кутии со банани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kutii-so-banani/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Jun 2023 13:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кутии со банани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kutii-so-banani/ 32 32 Кутии банани полни со кокаин пристигнале во фирма во Босна и Херцеговина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kutii-banani-polni-so-kokain-pristignale-vo-firma-vo-bosna-i-hertsegovina/ Sat, 03 Jun 2023 13:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=647423

Во компанијата во Широки Бријег, БиХ, во пакувања со банани е откриена поголема количина кокаин чија вредност се проценува на повеќе од 10 милиони евра, пишуваат медиумите во таа земја.

Како што неофицијално дознаваат, сопственикот на фирмата случајот го пријавил во полиција откако вработени во фирмата која се занимава со увоз и извоз на овошје откриле дрога во бананите.

Според првичните информации, кокаинот се нашол во компанијата најверојатно поради грешка при испораката.

Припадниците на Државната агенција за истраги (СИПА) излегле на терен и ги спроведуваат сите потребни истраги за расветлување на овој случај во Широки Бријег.

Се проценува дека количината на кокаин е меѓу 120 и 150 килограми, чија вкупна вредност е меѓу 20 и 30 милиони конвертибилни марки.

Според информациите на порталот Klix.ba, ваквата состојба е поврзана со прекуграничен криминал, а истрагата ја води СИПА. Случајот е во надлежност на Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина.

 

The post Кутии банани полни со кокаин пристигнале во фирма во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Во компанијата во Широки Бријег, БиХ, во пакувања со банани е откриена поголема количина кокаин чија вредност се проценува на повеќе од 10 милиони евра, пишуваат медиумите во таа земја. Како што неофицијално дознаваат, сопственикот на фирмата случајот го пријавил во полиција откако вработени во фирмата која се занимава со увоз и извоз на овошје откриле дрога во бананите. Според првичните информации, кокаинот се нашол во компанијата најверојатно поради грешка при испораката. Припадниците на Државната агенција за истраги (СИПА) излегле на терен и ги спроведуваат сите потребни истраги за расветлување на овој случај во Широки Бријег. Се проценува дека количината на кокаин е меѓу 120 и 150 килограми, чија вкупна вредност е меѓу 20 и 30 милиони конвертибилни марки. Според информациите на порталот Klix.ba, ваквата состојба е поврзана со прекуграничен криминал, а истрагата ја води СИПА. Случајот е во надлежност на Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина.  

The post Кутии банани полни со кокаин пристигнале во фирма во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>