Куштрим Смајлај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kushtrim-smajlaj/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Sep 2023 08:52:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Куштрим Смајлај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kushtrim-smajlaj/ 32 32 Зетот на Ахмети партнер со бизнисмен кој за 24.000 евра купи фирма со веќе добиени 112 милиони евра вредни државни тендери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zetot-na-ahmeti-partner-so-biznismen-koj-za-24-000-evra-kupi-firma-so-veke-dobieni-112-milioni-evra-vredni-drzhavni-tenderi/ Fri, 22 Sep 2023 06:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=683971

Според податоците од Централниот регистар, зетот за ќерка на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Куштрим Смајлај, на почетокот на 2022 година направил заедничка фирма со бизнисменот Ерџан Сулкоски и веќе во првата година направиле обрт од 12 милиони евра и профит од околу 2,5 милиони евра, открива „360 степени“, додавајќи дека пред месец дена, Сулкоски го продал својот удел од 50% за 2 500 евра на Смајлај.

https://republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-ne-e-najgolemiot-biznismen-vo-semejstvoto-parite-gi-vrti-zetot-na-ali-kosovetsot-kushtrim-smajlaj/

Во истата 2022 година Сулкоски „влегол“ во уште еден бизнис. За 24.000 евра добил 65% од компанијата РКМ, која во тој момент имаше гарантиран бизнис од 112 милиони евра за набавка на мазут за потребите на државната ЕСМ), а годината (очекувано) ја заврши со профит од 6,2 милиони евра.

Во понеделникот во „360 степени“ гостуваше претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, каде на прашањето „Дали треба да заклучиме дека семејството Ахмети е во бизнисот со увозот на мазут?“ тој одговори:

Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо со … како се викаше, Ерџан Сулкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-erdhan-sulkoski-ahmeti-ke-go-prasha-zetot-koj-pravi-milioni-dali-e-toa-likot-za-bratska-biznis-delba-dui-sdsm/

Но, „360 степени“ го открива договорот од 11 јануари 2022 година кога две лица ја основале фирмата „К.С.А. Интернатионал“. Името на едниот содружник е Куштрим Смајлај, во тој момент, германски државјанин со привремен престој во Зајас. Во документите од Централниот регистар не пишува дека истиот Куштрим Смајлај е зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сопруг на неговата ќерка Ускана.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zetot-na-ahmeti-kushtrim-smajlaj-lani-osnoval-firma-napravil-prihod-od-12-milioni-evra/

Вториот содружник во компанијата „К.С.А. Интернатионал“ е Ерџан Сулкоски, македонски државјанин со адреса на живеење во Кичево.

Целата сторија на „360 степени

The post Зетот на Ахмети партнер со бизнисмен кој за 24.000 евра купи фирма со веќе добиени 112 милиони евра вредни државни тендери appeared first on Република.

]]>

Според податоците од Централниот регистар, зетот за ќерка на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Куштрим Смајлај, на почетокот на 2022 година направил заедничка фирма со бизнисменот Ерџан Сулкоски и веќе во првата година направиле обрт од 12 милиони евра и профит од околу 2,5 милиони евра, открива „360 степени“, додавајќи дека пред месец дена, Сулкоски го продал својот удел од 50% за 2 500 евра на Смајлај. https://republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-ne-e-najgolemiot-biznismen-vo-semejstvoto-parite-gi-vrti-zetot-na-ali-kosovetsot-kushtrim-smajlaj/ Во истата 2022 година Сулкоски „влегол“ во уште еден бизнис. За 24.000 евра добил 65% од компанијата РКМ, која во тој момент имаше гарантиран бизнис од 112 милиони евра за набавка на мазут за потребите на државната ЕСМ), а годината (очекувано) ја заврши со профит од 6,2 милиони евра. Во понеделникот во „360 степени“ гостуваше претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, каде на прашањето „Дали треба да заклучиме дека семејството Ахмети е во бизнисот со увозот на мазут?“ тој одговори:
Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо со … како се викаше, Ерџан Сулкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-erdhan-sulkoski-ahmeti-ke-go-prasha-zetot-koj-pravi-milioni-dali-e-toa-likot-za-bratska-biznis-delba-dui-sdsm/ Но, „360 степени“ го открива договорот од 11 јануари 2022 година кога две лица ја основале фирмата „К.С.А. Интернатионал“. Името на едниот содружник е Куштрим Смајлај, во тој момент, германски државјанин со привремен престој во Зајас. Во документите од Централниот регистар не пишува дека истиот Куштрим Смајлај е зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сопруг на неговата ќерка Ускана. https://republika.mk/vesti/makedonija/zetot-na-ahmeti-kushtrim-smajlaj-lani-osnoval-firma-napravil-prihod-od-12-milioni-evra/ Вториот содружник во компанијата „К.С.А. Интернатионал“ е Ерџан Сулкоски, македонски државјанин со адреса на живеење во Кичево. Целата сторија на „360 степени

The post Зетот на Ахмети партнер со бизнисмен кој за 24.000 евра купи фирма со веќе добиени 112 милиони евра вредни државни тендери appeared first on Република.

]]>
Зетот на Ахмети, Куштрим Смајлај, лани основал фирма, направил приход од 12 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zetot-na-ahmeti-kushtrim-smajlaj-lani-osnoval-firma-napravil-prihod-od-12-milioni-evra/ Mon, 18 Sep 2023 19:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=682985

Зетот за ќерка на лидерот на ДУИ, Куштрим Смајлај, ја основал фирмата „К.С.А. Интернешнл“ во јануари 2022 година и истата година веднаш остварил завидни резултати. Како фирмата на зетот за ќерка на Али Ахмети, Куштрим Смајлај, успеала да направи приход од 12 милиони евра и профит од 2,5 милиони во првата година од работењето. Ова во вечерашното интервју со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го посочи новинарот Васко Попетрески во 360 степени. До скоро, бизнис-партнер во таа компанија му бил Ерџан Сулкоски. Истиот Сулкоски, освен во фирмата на зетот на Ахмети, во 2022 станал косопоственик и на компанијата РКЕ на Ратко Капушевски, која го доби историски најголемиот тендер за набавка на мазут за државни потреби чија вредност беше околу 120 милиони евра.

Како фирмата на зетот за ќерка на Али Ахмети, Куштрим Смајлај, успеала да има така добар старт, запраша Попетрески, а одговорот на Ахмети покажа дека е тој е свесен дека зетот води бизнис, но се огради од конкретни податоци.

„Јас не ги знам конкретните податоци… Куштрим ми е зет, Ускана е моја ќерка. Но, обвинителството, судството, никој не е амнестиран, туку сите се еднакви пред законот. Јас не мислам дека Куштрим, зет ми, е сам, сигурно дека е со многу други компании. Јас не можам да му забранам никому од моето семејство да нема активности. Но, едно им ставив до знаење, пред законот се еднакви, како и секој граѓанин, изјави Али Ахмети за „360 степени“.

На забелешката на новинарот дека, сепак, мора да се согласи оти 12 милиони евра приход и 2,5 милиони евра профит се многу за прва година (нецела 2022 г.) на постоење на една фирма во Македонија, Ахмети одговори дека фирмата не била само на зетот.

„Мислам дека се повеќе компании, не е целата компанија на Куштрим. И за повеќе детали може да истражувате…“изјави Ахмети.,

Проверка на податоците од Централниот регистар покажува дека зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај, во моментов е единствен сопственик на компанијата „К.С.А. Интернешнл“. Имал еден партнер кога ја основал фирмата во јануари 2022 година – Ерџан Сулкоски, но тој од пред еден месец не е косопственик на „К.С.А. Интернешнл“.

The post Зетот на Ахмети, Куштрим Смајлај, лани основал фирма, направил приход од 12 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Зетот за ќерка на лидерот на ДУИ, Куштрим Смајлај, ја основал фирмата „К.С.А. Интернешнл“ во јануари 2022 година и истата година веднаш остварил завидни резултати. Како фирмата на зетот за ќерка на Али Ахмети, Куштрим Смајлај, успеала да направи приход од 12 милиони евра и профит од 2,5 милиони во првата година од работењето. Ова во вечерашното интервју со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го посочи новинарот Васко Попетрески во 360 степени. До скоро, бизнис-партнер во таа компанија му бил Ерџан Сулкоски. Истиот Сулкоски, освен во фирмата на зетот на Ахмети, во 2022 станал косопоственик и на компанијата РКЕ на Ратко Капушевски, која го доби историски најголемиот тендер за набавка на мазут за државни потреби чија вредност беше околу 120 милиони евра. Како фирмата на зетот за ќерка на Али Ахмети, Куштрим Смајлај, успеала да има така добар старт, запраша Попетрески, а одговорот на Ахмети покажа дека е тој е свесен дека зетот води бизнис, но се огради од конкретни податоци.