курто дудуш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurto-dudush/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 09:33:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png курто дудуш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurto-dudush/ 32 32 Незадоволен граѓанин го нападнал градоначалникот Курто Дудуш https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nezadovolen-graganin-go-napadnal-gradonachalnikot-kurto-dudush/ Wed, 29 May 2024 10:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=782722

Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари во понеделникот извршиле службен разговор со З.И.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.30 часот во просториите на општина Шуто Оризари агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49) од Скопје, градоначалник на општината.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

The post Незадоволен граѓанин го нападнал градоначалникот Курто Дудуш appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари во понеделникот извршиле службен разговор со З.И.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.30 часот во просториите на општина Шуто Оризари агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49) од Скопје, градоначалник на општината. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Незадоволен граѓанин го нападнал градоначалникот Курто Дудуш appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против градоначалникот Курто Дудуш https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-gradonachalnikot-kurto-dudush/ Wed, 17 Apr 2024 13:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=767172

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднела кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.

Во текот на 2020 и 2024 година, пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца, член 126.

Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

Станува збор за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој е претседател на партијата Унија на Роми и коалиционер на ДУИ.

The post Кривична пријава против градоначалникот Курто Дудуш appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднела кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик. Во текот на 2020 и 2024 година, пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца, член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка. Станува збор за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој е претседател на партијата Унија на Роми и коалиционер на ДУИ.

The post Кривична пријава против градоначалникот Курто Дудуш appeared first on Република.

]]>
Арсовска по стапките на Костовски и Пенов: ВМРО-ДПМНЕ ја направи градоначалник, а сега Данела ѝ го врти грбот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-po-stapkite-na-kostovski-i-penov-vmro-dpmne-ja-napravi-gradonachalnik-a-sega-danela-i-go-vrti-grbot/ Tue, 13 Sep 2022 11:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=550355

Историјата на ВМРО-ДПМНЕ и скопските градоначалници се повторува. Случајот „Данела Арсовска“ е речиси пресликан со оној на нејзините претходници Трифун Костовски и Ристо Пенов.

И тие откако ја добија поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и станаа градоначалници на Скопје, ѝ го свртеа грбот на партијата која ги донесе на функцијата и продолжија самостојно или пак како партиски сателити да настојуваат да го продолжат патот кон повисоки политички дострели.

Но, за жал праксата покажа дека нивните одлуки биле погрешни и разелбата со ВМРО-ДПМНЕ им се врати како бумеранг. И Косотовски и Пенов после тоа ги снема од политичката сцена. Останува да се види дали истото ќе се случи и со Арсовска.

Она што подолго време се насетуваше и се случи. Соработката помеѓу „независната“ Данела и ВМРО-ДПМНЕ заврши.

Арсовска цело време се обидуваше да создаде впечаток дека е независна во својата работа и дека нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ.

Да се потсетиме, така не изгледаше кога победата над Петре Шилегов со трубачи ја прослави пред седиштето на партијата која ја донесе на чело на град Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/direktorot-na-gradski-parking-si-podnese-ostavka-arsovska-e-nezainteresirani/

Несоработката на Данела со директорите на јавните претпријатија предизвика првите луѓе на Градски паркинг“, „Дрисла“ и Водовод“ да си поднесат оставка. И Христовски и Перински и Мицевски имаат идентично мислење за Аровска дека таа нема слух за проблемите на градот и оти си заминуваат со крената глава.

https://republika.mk/vesti/skopje/dudush-koleshke-arsovska-ova-e-rezultatot-shto-nie-kako-gradonachalnici-nemame-vash-telefonski-broj-za-konsultacija/

Кога на тоа ќе се надоврзе протестот на жителит на Шуто Оризари на чело со градоначалникот Курто Дудуш, кој се пожали дека немаат никава соработка со Арсовска и дури дека го немаат нејзиниот број.

Затоа, неубедливо делува објаснувањето на Арсовска дека „директорите на јавните претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ добиле понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени.

https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-direktorite-dobija-ponuda-da-si-dadat-ostavka-ili-da-bidat-razresheni/

The post Арсовска по стапките на Костовски и Пенов: ВМРО-ДПМНЕ ја направи градоначалник, а сега Данела ѝ го врти грбот appeared first on Република.

]]>

Историјата на ВМРО-ДПМНЕ и скопските градоначалници се повторува. Случајот „Данела Арсовска“ е речиси пресликан со оној на нејзините претходници Трифун Костовски и Ристо Пенов. И тие откако ја добија поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и станаа градоначалници на Скопје, ѝ го свртеа грбот на партијата која ги донесе на функцијата и продолжија самостојно или пак како партиски сателити да настојуваат да го продолжат патот кон повисоки политички дострели. Но, за жал праксата покажа дека нивните одлуки биле погрешни и разелбата со ВМРО-ДПМНЕ им се врати како бумеранг. И Косотовски и Пенов после тоа ги снема од политичката сцена. Останува да се види дали истото ќе се случи и со Арсовска. Она што подолго време се насетуваше и се случи. Соработката помеѓу „независната“ Данела и ВМРО-ДПМНЕ заврши. Арсовска цело време се обидуваше да создаде впечаток дека е независна во својата работа и дека нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ. Да се потсетиме, така не изгледаше кога победата над Петре Шилегов со трубачи ја прослави пред седиштето на партијата која ја донесе на чело на град Скопје. https://republika.mk/vesti/skopje/direktorot-na-gradski-parking-si-podnese-ostavka-arsovska-e-nezainteresirani/ Несоработката на Данела со директорите на јавните претпријатија предизвика првите луѓе на Градски паркинг“, „Дрисла“ и Водовод“ да си поднесат оставка. И Христовски и Перински и Мицевски имаат идентично мислење за Аровска дека таа нема слух за проблемите на градот и оти си заминуваат со крената глава. https://republika.mk/vesti/skopje/dudush-koleshke-arsovska-ova-e-rezultatot-shto-nie-kako-gradonachalnici-nemame-vash-telefonski-broj-za-konsultacija/ Кога на тоа ќе се надоврзе протестот на жителит на Шуто Оризари на чело со градоначалникот Курто Дудуш, кој се пожали дека немаат никава соработка со Арсовска и дури дека го немаат нејзиниот број. Затоа, неубедливо делува објаснувањето на Арсовска дека „директорите на јавните претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ добиле понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени. https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-direktorite-dobija-ponuda-da-si-dadat-ostavka-ili-da-bidat-razresheni/

The post Арсовска по стапките на Костовски и Пенов: ВМРО-ДПМНЕ ја направи градоначалник, а сега Данела ѝ го врти грбот appeared first on Република.

]]>
Дудуш: Колешке Арсовска, ова е резултатот што ние како градоначалници немаме ваш телефонски број за консултација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dudush-koleshke-arsovska-ova-e-rezultatot-shto-nie-kako-gradonachalnici-nemame-vash-telefonski-broj-za-konsultacija/ Tue, 13 Sep 2022 06:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=550195

Жителите на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини вечерва протестираа пред Град Скопје под мотото „Шуто Оризари – заборавена општина – До кога?“, по повод 12 септември, денот на општина Шуто Оризари.

Градоначалникот на општината Курто Дудуш рече дека и Ромите заслужуваат чист воздух, заслужуваат нови климатизирани автобуси, 20 улици…

– Колешке Данела Арсовска, ова е резултатот на онаа некомуникација со општините во градот Скопје. Ова е резултатот што ние како градоначалници немаме ваш телефонски број за консултација. Не сакате никаква комуникација на ниво на градоначалници. Не сакате да го слушнете гласот на Ромите во Скопје. Укажував преку канали, преку посредници дека ќе ви се случи Шутка пред канцеларии. И еве не денес тука сите тие што можеа да пешачат седум километри, сите се денес тука. Но, ви испраќам порака и од оние пензионери кои сакаа, но не можеа денеска да бидат со нас. Ви укажував и ви испраќав порака и од оние жени кои мораат секој ден кога се враќаат од работа да пешачат по два километри за да стигнат до нивните домови. Ви испраќам порака и од граѓаните на Скопје, депонијата во Визбегово е само три километри воздушна линија од градот Скопје. Ако треба да се носи законот екоцид, тогаш прв треба да биде казнет таткото на градот Скопје зошто не чисти депонии, порача Дудуш.


Тој рече дека Шутка не е повеќе тоа што е познато низ градот Скопје и пошироко, туку таму се градат трговски центри, се модернизираат старите пазари, жителите плаќаат даноци и комуналии на градот.

-Бараме тоа што го плаќаме кон градот Скопје да се реинвестира за Ромите во Шуто Оризари. Не бараме милост, не бараме никој ништо да ни подари. Едноставно бараме тоа што ни следува, тоа што го плаќаат граѓаните и заслужуваат да се реинвестира во нивната средина таму каде што живеат, порача тој.

Жителите на општината носеа транспаренти на кои пишуваше „Граѓаните на Шуто Оризари плаќаат даноци и комуналии“, „Реинвестирајте ги парите од граѓаните на Шуто Оризари во Шуто Оризари“.

Жителите побараа на наредна седница на Град Скопје на дневен ред да бидат и следните точки, како и позитивно да се реши за истите – ревидирање на договорот за јавен превоз помеѓу Град Скопје и приватните превозници и пренасочување и прераспоредување на приватните превозници во други општини со цел обезбедување на покриеност минимум 80 проценти во Шуто Оризари од страна на Јавното сообраќајно претпријатие.

Натаму, бараат реинвестирање на средства добиени од даночните обврзници од општина Шуто Оризари во Шуто Оризари преку изградба на 20 улици во внатрешноста на општината, партерно уредување на спортската сала во Шуто Оризари со цел нејзино ставање во употреба, изградба на нов парк во општината, изградба на канализациона мрежа во месноста Бараки, изградба на мултифункционални спортски игралишта и во село Горно Оризари, објавување огласи за вработување на Роми во администрацијата и јавните претпријатија во град Скопје.

Тие исто така бараат финансиска поддршка на спортски и културни здруженија во општина Шуто Оризари.

-Се надевам дека ја сфативте пораката сериозно. Мислам дека е убаво и во Шуто Оризари да се видат булевари, паркови. Шуто Оризари е дел од градот Скопје, рече Дудуш.

The post Дудуш: Колешке Арсовска, ова е резултатот што ние како градоначалници немаме ваш телефонски број за консултација appeared first on Република.

]]>

Жителите на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини вечерва протестираа пред Град Скопје под мотото „Шуто Оризари – заборавена општина – До кога?“, по повод 12 септември, денот на општина Шуто Оризари. Градоначалникот на општината Курто Дудуш рече дека и Ромите заслужуваат чист воздух, заслужуваат нови климатизирани автобуси, 20 улици…
– Колешке Данела Арсовска, ова е резултатот на онаа некомуникација со општините во градот Скопје. Ова е резултатот што ние како градоначалници немаме ваш телефонски број за консултација. Не сакате никаква комуникација на ниво на градоначалници. Не сакате да го слушнете гласот на Ромите во Скопје. Укажував преку канали, преку посредници дека ќе ви се случи Шутка пред канцеларии. И еве не денес тука сите тие што можеа да пешачат седум километри, сите се денес тука. Но, ви испраќам порака и од оние пензионери кои сакаа, но не можеа денеска да бидат со нас. Ви укажував и ви испраќав порака и од оние жени кои мораат секој ден кога се враќаат од работа да пешачат по два километри за да стигнат до нивните домови. Ви испраќам порака и од граѓаните на Скопје, депонијата во Визбегово е само три километри воздушна линија од градот Скопје. Ако треба да се носи законот екоцид, тогаш прв треба да биде казнет таткото на градот Скопје зошто не чисти депонии, порача Дудуш.
Тој рече дека Шутка не е повеќе тоа што е познато низ градот Скопје и пошироко, туку таму се градат трговски центри, се модернизираат старите пазари, жителите плаќаат даноци и комуналии на градот.
-Бараме тоа што го плаќаме кон градот Скопје да се реинвестира за Ромите во Шуто Оризари. Не бараме милост, не бараме никој ништо да ни подари. Едноставно бараме тоа што ни следува, тоа што го плаќаат граѓаните и заслужуваат да се реинвестира во нивната средина таму каде што живеат, порача тој.
Жителите на општината носеа транспаренти на кои пишуваше „Граѓаните на Шуто Оризари плаќаат даноци и комуналии“, „Реинвестирајте ги парите од граѓаните на Шуто Оризари во Шуто Оризари“. Жителите побараа на наредна седница на Град Скопје на дневен ред да бидат и следните точки, како и позитивно да се реши за истите – ревидирање на договорот за јавен превоз помеѓу Град Скопје и приватните превозници и пренасочување и прераспоредување на приватните превозници во други општини со цел обезбедување на покриеност минимум 80 проценти во Шуто Оризари од страна на Јавното сообраќајно претпријатие. Натаму, бараат реинвестирање на средства добиени од даночните обврзници од општина Шуто Оризари во Шуто Оризари преку изградба на 20 улици во внатрешноста на општината, партерно уредување на спортската сала во Шуто Оризари со цел нејзино ставање во употреба, изградба на нов парк во општината, изградба на канализациона мрежа во месноста Бараки, изградба на мултифункционални спортски игралишта и во село Горно Оризари, објавување огласи за вработување на Роми во администрацијата и јавните претпријатија во град Скопје. Тие исто така бараат финансиска поддршка на спортски и културни здруженија во општина Шуто Оризари.
-Се надевам дека ја сфативте пораката сериозно. Мислам дека е убаво и во Шуто Оризари да се видат булевари, паркови. Шуто Оризари е дел од градот Скопје, рече Дудуш.

The post Дудуш: Колешке Арсовска, ова е резултатот што ние како градоначалници немаме ваш телефонски број за консултација appeared first on Република.

]]>