Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurti/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 11:26:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurti/ 32 32 О’Брајан остар кон Курти: Јас не упатувам нејасни закани во јавноста, ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/o-brajan-ostar-kon-kurti-jas-ne-upatuvam-nejasni-zakani-vo-javnosta-ako-ne-ne-tretiraat-kako-partner-nema-da-ja-tretirame-nitu-vladata-na-kosovo-kako-partner/ Wed, 14 Feb 2024 11:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=744034

САД се многу загрижени поради одлуката на косовската влада да не дозволи користење на динарот, вели американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан во интервју за aлбанскиот сервис на „Гласот на Америка“, коментирајќи ја новата регулатива на Централната банка на Косово, со која еврото станува единствената валута за плаќање во Косово.

Вели дека и покрај предупредувањата на Вашингтон, косовската Влада не отстапила од одлуката и почнала да ја спроведува.

Со тоа. О‘Брајан вели дека косовската влада го доведува во прашање партнерството со САД.

„Јас не упатувам нејасни закани во јавноста. Би рекол дека ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер“.

вели помошник државниот секретар на САД.

О‘Брајан вели дека веднаш гбиле детектирани сите проблеми кои настанале после објавувањето на одлуката за повлекување на динарот, но посочува дека Владата на Косово продолжила со спроведувањето,.

„Ова не е форма на ефективно владеење. Ние сме многу загрижени, бидејќи тоа ја покажува неспособноста на владата да им служи на граѓаните, но и на партнерството. Да се ​​биде дел од Европа денес значи решавање на прашањата преку дијалог со ефективно планирање и предупредување. Оваа одлука е објавена набрзина, без предупредување и без обид да се искористат постоечките механизми за да се најдат одговори за сите проблеми кои би можеле да се појават“, вели О‘Брајан.

Според новата регулатива на Централната банка на Косово, еврото станува единствената валута за плаќање во Косово. Откако Меѓународната заедница повика оваа одлука да биде одложена за транзициски период. Но, Центрачната банка на Косово даде само тримесечен период за едукација и информирање на граѓаните.

О‘Брајан смета дека оваа одлука треба да се повлече, а потоа да се бара решение на проблемот како што, според него, тоа го прават современите европски држави.

„Луѓето треба да знаат како ќе си ги платат сметките. Кога го прочитав соопштението на Централната банка, не пишува дека ќе се дозволи користење на динарот. Вели дека ќе биде понудена алтернатива. Тоа мораше да се направи пред да се спроведе одлуката во соработка со засегнатите заедници и соседите засегнати од одлуката, како и со Европската Унија и со нас. Значи, веднаш треба да го прекинат ова и потоа да работат на решавање на конкретниот проблем што сакаат да го решат, исто како што тоа го прават современите европски држави“,

вели О‘Брајан.

На оваа тема О‘Брајан разговарал и со косовскиот премиер Албин Курти во периодот на објавување на одлуката, а имале и кратко разговори потоа.

„Тој ја разбра загриженоста. Вети дека ќе работи на ова. Но, јасно одлучи да ја одобри одлуката. Ако не не третира како партнер, се поставува прашањето дали оваа влада можеме да ја сметаме за партнер“,

рече О‘Брајан.

На прашањето дали смета дека зад инцидентот во Бањска стои Белград, тој рече дека тогаш јасно било ставено до знаење дека КФОР ги штити сите луѓе на Косово, вклучително и оние во северниот дел, но нагласува дека потоа Србија го сменила шефот на разузнавачката служба, но и ги повлекла војниците од границата

„Ги повикавме двете влади да бидат транспарентни и отворени со КФОР. Сакам да нагласам дека Србија го смени шефот на разузнавачката служба, кој беше вклучен во тоа. Тие ги уапсија и се согласија да ги гонат лицата директно одговорни за инцидентот во Бањска, а српските војници се повлекоа од областа во близина на границата. Сите овие чекори се преземени после инцидентот во Бањска, односно беа преземени чекори за де факто имплементирање со царината и регистарските таблички“,

рече тој.

О‘Брајан вели дека тоа биле важни чекори кои дошле како резултат на одговорот и посветеноста на дијалогот.

„Сакаме посветеност, да работиме на практични решенија за овие проблеми, а не да преземаме еднострани мерки за личен интерес кои ги загрижуваат и вашите граѓани и вашите партнери“, изјави О‘Брајан.

The post О’Брајан остар кон Курти: Јас не упатувам нејасни закани во јавноста, ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер appeared first on Република.

]]>

САД се многу загрижени поради одлуката на косовската влада да не дозволи користење на динарот, вели американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан во интервју за aлбанскиот сервис на „Гласот на Америка“, коментирајќи ја новата регулатива на Централната банка на Косово, со која еврото станува единствената валута за плаќање во Косово. Вели дека и покрај предупредувањата на Вашингтон, косовската Влада не отстапила од одлуката и почнала да ја спроведува. Со тоа. О‘Брајан вели дека косовската влада го доведува во прашање партнерството со САД.
„Јас не упатувам нејасни закани во јавноста. Би рекол дека ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер“. вели помошник државниот секретар на САД.
О‘Брајан вели дека веднаш гбиле детектирани сите проблеми кои настанале после објавувањето на одлуката за повлекување на динарот, но посочува дека Владата на Косово продолжила со спроведувањето,.
„Ова не е форма на ефективно владеење. Ние сме многу загрижени, бидејќи тоа ја покажува неспособноста на владата да им служи на граѓаните, но и на партнерството. Да се ​​биде дел од Европа денес значи решавање на прашањата преку дијалог со ефективно планирање и предупредување. Оваа одлука е објавена набрзина, без предупредување и без обид да се искористат постоечките механизми за да се најдат одговори за сите проблеми кои би можеле да се појават“, вели О‘Брајан.
Според новата регулатива на Централната банка на Косово, еврото станува единствената валута за плаќање во Косово. Откако Меѓународната заедница повика оваа одлука да биде одложена за транзициски период. Но, Центрачната банка на Косово даде само тримесечен период за едукација и информирање на граѓаните. О‘Брајан смета дека оваа одлука треба да се повлече, а потоа да се бара решение на проблемот како што, според него, тоа го прават современите европски држави.
„Луѓето треба да знаат како ќе си ги платат сметките. Кога го прочитав соопштението на Централната банка, не пишува дека ќе се дозволи користење на динарот. Вели дека ќе биде понудена алтернатива. Тоа мораше да се направи пред да се спроведе одлуката во соработка со засегнатите заедници и соседите засегнати од одлуката, како и со Европската Унија и со нас. Значи, веднаш треба да го прекинат ова и потоа да работат на решавање на конкретниот проблем што сакаат да го решат, исто како што тоа го прават современите европски држави“, вели О‘Брајан.
На оваа тема О‘Брајан разговарал и со косовскиот премиер Албин Курти во периодот на објавување на одлуката, а имале и кратко разговори потоа.
„Тој ја разбра загриженоста. Вети дека ќе работи на ова. Но, јасно одлучи да ја одобри одлуката. Ако не не третира како партнер, се поставува прашањето дали оваа влада можеме да ја сметаме за партнер“, рече О‘Брајан.
На прашањето дали смета дека зад инцидентот во Бањска стои Белград, тој рече дека тогаш јасно било ставено до знаење дека КФОР ги штити сите луѓе на Косово, вклучително и оние во северниот дел, но нагласува дека потоа Србија го сменила шефот на разузнавачката служба, но и ги повлекла војниците од границата
„Ги повикавме двете влади да бидат транспарентни и отворени со КФОР. Сакам да нагласам дека Србија го смени шефот на разузнавачката служба, кој беше вклучен во тоа. Тие ги уапсија и се согласија да ги гонат лицата директно одговорни за инцидентот во Бањска, а српските војници се повлекоа од областа во близина на границата. Сите овие чекори се преземени после инцидентот во Бањска, односно беа преземени чекори за де факто имплементирање со царината и регистарските таблички“, рече тој.
О‘Брајан вели дека тоа биле важни чекори кои дошле како резултат на одговорот и посветеноста на дијалогот.
„Сакаме посветеност, да работиме на практични решенија за овие проблеми, а не да преземаме еднострани мерки за личен интерес кои ги загрижуваат и вашите граѓани и вашите партнери“, изјави О‘Брајан.

The post О’Брајан остар кон Курти: Јас не упатувам нејасни закани во јавноста, ако не не третираат како партнер, нема да ја третираме ниту владата на Косово како партнер appeared first on Република.

]]>
Албин Курти, Таче, Шекеринска и Бујар Османи на вечера во скопски локал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albin-kurti-tache-shekerinska-i-bujar-osmani-na-vechera-vo-skopski-lokal/ Sat, 10 Feb 2024 10:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=742460

The post Албин Курти, Таче, Шекеринска и Бујар Османи на вечера во скопски локал appeared first on Република.

]]>

The post Албин Курти, Таче, Шекеринска и Бујар Османи на вечера во скопски локал appeared first on Република.

]]>
Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-do-kurti-za-razlika-od-tebe-koj-mu-se-predade-na-srpskiot-rezhim-spetsijaltsite-ne-se-predadoa-na-24-septemvri/ Wed, 06 Dec 2023 14:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=720384

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, му порача на премиерот на Косово, Албин Курти, дека, за разлика од него, кој во војната во 1999 година му се предаде на српскиот режим, припадниците на Специјалната единица на косовската полиција, кои сега ги навредува, „не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија терористите спонзорирани од Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на Харадинај уследи откако порталот „Албаниан пост“ објави напис во кој тврди дека има ексклузивни сознанија за тоа што се разговарало на средбата меѓу припадниците на Специјалната единица за интервенции и премиерот Курти на 15 ноември.

Станува збор за средба што се одржа по масовниот протест на оваа единица на косовската полиција на почетокот на ноември, поради незадоволство од платите и од новата одлука за додатоци на плата за нивните единици.

- За разлика од тебе премиере, кој во војната му се предаде на српскиот режим, без отпор, припадниците на Специјалната единица, кои денес ги навредуваш, не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија и посрамотија терористите спонзорирани од Србија, му порача Харадинај на Курти преку својата страница на Фејсбук.

На средбата, според претходните информации, специјалците му ги презентирале своите барања на косовскиот премиер, а „Албаниан пост“ за првпат изнесува наводни детали од текот на преговорите.

Порталот тврди дека специјалците биле „запрепастени“ од изјавите на Курти и одговорите на нивните барања. Наводно не сакал ниту да ги ислуша нивните барања и директно им порачал дека нема да им ги сиполни барањата, бидејќи „не може да им се предаде“ и дека тоа не му е приоритет. Тој, тврди порталот, ги критикувал за начинот на кој протестираа пред косовската влада.

Истиот медиум тврди и дека за нивната акција на 24 септември во село Бањска, која претходно ја пофали, Курти сега ним лично им рекол дека „тоа што го направија во Бањска не претставува никаков успех од нивна страна, бидејќи убиле три лица од дистанца со снајпер“.

- Косовската полиција е еден од најголемите успеси на нашата земја. Не ја навредувај полицијата, затоа што те знаеме кој си. Исполни ги нивните барања, напиша опозицискиот лидер и поранешен косовски премиер, Харадинај.

The post Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, му порача на премиерот на Косово, Албин Курти, дека, за разлика од него, кој во војната во 1999 година му се предаде на српскиот режим, припадниците на Специјалната единица на косовската полиција, кои сега ги навредува, „не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија терористите спонзорирани од Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Реакцијата на Харадинај уследи откако порталот „Албаниан пост“ објави напис во кој тврди дека има ексклузивни сознанија за тоа што се разговарало на средбата меѓу припадниците на Специјалната единица за интервенции и премиерот Курти на 15 ноември. Станува збор за средба што се одржа по масовниот протест на оваа единица на косовската полиција на почетокот на ноември, поради незадоволство од платите и од новата одлука за додатоци на плата за нивните единици.
- За разлика од тебе премиере, кој во војната му се предаде на српскиот режим, без отпор, припадниците на Специјалната единица, кои денес ги навредуваш, не се предадоа на 24 септември, туку се бореа и ги победија и посрамотија терористите спонзорирани од Србија, му порача Харадинај на Курти преку својата страница на Фејсбук.
На средбата, според претходните информации, специјалците му ги презентирале своите барања на косовскиот премиер, а „Албаниан пост“ за првпат изнесува наводни детали од текот на преговорите. Порталот тврди дека специјалците биле „запрепастени“ од изјавите на Курти и одговорите на нивните барања. Наводно не сакал ниту да ги ислуша нивните барања и директно им порачал дека нема да им ги сиполни барањата, бидејќи „не може да им се предаде“ и дека тоа не му е приоритет. Тој, тврди порталот, ги критикувал за начинот на кој протестираа пред косовската влада. Истиот медиум тврди и дека за нивната акција на 24 септември во село Бањска, која претходно ја пофали, Курти сега ним лично им рекол дека „тоа што го направија во Бањска не претставува никаков успех од нивна страна, бидејќи убиле три лица од дистанца со снајпер“. - Косовската полиција е еден од најголемите успеси на нашата земја. Не ја навредувај полицијата, затоа што те знаеме кој си. Исполни ги нивните барања, напиша опозицискиот лидер и поранешен косовски премиер, Харадинај.

The post Харадинај до Курти: За разлика од тебе, коj му се предаде на српскиот режим, специјалците не се предадоа на 24 септември appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Курти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-kurti-vchera-napravi-trik-vo-brisel-jasno-e-deka-ne-saka-da-formira-zso/ Fri, 27 Oct 2023 19:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=695701

Иако вчера по состанокот во Брисел изјави дека не се разговарало за „потпишување на што било“ претседателот Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк изјави дека Курти вчера направил трик во Брисел, ја претставил идејата заедно да се потпишат три документи, а мислејќи да не примени ништо, тој воопшто не е подготвен да потпише ЗСО. Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да примени сè што не се однесува на признавањето на Косово и членството во ОН, јави дописникот на МИА од Белград.

(Курти) Го изведе тоа вчера за последен пат. Прво имаше средба со лидерите на ЕУ, а потоа и со Борел и Лајчак. Станува збор за вториот, бриселско-охридскиот договор. Тоа го призна бидејќи знаеше дека Србија нема да го признае. Тој не е подготвен да формира ЗСО. Нема да исполни се, јасно е дека тоа беше трик за купување време, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека на овој начин Курти се обидува да го искористи времето и да продолжи со прогонот и малтретирањето на Србите.

Неколку пати им го кажав мојот став на Шолц и на Макрон, но вчера слушнавте дека нема да потпишам. Ми понудија да потпишам, но тоа е сета трик на Курти, повтори Вучиќ.

Не е лесно да се каже пред шефовите на ЕУ, Борел и Лајчак, пред тројцата најмоќни луѓе во Европа, кажав што сакам, но има работи што можам и ќе ги направам. Не беше лесно да се каже, и се однесував согласно Уставот, рече претседателот на Србија.

Тој посочи дека во ЕУ бараат мерки против Србија, тоа што се случи во Бањска да го прогласат за терористички напад, но не успеаја.

- Ќе има средби на највисоко ниво, верувам дека ќе ги продолжиме разговорите со ЕУ и соработката, но и покрај тоа што многумина се надеваа дека Србија ќе биде казнета и работеа на тоа да биде казнета, се плашам дека ќе остат со кратки раце, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Курти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО appeared first on Република.

]]>

Иако вчера по состанокот во Брисел изјави дека не се разговарало за „потпишување на што било“ претседателот Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк изјави дека Курти вчера направил трик во Брисел, ја претставил идејата заедно да се потпишат три документи, а мислејќи да не примени ништо, тој воопшто не е подготвен да потпише ЗСО. Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да примени сè што не се однесува на признавањето на Косово и членството во ОН, јави дописникот на МИА од Белград.
(Курти) Го изведе тоа вчера за последен пат. Прво имаше средба со лидерите на ЕУ, а потоа и со Борел и Лајчак. Станува збор за вториот, бриселско-охридскиот договор. Тоа го призна бидејќи знаеше дека Србија нема да го признае. Тој не е подготвен да формира ЗСО. Нема да исполни се, јасно е дека тоа беше трик за купување време, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека на овој начин Курти се обидува да го искористи времето и да продолжи со прогонот и малтретирањето на Србите.
Неколку пати им го кажав мојот став на Шолц и на Макрон, но вчера слушнавте дека нема да потпишам. Ми понудија да потпишам, но тоа е сета трик на Курти, повтори Вучиќ. Не е лесно да се каже пред шефовите на ЕУ, Борел и Лајчак, пред тројцата најмоќни луѓе во Европа, кажав што сакам, но има работи што можам и ќе ги направам. Не беше лесно да се каже, и се однесував согласно Уставот, рече претседателот на Србија.
Тој посочи дека во ЕУ бараат мерки против Србија, тоа што се случи во Бањска да го прогласат за терористички напад, но не успеаја. - Ќе има средби на највисоко ниво, верувам дека ќе ги продолжиме разговорите со ЕУ и соработката, но и покрај тоа што многумина се надеваа дека Србија ќе биде казнета и работеа на тоа да биде казнета, се плашам дека ќе остат со кратки раце, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Курти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО appeared first on Република.

]]>
Курти: Ако се потпише предлогот на ЕУ за Заедницата на српски општини, веднаш оди пред косовскиот Уставен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-ako-se-potpishe-predlogot-na-eu-za-zaednitsata-na-srpski-opshtini-vednash-odi-pred-kosovskiot-ustaven/ Fri, 27 Oct 2023 17:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=695677

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, претставен од западните дипломати, веднаш ќе биде проверен од Уставниот суд за да се оцени неговата уставност доколку договорот биде потпишан во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на денешната прес-конференција изјави дека тоа му го кажале и самите западни дипломати, кои минатата сабота беа во посета на Косово и Србија за да го претстават нивниот нацрт-статут, со кој се настојува да се деблокираат преговорите меѓу Косово и Србија по нападот на српска група во северно Косово на 24 септември.

Според Курти, американско-европските емисари рекле дека нацртот на Асоцијацијата е напишан со внимателно водење сметка за структурата на Уставот на Косово.

На 21 октомври ни беше кажано од американско-европските емисари дека нацртот за самоуправување е напишан внимателно според словото и структурата на Уставот и законите на Република Косово и дека доколку се потпише, било предвидено тоа веднаш да го провери Уставниот суд, за тој да ја даде својата оцена за уставноста на овој предлог, рече Курти.

Шефот на косовската влада изјави дека Србија повторно одбила да го потпише договорот, вклучително и нацртот за заедницата.

Тој го обвини Белград за поттикнување насилство и дека стои зад терористичкиот напад на 24 септември во Бањска кај Звечане и информира дека на вчерашната средба со европските лидери во Брисел побарал казна за Србија, „бидејќи неказнувањето станува охрабрување за повторување на злосторството“.

Курти рече и дека побарал екстрадиција на терористите од Србија, со цел тие во Косово да се соочат со правдата.

Изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека не ја прифаќа независноста на Косово, дека се противи на приемот на Косово во ОН и не го прифаќа неговиот територијалниот интегритет, Курти ги оцени како директна закана од Србија и кршење на договорите.

Тој одби да даде детали за новиот европски план, велејќи дека тоа го побарале емисарите.

Го почитуваме барањето на петмината емисари, со кое од нас се бара да не зборуваме конкретно за тоа. Но, најважно е што емисарите изјавија дека тоа го напишале внимателно, имајќи ги предвид Уставот и законот и дека одговорот на секоја дилема секогаш ќе го дава Уставниот суд (на Косово), рече Курти.

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Миослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, престојуваа минатата сабота, на 21 јуни, во Приштина и Белград, каде што пред косовскиот премиер и српскиот претседател го претставија нивниот предлог за статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово.

Основањето на Заедницата се смета за еден од главните предуслови за продолжување на преговорите со посредство на ЕУ за решавање на споровите меѓу Косово и Србија. Меѓутоа, контактите меѓу Приштина и Белград беа целосно прекинати по терористичкиот напад на српска вооружена група во Бањска, во северно Косово, во кој загина еден и беа ранети двајца припадници на косовската полиција, а потоа беа убиени и тројца од напаѓачите, додека остантите пребегнаа во Србија.

The post Курти: Ако се потпише предлогот на ЕУ за Заедницата на српски општини, веднаш оди пред косовскиот Уставен appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, претставен од западните дипломати, веднаш ќе биде проверен од Уставниот суд за да се оцени неговата уставност доколку договорот биде потпишан во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на денешната прес-конференција изјави дека тоа му го кажале и самите западни дипломати, кои минатата сабота беа во посета на Косово и Србија за да го претстават нивниот нацрт-статут, со кој се настојува да се деблокираат преговорите меѓу Косово и Србија по нападот на српска група во северно Косово на 24 септември. Според Курти, американско-европските емисари рекле дека нацртот на Асоцијацијата е напишан со внимателно водење сметка за структурата на Уставот на Косово.
На 21 октомври ни беше кажано од американско-европските емисари дека нацртот за самоуправување е напишан внимателно според словото и структурата на Уставот и законите на Република Косово и дека доколку се потпише, било предвидено тоа веднаш да го провери Уставниот суд, за тој да ја даде својата оцена за уставноста на овој предлог, рече Курти.
Шефот на косовската влада изјави дека Србија повторно одбила да го потпише договорот, вклучително и нацртот за заедницата. Тој го обвини Белград за поттикнување насилство и дека стои зад терористичкиот напад на 24 септември во Бањска кај Звечане и информира дека на вчерашната средба со европските лидери во Брисел побарал казна за Србија, „бидејќи неказнувањето станува охрабрување за повторување на злосторството“. Курти рече и дека побарал екстрадиција на терористите од Србија, со цел тие во Косово да се соочат со правдата. Изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека не ја прифаќа независноста на Косово, дека се противи на приемот на Косово во ОН и не го прифаќа неговиот територијалниот интегритет, Курти ги оцени како директна закана од Србија и кршење на договорите. Тој одби да даде детали за новиот европски план, велејќи дека тоа го побарале емисарите.
Го почитуваме барањето на петмината емисари, со кое од нас се бара да не зборуваме конкретно за тоа. Но, најважно е што емисарите изјавија дека тоа го напишале внимателно, имајќи ги предвид Уставот и законот и дека одговорот на секоја дилема секогаш ќе го дава Уставниот суд (на Косово), рече Курти.
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Миослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, престојуваа минатата сабота, на 21 јуни, во Приштина и Белград, каде што пред косовскиот премиер и српскиот претседател го претставија нивниот предлог за статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово. Основањето на Заедницата се смета за еден од главните предуслови за продолжување на преговорите со посредство на ЕУ за решавање на споровите меѓу Косово и Србија. Меѓутоа, контактите меѓу Приштина и Белград беа целосно прекинати по терористичкиот напад на српска вооружена група во Бањска, во северно Косово, во кој загина еден и беа ранети двајца припадници на косовската полиција, а потоа беа убиени и тројца од напаѓачите, додека остантите пребегнаа во Србија.

The post Курти: Ако се потпише предлогот на ЕУ за Заедницата на српски општини, веднаш оди пред косовскиот Уставен appeared first on Република.

]]>
Косовска опозиција: Курти е во мисија да воведе диктатура и да го уништи Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovska-opozitsija-kurti-e-vo-misija-da-vovede-diktatura-i-da-go-unishti-kosovo/ Fri, 06 Oct 2023 19:34:44 +0000 https://republika.mk/?p=688704

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Абелар Тахири изјави дека однесување на премиерот Албин Курти е директен напад врз парламентарната демократија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изјавата на Тахири уследи откако Курти објави дека одлучил тој и членовите на неговата влада да не одговараат на пратеничките прашања на републичките пратеници кои не гласале за меѓународните договори.

Тахири на прес-конференцијата по собраниската седница посветена на пратенички прашања рече дека тенденцијата на премиерот Курти е „да инсталира диктат врз пратениците во Парламентот“.

Тој го повика собранискиот спикер, Глаук Коњуфца, кој е од редовите на партијата на Курти, Движење самоопределување (ВВ), да преземе мерки против, како што рече, неодговорните луѓе.

Тахири ја критикува и актуелната влада, затоа што, според него, Косово се соочува со бројни неуспеси.

Курти денеска за време на седницата одби да одговори на прашањата на опозициските пратеници и ѝ порача на опозицијата доколку сакаат одговор од него да гласаат за меѓународните договори кои се пренесуваат од седница на седница.

Пратениците на опозициските Демократска партија на Косово (ПДК) и Алијанса за иднината на Косово (ААК) на неколку седници по ред не гласаат за меѓународни договори.

По одбивањето на членовите на Владата да одговорат на пратеничките прашања, пратениците на ААК и на другата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), ја напуштија седницата, додека оние на ПДК останаа во салата, каде што министрите одговараа на прашањата на пратениците од редовите на владејачката ВВ.

Претходно, пратеничката на ПДК, Ганимете Муслиу рече дека е диктатура тоа што Владата им наметнува услови на народните избраници.

- Да дојде Владата и да им поставува услови во парламентот на народните избраници, ова е диктатура. Имав прашање до (министерот за внатрешни работи) Џељаљ Свечља, не го поставувам прашањето, туку го поканувам да дојде од кампот Белведере и да го убеди овој човек овде да гласа за препораките што ги предложи ПДК за косовската полиција. Престанете, оти резил се сторивте пред цел свет, рече Муслиу.

По обраќањето на Курти, реагираше и заменичката претседателка на ААК, Тиме Кадријај, откако министерот за здравство Арбен Витиа не одговори на нејзино прашање.

Таа рече дека Курти не ѝ донел ништо добро на државата Косово, туку е во мисија „да ја уништи косовската држава“.

- Добро е што ти најдовме една нова кауза, но дали гласаше ти за договорот за стабилизирација и асоцијација... Тука си за да ја уништиш косовската држава. Ти не дозволи пратениците да гласаат за косовската полиција. За нас не е ни важно, оди шетај низ Грција, оти никакво добро не ѝ донесе на оваа држава, рече Кадријај.

The post Косовска опозиција: Курти е во мисија да воведе диктатура и да го уништи Косово appeared first on Република.

]]>

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Абелар Тахири изјави дека однесување на премиерот Албин Курти е директен напад врз парламентарната демократија, јави дописникот на МИА од Приштина. Изјавата на Тахири уследи откако Курти објави дека одлучил тој и членовите на неговата влада да не одговараат на пратеничките прашања на републичките пратеници кои не гласале за меѓународните договори. Тахири на прес-конференцијата по собраниската седница посветена на пратенички прашања рече дека тенденцијата на премиерот Курти е „да инсталира диктат врз пратениците во Парламентот“. Тој го повика собранискиот спикер, Глаук Коњуфца, кој е од редовите на партијата на Курти, Движење самоопределување (ВВ), да преземе мерки против, како што рече, неодговорните луѓе. Тахири ја критикува и актуелната влада, затоа што, според него, Косово се соочува со бројни неуспеси. Курти денеска за време на седницата одби да одговори на прашањата на опозициските пратеници и ѝ порача на опозицијата доколку сакаат одговор од него да гласаат за меѓународните договори кои се пренесуваат од седница на седница. Пратениците на опозициските Демократска партија на Косово (ПДК) и Алијанса за иднината на Косово (ААК) на неколку седници по ред не гласаат за меѓународни договори. По одбивањето на членовите на Владата да одговорат на пратеничките прашања, пратениците на ААК и на другата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), ја напуштија седницата, додека оние на ПДК останаа во салата, каде што министрите одговараа на прашањата на пратениците од редовите на владејачката ВВ. Претходно, пратеничката на ПДК, Ганимете Муслиу рече дека е диктатура тоа што Владата им наметнува услови на народните избраници. - Да дојде Владата и да им поставува услови во парламентот на народните избраници, ова е диктатура. Имав прашање до (министерот за внатрешни работи) Џељаљ Свечља, не го поставувам прашањето, туку го поканувам да дојде од кампот Белведере и да го убеди овој човек овде да гласа за препораките што ги предложи ПДК за косовската полиција. Престанете, оти резил се сторивте пред цел свет, рече Муслиу. По обраќањето на Курти, реагираше и заменичката претседателка на ААК, Тиме Кадријај, откако министерот за здравство Арбен Витиа не одговори на нејзино прашање. Таа рече дека Курти не ѝ донел ништо добро на државата Косово, туку е во мисија „да ја уништи косовската држава“. - Добро е што ти најдовме една нова кауза, но дали гласаше ти за договорот за стабилизирација и асоцијација... Тука си за да ја уништиш косовската држава. Ти не дозволи пратениците да гласаат за косовската полиција. За нас не е ни важно, оди шетај низ Грција, оти никакво добро не ѝ донесе на оваа држава, рече Кадријај.

The post Косовска опозиција: Курти е во мисија да воведе диктатура и да го уништи Косово appeared first on Република.

]]>
Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-saratsin-razgovaraa-za-aktuelnata-bezbednosna-sostojba-na-kosovo-po-napadot-vo-banska/ Sun, 01 Oct 2023 18:11:03 +0000 https://republika.mk/?p=686882

Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за безбедносната ситуација на Косово. Тоа е втора посета на Сарацин на Косово во рок од седум дена.

На средбата на која присуствуваше и германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, Курти истакна дека доказите собрани во текот на истрагата спроведена по „криминалниот и терористичкиот напад“ ја докажуваат „директната вмешаност на државните институции на Србија во овој чин на агресија врз Косово“, за што Србија треба да биде меѓународно санкционирана и казнета.

Курти, се додава во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Сарацин за оваа посета и неговиот континуиран и интензивен ангажман

The post Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за безбедносната ситуација на Косово. Тоа е втора посета на Сарацин на Косово во рок од седум дена. На средбата на која присуствуваше и германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, Курти истакна дека доказите собрани во текот на истрагата спроведена по „криминалниот и терористичкиот напад“ ја докажуваат „директната вмешаност на државните институции на Србија во овој чин на агресија врз Косово“, за што Србија треба да биде меѓународно санкционирана и казнета. Курти, се додава во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Сарацин за оваа посета и неговиот континуиран и интензивен ангажман

The post Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска appeared first on Република.

]]>
Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-ni-trebaat-zaednichki-patroli-na-kosovskata-politsija-i-kfor-dolzh-granitsata-so-srbija/ Fri, 29 Sep 2023 12:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=686397

Косовскиот премиер Албин Курти одговори на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама дека мировните сили на НАТО (КФОР) треба да ја преземат контролата врз северно Косово, велејќи дека всушност потребни се заеднички патроли на КФОР и косовската полиција долж границата со Србија.

Изјавата на Курти е дел од интервју за босанскиот медиум Истрага, кое во целост треба да биде објавено в недела, пренесува „Клан Косова“.

„Во врска со предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за КФОР да ја преземе контролата врз северно Косово: Ни требаат заеднички патроли на нашата (косовска) полиција и КФОР долж границата меѓу Косово и Србија. (...) Насекаде во Косово, прва реагираше нашата полиција, потоа (мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово) ЕУЛЕКС, а дури потоа и КФОР. И мислам дека оваа формула не треба да се менува“, изјави Курти за „Истрага“, пренесува Клан Косова.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети"

Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.

The post Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти одговори на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама дека мировните сили на НАТО (КФОР) треба да ја преземат контролата врз северно Косово, велејќи дека всушност потребни се заеднички патроли на КФОР и косовската полиција долж границата со Србија. Изјавата на Курти е дел од интервју за босанскиот медиум Истрага, кое во целост треба да биде објавено в недела, пренесува „Клан Косова“.
„Во врска со предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за КФОР да ја преземе контролата врз северно Косово: Ни требаат заеднички патроли на нашата (косовска) полиција и КФОР долж границата меѓу Косово и Србија. (...) Насекаде во Косово, прва реагираше нашата полиција, потоа (мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово) ЕУЛЕКС, а дури потоа и КФОР. И мислам дека оваа формула не треба да се менува“, изјави Курти за „Истрага“, пренесува Клан Косова.
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети" Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.

The post Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија appeared first on Република.

]]>
Курти: Борел и Лајчак беа синхронизирани со Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-borel-i-lajchak-bea-sinhronizirani-so-vuchik-na-sredbata-vo-brisel-na-14-septemvri/ Mon, 18 Sep 2023 10:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=682857

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и посредникот во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак биле синхронизирани и во координација со српскиот претседател, Александар Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција, на која информираше за средбата која заврши без резултати, Курти рече дека Борел и Лајчак го изложиле на сценарио кое претходно го дизајнирале со цел формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство да го стават во фокусот на основниот договор, без да предвидат спроведување на другите делови од договорите меѓу Приштина и Белград.

Курти рече дека тоа категорично го отфрлил, понудувајќи конкретен план за последователно спроведување на договорот врз основа на сеопфатниот принцип.

Понудив конкретен предлог за целосна имплементација на основниот договор за сеопфатниот принцип, каде што се спроведува секој дел од овој договор. Меѓутоа, на средбата беше побарано од мене да преминам на преговарачки процес за изготвување на статутот на Заедницата, но јас јасно им ставив до знаење на европските претставници дека целиот договор треба целосно да се спроведе и да не се фокусира на една точка, рече Курти.

Според него, на средбата во Брисел се отиде „предалеку во напаѓање на иднината на Косово“.

Тие отидоа предалеку во напаѓање на иднината на Косово. Во поканата за средбата не беше дефинирана конкретна точка од дневниот ред, туку таму се зборуваше за планот за имплементација на постигнатиот договор. Нашиот предлог се засноваше на принципот на инклузивност што значеше дека секој член треба да биде вклучен во планот за имплементација. Не сум јас тој што го открил принципот на сеопфатност, рече Курти.

The post Курти: Борел и Лајчак беа синхронизирани со Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и посредникот во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак биле синхронизирани и во координација со српскиот претседател, Александар Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција, на која информираше за средбата која заврши без резултати, Курти рече дека Борел и Лајчак го изложиле на сценарио кое претходно го дизајнирале со цел формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство да го стават во фокусот на основниот договор, без да предвидат спроведување на другите делови од договорите меѓу Приштина и Белград. Курти рече дека тоа категорично го отфрлил, понудувајќи конкретен план за последователно спроведување на договорот врз основа на сеопфатниот принцип.
Понудив конкретен предлог за целосна имплементација на основниот договор за сеопфатниот принцип, каде што се спроведува секој дел од овој договор. Меѓутоа, на средбата беше побарано од мене да преминам на преговарачки процес за изготвување на статутот на Заедницата, но јас јасно им ставив до знаење на европските претставници дека целиот договор треба целосно да се спроведе и да не се фокусира на една точка, рече Курти.
Според него, на средбата во Брисел се отиде „предалеку во напаѓање на иднината на Косово“.
Тие отидоа предалеку во напаѓање на иднината на Косово. Во поканата за средбата не беше дефинирана конкретна точка од дневниот ред, туку таму се зборуваше за планот за имплементација на постигнатиот договор. Нашиот предлог се засноваше на принципот на инклузивност што значеше дека секој член треба да биде вклучен во планот за имплементација. Не сум јас тој што го открил принципот на сеопфатност, рече Курти.

The post Курти: Борел и Лајчак беа синхронизирани со Вучиќ на средбата во Брисел на 14 септември appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-razgovorite-vo-brisel-ke-bidat-teshki-kurti-ne-saka-sproveduvane-na-briselskiot-dogovor/ Tue, 12 Sep 2023 08:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=681150

Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.

Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.

Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација.

Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.

Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи, изјави српската премиерка.

Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.

The post Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.
Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.
Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација. Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.
Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи, изјави српската премиерка.
Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.

The post Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за „создавање Голема Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-kurti-nema-da-zapre-so-politikata-za-sozdavane-golema-albanija/ Fri, 18 Aug 2023 07:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=673232

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во интервју за РТС дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.

„Албин Курти нема да застане тука. Кој мисли дека има начин да го запре господинот Курти – нема начин за тоа прашање. Нема начин да го постигне тоа, но постои начин да не го постигне тоа бидејќи вие во одреден момент ќе му се спротивставите“, рече Вучиќ

Зборувајќи за посетата на Курти на Тетово и Скопје, Вучиќ изјави дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува.

„Тие што го штитат, особено во Белград, велат дека сум бил во Приједор. Па, бев, но бев најавен како претседател на Србија, не како претседател на сите Срби. Не како премиер на сите Албанци, како Албин Курти“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека „Западот молчи“ затоа што не ги интересира приказната.

The post Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за „создавање Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во интервју за РТС дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.
„Албин Курти нема да застане тука. Кој мисли дека има начин да го запре господинот Курти – нема начин за тоа прашање. Нема начин да го постигне тоа, но постои начин да не го постигне тоа бидејќи вие во одреден момент ќе му се спротивставите“, рече Вучиќ Зборувајќи за посетата на Курти на Тетово и Скопје, Вучиќ изјави дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува. „Тие што го штитат, особено во Белград, велат дека сум бил во Приједор. Па, бев, но бев најавен како претседател на Србија, не како претседател на сите Срби. Не како премиер на сите Албанци, како Албин Курти“, рече Вучиќ. Вучиќ рече дека „Западот молчи“ затоа што не ги интересира приказната.

The post Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за „создавање Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>
Кабинетот на Ковачевски по посетата на Курти го контактирал косовскиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabinetot-na-kovachevski-po-posetata-na-kurti-go-kontaktiral-kosovskiot-ambasador/ Sat, 12 Aug 2023 19:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=671486

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски информира дека по посета на премиерот на Косово, Албин Курти, е контактирано со косовскиот амбасадор. Од таму коментираат дека се работи за приватна посета на која Владата не била организатор, како и на тоа дека се бара истакнувачот на знамето на „Голема Албанија“ во Тетово.

„Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Дополнително ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата.“, информираат од таму.

Од кабинетот го осудуваат и тоа што не е интонирана македонската државна химна и не било истакнато македонското државно знаме, како и на отсуството на заемно почитување. Коментар има и за настанот со улицата во Чаир.

Дополнително, иако локалната самоуправа во Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада. Посочуваме дека локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури“, се вели уште во реакцијата.

The post Кабинетот на Ковачевски по посетата на Курти го контактирал косовскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски информира дека по посета на премиерот на Косово, Албин Курти, е контактирано со косовскиот амбасадор. Од таму коментираат дека се работи за приватна посета на која Владата не била организатор, како и на тоа дека се бара истакнувачот на знамето на „Голема Албанија“ во Тетово. „Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Дополнително ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата.“, информираат од таму.
Од кабинетот го осудуваат и тоа што не е интонирана македонската државна химна и не било истакнато македонското државно знаме, како и на отсуството на заемно почитување. Коментар има и за настанот со улицата во Чаир.
Дополнително, иако локалната самоуправа во Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада. Посочуваме дека локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури“, се вели уште во реакцијата.

The post Кабинетот на Ковачевски по посетата на Курти го контактирал косовскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>
Физичка пресметка во косовскиот парламент, Курти испрскан со вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/fizichka-presmetka-vo-kosovskiot-parlament-kurti-isprskan-so-voda/ Thu, 13 Jul 2023 10:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=660806

На денешната седница на Собранието на  Косово дошло до физичка пресметка меѓу претставници на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии.

Како што јавија приштинските медиуми, инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Албин Курти. Не се знае точно што се случило, но во еден момент Курти бил полеан со вода и почнале да се собираат пратеници, по што настанала тепачка, пишува Коха. Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца побарал интевренција од полицијата .

The post Физичка пресметка во косовскиот парламент, Курти испрскан со вода appeared first on Република.

Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-kurti-e-najsmeshniot-i-najshtetniot-politichar-vo-ponovata-istorija-na-kosovo/ Tue, 11 Jul 2023 08:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=659929

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти е „најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај напиша дека Курти изградил „кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена“.

Албин Курти изгради кула од карти! Безбројните скандали на министрите и најблиските соработници на Албин Курти; курсот на наводен „тврд политичар“ на самиот Албин и неговото повлекување од сè што ветил во животот, го прават него најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово. Сè што има направено Курти во неговиот политички живот е тоа дека има изградено кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена, напиша Харадинај.

Реакцијата на поранешниот премиер уследи по изјавата на шефицата на косовската дипломатија и вицепремиерка, Доника Грвала, дадена на безбедносната конференција во Дубровник, дека „Европската унија, без САД и НАТО, е само еден тигар од хартија“ и по објавувањето на снимките на разговорите на Мимоза Кусари-Лила, шефица на пратеничката група на партијата на Курти, Движење самоопределување, со лидерот на партијата Српска листа, Славко Симиќ. Во разговорот со Симиќ, Кусари-Лила потврдува дека за политички прашања контактирала со Милан Ракиќ, политичар од редовите на косовските Срби за кого се покренати кривични пријави за разни злоупотреби и кој, според приштинските медиуми, се сомничи за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ.

The post Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти е „најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај напиша дека Курти изградил „кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена“.
Албин Курти изгради кула од карти! Безбројните скандали на министрите и најблиските соработници на Албин Курти; курсот на наводен „тврд политичар“ на самиот Албин и неговото повлекување од сè што ветил во животот, го прават него најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово. Сè што има направено Курти во неговиот политички живот е тоа дека има изградено кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена, напиша Харадинај.
Реакцијата на поранешниот премиер уследи по изјавата на шефицата на косовската дипломатија и вицепремиерка, Доника Грвала, дадена на безбедносната конференција во Дубровник, дека „Европската унија, без САД и НАТО, е само еден тигар од хартија“ и по објавувањето на снимките на разговорите на Мимоза Кусари-Лила, шефица на пратеничката група на партијата на Курти, Движење самоопределување, со лидерот на партијата Српска листа, Славко Симиќ. Во разговорот со Симиќ, Кусари-Лила потврдува дека за политички прашања контактирала со Милан Ракиќ, политичар од редовите на косовските Срби за кого се покренати кривични пријави за разни злоупотреби и кој, според приштинските медиуми, се сомничи за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ.

The post Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово appeared first on Република.

]]>
Курти претстави чекори за деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-pretstavi-chekori-za-deeskalatsija-na-situatsijata-vo-severniot-del-od-kosovo/ Thu, 29 Jun 2023 14:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=656496

Косовскиот премиер Албин Курти, во видео објавено непосредно пред почетокот на самитот на ЕУ, претстави четири чекори за деескалација на ситуацијата во деверниот дел од државата. Во видео порака на англиски јазик, Курти нагласува дека тие „четири чекори“ ги претставил на последната средба во Брисел.

Тој тврди дека Приштина е подготвена да придонесе за деескалација и да се заложи за конкретни чекори во таа насока.

Како прв чекор тој наведува дека Приштина е подготвена да се заложи за намалување на присуството на косовската полиција во општинските згради и нивната околина, како што наведе, „постепено и пропорционално со намалувањето на насилството“.

Вториот чекор што го презентира Курти е целосен пристап до судските процеси на сторителите на насилство и следење на процесот од страна на ЕУЛЕКС и заинтересираните невладини организации за човекови права.

Како трет чекор, тој ги споменува предвремените избори во четири општини на северот на Република Косово, кои би се одржале по петицијата за отповикување поддржана од најмалку 20 отсто од гласачкото тело. Откако ќе потврди дека се исполнети условите, датумот на изборите ќе го одреди претседателот.

Како четврти чекор Курти наведува дека четворицата градоначалници на северот на Република Косово ќе ги предадат своите овластувања на новите градоначалници по верификацијата од ЦИК, во согласност со законодавството на Косово.

Курти понатаму наведува дека од Белград очекува четири чекори, од кои првиот е повлекување, како што наведува, на „насилните демонстранти“ од општинските згради и околината.

Како втор чекор што го очекува од Белград, Курти ја нагласува посветеноста на соработка во судските постапки против сторителите, со мониторинг од ЕУЛЕКС и целосни гаранции за правично судење.
Како трет чекор, Курти очекува Белград да ја намали подготвеноста на вооружените сили на ниско ниво, без нови распоредувања на војници и отстранување на 48 оперативни бази.

Како четврти чекор, Курти наведува дека Белград не треба да се меша во правото на Србите и на сите политички партии да учествуваат слободно, без, како што наведува, „какво било заплашување, принуда или коруптивно влијание“, во процесот на локалните избори на Косово.

Курти додава дека Белград и Приштина мора да се обврзат целосно да ги почитуваат правилата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес и усогласеноста со законодавството на ЕУ за регионална слободна трговија во согласност со постигнатите договори.

Тој наведува и дека Приштина е посветена на интензивен дијалог за целосно, безусловно, избалансирано и правилно спроведување на Основниот договор и Анексот за имплементација.

The post Курти претстави чекори за деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти, во видео објавено непосредно пред почетокот на самитот на ЕУ, претстави четири чекори за деескалација на ситуацијата во деверниот дел од државата. Во видео порака на англиски јазик, Курти нагласува дека тие „четири чекори“ ги претставил на последната средба во Брисел. Тој тврди дека Приштина е подготвена да придонесе за деескалација и да се заложи за конкретни чекори во таа насока. Како прв чекор тој наведува дека Приштина е подготвена да се заложи за намалување на присуството на косовската полиција во општинските згради и нивната околина, како што наведе, „постепено и пропорционално со намалувањето на насилството“. Вториот чекор што го презентира Курти е целосен пристап до судските процеси на сторителите на насилство и следење на процесот од страна на ЕУЛЕКС и заинтересираните невладини организации за човекови права. Како трет чекор, тој ги споменува предвремените избори во четири општини на северот на Република Косово, кои би се одржале по петицијата за отповикување поддржана од најмалку 20 отсто од гласачкото тело. Откако ќе потврди дека се исполнети условите, датумот на изборите ќе го одреди претседателот. Како четврти чекор Курти наведува дека четворицата градоначалници на северот на Република Косово ќе ги предадат своите овластувања на новите градоначалници по верификацијата од ЦИК, во согласност со законодавството на Косово. Курти понатаму наведува дека од Белград очекува четири чекори, од кои првиот е повлекување, како што наведува, на „насилните демонстранти“ од општинските згради и околината. Како втор чекор што го очекува од Белград, Курти ја нагласува посветеноста на соработка во судските постапки против сторителите, со мониторинг од ЕУЛЕКС и целосни гаранции за правично судење. Како трет чекор, Курти очекува Белград да ја намали подготвеноста на вооружените сили на ниско ниво, без нови распоредувања на војници и отстранување на 48 оперативни бази. Како четврти чекор, Курти наведува дека Белград не треба да се меша во правото на Србите и на сите политички партии да учествуваат слободно, без, како што наведува, „какво било заплашување, принуда или коруптивно влијание“, во процесот на локалните избори на Косово. Курти додава дека Белград и Приштина мора да се обврзат целосно да ги почитуваат правилата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес и усогласеноста со законодавството на ЕУ за регионална слободна трговија во согласност со постигнатите договори. Тој наведува и дека Приштина е посветена на интензивен дијалог за целосно, безусловно, избалансирано и правилно спроведување на Основниот договор и Анексот за имплементација.

The post Курти претстави чекори за деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово appeared first on Република.

]]>
Курти со апел до Србија: Престанете со нападите пред да настрада некој https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-so-apel-do-srbija-prestanete-so-napadite-pred-da-nastrada-nekoj/ Tue, 27 Jun 2023 10:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=655639

Косовскиот премиер Албин Курти ја повика Србија „веднаш да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Апелот на Курти уследи по синоќешниот напад со експлозивни средства во Северена Митровица, кога две рачни гранати беа фрлени во дворот на тамошната општина.

Тој на својот Твитер напиша дека во нападот немало повредени лица, но дека лесно можело да се случи некој да настрада.

Синоќа зградата на општината во Северна Митровица беше нападната со две рачни гранати, предизвикувајќи оштетувања на возилата кои се наоѓаа во близина. За среќа ниедно лице не е повредено, но тоа лесно можеше да се случи. Ја повикувам Србија веднаш да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот, напиша Курти.

Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли, откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.

The post Курти со апел до Србија: Престанете со нападите пред да настрада некој appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти ја повика Србија „веднаш да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот“, јави дописникот на МИА од Приштина. Апелот на Курти уследи по синоќешниот напад со експлозивни средства во Северена Митровица, кога две рачни гранати беа фрлени во дворот на тамошната општина. Тој на својот Твитер напиша дека во нападот немало повредени лица, но дека лесно можело да се случи некој да настрада.
Синоќа зградата на општината во Северна Митровица беше нападната со две рачни гранати, предизвикувајќи оштетувања на возилата кои се наоѓаа во близина. За среќа ниедно лице не е повредено, но тоа лесно можеше да се случи. Ја повикувам Србија веднаш да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот, напиша Курти.
Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли, откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.

The post Курти со апел до Србија: Престанете со нападите пред да настрада некој appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Курти – Блинкен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/telefonski-razgovor-kurti-blinken/ Tue, 27 Jun 2023 07:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=655532

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово и нормализацијата на односите со Србија, соопшти Владата на Косово.

Курти и Блинкен разговараа за дијалогот со канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел за деескалација и нормализација, како и за средбата во четвртокот минатата недела „која не стана трилатерална поради неподготвеноста на претседателот на Србија. Александар Вучиќ, се вели во соопштението.

„Премиерот Курти и секретарот Блинкен разговараа за ситуацијата во четирите северни општини на Косово, за нови избори на кои мора да им претходи владеење на правото, за насилните екстремисти кои ги нападнаа војниците на КФОР, косовската полиција и новинарите, за тројцата заменици градоначалници на Србите во општините Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица“, соопшти косовската влада.

Курти го информирал американскиот државен секретар за ослободување на тројцата припадници на косовската полиција

Се додава дека и двајцата се согласиле да останат во редовна и честа комуникација „со цел мир и безбедност на Косово и нормализација на односите со Србија“

The post Телефонски разговор Курти – Блинкен appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово и нормализацијата на односите со Србија, соопшти Владата на Косово. Курти и Блинкен разговараа за дијалогот со канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел за деескалација и нормализација, како и за средбата во четвртокот минатата недела „која не стана трилатерална поради неподготвеноста на претседателот на Србија. Александар Вучиќ, се вели во соопштението.
„Премиерот Курти и секретарот Блинкен разговараа за ситуацијата во четирите северни општини на Косово, за нови избори на кои мора да им претходи владеење на правото, за насилните екстремисти кои ги нападнаа војниците на КФОР, косовската полиција и новинарите, за тројцата заменици градоначалници на Србите во општините Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица“, соопшти косовската влада.
Курти го информирал американскиот државен секретар за ослободување на тројцата припадници на косовската полиција Се додава дека и двајцата се согласиле да останат во редовна и честа комуникација „со цел мир и безбедност на Косово и нормализација на односите со Србија“

The post Телефонски разговор Курти – Блинкен appeared first on Република.

]]>
Во поплавите во Пеќ загинаа мајка и дете, Курти вети поддршка за справување со последиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-poplavite-vo-pek-zaginaa-majka-i-dete-kurti-veti-poddrshka-za-spravuvane-so-posleditsite/ Sun, 25 Jun 2023 13:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=654949

Петгодишно дете и неговата мајка загинаа во синоќешното невреме во косовскиот град Пеќ.

Откако потврди дека се удавило петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Ќешме“.

Градоначалникот на Пеќ Газменд Мухаџери изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете.

„Ова е сериозна и горчлива ситуација за нашиот град. Во ова тешко време, изразувам сочувство и целосна солидарност. Се надевам дека ќе имаат сила да ја надминат оваа ситуација“, порача Мухаџери на Фејсбук.

Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја следат состојбата предизвикана од поплавите.

Премиерот на Република Косово Албин Курти, реагираше на немилиот настан во Пеќ и преку социјалната мрежа Фејсбук ја изрази својата длабока тага поради оваа трагедија. Тој посочи дека загубата на животи е голем удар за Косово и изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите. На повредените им посака брзо закрепнување.

Курти истакна дека Владата на Косово е ангажирана за справување со последиците од поплавите и дека ги мобилизирала своите капацитети во соработка со Косовските безбедносни сили и Агенцијата за вонредни состојби.

Министерот за одбрана Арменд Мехај, министерот за внатрешни работи Џелал Свечља и министерот за локална самоуправа Ељберт Красниќи се во контакт со општина Пеќ со цел да се координираат активностите и да се обезбеди потребната поддршка.

Курти истакна дека Владата ќе вложи напори за разрешување на ситуацијата и ќе ја даде сета потребна поддршка за граѓаните погодени од поплавите. Тој вети дека Владата и надлежните институции ќе се ангажираат на терен за да им се пружи помош и поддршка на ранливите подрачја.

The post Во поплавите во Пеќ загинаа мајка и дете, Курти вети поддршка за справување со последиците appeared first on Република.

]]>

Петгодишно дете и неговата мајка загинаа во синоќешното невреме во косовскиот град Пеќ. Откако потврди дека се удавило петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Ќешме“. Градоначалникот на Пеќ Газменд Мухаџери изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете.
„Ова е сериозна и горчлива ситуација за нашиот град. Во ова тешко време, изразувам сочувство и целосна солидарност. Се надевам дека ќе имаат сила да ја надминат оваа ситуација“, порача Мухаџери на Фејсбук.
Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја следат состојбата предизвикана од поплавите. Премиерот на Република Косово Албин Курти, реагираше на немилиот настан во Пеќ и преку социјалната мрежа Фејсбук ја изрази својата длабока тага поради оваа трагедија. Тој посочи дека загубата на животи е голем удар за Косово и изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите. На повредените им посака брзо закрепнување. Курти истакна дека Владата на Косово е ангажирана за справување со последиците од поплавите и дека ги мобилизирала своите капацитети во соработка со Косовските безбедносни сили и Агенцијата за вонредни состојби. Министерот за одбрана Арменд Мехај, министерот за внатрешни работи Џелал Свечља и министерот за локална самоуправа Ељберт Красниќи се во контакт со општина Пеќ со цел да се координираат активностите и да се обезбеди потребната поддршка. Курти истакна дека Владата ќе вложи напори за разрешување на ситуацијата и ќе ја даде сета потребна поддршка за граѓаните погодени од поплавите. Тој вети дека Владата и надлежните институции ќе се ангажираат на терен за да им се пружи помош и поддршка на ранливите подрачја.

The post Во поплавите во Пеќ загинаа мајка и дете, Курти вети поддршка за справување со последиците appeared first on Република.

]]>
Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје на Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkovik-nashite-sluzhbi-ja-utvrdija-vistinskata-namera-na-kurti-sakaat-da-im-podmetnat-oruzhje-na-srbite/ Sat, 24 Jun 2023 09:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=654653

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на вонредна прес конференција изјави дека „српските служби ги откриле намерите на институциите на Приштина“, дека во тек е „општа информативна војна“ со намера да и се наштети на Србија, да се спречи какво било продолжување на дијалогот и најави „интензивни средби на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и војската“, и обраќање на Вучиќ на јавноста во рок од 24 часа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Синоќа во 19 часот и 40 минути голем број членови на Роса упаднаа во населбата Колонија во Звечан. Еден час подоцна Свечија објави дека е пронајден автомобил со регистарска табличка BG955ЈW и објави дека е пронајдено одредено количество оружје и експлозив и дека Белград стои зад плановите за терористички напади врз граѓаните и институциите на Косово, рече Петковиќ и додаде дека Свечија го нападнал Белград без никакви докази.

„Нашите служби утврдија кои се вистинските намери на Приштина и за тоа информиравме одредени разузнавачки служби и најголемата сила во светот. Ова е доказ кој покажува дека планот на Албин Курти и Приштина бил оружјето што го собрале од луѓе кои немале дозволи, да го подметнат на Србите за да тоа биде причина за нови апсења„, рече Петковиќ.

„БИА (Безбедносно-инфоративната агенција), многу пред синоќешната акција во Звечан, ја информираше најважната разузнавачка служба во светот дека властите во Приштина се подготвуваат претходно запленетото оружје пред Видовден да го подметнат како изговор за нови апсења и напади врз Србите на северот на Косово“ додаде тој.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во рок од 24 часа ќе и се обрати на јавноста во врска со последните настани на Косово, а во тек се интензивни средби меѓу Вучиќ и воениот врв и дека натамошните одлуки ќе бидат донесени во согласност со развојот на ситуацијата.

-Ќе се бориме да го зачуваме мирот и ќе направиме апсолутно се за да и покажеме на светот и на домашната јавност со какви измами се соочуваме, кои имаат за цел да ја ослабнат Србија и да предизвикаат нови инциденти и да создадат простор за неоправдани апсења на северот на Косово, создавајќи нови кризи и воведувајќи нови конфликти. Зад ова секако стојат големи сили кои им помагаат на Курти и на Приштина, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје на Србите appeared first on Република.

]]>

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на вонредна прес конференција изјави дека „српските служби ги откриле намерите на институциите на Приштина“, дека во тек е „општа информативна војна“ со намера да и се наштети на Србија, да се спречи какво било продолжување на дијалогот и најави „интензивни средби на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и војската“, и обраќање на Вучиќ на јавноста во рок од 24 часа, јави дописникот на МИА од Белград.
-Синоќа во 19 часот и 40 минути голем број членови на Роса упаднаа во населбата Колонија во Звечан. Еден час подоцна Свечија објави дека е пронајден автомобил со регистарска табличка BG955ЈW и објави дека е пронајдено одредено количество оружје и експлозив и дека Белград стои зад плановите за терористички напади врз граѓаните и институциите на Косово, рече Петковиќ и додаде дека Свечија го нападнал Белград без никакви докази. „Нашите служби утврдија кои се вистинските намери на Приштина и за тоа информиравме одредени разузнавачки служби и најголемата сила во светот. Ова е доказ кој покажува дека планот на Албин Курти и Приштина бил оружјето што го собрале од луѓе кои немале дозволи, да го подметнат на Србите за да тоа биде причина за нови апсења„, рече Петковиќ. „БИА (Безбедносно-инфоративната агенција), многу пред синоќешната акција во Звечан, ја информираше најважната разузнавачка служба во светот дека властите во Приштина се подготвуваат претходно запленетото оружје пред Видовден да го подметнат како изговор за нови апсења и напади врз Србите на северот на Косово“ додаде тој.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во рок од 24 часа ќе и се обрати на јавноста во врска со последните настани на Косово, а во тек се интензивни средби меѓу Вучиќ и воениот врв и дека натамошните одлуки ќе бидат донесени во согласност со развојот на ситуацијата.
-Ќе се бориме да го зачуваме мирот и ќе направиме апсолутно се за да и покажеме на светот и на домашната јавност со какви измами се соочуваме, кои имаат за цел да ја ослабнат Србија и да предизвикаат нови инциденти и да создадат простор за неоправдани апсења на северот на Косово, создавајќи нови кризи и воведувајќи нови конфликти. Зад ова секако стојат големи сили кои им помагаат на Курти и на Приштина, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје на Србите appeared first on Република.

]]>
Рама призна дека односите со Курти не се како порано и соопшти дека упатил писмо до Макрон и Шолц https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-prizna-deka-odnosite-so-kurti-ne-se-kako-porano-i-soopshti-deka-upatil-pismo-do-makron-i-sholts/ Fri, 23 Jun 2023 17:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=654519

Албанскиот премиер Еди Рама на попладневната прес конференција главно посветена на состојбата на Косово, рече дека „Албанија не е и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово“.

Додаде дека нема личен проблем со косовскиот премиер Албин Курти, но по последните коментари кога го отфрли нацртот за формирање на ЗСО предложена од него, со аргумент „нека му го претстави на Белград за Прешевската Долина", работите меѓу земјите веќе не се како што треба.

Според Рама, доколку Албанија се смета за „големиот брат“ на Косово, нејзината обврска е да ги каже работите отворено онакви какви што се. А вистината, според Рама, е дека работите за Косово во неговите меѓународни односи се многу лоши.

За мене е многу јасно што се случи. Албин не сакаше директно соочување на оваа тема бидејќи Албин чита анкети и е задоволен што неговите поени растат. Меѓутоа, Албанија не е нотар и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово. Уште повеќе кога Албанија ја сметаат за „голем брат“ на Косово, како што велат, не јас, затоа што никогаш не сум рекол такво нешто. Наша должност е да ја кажеме вистината и да стоиме на своето. Албанија е посебна земја која има свои интереси, изјави Рама.

Оцени дека договорите што беа готови за потпишување „можеа исто така да се потпишат без потреба да се приредува шоу како работите да се нормални".

Но, работите не се нормални, лоши се и правам се за да го избегнам најлошото. Во име на албанската влада даваме се од себе. Но, ако дојде денот да се разговара за лојалноста на партнерите со Косово, тоа е многу лошо. Сметам дека е страшно што се замрзнаа одредени програми за соработка на ЕУ со Косово. Во овој случај, катастрофа е да се прекинат врските со евроатлантската заедница, смета тој, кој изрази подготвеност дека во секој момент е подготвен за средба со Курти.

Рама и порача на Србија дека нема да се разговара за ниту едно прашање освен за ослободување на тројцата полицајци, додавајќи дека „ваквата состојба е штетна за регионот, за процесот на Отворен Балкан и за самата Србија".

Нема средба, нема друг развој што се однесува до Отворен Балкан, се додека полицајците се во затвор, предупреди Рама, додавајќи дека конфликти се Балканот се во корист на Путин и Русија.

Соопшти дека завчера го испратил второто писмо до претседателот Макрон, канцеларот Шолц и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во кое ја подвлекол неопходноста од реализација на француско-германскиот план, со поддршка од САД.

The post Рама призна дека односите со Курти не се како порано и соопшти дека упатил писмо до Макрон и Шолц appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама на попладневната прес конференција главно посветена на состојбата на Косово, рече дека „Албанија не е и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово“. Додаде дека нема личен проблем со косовскиот премиер Албин Курти, но по последните коментари кога го отфрли нацртот за формирање на ЗСО предложена од него, со аргумент „нека му го претстави на Белград за Прешевската Долина", работите меѓу земјите веќе не се како што треба. Според Рама, доколку Албанија се смета за „големиот брат“ на Косово, нејзината обврска е да ги каже работите отворено онакви какви што се. А вистината, според Рама, е дека работите за Косово во неговите меѓународни односи се многу лоши.