квадрицикл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvadricikl/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 17:37:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png квадрицикл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kvadricikl/ 32 32 ЦУК: Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-spaseni-dve-litsa-koishto-so-kvadritsikl-izletale-vo-provalija-na-shara/ Sun, 12 May 2024 17:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=777377

Во 16:06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, преку конференциска врска со дежурниот од Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. Со истите имало уште еден „квадрицикл“, но лицето не можело да ги види ниту да ги слушне лицата коишто излетале, информираше Центарот за управување со кризи.

Веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата д терен и можностите. Конкретно, Полициската станица Попова Шапка побараа помош, за што во ЦУК се разгледуваше и варијанта за да се ангажира хеликоптер, согласно дали теренот е погоден за истиот, а исто така, и варијанта за ангажирање на специјални сили. Преку Регионалниот ЦУК Тетово беа известени одговорните од Национален парк „Шар Планина“, а исто така од ЦУК беа известени и надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување за евентуално ангажирање на нивните специјални тимови, истакна ЦУК.

Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и дека се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Инаку медицинското возило паралелно со тек од почетокот на спасителните дејства, тргнало на пат да ги преземе на лице место, бидејќи патот бил долг до конкретизираната точка за безбедно преземање на Шара. Според последните известувања до ЦУК, лицата коишто се живи, но со повреди од паѓањето во провалија во близина на бачило „Лешница“ се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница.

The post ЦУК: Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара appeared first on Република.

]]>