квалитет на живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvalitet-na-zivot/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 12:42:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png квалитет на живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvalitet-na-zivot/ 32 32 Девет од нив се во Европа: Топ 10 градови со најдобар квалитет на живот во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/devet-od-niv-se-vo-evropa-top-10-gradovi-so-najdobar-kvalitet-na-zhivot-vo-svetot/ Fri, 07 Jun 2024 12:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=785543

Квалитетот на живот е важен показател што вообичаено се зема предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Сè - од гастрономски понуди до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на граѓаните. Новиот „Глобален индекс за градовите“ на „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics) содржи нова топ-10 листа врз основа на шест показатели: Очекуван животен век, приход по лице, еднаквост на приходи, рекреација и културна понуда, интернет-брзина и трошоци за домување.

Според овие критериуми, Гренобл, Франција е град со најдобар квалитет на живот во светот. „Главниот град на Алпите“ е позната омилена планинарска дестинација, но е и центар за научни истражувања, пишува „Тајм аут“ (Time out).

На второто место е Канбера - главниот град на Австралија, што воедно е и единствениот неевропски град во првите десет. Инаку, три града од Швајцарија се меѓу 10-те градови со најдобар квалитет на живот. Топ-10 списокот изгледа вака:

  1. Гренобл, Франција;
  2. Канбера, Австралија;
  3. Берн, Швајцарија;
  4. Берген, Норвешка;
  5. Базел, Швајцарија;
  6. Луксембург, Луксембург;
  7. Рејкјавик, Исланд;
  8. Цирих, Швајцарија;
  9. Гент, Белгија;
  10. Нант, Франција.

The post Девет од нив се во Европа: Топ 10 градови со најдобар квалитет на живот во светот appeared first on Република.

]]>

Квалитетот на живот е важен показател што вообичаено се зема предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Сè - од гастрономски понуди до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на граѓаните. Новиот „Глобален индекс за градовите“ на „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics) содржи нова топ-10 листа врз основа на шест показатели: Очекуван животен век, приход по лице, еднаквост на приходи, рекреација и културна понуда, интернет-брзина и трошоци за домување. Според овие критериуми, Гренобл, Франција е град со најдобар квалитет на живот во светот. „Главниот град на Алпите“ е позната омилена планинарска дестинација, но е и центар за научни истражувања, пишува „Тајм аут“ (Time out). На второто место е Канбера - главниот град на Австралија, што воедно е и единствениот неевропски град во првите десет. Инаку, три града од Швајцарија се меѓу 10-те градови со најдобар квалитет на живот. Топ-10 списокот изгледа вака:
  1. Гренобл, Франција;
  2. Канбера, Австралија;
  3. Берн, Швајцарија;
  4. Берген, Норвешка;
  5. Базел, Швајцарија;
  6. Луксембург, Луксембург;
  7. Рејкјавик, Исланд;
  8. Цирих, Швајцарија;
  9. Гент, Белгија;
  10. Нант, Франција.

The post Девет од нив се во Европа: Топ 10 градови со најдобар квалитет на живот во светот appeared first on Република.

]]>
Сè полош е квалитетот на животот – бирате полоша храна оти е поевтина, бирате да седите во студено, да не излегувате… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-polosh-e-kvalitetot-na-zhivotot-birate-polosha-hrana-oti-e-poevtina-birate-da-sedite-vo-studeno-da-ne-izleguvate/ Thu, 22 Feb 2024 09:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=746821

Ќе земете калкулатор и ќе пресметате од што ќе се откажете. Тоа е најлошото за еден граѓанин, за еден работник во Македонија да работите, а да бидете сиромашен, изјави Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во вчерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Тоа е нешто што треба да ги удри во глава креаторите на политиките, треба да размислуваат и токму заради тоа ја прсметуваме минималната синдикална кошница. Не за да покажеме на работниците со колку можат да живеат, туку да покажеме на овие кои ја креираат политиката дека не се живее ниту со толку. Вредноста на минималната синдикална кошничка е 57.476 денари е доколку не плаќате стан, ако немате кредит и ако немате други издатоци во тековниот месец кои се апсолутно неопходни. Тие се потребни само за неопходните потребни на четиричлено семејно домаќинство. Зборувам за минимум без што не може да се преживее во тековниот месец, истакна Трендафилов.

Тој потенцира дека при прсметка на кошничката, точно се знае колку за храна, колку за облека, колку за транспорт, за комуникации, за образование и останати стоки и услуги, колку за станарина, за лекување, за лична хигиена.

Меѓутоа, тоа е да одите и да ги бркате цените. Ние во ССМ тоа го правиме. Секој месец, пред да ја извадиме синдикалната минимална кошничка, одиме по маркетите, ги гледаме најевтините цени во нив за можеме да ја склопиме. И под претпоставка дека работникот или граѓанини ќе го прави истото за да може да му останат повеќе средства, истакна првиот човек на ССМ.

Најлошото од се, нагласи Трендафилов, е дека се намалува од квалитетот на живот.

Бирате полоша храна, а поевтина, бирате да не го затоплите домот, да седите во студено, бирате да не посетувате културни манифестации. Значи да го изоставите културниот живот, како и спортските и други образовни процеси за децата. Оваа пресметка покажува дека платите се ниски, дека функционерите кога се фалат со промотивни спотови дека не ја гледаат реалноста, дека реалноста е сосема друга. Реалноста е дека сè повеќе имате сиромашни граѓани во Македонија, рече Трендафилов.

The post Сè полош е квалитетот на животот – бирате полоша храна оти е поевтина, бирате да седите во студено, да не излегувате… appeared first on Република.