите, а и ги казнува со измислени правила, и со тоа се обидува закупците и земјоделците да ги соголи до коска и да го пропадне пазарот.
Заканите не се физички, туку психички. Од типот, досега си плаќал 100 евра, сега ќе плаќаш 1000. Твоето место ќе го правам веце, разни психички закани, кои мислам дека се посилни од физичките, изјави Таџедин Идризи, кој е дел од организаторите на протестот.
Пазарџиите се жалат дека работат во крајно катастрофални услови. Странскиот сопственик ветил дека ќе инвестира и ќе изгради пазар по европски стандарди. Но, од современите и модерни стандарди, за овие три години има само затнати тоалети, нехигиенски услови за чување на храната и бунар ископан помеѓу две септички јами, за кој пазарџиите велат дека секој кој се напил се разболел, а никаде не пишува дека водата не е за пиење.
Водата е бушотина помеѓу две септички јами кои се 100 години стари. Исклучени сме од водовод, поради изговор дека плаќале сметки за цела наслеба. Затоа бараме услови, бараме цените да ни бидат конкурентни, бараме за сите да биде еднакво, не некој 20.000, некој 15 а некој 2.000 денари. Нема основни услови, додаде Идризи.
Закупците и пазарџиите тврдат дека никогаш не го запознале сопственикот од Албанија, само менаџерот Клодиан Ибрај, за кој велат дека се однесувал како шериф и како да не го фаќа законот. Се обидовме да поразговараме со него, но, неговите најблиски соработници не ни дозволија да влеземе во канцелариите. Велат, не разбирал ниту македонски, ниту англиски. Ни дадоа само визит карта со електронска адреса, на која не одговрија на поставените прашања, туку не предупредија да не објавиме дел од видео матерјалите.
Ве повикуваме да се воздржите од објавување на било какви видео материјали кои неовластено се снимени во внатрешноста на пазарот, пишуваше во известувањето од компнијата „Анамарк“ – Скопје.
Од Алфа упативме прашања до надлежните во министерството за економија, и министерството за земјоделие, за тоа, дали се запознаени со состојбата на пазарот и дали концесионерот ги исполнува обврските од договорот, но, до овие вести, одговор оттаму не пристигна. Пазарџиите велат дека ако надлежните продолжат да замижуваат пред уништувањето на пазарот, тие едноставно ќе го напуштат и ќе отворат нелегален пазар во непосредна близина.

The post Кванташки пазар пред пропаѓање: закупците на протест поради рекет, закани и уцени appeared first on Република.

]]>
Драма на Кванташки пазар: Физички пресметка и закани со пиштол https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-na-kvantashki-pazar-fizichki-presmetka-i-zakani-so-pishtol/ Wed, 15 Jun 2022 14:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=515621

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, В.А.(37) од с.Мојанци, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на Кванташки пазар, каде што работел, по претходна расправија, тој, неговиот брат Ј.А. и уште еден вработен Н.А. биле физички нападнати од И.Б., неговиот брат И.Б., двајцата од с.Арачиново и уште три лица.

- Притоа, според пријавеното, еден од браќата И.Б. им се заканил со пиштол и ги нападнал В.А. и Ј.А.. Додека, исто така, според пријавеното, едно од трите лица употребило тврд предмет, информираат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

 

The post Драма на Кванташки пазар: Физички пресметка и закани со пиштол appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, В.А.(37) од с.Мојанци, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на Кванташки пазар, каде што работел, по претходна расправија, тој, неговиот брат Ј.А. и уште еден вработен Н.А. биле физички нападнати од И.Б., неговиот брат И.Б., двајцата од с.Арачиново и уште три лица. - Притоа, според пријавеното, еден од браќата И.Б. им се заканил со пиштол и ги нападнал В.А. и Ј.А.. Додека, исто така, според пријавеното, едно од трите лица употребило тврд предмет, информираат од полицијата. Се работи на расчистување на случајот.  

The post Драма на Кванташки пазар: Физички пресметка и закани со пиштол appeared first on Република.

]]>
Пронајдено човечко тело во Вардар кај Кванташки пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeno-chovechko-telo-vo-vardar-kaj-kvantashki-pazar/ Wed, 30 Mar 2022 16:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=481043

Вчера во СВР Скопје во 11.57 часот било пријавено дека во водите на реката Вардар, под мостот кај Кванташки пазар, било забележано човечко тело.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

 

The post Пронајдено човечко тело во Вардар кај Кванташки пазар appeared first on Република.

]]>

Вчера во СВР Скопје во 11.57 часот било пријавено дека во водите на реката Вардар, под мостот кај Кванташки пазар, било забележано човечко тело. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.  

The post Пронајдено човечко тело во Вардар кај Кванташки пазар appeared first on Република.

]]>