Курди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurdi/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 06:17:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Курди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurdi/ 32 32 Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-gi-napadna-pozitsiite-na-pkk-vo-irak-i-sirija/ Thu, 24 Oct 2024 06:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=830369

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека операциите продолжуваат.

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа петмина, а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.

ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.

ТУСАС е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион КААН. Сопственици се Владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од 10.000 луѓе.

The post Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија appeared first on Република.

]]>

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.
Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека операциите продолжуваат.
Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа петмина, а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.
ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација. ТУСАС е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион КААН. Сопственици се Владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од 10.000 луѓе.

The post Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија appeared first on Република.

]]>
Турција и Ирак заедно ќе се борат против Курдите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-i-irak-zaedno-ke-se-borat-protiv-kurdite/ Fri, 15 Mar 2024 20:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=755271

Во Ирак е одржан состанок за безбедносни прашања, на кој учествуваа претставници на турските безбедносни агенции. По самитот беше објавена заедничка декларација.

Одлучено е да се формираат заеднички постојани комисии кои ќе работат во областа на борбата против тероризмот, трговијата, земјоделството, енергетиката, водните ресурси, здравството и транспортот“, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, ирачкиот Совет за национална безбедност ја означи курдската работничка партија ПКК како „забранета организација“.

На тој начин, официјална Анкара ја надмина политичката пречка во односите со Багдад во врска со борбата против ПКК. Истовремено, Турција го подготвува теренот за своите летни операции според член 51 од ОН и врз основа на договорот со Ирак од 1983 година.

The post Турција и Ирак заедно ќе се борат против Курдите appeared first on Република.

]]>

Во Ирак е одржан состанок за безбедносни прашања, на кој учествуваа претставници на турските безбедносни агенции. По самитот беше објавена заедничка декларација.
Одлучено е да се формираат заеднички постојани комисии кои ќе работат во областа на борбата против тероризмот, трговијата, земјоделството, енергетиката, водните ресурси, здравството и транспортот“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, ирачкиот Совет за национална безбедност ја означи курдската работничка партија ПКК како „забранета организација“. На тој начин, официјална Анкара ја надмина политичката пречка во односите со Багдад во врска со борбата против ПКК. Истовремено, Турција го подготвува теренот за своите летни операции според член 51 од ОН и врз основа на договорот со Ирак од 1983 година.

The post Турција и Ирак заедно ќе се борат против Курдите appeared first on Република.

]]>
Турските сили убиле уште седум Курди во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turskite-sili-ubile-ushte-sedum-kurdi-vo-sirija/ Sun, 14 Jan 2024 13:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=732916

Турските безбедносни сили неутрализирале уште седум екстремисти на Курдската работничка партија (ПКК) во северна Сирија.

Како што соопшти турското Министерство за одбрана, „терористите на ПКК“ биле нападнати од турските сили додека планирале напад врз турски војници.

ПКК има свој огранок во соседна Сирија, каде што е позната како ИПГ.

Турција, САД и ЕУ ја прогласија ПКК за терористичка организација.

The post Турските сили убиле уште седум Курди во Сирија appeared first on Република.

]]>

Турските безбедносни сили неутрализирале уште седум екстремисти на Курдската работничка партија (ПКК) во северна Сирија. Како што соопшти турското Министерство за одбрана, „терористите на ПКК“ биле нападнати од турските сили додека планирале напад врз турски војници. ПКК има свој огранок во соседна Сирија, каде што е позната како ИПГ. Турција, САД и ЕУ ја прогласија ПКК за терористичка организација.

The post Турските сили убиле уште седум Курди во Сирија appeared first on Република.

]]>
Курдите во Париз се судрија со полицијата: Запалени и превртени автомобили, камења и солзавец https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kurdite-vo-pariz-se-sudrija-so-policijata-zapaleni-i-prevrteni-avtomobili-kamenja-i-solzavec/ Sat, 24 Dec 2022 17:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=589531

Во Париз денеска втор ден по ред дојде до судири меѓу полицијата и припадниците на курдската заедница, откако вооружен маж вчера уби тројца Курди.
Демонстрантите превртуваа автомобили, запалија најмалку еден автомобил и запалија автомобилски гуми во близина на Плоштадот на Републиката, традиционално место за протести во Париз.

Претходно Курдите одржаа мирен протест. Конфликтот избувна откако дел од демонстрантите го напуштија плоштадот и почнаа да фрлаат проектили кон полицијата, која одговори со солзавец. Судирите траеја приближно два часа, по што демонстрантите се разотидоа.

Вооружен маж вчера уби три лица во Курдскиот културен центар и блиското кафуле во прометниот 10-ти арондисман во Париз. Полицијата го уапси 69-годишниот маж кој неодамна бил ослободен од притвор додека го чекал судењето за напад со сабја во мигрантски камп во Париз пред една година.

Убиствата се случија во време кога курдската заедница се подготвувала за десеттата комеморација на убиството на трите Курдки во Париз. По сослушувањето на осомничениот, истражителите ги разгледуваат и можните расистички мотиви на напаѓачот, соопшти денеска обвинителството.

Обвинителството во Париз преку соопштение за медиумите објави дека 69-годишниот француски државјанин може да добие максимална доживотна затворска казна.

„Воопшто не сме заштитени. За 10 години, шест курдски активисти беа убиени во срцето на Париз сред бел ден“, рече Бериван Фират, портпаролка на Курдскиот демократски совет во Франција (ЦДК-Ф) на протестите.

Таа додаде дека настанот станал насилен откако некои демонстранти биле испровоцирани од луѓе што вееле турско знаме од своите автомобили. Според гореспоменатата курдска чадор организација, сите жртви биле курдски активисти.

„Тој очигледно сакаше да нападне странци“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Сепак, тој додаде дека не се знае дали нападот бил директно насочен против Курдите. Француските медиуми јавуваат дека осомничениот на полицијата ѝ рекол дека пукал затоа што бил расист.

https://youtu.be/Rta2hkX9hHU

The post Курдите во Париз се судрија со полицијата: Запалени и превртени автомобили, камења и солзавец appeared first on Република.

]]>

Во Париз денеска втор ден по ред дојде до судири меѓу полицијата и припадниците на курдската заедница, откако вооружен маж вчера уби тројца Курди. Демонстрантите превртуваа автомобили, запалија најмалку еден автомобил и запалија автомобилски гуми во близина на Плоштадот на Републиката, традиционално место за протести во Париз. Претходно Курдите одржаа мирен протест. Конфликтот избувна откако дел од демонстрантите го напуштија плоштадот и почнаа да фрлаат проектили кон полицијата, која одговори со солзавец. Судирите траеја приближно два часа, по што демонстрантите се разотидоа. Вооружен маж вчера уби три лица во Курдскиот културен центар и блиското кафуле во прометниот 10-ти арондисман во Париз. Полицијата го уапси 69-годишниот маж кој неодамна бил ослободен од притвор додека го чекал судењето за напад со сабја во мигрантски камп во Париз пред една година. Убиствата се случија во време кога курдската заедница се подготвувала за десеттата комеморација на убиството на трите Курдки во Париз. По сослушувањето на осомничениот, истражителите ги разгледуваат и можните расистички мотиви на напаѓачот, соопшти денеска обвинителството. Обвинителството во Париз преку соопштение за медиумите објави дека 69-годишниот француски државјанин може да добие максимална доживотна затворска казна.
„Воопшто не сме заштитени. За 10 години, шест курдски активисти беа убиени во срцето на Париз сред бел ден“, рече Бериван Фират, портпаролка на Курдскиот демократски совет во Франција (ЦДК-Ф) на протестите.
Таа додаде дека настанот станал насилен откако некои демонстранти биле испровоцирани од луѓе што вееле турско знаме од своите автомобили. Според гореспоменатата курдска чадор организација, сите жртви биле курдски активисти.
„Тој очигледно сакаше да нападне странци“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Сепак, тој додаде дека не се знае дали нападот бил директно насочен против Курдите. Француските медиуми јавуваат дека осомничениот на полицијата ѝ рекол дека пукал затоа што бил расист.
https://youtu.be/Rta2hkX9hHU

The post Курдите во Париз се судрија со полицијата: Запалени и превртени автомобили, камења и солзавец appeared first on Република.

]]>
Турски воени авиони ги нападнале курдските позиции во Сирија и Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turski-voeni-avioni-gi-napadnale-kurdskite-pozicii-vo-sirija-i-irak/ Sun, 20 Nov 2022 10:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=576043

Најмалку 12 лица загинале во турски воздушни напади врз курдски позиции во североисточна Сирија, пренесе ДПА повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права.

Турското Министерство за одбрана потврди дека извршило воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак.

Цел на нападите биле базите на Курдската работничка партија (ПКК) и на сириската курдска милиција ЈПГ, се додава во соопштението на Министерството.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 25 воздушни напади ги погодиле областите под контрола на Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите во селата кај Кобане и Алепо.

Организацијата за мониторинг со седиште во Британија, кој ја документира 11-годишната граѓанска војна во Сирија, соопшти дека биле погодени и позиции на сириската армија, при што загинале најмалку 12 лица, вклучувајќи и војници на СДФ и сириската армија.

Шефот на СДФ, Мазлум Абди, на Твитер напиша дека нападите се закана за целиот регион.

Ова бомбардирање не е во корист на ниту една страна. Правиме максимални напори да избегнеме голема катастрофа. Ако избие војна, сите ќе бидат погодени, напиша тој.

Сириската државна телевизија ги потврди нападите.

Воздушните напади доаѓаат една недела по бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест, а беа ранети повеќе од 80 луѓе. Турција ги обвинува ЈПГ и забранетата ПКК за нападот. ПКК ги отфрли обвинувањата.

The post Турски воени авиони ги нападнале курдските позиции во Сирија и Ирак appeared first on Република.

]]>

Најмалку 12 лица загинале во турски воздушни напади врз курдски позиции во североисточна Сирија, пренесе ДПА повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права. Турското Министерство за одбрана потврди дека извршило воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак. Цел на нападите биле базите на Курдската работничка партија (ПКК) и на сириската курдска милиција ЈПГ, се додава во соопштението на Министерството. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 25 воздушни напади ги погодиле областите под контрола на Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите во селата кај Кобане и Алепо. Организацијата за мониторинг со седиште во Британија, кој ја документира 11-годишната граѓанска војна во Сирија, соопшти дека биле погодени и позиции на сириската армија, при што загинале најмалку 12 лица, вклучувајќи и војници на СДФ и сириската армија. Шефот на СДФ, Мазлум Абди, на Твитер напиша дека нападите се закана за целиот регион.
Ова бомбардирање не е во корист на ниту една страна. Правиме максимални напори да избегнеме голема катастрофа. Ако избие војна, сите ќе бидат погодени, напиша тој.
Сириската државна телевизија ги потврди нападите. Воздушните напади доаѓаат една недела по бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест, а беа ранети повеќе од 80 луѓе. Турција ги обвинува ЈПГ и забранетата ПКК за нападот. ПКК ги отфрли обвинувањата.

The post Турски воени авиони ги нападнале курдските позиции во Сирија и Ирак appeared first on Република.

]]>
Шведска изгласа измени на Уставот со цел полесно гонење на курдските активисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-izglasa-izmeni-na-ustavot-so-cel-polesno-gonenje-na-kurdskite-aktivisti/ Wed, 16 Nov 2022 21:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=574690

Шведскиот парламент ги изгласа измените на Уставот со цел зајакнување на борбата против тероризмот, нешто што Турција го бара за да го поддржи влезот на земјата во НАТО.

Парламентот, исто така, изгласа и уставни амандмани за шпионирањето и собирањето информации, што предизвика загриженост во медиумите. Уставниот амандман овозможува ограничување на принципот на слобода на здружување „кога група се смета за терористичка или поддржува тероризам“.

Против гласаше единствено опозициската партија, Левица.

Амандманот, што ќе стапи на сила во јануари, треба да овозможи полесно гонење на членовите на Курдската работничка партија (ПКК), која Шведска и ЕУ ја сметаат за терористичка.

Турција го кочи приемот на Шведска и Финска во НАТО, обвинувајќи ги дека засолнуваат милитанти блиски до курдските ПКК и Единиците за заштита на народот (YPG) кои дејствуваат во Сирија, а кои Анкара ги смета за терористи.

Шведска долго време имаше благи закони кога станува збор за борбата против тероризмот.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон минатата недела во Анкара вети дека ќе ги разгледа барањата на Турција, нарекувајќи ја уставната промена „голем чекор“.

Казниво станува и обезбедувањето информации што би можеле да им наштетат на односите на Шведска со другите земји или организации, како што се ОН и НАТО, наведе шведската телевизија СВТ.

Владата посочува дека тоа е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата и да се затворат дупките во законите. Новинарите стравуваат дека овие мерки би можеле да влијаат врз заштитата на изворите и свиркачите.

Медиумите предупредуваат дека тоа ќе ги загрози демократијата и слободата на изразување.

The post Шведска изгласа измени на Уставот со цел полесно гонење на курдските активисти appeared first on Република.

]]>

Шведскиот парламент ги изгласа измените на Уставот со цел зајакнување на борбата против тероризмот, нешто што Турција го бара за да го поддржи влезот на земјата во НАТО. Парламентот, исто така, изгласа и уставни амандмани за шпионирањето и собирањето информации, што предизвика загриженост во медиумите. Уставниот амандман овозможува ограничување на принципот на слобода на здружување „кога група се смета за терористичка или поддржува тероризам“. Против гласаше единствено опозициската партија, Левица. Амандманот, што ќе стапи на сила во јануари, треба да овозможи полесно гонење на членовите на Курдската работничка партија (ПКК), која Шведска и ЕУ ја сметаат за терористичка. Турција го кочи приемот на Шведска и Финска во НАТО, обвинувајќи ги дека засолнуваат милитанти блиски до курдските ПКК и Единиците за заштита на народот (YPG) кои дејствуваат во Сирија, а кои Анкара ги смета за терористи. Шведска долго време имаше благи закони кога станува збор за борбата против тероризмот. Шведскиот премиер Улф Кристерсон минатата недела во Анкара вети дека ќе ги разгледа барањата на Турција, нарекувајќи ја уставната промена „голем чекор“. Казниво станува и обезбедувањето информации што би можеле да им наштетат на односите на Шведска со другите земји или организации, како што се ОН и НАТО, наведе шведската телевизија СВТ. Владата посочува дека тоа е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата и да се затворат дупките во законите. Новинарите стравуваат дека овие мерки би можеле да влијаат врз заштитата на изворите и свиркачите. Медиумите предупредуваат дека тоа ќе ги загрози демократијата и слободата на изразување.

The post Шведска изгласа измени на Уставот со цел полесно гонење на курдските активисти appeared first on Република.

]]>
Група од 100 француски пратеници ја осудија воената политика на Ердоган кон Курдите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grupa-od-100-francuski-pratenici-ja-osudija-voenata-politika-na-erdogan-kon-kurdite/ Sun, 31 Jul 2022 16:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=535400

Група од 100 француски пратеници ја осудија „воената политика“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон Курдите во северна Сирија.

Додека Русија на Владимир Путин ги умножува воените злосторства во Украина, Реџеп Таип Ердоган, во сенка на глобалните емоции, планира да почне уште една крволочна офанзива против Курдите од северна Сирија - се вели во заедничката изјава на пратениците објавена на веб-страницата на весникот „Ле Диманш“.

Турскиот претседател „го користи својот статус во НАТО во контекст на конфликтот во Украина за да добие одврзани раце од Алијансата за да ги интензивира своите напади на северот на Сирија“, наведуваат пратениците, меѓу кои има и пратеници на Долниот дом на францускиот Парламентот, како и сенатори на различни политички партии, од радикалната левица, екологистите, десницата и центристите на Емануел Макрон.

Во заедничкото соопштение се наведува дека западните земји не смеат да го вртат погледот, а Европската Унија треба да гарантира заштита на курдските активисти и здруженија присутни на европско тло.

Тие ја повикаа Франција да интервенира во Советот за безбедност на ОН со цел да воведе забрана за летови над cеверна Сирија и да им обезбеди на Курдите меѓународна заштита.

Ердоган неколку пати се закани дека ќе почне воена офанзива против Курдите во северна Сирија, со цел да се создаде „безбедна зона“, по слична операција спроведена од Турција во 2019 година.

The post Група од 100 француски пратеници ја осудија воената политика на Ердоган кон Курдите appeared first on Република.

]]>

Група од 100 француски пратеници ја осудија „воената политика“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон Курдите во северна Сирија.
Додека Русија на Владимир Путин ги умножува воените злосторства во Украина, Реџеп Таип Ердоган, во сенка на глобалните емоции, планира да почне уште една крволочна офанзива против Курдите од северна Сирија - се вели во заедничката изјава на пратениците објавена на веб-страницата на весникот „Ле Диманш“.
Турскиот претседател „го користи својот статус во НАТО во контекст на конфликтот во Украина за да добие одврзани раце од Алијансата за да ги интензивира своите напади на северот на Сирија“, наведуваат пратениците, меѓу кои има и пратеници на Долниот дом на францускиот Парламентот, како и сенатори на различни политички партии, од радикалната левица, екологистите, десницата и центристите на Емануел Макрон. Во заедничкото соопштение се наведува дека западните земји не смеат да го вртат погледот, а Европската Унија треба да гарантира заштита на курдските активисти и здруженија присутни на европско тло. Тие ја повикаа Франција да интервенира во Советот за безбедност на ОН со цел да воведе забрана за летови над cеверна Сирија и да им обезбеди на Курдите меѓународна заштита. Ердоган неколку пати се закани дека ќе почне воена офанзива против Курдите во северна Сирија, со цел да се создаде „безбедна зона“, по слична операција спроведена од Турција во 2019 година.

The post Група од 100 француски пратеници ја осудија воената политика на Ердоган кон Курдите appeared first on Република.

]]>
Чавушоглу: Турција не побарала ниту ќе бара дозвола за воени операции против курдските милитанти во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-turcija-ne-pobarala-nitu-kje-bara-dozvola-za-voeni-operacii-protiv-kurdskite-militanti-vo-sirija/ Thu, 21 Jul 2022 09:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=531709

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порача дека на Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви против осомничени курдски милитанти во Сирија.

Ние разменивме идеи, но, ние никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола од некого за нашите воени операции против групи кои се закана за Турција - појасни Чавушоглу.

Изјавата на Чавушоглу доаѓа два дена по Самитот во Техеран, каде што Русија и Иран се спротивставија на предлогот на Турција за нова воена операција во северна Сирија.

The post Чавушоглу: Турција не побарала ниту ќе бара дозвола за воени операции против курдските милитанти во Сирија appeared first on Република.

Ердоган: Шведска ни вети екстрадиција на 73 Курди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-shvedska-ni-veti-ekstradicija-na-73-kurdi/ Thu, 30 Jun 2022 18:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=521780

Шведска вети дека ќе ѝ испорача 73 лица на Турција како резултат на меморандумот што во вторникот беше потпишан во Мадрид меѓу Шведска, Финска и Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ако не се одржи ветувањето, ќе го направиме она што е потребно во договорот“, рече тој денеска за време на прес-конференцијата во Мадрид, додавајќи дека Турција нема да ја испрати ратификацијата на договорот до парламентот. „Ако тие не ги исполнат ова, нема да го испратиме во парламентот“.

Сепак, Ердоган го нарече меморандумот „дипломатска победа“.

Пред самитот на НАТО на кој беше потпишан трилатералниот меморандум, Турција рече дека ќе стави вето на кандидатурите за членство на Шведска и Финска во НАТО, тврдејќи дека во нив има членови на Курдистанската работничка партија или ПКК која Турција, ЕУ и САД ја признаваат како терористичка организација, како и ФЕТО, што Турција го гледа зад обидот за државен удар во 2015 година.

Во меморандумот од 10 члена се вели дека Шведска и Финска ќе ги решат барањата на Турција за екстрадиција на осомничените за тероризам, во согласност со Европската конвенција за екстрадиција.

Турција се откажа од својот приговор за членството на Финска и Шведска во НАТО како резултат на меморандумот потпишан од овие три земји и откако Ердоган разговараше со американскиот претседател Џо Бајден.

The post Ердоган: Шведска ни вети екстрадиција на 73 Курди appeared first on Република.

]]>

Шведска вети дека ќе ѝ испорача 73 лица на Турција како резултат на меморандумот што во вторникот беше потпишан во Мадрид меѓу Шведска, Финска и Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ако не се одржи ветувањето, ќе го направиме она што е потребно во договорот“, рече тој денеска за време на прес-конференцијата во Мадрид, додавајќи дека Турција нема да ја испрати ратификацијата на договорот до парламентот. „Ако тие не ги исполнат ова, нема да го испратиме во парламентот“. Сепак, Ердоган го нарече меморандумот „дипломатска победа“. Пред самитот на НАТО на кој беше потпишан трилатералниот меморандум, Турција рече дека ќе стави вето на кандидатурите за членство на Шведска и Финска во НАТО, тврдејќи дека во нив има членови на Курдистанската работничка партија или ПКК која Турција, ЕУ и САД ја признаваат како терористичка организација, како и ФЕТО, што Турција го гледа зад обидот за државен удар во 2015 година. Во меморандумот од 10 члена се вели дека Шведска и Финска ќе ги решат барањата на Турција за екстрадиција на осомничените за тероризам, во согласност со Европската конвенција за екстрадиција. Турција се откажа од својот приговор за членството на Финска и Шведска во НАТО како резултат на меморандумот потпишан од овие три земји и откако Ердоган разговараше со американскиот претседател Џо Бајден.

The post Ердоган: Шведска ни вети екстрадиција на 73 Курди appeared first on Република.

]]>
На повидок нова ескалација во Сирија: Вооружена група зазела владини згради на североистокот на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-povidok-nova-eskalacija-vo-sirija-vooruzena-grupa-zazela-vladini-zgradi-na-severoistokot-na-zemjata/ Fri, 15 Apr 2022 11:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=488944

Вооружената сириска група, таканаречена Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, зезела голем број владини згради во североисточниот град Камишли за да извршат притисок врз официјален Дамаск да ја прекине опсадата на областите во Алепо кои се под контрола на Курдите.

Припадниците на безбедносните сили на СДФ ги окупираа зградите на Дирекцијата за финансии, Синдикатот на наставници, Сириската жутна фондација, Револуционерниот младински сојуз, Културниот центар и образовниот комплекс - се наведува во соопштение на групата.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=sIT2-Ra2xlc&feature=emb_title

Ден претходно, СДФ распореди големо засилување околу делот на Камишли што го држи владата, каде што се присутни трупите на Сириската арапска армија (САА) и силите за национална одбрана. СДФ, наводно, презела слични мерки околу владината „безбедносна зона“ во срцето на североисточниот град Хасака.

Сите овие мерки имаат за цел да извршат притисок врз Дамаск да ја прекине опсадата наметната од САА во областа Шеик Максуд во градот Алепо под контрола на СДФ. Опсадата почна неколку недели порано како одговор на наводниот напад на милитантите кои се кријат во областа.

Русија е во преговори и со Дамаск и со СДФ за изнаоѓање решение за актуелната криза. Неодамнешните потези на СДФ, особено во Камишли, нема да помогнат во напорите на Русија за постигнување такво нешто.

СДФ веројатно нема дополнително да ескалира против Дамаск затоа што ССА и руските сили ја штитат територијата на групата во северна и североисточна Сирија од турската војска и нејзините сојузници.

The post На повидок нова ескалација во Сирија: Вооружена група зазела владини згради на североистокот на земјата appeared first on Република.

]]>

Вооружената сириска група, таканаречена Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, зезела голем број владини згради во североисточниот град Камишли за да извршат притисок врз официјален Дамаск да ја прекине опсадата на областите во Алепо кои се под контрола на Курдите.
Припадниците на безбедносните сили на СДФ ги окупираа зградите на Дирекцијата за финансии, Синдикатот на наставници, Сириската жутна фондација, Револуционерниот младински сојуз, Културниот центар и образовниот комплекс - се наведува во соопштение на групата.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=sIT2-Ra2xlc&feature=emb_title Ден претходно, СДФ распореди големо засилување околу делот на Камишли што го држи владата, каде што се присутни трупите на Сириската арапска армија (САА) и силите за национална одбрана. СДФ, наводно, презела слични мерки околу владината „безбедносна зона“ во срцето на североисточниот град Хасака. Сите овие мерки имаат за цел да извршат притисок врз Дамаск да ја прекине опсадата наметната од САА во областа Шеик Максуд во градот Алепо под контрола на СДФ. Опсадата почна неколку недели порано како одговор на наводниот напад на милитантите кои се кријат во областа. Русија е во преговори и со Дамаск и со СДФ за изнаоѓање решение за актуелната криза. Неодамнешните потези на СДФ, особено во Камишли, нема да помогнат во напорите на Русија за постигнување такво нешто. СДФ веројатно нема дополнително да ескалира против Дамаск затоа што ССА и руските сили ја штитат територијата на групата во северна и североисточна Сирија од турската војска и нејзините сојузници.

The post На повидок нова ескалација во Сирија: Вооружена група зазела владини згради на североистокот на земјата appeared first on Република.

]]>
Турски воени авиони бомбардирале курдски позиции во Ирак и cеверна Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turski-voeni-avioni-bombardirale-kurdski-pozicii-vo-irak-i-ceverna-sirija/ Wed, 02 Feb 2022 10:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=452901

Турски воени авиони нападнале позиции на курдската милиција, вклучително и кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека авионите што учествувале во нападот на областите Дерик, Синчар и Карачак, по завршувањето на задачата се вратиле во своите бази.

Британските медиуми јавуваат дека нема податоци за жртви и материјална штета предизвикана во овие напади на турските воздухопловни сили.

Турскиот министер за одбрана, Хуласи Акер, за ДПА изјави дека во операцијата „целосно се уништени засолништата, гнездата, пештерите на терористите“.

Според него, слични рации ќе продолжат „до неутрализирање на последниот терорист“.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека воздушната операција била насочена кон единиците на Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во Ирак, како и врз Сириската курдска милиција ИПГ, која Турција ја смета за терористичка организација.

The post Турски воени авиони бомбардирале курдски позиции во Ирак и cеверна Сирија appeared first on Република.

]]>

Турски воени авиони нападнале позиции на курдската милиција, вклучително и кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија. Турското Министерство за одбрана соопшти дека авионите што учествувале во нападот на областите Дерик, Синчар и Карачак, по завршувањето на задачата се вратиле во своите бази. Британските медиуми јавуваат дека нема податоци за жртви и материјална штета предизвикана во овие напади на турските воздухопловни сили. Турскиот министер за одбрана, Хуласи Акер, за ДПА изјави дека во операцијата „целосно се уништени засолништата, гнездата, пештерите на терористите“. Според него, слични рации ќе продолжат „до неутрализирање на последниот терорист“. Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека воздушната операција била насочена кон единиците на Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во Ирак, како и врз Сириската курдска милиција ИПГ, која Турција ја смета за терористичка организација.

The post Турски воени авиони бомбардирале курдски позиции во Ирак и cеверна Сирија appeared first on Република.

]]>