курска област Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurska-oblast/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 14:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png курска област Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurska-oblast/ 32 32 Дали војници од Северна Кореја се борат за Русија во Курск? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-vojnitsi-od-severna-koreja-se-borat-za-rusija-vo-kursk/ Mon, 28 Oct 2024 14:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=831754

Можам да потврдам дека војници од Северна Кореја се испратени во Русија, а севернокорејски воени единици се распоредени во областа на Курск, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Според него, распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија претставува значајна ескалација на тековното вклучување на Северна Кореја во илегалната руска агресија, уште едно прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и опасно проширување на војната.

- НАТО ги повикува Русија и Северна Кореја веднаш да престанат со овие акции, изјави Руте по заседанието на Северноатлантскиот совет на кое учествуваше и делегација на Јужна Кореја и на кое, како што нагласи, се расправало за „зголемената вмешаност на Северна Кореја во илегалната агресивна војна на Русија против Украина“.

Јужнокорејската делегација вклучувала високи претставници од Националната разузнавачка служба и на Министерството за национална одбрана на земјата, кои заедно со некои од сојузниците од НАТО ги споделиле своите разузнавачки проценки.

- Продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана и за индо-пацифичката и евроатлантската безбедност. Таа го поткопува мирот на Корејскиот Полуостров и ја поттикнува руската војна против Украина. Пјонгјанг веќе и достави на Русија милиони парчиња муниција и балистички ракети кои поттикнуваат голем конфликт во срцето на Европа и ги поткопуваат глобалниот мир и безбедност, рече Руте.

Според него, во замена, рускиот претседател Владимир Путин и дава на Северна Кореја воена технологија и друга поддршка за заобиколување на меѓународните санкции.

- Ова ја покажува важноста демократиите да стојат заедно за да ги поддржуваат нашите вредности и да се соочат со нашите заеднички безбедносни предизвици. Распоредувањето на севернокорејските трупи во Курск е исто така знак за растечкиот очај на Путин, додаде Руте.

Тој истакна дека над 600.000 руски војници се убиени или ранети во „војната на Путин“ и тој не може да го издржи нападот врз Украина без странска поддршка, бидејќи Украинците возвраќаат со храброст, издржливост и генијалност.

- Сојузниците на НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат слободна и демократска Украина, бидејќи безбедноста на Украина е наша безбедност. Денеска разговаравме за потребата од дополнително зајакнување на воената поддршка за Украина. Активно се консултираме во рамките на Алијансата, со Украина и со нашите индо-пацифички партнери за овие случувања и продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата, изјави Руте, информирајќи дека за денеска има закажано разговори со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров

The post Дали војници од Северна Кореја се борат за Русија во Курск? appeared first on Република.

]]>

Можам да потврдам дека војници од Северна Кореја се испратени во Русија, а севернокорејски воени единици се распоредени во областа на Курск, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според него, распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија претставува значајна ескалација на тековното вклучување на Северна Кореја во илегалната руска агресија, уште едно прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и опасно проширување на војната.
- НАТО ги повикува Русија и Северна Кореја веднаш да престанат со овие акции, изјави Руте по заседанието на Северноатлантскиот совет на кое учествуваше и делегација на Јужна Кореја и на кое, како што нагласи, се расправало за „зголемената вмешаност на Северна Кореја во илегалната агресивна војна на Русија против Украина“.
Јужнокорејската делегација вклучувала високи претставници од Националната разузнавачка служба и на Министерството за национална одбрана на земјата, кои заедно со некои од сојузниците од НАТО ги споделиле своите разузнавачки проценки.
- Продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана и за индо-пацифичката и евроатлантската безбедност. Таа го поткопува мирот на Корејскиот Полуостров и ја поттикнува руската војна против Украина. Пјонгјанг веќе и достави на Русија милиони парчиња муниција и балистички ракети кои поттикнуваат голем конфликт во срцето на Европа и ги поткопуваат глобалниот мир и безбедност, рече Руте.
Според него, во замена, рускиот претседател Владимир Путин и дава на Северна Кореја воена технологија и друга поддршка за заобиколување на меѓународните санкции.
- Ова ја покажува важноста демократиите да стојат заедно за да ги поддржуваат нашите вредности и да се соочат со нашите заеднички безбедносни предизвици. Распоредувањето на севернокорејските трупи во Курск е исто така знак за растечкиот очај на Путин, додаде Руте.
Тој истакна дека над 600.000 руски војници се убиени или ранети во „војната на Путин“ и тој не може да го издржи нападот врз Украина без странска поддршка, бидејќи Украинците возвраќаат со храброст, издржливост и генијалност.
- Сојузниците на НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат слободна и демократска Украина, бидејќи безбедноста на Украина е наша безбедност. Денеска разговаравме за потребата од дополнително зајакнување на воената поддршка за Украина. Активно се консултираме во рамките на Алијансата, со Украина и со нашите индо-пацифички партнери за овие случувања и продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата, изјави Руте, информирајќи дека за денеска има закажано разговори со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров

The post Дали војници од Северна Кореја се борат за Русија во Курск? appeared first on Република.

]]>
Жена митралезец се бори на фронтот во Курск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhena-mitralezets-se-bori-na-frontot-vo-kursk/ Sun, 27 Oct 2024 17:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=831455

Во Курската област, борците на руските Воено-десантни сили (ВДВ) заробија жена митралезец од Вооружените сили на Украина (АФУ) од група која била на обука во Англија.

За време на испрашувањето, Наталија рекла дека во нејзината група имало 60 луѓе, кои имале позиции од болничари до снајперисти. Сите тие за време на мобилизацијата завршија во вооружените сили на Украина.

The post Жена митралезец се бори на фронтот во Курск appeared first on Република.

]]>

Во Курската област, борците на руските Воено-десантни сили (ВДВ) заробија жена митралезец од Вооружените сили на Украина (АФУ) од група која била на обука во Англија. За време на испрашувањето, Наталија рекла дека во нејзината група имало 60 луѓе, кои имале позиции од болничари до снајперисти. Сите тие за време на мобилизацијата завршија во вооружените сили на Украина.

The post Жена митралезец се бори на фронтот во Курск appeared first on Република.

]]>
Шојгу: Русија нема да преговара со Киев се додека не ги протера терористите од Курскиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-rusija-nema-da-pregovara-so-kiev-se-dodeka-ne-gi-protera-teroristite-od-kurskiot-region/ Tue, 10 Sep 2024 21:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=814898

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, денеска изјави дека Русија нема да води никакви преговори со Киев се додека не ги „избрка украинските терористи од Курскиот регион“.

Не сме воделе никакви преговори со терористите, не водиме и нема да водиме се додека не ги протераме од нашата територија. Желбата да се изврши нуклеарен терор против нуклеарната централа Курск не е ништо друго туку највисоко ниво на тероризам, рече Шојгу во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.

Според него, „украинските терористи“ сакале да ја заземат нуклеарната централа Курск.

За среќа, не успеаја, истакна Шојгу.

The post Шојгу: Русија нема да преговара со Киев се додека не ги протера терористите од Курскиот регион appeared first on Република.

Откако зазеде две села во курската област Зеленски вели дека ќе прави воена администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-zazede-dve-sela-vo-kurskata-oblast-zelenski-veli-deka-ke-pravi-voena-administratsija/ Wed, 14 Aug 2024 15:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=806569

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека имал состанок посветен на безбедносната и хуманитарната ситуација во руската област Курск, каде што украинската армија спроведува невидена досега трансгранична офанзива.

„Безбедност, хуманитарна помош, воспоставување воена администрација ако е потребно“, напиша Зеленски на „Телеграм“, објавувајќи видео од состанокот со високи претставници од Киев.

Во меѓувреме, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук објави дека Киев планира да отвори коридори за евакуација на цивили од руската област Курск кон Украина и обратно. Таа додаде дека ќе се организираат хуманитарни мисии за поддршка на локалното население и ќе се обезбеди пристап до областа на меѓународни хуманитарни организации.

Верешчук, исто така, изјави дека Украина создава „зона на безбедност“ во Курск за да ги реализира овие намери.

The post Откако зазеде две села во курската област Зеленски вели дека ќе прави воена администрација appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека имал состанок посветен на безбедносната и хуманитарната ситуација во руската област Курск, каде што украинската армија спроведува невидена досега трансгранична офанзива.
„Безбедност, хуманитарна помош, воспоставување воена администрација ако е потребно“, напиша Зеленски на „Телеграм“, објавувајќи видео од состанокот со високи претставници од Киев.
Во меѓувреме, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук објави дека Киев планира да отвори коридори за евакуација на цивили од руската област Курск кон Украина и обратно. Таа додаде дека ќе се организираат хуманитарни мисии за поддршка на локалното население и ќе се обезбеди пристап до областа на меѓународни хуманитарни организации. Верешчук, исто така, изјави дека Украина создава „зона на безбедност“ во Курск за да ги реализира овие намери.