Курск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kursk/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Курск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kursk/ 32 32 Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovatsi-i-chesi-ispratija-pomosh-za-zhitelite-na-kursk-nastradani-od-napadite-na-ukrainskite-sili/ Thu, 21 Nov 2024 09:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=840202

Голем број државјани на Словачка и Чешка испратиле хуманитарна помош за жителите на Курската област во Русија, кои настрадаа од вооружените сили на Украина.

По дипломатски пат од Братислава во Москва се префрлени 50.000 евра.

Средствате ги собрале и граѓани на Чешка, како и Словаци кои живеат во странство. Акцијата добила широка поддршка кај словачкото население.

Иницијаторите на акцијата лично дојдоа во Москва и се сретнаа со претставници од регионот, пренесува „Звезда“.

The post Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили appeared first on Република.

]]>

Голем број државјани на Словачка и Чешка испратиле хуманитарна помош за жителите на Курската област во Русија, кои настрадаа од вооружените сили на Украина. По дипломатски пат од Братислава во Москва се префрлени 50.000 евра. Средствате ги собрале и граѓани на Чешка, како и Словаци кои живеат во странство. Акцијата добила широка поддршка кај словачкото население.
Иницијаторите на акцијата лично дојдоа во Москва и се сретнаа со претставници од регионот, пренесува „Звезда“.

The post Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили appeared first on Република.

]]>
Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-vojnitsi-vo-kursk-masovno-koristat-satelitski-sistemi-starlink-za-da-igraat-onlajn-kazino/ Sat, 24 Aug 2024 17:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=809514

Украинските војници коишто учествуваат во инвазијата на рускиот регион Курск масовно играат во онлајн казина користејќи мобилен интернет од сателитските Старлинк.

Американскиот институт за проучување на војната (ISV) известува дека по инвазијата на регионот Курск од страна на украинските вооружени сили, има големо зголемување на активноста на корисници на онлајн казината од руска територија, кое достигнува и до 200%.

Во Украина, онлајн казината се забранети како закана за борбената ефикасност на војската,
и поради тоа на украинските војници им е оневозможено да играат преку услугата за сателитски податоци Старлинк. Сепак, таквите ограничувања не важат на руска територија.

The post Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино appeared first on Република.

]]>

Украинските војници коишто учествуваат во инвазијата на рускиот регион Курск масовно играат во онлајн казина користејќи мобилен интернет од сателитските Старлинк. Американскиот институт за проучување на војната (ISV) известува дека по инвазијата на регионот Курск од страна на украинските вооружени сили, има големо зголемување на активноста на корисници на онлајн казината од руска територија, кое достигнува и до 200%. Во Украина, онлајн казината се забранети како закана за борбената ефикасност на војската, и поради тоа на украинските војници им е оневозможено да играат преку услугата за сателитски податоци Старлинк. Сепак, таквите ограничувања не важат на руска територија.

The post Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино appeared first on Република.

]]>
За Русија нападот на нуклеарката во Курск е “нуклеарен тероризам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-rusija-napadot-na-nuklearkata-vo-kursk-e-nuklearen-terorizam/ Fri, 23 Aug 2024 11:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=809428

Русија денеска ја обвини Украина дека пред три дена се обидела да ја нападне нуклеарната централа Курск, истакнувајќи оти тоа е чин на „нуклеарен тероризам“.

Во меѓувреме руските медиуми објавија дека во близина на складиштето на потрошено нуклеарно гориво било соборено беспилотно летало, по што портпаролката на руското Министерство Марија Захарова изјави дека станува збор за „чин на нуклеарен тероризам“ кој бара итна реакција од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси следната недела ќе ја посети нуклеарната централа во Курск.

Тој упати апел за максимална воздржаност со цел да се избегне нуклеарен инцидент.

Нуклеарната централа Курск се состои од четири советски реактори RBMK-1000, од кои два се во функција. Изградбата на два нови реактори започна во 2018 година.

На 6 август украинската армија навлезе во руската област Курск. Оттогаш на 30 километри од нуклеарната централа се водат жестоки борби. Руските сили се обидуваат да ги потиснат украинските војници од нивната територија, кои се обидуваат да ја консолидираат ситуацијата на терен и да ја прошират окупираната територија

The post За Русија нападот на нуклеарката во Курск е “нуклеарен тероризам“ appeared first on Република.

]]>

Русија денеска ја обвини Украина дека пред три дена се обидела да ја нападне нуклеарната централа Курск, истакнувајќи оти тоа е чин на „нуклеарен тероризам“. Во меѓувреме руските медиуми објавија дека во близина на складиштето на потрошено нуклеарно гориво било соборено беспилотно летало, по што портпаролката на руското Министерство Марија Захарова изјави дека станува збор за „чин на нуклеарен тероризам“ кој бара итна реакција од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси следната недела ќе ја посети нуклеарната централа во Курск. Тој упати апел за максимална воздржаност со цел да се избегне нуклеарен инцидент. Нуклеарната централа Курск се состои од четири советски реактори RBMK-1000, од кои два се во функција. Изградбата на два нови реактори започна во 2018 година. На 6 август украинската армија навлезе во руската област Курск. Оттогаш на 30 километри од нуклеарната централа се водат жестоки борби. Руските сили се обидуваат да ги потиснат украинските војници од нивната територија, кои се обидуваат да ја консолидираат ситуацијата на терен и да ја прошират окупираната територија

The post За Русија нападот на нуклеарката во Курск е “нуклеарен тероризам“ appeared first on Република.

]]>
Евакуирани се 133.000 Руси, Путин свика состанок https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evakuirani-se-133-000-rusi-putin-svika-sostanok/ Thu, 22 Aug 2024 12:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=809087

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржува состанок со високи руски претставници за украинската инвазија врз Курск.

Ве собрав да разговараме за ситуацијата што моментално се развива во пограничните региони на Русија, рече Путин на отворањето на состанокот.

Иако Москва досега се обидуваше да го намали значењето на ненадејниот украински упад на 6 август, евакуирани се 133.190 луѓе од „опасната“ погранична област, рече вршителот на должноста регионален гувернер.

Првиот вицепремиер Денис Мантуров додаде дека Владата ја проценува штетата врз земјоделството и индустријата во регионот бидејќи, како што рече, украинската офанзива врз Курск не покажува знаци на забавување.

The post Евакуирани се 133.000 Руси, Путин свика состанок appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржува состанок со високи руски претставници за украинската инвазија врз Курск. Ве собрав да разговараме за ситуацијата што моментално се развива во пограничните региони на Русија, рече Путин на отворањето на состанокот. Иако Москва досега се обидуваше да го намали значењето на ненадејниот украински упад на 6 август, евакуирани се 133.190 луѓе од „опасната“ погранична област, рече вршителот на должноста регионален гувернер. Првиот вицепремиер Денис Мантуров додаде дека Владата ја проценува штетата врз земјоделството и индустријата во регионот бидејќи, како што рече, украинската офанзива врз Курск не покажува знаци на забавување.

The post Евакуирани се 133.000 Руси, Путин свика состанок appeared first on Република.

]]>
Зеленски влезе во Курск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-vleze-vo-kursk/ Thu, 22 Aug 2024 12:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=809072

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети украинско-руската граница во регионот Суми за прв пат откако украинските сили извршија инвазија во регионот Курск, погранична област на Русија.

За време на состанокот со врховниот командант на армијата, генералот Александар Сирски, Зеленски рече дека украинските сили зазеле уште една населба во рускиот регион Курск и заробиле повеќе руски војници за кои се надева дека ќе ги замени за заробени Украинци.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговата војска ја презела контролата врз селото Межове во регионот Доњецк.

Претходно денеска беше соопштено дека при украински напад со беспилотни летала е предизвикан пожар во воен објект на југот на Русија

The post Зеленски влезе во Курск appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети украинско-руската граница во регионот Суми за прв пат откако украинските сили извршија инвазија во регионот Курск, погранична област на Русија. За време на состанокот со врховниот командант на армијата, генералот Александар Сирски, Зеленски рече дека украинските сили зазеле уште една населба во рускиот регион Курск и заробиле повеќе руски војници за кои се надева дека ќе ги замени за заробени Украинци. Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговата војска ја презела контролата врз селото Межове во регионот Доњецк. Претходно денеска беше соопштено дека при украински напад со беспилотни летала е предизвикан пожар во воен објект на југот на Русија

The post Зеленски влезе во Курск appeared first on Република.

]]>
Во Курск поставуваат бетонски засолништа за заштита од потенцијална украинска инвазија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kursk-postavuvaat-betonski-zasolnishta-za-zashtita-od-potentsijalna-ukrainska-invazija/ Thu, 22 Aug 2024 10:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=809015

Властите во западниот руски регион Курск започнаа со поставување на модуларни бетонски засолништа за заштита на цивилите од потенцијална украинска инвазија, соопшти денеска регионалниот гувернер.

Руските сили од 6 август се борат со украинската војска во граничниот регион Курск. Илјадници украински војници тогаш ја преминаа границата, што предизвика евакуација на стотици илјади руски граѓани.

„Според моите насоки, властите на градот Курск ги идентификуваа клучните локации за поставување на модуларни бетонски засолништа на фреквентни места“, напиша гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, на апликацијата Телеграм.

Засолништата ќе бидат поставени на околу 60 автобуски станици. Смирнов објави фотографија на која се гледа камион како транспортира едно засолниште. Градот Курск има околу 450.000 жители.

Гувернерот најави дека засолништата ќе бидат поставени и во уште два града – Железногорск и Курчатов, дом на нуклеарната електрана за која Русите тврдат дека е цел на украинските воени напади, што Киев го негира.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија треба да ја посети таа електрана кон крајот на август.

The post Во Курск поставуваат бетонски засолништа за заштита од потенцијална украинска инвазија appeared first on Република.

]]>

Властите во западниот руски регион Курск започнаа со поставување на модуларни бетонски засолништа за заштита на цивилите од потенцијална украинска инвазија, соопшти денеска регионалниот гувернер. Руските сили од 6 август се борат со украинската војска во граничниот регион Курск. Илјадници украински војници тогаш ја преминаа границата, што предизвика евакуација на стотици илјади руски граѓани. „Според моите насоки, властите на градот Курск ги идентификуваа клучните локации за поставување на модуларни бетонски засолништа на фреквентни места“, напиша гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, на апликацијата Телеграм. Засолништата ќе бидат поставени на околу 60 автобуски станици. Смирнов објави фотографија на која се гледа камион како транспортира едно засолниште. Градот Курск има околу 450.000 жители. Гувернерот најави дека засолништата ќе бидат поставени и во уште два града – Железногорск и Курчатов, дом на нуклеарната електрана за која Русите тврдат дека е цел на украинските воени напади, што Киев го негира. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија треба да ја посети таа електрана кон крајот на август.

The post Во Курск поставуваат бетонски засолништа за заштита од потенцијална украинска инвазија appeared first on Република.

]]>
Русија повика висок американски дипломат на разговор поради незаконски претсој на американски новинари во Курск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-povika-visok-amerikanski-diplomat-na-razgovor-poradi-nezakonski-pretsoj-na-amerikanski-novinari-vo-kursk/ Tue, 20 Aug 2024 16:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=808378

Русија повика на разговор висок американски дипломат за да вложи протестна нота поради „провокативните дејствија“ на американските новинари во рукста област Курск.

Министерството за надворешни работи на Русија обвини дека новинарите незаконски влегле во регионот Курск, каде што украинските сили извршија инвазија пред две недели. Од Министерството додадоа дека планира новинарите да ги гони судски.

Министерството соопшти дека вршителката на должност Стефани Холмс била информирана дека новинарите нелегално влегле на територијата, која неодамна беше цел на украински напад. Русија планира да покрене правни постапки против новинарите за нивното неовластено влегување и поради тоа што руската страна не била информирана за нивните активности во тој регион.

На Холмс, исто така, и било посочено дека странските платеници кои незаконски ја преминуваат руската граница се потенцијална цел за руските воени сили.

The post Русија повика висок американски дипломат на разговор поради незаконски претсој на американски новинари во Курск appeared first on Република.

]]>

Русија повика на разговор висок американски дипломат за да вложи протестна нота поради „провокативните дејствија“ на американските новинари во рукста област Курск. Министерството за надворешни работи на Русија обвини дека новинарите незаконски влегле во регионот Курск, каде што украинските сили извршија инвазија пред две недели. Од Министерството додадоа дека планира новинарите да ги гони судски. Министерството соопшти дека вршителката на должност Стефани Холмс била информирана дека новинарите нелегално влегле на територијата, која неодамна беше цел на украински напад. Русија планира да покрене правни постапки против новинарите за нивното неовластено влегување и поради тоа што руската страна не била информирана за нивните активности во тој регион. На Холмс, исто така, и било посочено дека странските платеници кои незаконски ја преминуваат руската граница се потенцијална цел за руските воени сили.

The post Русија повика висок американски дипломат на разговор поради незаконски претсој на американски новинари во Курск appeared first on Република.

]]>
Зеленски за украинската инвазија на руската област Курск: Украина докажува дека е способна да изврши притисок врз непријателот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-za-ukrainskata-invazija-na-ruskata-oblast-kursk-ukraina-dokazhuva-deka-e-sposobna-da-izvrshi-pritisok-vrz-neprijatelot/ Sun, 11 Aug 2024 07:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=805347

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат ja коментираше инвазијата на украинските сили во јужниот руски регион Курск, пет дена по објавувањето на почетокот на офанзивата, јави ДПА.

Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски изјави дека врховниот командант на украинските вооружени сили Александар Сирски го информирал за „напредокот на војната на територијата на агресорот“.

Украина докажува дека е способна да обезбеди правда и да изврши притисок врз агресорот“, додаде Зеленски.

https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-13-tsivili-povredeni-vo-kursk-po-napad-na-ukrainski-dron/

Ниту Зеленски, ниту украинската војска не дадоа повеќе детали за моменталната состојба на офанзивата на украинските војници на руска територија.

Русија ја донесе војната во нашата земја и мора да почувствува што направила“, истакна Зеленски.

The post Зеленски за украинската инвазија на руската област Курск: Украина докажува дека е способна да изврши притисок врз непријателот appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат ja коментираше инвазијата на украинските сили во јужниот руски регион Курск, пет дена по објавувањето на почетокот на офанзивата, јави ДПА. Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски изјави дека врховниот командант на украинските вооружени сили Александар Сирски го информирал за „напредокот на војната на територијата на агресорот“.
Украина докажува дека е способна да обезбеди правда и да изврши притисок врз агресорот“, додаде Зеленски.
https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-13-tsivili-povredeni-vo-kursk-po-napad-na-ukrainski-dron/ Ниту Зеленски, ниту украинската војска не дадоа повеќе детали за моменталната состојба на офанзивата на украинските војници на руска територија.
Русија ја донесе војната во нашата земја и мора да почувствува што направила“, истакна Зеленски.

The post Зеленски за украинската инвазија на руската област Курск: Украина докажува дека е способна да изврши притисок врз непријателот appeared first on Република.

]]>
Најмалку 13 цивили повредени во Курск по напад на украински дрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-13-tsivili-povredeni-vo-kursk-po-napad-na-ukrainski-dron/ Sun, 11 Aug 2024 07:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=805326

Најмалку 13 луѓе се повредени ноќеска во градот Курск, во Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што било погодено од руската противвоздушна одбрана паднале врз станбена зграда од девет ката, соопштија претставници на руската област Курск, која граничи со Украина.

Вршителот на должноста шеф на таа област Алексеј Смирнов на Телеграм објави дека две повредени лица се во тешка состојба.

Градоначалникот на Курск, Игор Кучак изјави дека е на сила предупредување за воздушна закана за целиот град Курск.

The post Најмалку 13 цивили повредени во Курск по напад на украински дрон appeared first on Република.

]]>

Најмалку 13 луѓе се повредени ноќеска во градот Курск, во Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што било погодено од руската противвоздушна одбрана паднале врз станбена зграда од девет ката, соопштија претставници на руската област Курск, која граничи со Украина. Вршителот на должноста шеф на таа област Алексеј Смирнов на Телеграм објави дека две повредени лица се во тешка состојба. Градоначалникот на Курск, Игор Кучак изјави дека е на сила предупредување за воздушна закана за целиот град Курск.

The post Најмалку 13 цивили повредени во Курск по напад на украински дрон appeared first on Република.

]]>
Русија воведе антитерористички мерки во три погранични региони со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-vovede-antiteroristichki-merki-vo-tri-pogranichni-regioni-so-ukraina/ Sat, 10 Aug 2024 07:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=805095

Руските власти воведуваат антитерористички мерки во три региони што граничат со Украина, јавуваат руските медиуми.

Специјалниот режим ќе важи за регионот Курск, каде што руските сили се борат против украинското навлегување, како и за регионите Белгород и Брјанск.

Мерките вклучуваат евентуално раселување на жителите, ограничување на транспортот во одредени области, зголемена безбедност околу чувствителните места и прислушување телефонски и други комуникации.

Руските мерки следуваат откако пред три дена украинските сили почнаа голема офанзива во областа Курск.

Над илјада украински војници влегоа во таа област, поддржани од тенкови и други оклопни возила.

The post Русија воведе антитерористички мерки во три погранични региони со Украина appeared first on Република.

]]>

Руските власти воведуваат антитерористички мерки во три региони што граничат со Украина, јавуваат руските медиуми. Специјалниот режим ќе важи за регионот Курск, каде што руските сили се борат против украинското навлегување, како и за регионите Белгород и Брјанск. Мерките вклучуваат евентуално раселување на жителите, ограничување на транспортот во одредени области, зголемена безбедност околу чувствителните места и прислушување телефонски и други комуникации. Руските мерки следуваат откако пред три дена украинските сили почнаа голема офанзива во областа Курск. Над илјада украински војници влегоа во таа област, поддржани од тенкови и други оклопни возила.

The post Русија воведе антитерористички мерки во три погранични региони со Украина appeared first on Република.

]]>
Пет луѓе, меѓу кои две деца, загинале во украински напад со дрон во Курск, повредени уште двајца членови на семејството https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-luge-megu-koi-dve-detsa-zaginale-vo-ukrainski-napad-so-dron-vo-kursk-povredeni-ushte-dvajtsa-chlenovi-na-semejstvoto/ Sat, 29 Jun 2024 07:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=791714

Пет лица загинале во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.

Меѓу жртвите има и две деца. Погодена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.

Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот.

The post Пет луѓе, меѓу кои две деца, загинале во украински напад со дрон во Курск, повредени уште двајца членови на семејството appeared first on Република.

]]>

Пет лица загинале во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.
Меѓу жртвите има и две деца. Погодена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим. Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот.

The post Пет луѓе, меѓу кои две деца, загинале во украински напад со дрон во Курск, повредени уште двајца членови на семејството appeared first on Република.

]]>
10-годишно девојче загинало во школски двор при украинско гранатирање на руската област Брјанск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/10-godishno-devojche-zaginalo-vo-shkolski-dvor-pri-ukrainsko-granatirane-na-ruskata-oblast-brjansk/ Tue, 29 Aug 2023 16:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=677057

Украинските сили, со проектили од мобилни ракетни фрлачи МЛРС, го нападнале селото Климово во рускиот регион Брјанск.

Според гувернерот на областа, има пет загинати, меѓу кои и едно 10-годишно девојче, кое си играло на игралиште во училишен двор кога детонирале ракетите.

Освен училиштето, неколку административни и станбени згради се оштетени во селото, а прекинато е и снабдувањето со електрична енергија. Службите за итна помош се на терен, а на повредените им е укажана лекарска помош.

Како што информираат руски Телеграм канали, украински формации го гранатирале и селото Троицкоје, област Кореневски, во регионот на Курск.

Фрагменти од неколку гранати оштетили далноводи, но немало повредени цивили.

Локалните жители пријавиле гранатирање и на селото Теткино, но нема извештаи за жртви или материјална штета.

 

The post 10-годишно девојче загинало во школски двор при украинско гранатирање на руската област Брјанск appeared first on Република.

]]>

Украинските сили, со проектили од мобилни ракетни фрлачи МЛРС, го нападнале селото Климово во рускиот регион Брјанск. Според гувернерот на областа, има пет загинати, меѓу кои и едно 10-годишно девојче, кое си играло на игралиште во училишен двор кога детонирале ракетите. Освен училиштето, неколку административни и станбени згради се оштетени во селото, а прекинато е и снабдувањето со електрична енергија. Службите за итна помош се на терен, а на повредените им е укажана лекарска помош. Како што информираат руски Телеграм канали, украински формации го гранатирале и селото Троицкоје, област Кореневски, во регионот на Курск. Фрагменти од неколку гранати оштетили далноводи, но немало повредени цивили. Локалните жители пријавиле гранатирање и на селото Теткино, но нема извештаи за жртви или материјална штета.  

The post 10-годишно девојче загинало во школски двор при украинско гранатирање на руската област Брјанск appeared first on Република.

]]>
Захарова: Режимот во Киев ја нападна нуклеарната централа во Курс, го осудуваме украинскиот нуклеарен тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-rezhimot-vo-kiev-ja-napadna-nuklearnata-tsentrala-vo-kurs-go-osuduvame-ukrainskiot-nuklearen-terorizam/ Sat, 15 Jul 2023 19:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=661786

Oфицијалнaтa претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, се огласи со коментар во врска со нападот со беспилотни летала врз градот Курчатов, во Курската област во Русија.

На 14 јули, во градот Курчатов, Курската област, каде што се наоѓа нуклеарната централа Курск, се урна и експлодира авион без екипаж. Благодарение на добро координираната работа на силите за воздушна одбрана кои ја обезбедуваат станицата, критичните објекти не беа оштетени. Немаше жртви. Во исто време, нуклеарната централа беше веројатна цел на нова украинска провокација, што уште еднаш укажува дека режимот во Киев тргнал на патот на нуклеарниот тероризам.

 

Силно ги осудуваме злонамерните планови на Украина за активно користење терористички методи против руските нуклеарни централи, што може да доведе до нуклеарна катастрофа од големи размери во Европа. Ја повикуваме меѓународната заедница и раководството на МААЕ и ОН да посветат максимално внимание на ова и да го подложат на остра осуда неодговорното однесување на Киев, се наведува во реакцијата на Захарова.

The post Захарова: Режимот во Киев ја нападна нуклеарната централа во Курс, го осудуваме украинскиот нуклеарен тероризам appeared first on Република.

]]>

Oфицијалнaтa претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, се огласи со коментар во врска со нападот со беспилотни летала врз градот Курчатов, во Курската област во Русија.
На 14 јули, во градот Курчатов, Курската област, каде што се наоѓа нуклеарната централа Курск, се урна и експлодира авион без екипаж. Благодарение на добро координираната работа на силите за воздушна одбрана кои ја обезбедуваат станицата, критичните објекти не беа оштетени. Немаше жртви. Во исто време, нуклеарната централа беше веројатна цел на нова украинска провокација, што уште еднаш укажува дека режимот во Киев тргнал на патот на нуклеарниот тероризам.   Силно ги осудуваме злонамерните планови на Украина за активно користење терористички методи против руските нуклеарни централи, што може да доведе до нуклеарна катастрофа од големи размери во Европа. Ја повикуваме меѓународната заедница и раководството на МААЕ и ОН да посветат максимално внимание на ова и да го подложат на остра осуда неодговорното однесување на Киев, се наведува во реакцијата на Захарова.

The post Захарова: Режимот во Киев ја нападна нуклеарната централа во Курс, го осудуваме украинскиот нуклеарен тероризам appeared first on Република.

]]>
Русија: Украинци дигнаа во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарката Курск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ukrainci-dignaa-vo-vozduh-shest-stolbovi-na-visokonaponski-dalnovodi-na-nuklearkata-kursk/ Tue, 16 Aug 2022 18:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=541062

Руската безбедносна служба тврди дека украински саботери на 4, 9 и 12 август дигнале во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарната централа Курск.

Поради нападите било отешнато  функционирањето на нуклеарната централа Курск.

Според Руската безбедносна служба нападите во Курчатов се терористички чин.

Засега, нема коментар од Украина за овие обвинувања од руска страна.

The post Русија: Украинци дигнаа во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарката Курск appeared first on Република.

]]>

Руската безбедносна служба тврди дека украински саботери на 4, 9 и 12 август дигнале во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарната централа Курск. Поради нападите било отешнато  функционирањето на нуклеарната централа Курск. Според Руската безбедносна служба нападите во Курчатов се терористички чин. Засега, нема коментар од Украина за овие обвинувања од руска страна.

The post Русија: Украинци дигнаа во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарката Курск appeared first on Република.

]]>