курс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurs/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 21:50:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png курс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurs/ 32 32 Универзитетот Јеил воведува курс за делото на поп-ѕвездата Бијонсе https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/univerzitetot-jeil-voveduva-kurs-za-deloto-na-pop-zvezdata-bijonse/ Tue, 12 Nov 2024 21:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=836979

Следната година Универзитетот Јеил ќе воведе нов курс во кој студентите ќе ги проучуваат активностите и делото на поп-ѕвездата Бијонсе, пејачка со рекордни 99 номинации за наградата Греми.

Курсот ќе им овозможи на студентите да навлезат подлабоко во „уметничкиот гениј на глобалната суперѕвезда“, се вели во соопштението на универзитетот и ќе биде насловен „Бијонсе создава историја: Радикалната афроамериканска историја, култура, теорија и традиција преку музика“ и ќе започне следната пролет.

Курсот ќе се одржи на Катедрата за хуманитарни науки и уметности, а неговата содржина ќе се фокусира на периодот од нејзиниот албум на Бијонсе од 2013 година до овогодинешниот „Cowboy Carter” и на тоа како светски познатата пејачка и текстописец создаде свест и ангажман во социјалните и политичките идеологии.

Професорката по афроамерикански студии на Универзитетот Јеил, Дафне Брукс, планира да го искористи обемниот репертоар на пејачката, вклучувајќи снимки од нејзините настапи во живо, како платформа којашто на студентите ќе им овозможат сознанија за афроамериканските интелектуалци како Фредерик Даглас и Тони Морисон.

„Ќе ги сфатиме сериозно начините на кои критичката работа, интелектуалната работа на некои од најголемите мислители во американската култура се поврзуваат со музиката на Бијонсе и ќе размислуваме за начините кои ни овозможат да ги примениме нивните филозофии на нејзината работа“, рече Брукс.

Брукс изјави за NBC News дека со години работела на дизајнирање на курсот, откако претходно предавала на Универзитетот Принстон на тема „Црните жени и популарната музичка култура“.

И Универзитетот Корнел понуди своја верзија на курсот наречен „Beyonce Nation“, во чиишто рамки се проучува траекторијата на нејзината кариера, како и влијанието врз политичкиот активизам и феминизмот.

И некои други американски универзитети имаат слични курсеви на тема Бијонсе. Меѓу нив се Универзитетот Тексас во Сан Антонио, Политехничкиот државен универзитет во Калифорнија и Државниот универзитет во Аризона.

Бијонсе, чие полно име е Бијонсе Жизел Ноулс-Картер, не е првиот уметник чии дела и активности се изучуваат на престижни универзитети.

Културното влијание и наследството во поп-културата на други познати музичари, вклучувајќи ги Боб Дилан, Тејлор Свифт и Лејди Гага, исто така се проучуваат на неколку американски универзитети.

The post Универзитетот Јеил воведува курс за делото на поп-ѕвездата Бијонсе appeared first on Република.

]]>

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-fiksniot-kurs-na-denarot-e-mehanizam-za-makroekonomska-disciplina-i-stabilni-ochekuvanja/ Mon, 08 Aug 2022 09:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=537897

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук“.

Во објавата се посочува дека стабилниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и за стабилни очекувања и дека Народната банка со сите расположиви инструменти ќе го одржува курсот на денарот стабилен.

Треба да имаме предвид дека македонската економија се одликува со високо ниво на трговска размена со странство, којашто значи поголема подложност на надворешното окружување, вклучително и на промените на курсот на домашната валута во однос на странските валути. При флексибилен курс, тоа би значело релативно брзо и значајно пренесување ефекти од промените во девизниот курс врз домашните цени, со оглед на високото учество на производите кои се увезуваат. Друга одлика е тоа што нашата економија е нето-должник кон странство, што претставува и природна карактеристика за земја во оваа фаза на развој којашто има потреба од дополнителен капитал. При флексибилен девизен курс, хипотетичко намалување на вредноста на денарот би довела до повисок износ на задолженост и можна појава на потешкотии за сервисирање на постојниот долг. Истовремено, во услови на сѐ уште релативно високо ниво на евроизираност на нашата економија, промените во курсот би резултирале и со повисока задолженост на населението и фирмите со оглед на застапеноста на вкупните девизни кредити (вклучително и денарските кредити со валутна клаузула) во вкупните кредити, пишува во објавата.

Со одржување на стабилен девизен курс на денарот, велат од централната банка, економијата се штити од преголеми ценовни флуктуации и раст на долгот во странска валута и се обезбедуваат стабилни пазарни очекувања, а сето тоа е во прилог на обезбедување најповолен амбиент за економски раст.

The post Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања appeared first on Република.

]]>

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук“. Во објавата се посочува дека стабилниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и за стабилни очекувања и дека Народната банка со сите расположиви инструменти ќе го одржува курсот на денарот стабилен. Треба да имаме предвид дека македонската економија се одликува со високо ниво на трговска размена со странство, којашто значи поголема подложност на надворешното окружување, вклучително и на промените на курсот на домашната валута во однос на странските валути. При флексибилен курс, тоа би значело релативно брзо и значајно пренесување ефекти од промените во девизниот курс врз домашните цени, со оглед на високото учество на производите кои се увезуваат. Друга одлика е тоа што нашата економија е нето-должник кон странство, што претставува и природна карактеристика за земја во оваа фаза на развој којашто има потреба од дополнителен капитал. При флексибилен девизен курс, хипотетичко намалување на вредноста на денарот би довела до повисок износ на задолженост и можна појава на потешкотии за сервисирање на постојниот долг. Истовремено, во услови на сѐ уште релативно високо ниво на евроизираност на нашата економија, промените во курсот би резултирале и со повисока задолженост на населението и фирмите со оглед на застапеноста на вкупните девизни кредити (вклучително и денарските кредити со валутна клаузула) во вкупните кредити, пишува во објавата. Со одржување на стабилен девизен курс на денарот, велат од централната банка, економијата се штити од преголеми ценовни флуктуации и раст на долгот во странска валута и се обезбедуваат стабилни пазарни очекувања, а сето тоа е во прилог на обезбедување најповолен амбиент за економски раст.

The post Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања appeared first on Република.

]]>
Курсот на доларот падна под 58 рубљи, првпат по 2018-та https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kursot-na-dolarot-padna-pod-58-rublji-prvpat-po-2018-ta/ Sat, 21 May 2022 14:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=505211

Курсот на американскиот долар на Мосвковската берза во претпладневното тргување во петокот се спушти на минималното ниво во последните четир години, а динамиката на тргувањето укажува и на јакнење на руската валута во однос на еврото.

Така, американскиот долар со порамнувањето за следниот ден во 11 часот по московско време, или 10 часот по македонско, паднал на 57,85 рубљи, првпат по април 2018 година, а со европската валута се тргувало на нивото од 59,97 рубљи, што е близу нивото од април од 2017 година.

Според аналитичарите на берзите, нивото на руската валута е под влијанието на фактот што компаниите се подготвуваа за извршување на даночните обврски на од 25-ти до 27-ми мај, што може да создаде вишок во понудата на доларите. Невообичаено силниот платежен биланс на Русија, исто така, има удел во движењето на валутата, додаваат.

Покрај тоа, показателите се под влијанието на различни органичувања на движењето на капиталот, воведени до руската централна банка, пренесува РИА:

The post Курсот на доларот падна под 58 рубљи, првпат по 2018-та appeared first on Република.

]]>

Курсот на американскиот долар на Мосвковската берза во претпладневното тргување во петокот се спушти на минималното ниво во последните четир години, а динамиката на тргувањето укажува и на јакнење на руската валута во однос на еврото. Така, американскиот долар со порамнувањето за следниот ден во 11 часот по московско време, или 10 часот по македонско, паднал на 57,85 рубљи, првпат по април 2018 година, а со европската валута се тргувало на нивото од 59,97 рубљи, што е близу нивото од април од 2017 година. Според аналитичарите на берзите, нивото на руската валута е под влијанието на фактот што компаниите се подготвуваа за извршување на даночните обврски на од 25-ти до 27-ми мај, што може да создаде вишок во понудата на доларите. Невообичаено силниот платежен биланс на Русија, исто така, има удел во движењето на валутата, додаваат. Покрај тоа, показателите се под влијанието на различни органичувања на движењето на капиталот, воведени до руската централна банка, пренесува РИА:  

The post Курсот на доларот падна под 58 рубљи, првпат по 2018-та appeared first on Република.

]]>
Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komitet-za-finansiska-stabilnost-finansiskata-i-stabilnosta-na-kursot-na-denarot-uspeshno-se-odrzuvaat/ Wed, 09 Mar 2022 11:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=470038

Денарот е стабилен, а финансискиот систем исто така е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што би произлегле од руско-украинскиот конфликт, порачува Комитетот за финансиска стабилност при Народната банка.

Оттаму велат дека сите финансиски услуги непречено се вршат и ќе продолжат да се вршат и понатаму во согласност со потребите на граѓаните и на корпоративниот сектор.

Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги прилагодуваат политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет, се наведува во соопштението испратено по денешниот состанок на Комитетот за финансиска стабилност на кој биле разгледани најновите движења во финансискиот сектор.

Досега, поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има поради слабите финансиски врски со Русија и Украина и отсуството на капитал од овие две држави во банкарскиот сектор.

Бидејќи се работи за неекономски шок, чијшто иден развој е тешко да се предвиди, прерано е да се извлечат заклучоци за долгорочните влијанија врз домашната економија. Сепак, она што е извесно е дека досега поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има, што се должи на многу слабите финансиски врски со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Ова е важна предност во овие околности, особено ако се земат предвид предизвиците со кои се соочија некои од соседните земји во кои беа присутни руски банки, се вели во соопштението.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочила дека девизните резерви се на високо ниво, што ја гарантира стабилноста на денарот и дека домашниот банкарски сектор е сигурен, ликвиден и соодветно капитализиран, подготвен за справување со евентуалните шокови.

За време на корона-кризата, банкарскиот сектор покажа дека умее да амортизира ризици, и кога тие се нови и дотогаш невидени, и по размер и по карактеристики. Банкарскиот сектор покажа дека е способен да ја поддржи економијата и во сложени услови и да одговори на барањата на граѓаните и корпоративниот сектор. Според сите показатели, ваквите капацитети се задржани и дополнително зајакнати во овој период - истакнала Ангеловска-Бежоска.

Министерот за финансии Фатмир Бесими порачал дека фискалната политика ќе биде поставена така за преку соодветни мерки и политики се амортизираат ударите што ќе доаѓаат однадвор за домашната економија и за стандардот на граѓаните.

Тие ќе дојдат преку европската економија и главно ќе се одразат врз потрошувачката, преку ценовните притисоци од увезените примарни производи. Преку фискалната политика ќе се заложиме за граѓаните и стопанството да ги амортизираме тие притисоци. Веќе е изготвен сет на антикризни мерки, кој Владата набрзо ќе го презентира - рекол Бесими.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити посочила дека ескалацијата на руско-украинскиот конфликт довела до првични негативни рефлексии врз тргувањето на берзата, пропратено со еднократен пад од 8.39 проценти на МБИ 10 на берзанскиот ден, кога започнаа воените дејствија, се до нормализирано и вообичаено тргување, без драматичен предзнак.

Кај нето-вредноста на отворените инвестициски фондови, заклучно со февруари, се забележува намалување од 2,4 проценти во однос на јануари. Приливите се стабилни, додека одливите се благо зголемени (7,34 проценти). Ваквите показатели за фондовите влегуваат во стандардните динамики и нема позначителни отстапувања од нивната кондиција. Имајќи предвид дека вредноста на вложувањата во хартии од вредност од руски компании изнесуваат околу 1,5 милиони евра или 0,76 проценти во вкупната нето вредност на сите отворени инвестициски фондови, очекувана е и таква пропорција на неповолен импакт - посочила Алити.

Внимателно се следат и состојбите кај пензиските друштва. Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али информирал дека капитално финансираното пензиско осигурување делува стабилно и транспарентно со идентификувани ризици коишто се анализираат и се контролираат на редовна основа, со посебно внимание на инвестирањето на средствата на пензиските фондови.

Во делот на осигурителниот пазар било посочено дека развојот на настаните во Украина не се рефлектираат неповолно врз осигурителниот пазар. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски информирал дека во 2021 година е регистриран пад од 15 проценти на осигурителниот пазар.

На седницата е констатирано дека сите регулатори на финансискиот систем имаат доволен опсег на инструменти што може да ги користат доколку е потребно.

The post Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат appeared first on Република.

]]>

Денарот е стабилен, а финансискиот систем исто така е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што би произлегле од руско-украинскиот конфликт, порачува Комитетот за финансиска стабилност при Народната банка. Оттаму велат дека сите финансиски услуги непречено се вршат и ќе продолжат да се вршат и понатаму во согласност со потребите на граѓаните и на корпоративниот сектор. Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги прилагодуваат политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет, се наведува во соопштението испратено по денешниот состанок на Комитетот за финансиска стабилност на кој биле разгледани најновите движења во финансискиот сектор. Досега, поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има поради слабите финансиски врски со Русија и Украина и отсуството на капитал од овие две држави во банкарскиот сектор. Бидејќи се работи за неекономски шок, чијшто иден развој е тешко да се предвиди, прерано е да се извлечат заклучоци за долгорочните влијанија врз домашната економија. Сепак, она што е извесно е дека досега поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има, што се должи на многу слабите финансиски врски со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Ова е важна предност во овие околности, особено ако се земат предвид предизвиците со кои се соочија некои од соседните земји во кои беа присутни руски банки, се вели во соопштението. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочила дека девизните резерви се на високо ниво, што ја гарантира стабилноста на денарот и дека домашниот банкарски сектор е сигурен, ликвиден и соодветно капитализиран, подготвен за справување со евентуалните шокови.
За време на корона-кризата, банкарскиот сектор покажа дека умее да амортизира ризици, и кога тие се нови и дотогаш невидени, и по размер и по карактеристики. Банкарскиот сектор покажа дека е способен да ја поддржи економијата и во сложени услови и да одговори на барањата на граѓаните и корпоративниот сектор. Според сите показатели, ваквите капацитети се задржани и дополнително зајакнати во овој период - истакнала Ангеловска-Бежоска.
Министерот за финансии Фатмир Бесими порачал дека фискалната политика ќе биде поставена така за преку соодветни мерки и политики се амортизираат ударите што ќе доаѓаат однадвор за домашната економија и за стандардот на граѓаните.
Тие ќе дојдат преку европската економија и главно ќе се одразат врз потрошувачката, преку ценовните притисоци од увезените примарни производи. Преку фискалната политика ќе се заложиме за граѓаните и стопанството да ги амортизираме тие притисоци. Веќе е изготвен сет на антикризни мерки, кој Владата набрзо ќе го презентира - рекол Бесими.
Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити посочила дека ескалацијата на руско-украинскиот конфликт довела до првични негативни рефлексии врз тргувањето на берзата, пропратено со еднократен пад од 8.39 проценти на МБИ 10 на берзанскиот ден, кога започнаа воените дејствија, се до нормализирано и вообичаено тргување, без драматичен предзнак.
Кај нето-вредноста на отворените инвестициски фондови, заклучно со февруари, се забележува намалување од 2,4 проценти во однос на јануари. Приливите се стабилни, додека одливите се благо зголемени (7,34 проценти). Ваквите показатели за фондовите влегуваат во стандардните динамики и нема позначителни отстапувања од нивната кондиција. Имајќи предвид дека вредноста на вложувањата во хартии од вредност од руски компании изнесуваат околу 1,5 милиони евра или 0,76 проценти во вкупната нето вредност на сите отворени инвестициски фондови, очекувана е и таква пропорција на неповолен импакт - посочила Алити.
Внимателно се следат и состојбите кај пензиските друштва. Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али информирал дека капитално финансираното пензиско осигурување делува стабилно и транспарентно со идентификувани ризици коишто се анализираат и се контролираат на редовна основа, со посебно внимание на инвестирањето на средствата на пензиските фондови. Во делот на осигурителниот пазар било посочено дека развојот на настаните во Украина не се рефлектираат неповолно врз осигурителниот пазар. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски информирал дека во 2021 година е регистриран пад од 15 проценти на осигурителниот пазар. На седницата е констатирано дека сите регулатори на финансискиот систем имаат доволен опсег на инструменти што може да ги користат доколку е потребно.

The post Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат appeared first on Република.

]]>