квалитет на вода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvalitet-na-voda/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Jul 2022 09:31:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png квалитет на вода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvalitet-na-voda/ 32 32 Најчистата вода е во Улцињ и Бар, еве каков е квалитетот и во Будва, Котор, Херцег Нови… https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/najchistata-voda-e-vo-ulcinj-i-bar-eve-kakov-e-kvalitetot-i-vo-budva-kotor-herceg-novi/ Thu, 28 Jul 2022 09:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=534162

Последните резултати од анализите направени од Институтот за морска биологија на Црна Гора покажаа дека во 94,5% од ипитаните локации морската вода на црногорското крајбрежје е со одличен квалитет.

Анализата на квалитетот на морската вода е направена на 110 локации во периодот од 19 до 22 јули, а резултатите оикажале дека на 84,5 отсто од капалиштата морската вода е со одличен квалитет, на 3,6 отсто со добар и на 1,8 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет.

Како што соопштуваат од Институтот, овие резултати потврдуваат дека морската вода на црногорските капалишта е квалитетна, т.е. дека е санитарно исправна и безбедна за пливање и за рекреација.

Програмата за мониторинг на санитарниот квалитет во општина Улцињ беше спроведена на 18 локации, а водата беше со одличен квалитет на сите локации.

Анализите покажаа дека во Бар на сите 15 локации водата била со одличен квалитет, додека во Будва водата била со одличен квалитет на 31 локација и со задоволителен квалитет на една локација.

Во Которскиот залив, во општина Тиват, на 8 локации водата била со одличен квалитет, додека на 1 локација водата била со добар квалитет.

Анализите покажаа дека во Котор, од вкупно 15 локации, на 14 водата била со одличен квалитет, додека во 1 капалиште водата била квалитетна.

Во Херцег Нови мостри од вода се земени од вкупно 21 локација, од кои 18 се со одличен квалитет, 2 со добар квалитет и 1 со задоволителен квалитет.

Во согласност со црногорските регулативи, како и Директивата на ЕУ за квалитетот на водата за капење, Програмата вклучува следење на два задолжителни микробиолошки параметри (бактерија ешерихија коли и цревни ентерококи).

The post Најчистата вода е во Улцињ и Бар, еве каков е квалитетот и во Будва, Котор, Херцег Нови… appeared first on Република.

]]>

Последните резултати од анализите направени од Институтот за морска биологија на Црна Гора покажаа дека во 94,5% од ипитаните локации морската вода на црногорското крајбрежје е со одличен квалитет. Анализата на квалитетот на морската вода е направена на 110 локации во периодот од 19 до 22 јули, а резултатите оикажале дека на 84,5 отсто од капалиштата морската вода е со одличен квалитет, на 3,6 отсто со добар и на 1,8 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет. Како што соопштуваат од Институтот, овие резултати потврдуваат дека морската вода на црногорските капалишта е квалитетна, т.е. дека е санитарно исправна и безбедна за пливање и за рекреација. Програмата за мониторинг на санитарниот квалитет во општина Улцињ беше спроведена на 18 локации, а водата беше со одличен квалитет на сите локации. Анализите покажаа дека во Бар на сите 15 локации водата била со одличен квалитет, додека во Будва водата била со одличен квалитет на 31 локација и со задоволителен квалитет на една локација. Во Которскиот залив, во општина Тиват, на 8 локации водата била со одличен квалитет, додека на 1 локација водата била со добар квалитет. Анализите покажаа дека во Котор, од вкупно 15 локации, на 14 водата била со одличен квалитет, додека во 1 капалиште водата била квалитетна. Во Херцег Нови мостри од вода се земени од вкупно 21 локација, од кои 18 се со одличен квалитет, 2 со добар квалитет и 1 со задоволителен квалитет. Во согласност со црногорските регулативи, како и Директивата на ЕУ за квалитетот на водата за капење, Програмата вклучува следење на два задолжителни микробиолошки параметри (бактерија ешерихија коли и цревни ентерококи).

The post Најчистата вода е во Улцињ и Бар, еве каков е квалитетот и во Будва, Котор, Херцег Нови… appeared first on Република.

]]>