Курбиново Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurbinovo/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 07:08:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Курбиново Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kurbinovo/ 32 32 Конзервацијата на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново е во последна фаза https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konzervatsijata-na-tsrkvata-sveti-gorgi-vo-kurbinovo-e-vo-posledna-faza/ Wed, 08 May 2024 07:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=775223

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска информира дека по неполни четири години, интервенциите за целосна заштита на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново се во последна фаза, со што сонот и заложбите на генерации експерти од заштитата се реализирани.

„Црквата на Ангелот од Курбиново трпеливо чекаше на достојно внимание. И го доби, и стана наш врвен приоритет. Црквата доби статус – добро во опасност, со што ги мобилизиравме сите стручни и материјални ресурси од заштитата“, вели министерката за култура. Таа додава дека свесни за непроценливата вредност на овој драгоцен камен од мозаикот на нашето културно наследство, Владата, Министерството за култура, Заводот и музеј Битола и институциите од заштитата започнаа сериозен, комплексен зафат еднаков на подвиг.

„Европскиот центар за византиски споменици од Солун во овој потфат беше наш исклучително вреден стручен соработник“, истакнува Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека оваа скапоценост од 12 век, што ја впишавме на Тентативната листа на УНЕСКО за светско културно наследство, сакаме што поскоро да биде видлива во сиот свој сјај и за светската јавност.

„Токму нејзиниот фрескоживопис ја вбројува оваа црква меѓу најважните дела на средновековната византиска уметност во светски рамки“, додава Костадиновска-Стојчевска, потсетувајќи дека во пандемичната и неизвесна есен 2020-та со крајно внимание, неопходна стручност, со рекордно зголемен буџет за заштита на културното наследство во опасност и по проект изработен со огромна професионална посветеност, започнаа конзерваторско-реставраторските интервенции на архитектурата, а потоа и на ѕидното сликарство на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново.

Костадиновска-Стојчевска нагласува дека и покрај апелот и напорите на експертите од заштитата, како што вели, системската речиси негрижа и несоодветните приоритети во културните политики особено во минатата декада, го доведоа ова уникатно културно богатство во сериозна опасност.

„Иако паралелно се одвиваат конзерваторски и реставраторски работи и на скопскиот Аквадукт, на многубројни цркви и манастири, како и санација на спомен-обележјата од НОВ, без задршка можам да кажам дека црквата ’Свети Ѓорги‘ во Курбиново беше приоритет во нашата политика за заштита на културното наследство како уште еден битен и несоборлив идентитетски столб“, вели министерката за култура.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е позната по најстарото сочувано ѕидно сликарство кое претставува несекојдневен пример на византиската уметност од крајот на XII век (1191 година), особено по оригинални фрески меѓу кои и фреската на Ангелот Гаврил од Курбиново (како дел од композицијата Благовештение), која е отпечатена и на банкнотата од 50 денари. Почнувајќи од 2013 година, реализирани се неколку проекти за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како што се конзерваторски истражувања, анализи, реконструкција и активности за конзервација на црквата, за што досега се исплатени над 360.000 евра, буџетски средства.

 

The post Конзервацијата на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново е во последна фаза appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска информира дека по неполни четири години, интервенциите за целосна заштита на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново се во последна фаза, со што сонот и заложбите на генерации експерти од заштитата се реализирани. „Црквата на Ангелот од Курбиново трпеливо чекаше на достојно внимание. И го доби, и стана наш врвен приоритет. Црквата доби статус – добро во опасност, со што ги мобилизиравме сите стручни и материјални ресурси од заштитата“, вели министерката за култура. Таа додава дека свесни за непроценливата вредност на овој драгоцен камен од мозаикот на нашето културно наследство, Владата, Министерството за култура, Заводот и музеј Битола и институциите од заштитата започнаа сериозен, комплексен зафат еднаков на подвиг. „Европскиот центар за византиски споменици од Солун во овој потфат беше наш исклучително вреден стручен соработник“, истакнува Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека оваа скапоценост од 12 век, што ја впишавме на Тентативната листа на УНЕСКО за светско културно наследство, сакаме што поскоро да биде видлива во сиот свој сјај и за светската јавност. „Токму нејзиниот фрескоживопис ја вбројува оваа црква меѓу најважните дела на средновековната византиска уметност во светски рамки“, додава Костадиновска-Стојчевска, потсетувајќи дека во пандемичната и неизвесна есен 2020-та со крајно внимание, неопходна стручност, со рекордно зголемен буџет за заштита на културното наследство во опасност и по проект изработен со огромна професионална посветеност, започнаа конзерваторско-реставраторските интервенции на архитектурата, а потоа и на ѕидното сликарство на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново. Костадиновска-Стојчевска нагласува дека и покрај апелот и напорите на експертите од заштитата, како што вели, системската речиси негрижа и несоодветните приоритети во културните политики особено во минатата декада, го доведоа ова уникатно културно богатство во сериозна опасност. „Иако паралелно се одвиваат конзерваторски и реставраторски работи и на скопскиот Аквадукт, на многубројни цркви и манастири, како и санација на спомен-обележјата од НОВ, без задршка можам да кажам дека црквата ’Свети Ѓорги‘ во Курбиново беше приоритет во нашата политика за заштита на културното наследство како уште еден битен и несоборлив идентитетски столб“, вели министерката за култура. Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е позната по најстарото сочувано ѕидно сликарство кое претставува несекојдневен пример на византиската уметност од крајот на XII век (1191 година), особено по оригинални фрески меѓу кои и фреската на Ангелот Гаврил од Курбиново (како дел од композицијата Благовештение), која е отпечатена и на банкнотата од 50 денари. Почнувајќи од 2013 година, реализирани се неколку проекти за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како што се конзерваторски истражувања, анализи, реконструкција и активности за конзервација на црквата, за што досега се исплатени над 360.000 евра, буџетски средства.  

The post Конзервацијата на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново е во последна фаза appeared first on Република.

]]>
„Еуроњуз“: Македонија и Грција заеднички спасуваат ретки византиски фрески од 12 век https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/euronuz-severna-makedonija-i-grtsija-zaednichki-spasuvaat-retki-vizantiski-freski-od-12-vek/ Fri, 08 Sep 2023 19:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=680096

Владите на Македонија и Грција во соработка со Европскиот центар за византиски споменици од Солун се договорија да обезбедат зачувување на фрескоживописот во црквата „Свети Ѓорѓи’ во селото Курбиново, кој е редок пример на византиската уметност во балканскиот регион, објави денеска „Еуроњуз“.

- Високо во планините над Преспанското Езеро што ја поврзува Македонија со Грција и Албанија се наоѓа црквата „Свети Ѓорѓи“ од 12 век. Фрескоживописот пронајден во неа нуди интересни и ретки примери на византиската уметност во балканскиот регион и претставува важен дел од европското културно наследство, се наведува во прилогот.

Оливера Макриевска од Заводот и музеј - Битола за „Еуроњуз“ вели дека првите знаци од предренесансниот период на фреските може да се видат во изразот на лицата на светците и во нивните одежди.

Во извештајот се посочува дека главен предизвик со кој се соочуваат реставраторските тимови од двете земји е зачувување на овие ремек-дела стари 10 века.

Според Бабис Апостолидис од Европскиот центар за византиски споменици, бојата што се користела при изработката на фреските била главно направена од минерали од камења, од зеленчукови растенија или дури и од животинско потекло.

- Бојата е направена од прав, многу фин прав и тие го мешале тој прав со вар во вода... Сликарот потоа ја нанесувал бојата на свеж малтер пред малтерот да се исуши, објаснува Апостолидис.

„Еуроњуз“ наведува дека овој заеднички проект за зачувување на богатото културно наследство во регионот на Преспанското Езеро претставува конкретен резултат од Преспанскиот договор, што Скопје и Атина го потпишаа во 2017 година за надминување на спорот за името, што резултираше и со интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерството за култура на почетокот на јуни информираше дека македонски и грчки конзерватори ги презентирале досегашните резултати од соработката меѓу битолскиот Завод и музеј и Европскиот центар за византиски споменици за реализација на проектот за „Конзервација на ѕидното сликарство на црквата Св. Ѓорѓи во село Курбиново“.

На презентација, меѓу останатите, присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду, генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис, директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, директорката на Европскиот центар од Солун, Флора Карајани, како и тимот конзерватори.

Проектот започнат пред две години се реализира врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка. Во соопштението беше посочено дека во оваа фаза од конзервацијата, стручните лица користеле современи технологии и техники на истражување, ласерско скенирање на објектот, инфрацрвена камера, мултиспектрална камера и други техники за да се утврди како работеле и ја граделе црквата „Св. Ѓорѓи“ некогашните зографи.

Според најавите од Заводот и музеј – Битола, активностите во црква е планирано да завршат до крајот на годинава, кога ќе се добие „завршен и комплетиран споменик од конзерваторски аспект во однос на архитектура и ѕидно сликарство“.

The post „Еуроњуз“: Македонија и Грција заеднички спасуваат ретки византиски фрески од 12 век appeared first on Република.

]]>

Владите на Македонија и Грција во соработка со Европскиот центар за византиски споменици од Солун се договорија да обезбедат зачувување на фрескоживописот во црквата „Свети Ѓорѓи’ во селото Курбиново, кој е редок пример на византиската уметност во балканскиот регион, објави денеска „Еуроњуз“. - Високо во планините над Преспанското Езеро што ја поврзува Македонија со Грција и Албанија се наоѓа црквата „Свети Ѓорѓи“ од 12 век. Фрескоживописот пронајден во неа нуди интересни и ретки примери на византиската уметност во балканскиот регион и претставува важен дел од европското културно наследство, се наведува во прилогот. Оливера Макриевска од Заводот и музеј - Битола за „Еуроњуз“ вели дека првите знаци од предренесансниот период на фреските може да се видат во изразот на лицата на светците и во нивните одежди. Во извештајот се посочува дека главен предизвик со кој се соочуваат реставраторските тимови од двете земји е зачувување на овие ремек-дела стари 10 века. Според Бабис Апостолидис од Европскиот центар за византиски споменици, бојата што се користела при изработката на фреските била главно направена од минерали од камења, од зеленчукови растенија или дури и од животинско потекло. - Бојата е направена од прав, многу фин прав и тие го мешале тој прав со вар во вода... Сликарот потоа ја нанесувал бојата на свеж малтер пред малтерот да се исуши, објаснува Апостолидис. „Еуроњуз“ наведува дека овој заеднички проект за зачувување на богатото културно наследство во регионот на Преспанското Езеро претставува конкретен резултат од Преспанскиот договор, што Скопје и Атина го потпишаа во 2017 година за надминување на спорот за името, што резултираше и со интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји. Министерството за култура на почетокот на јуни информираше дека македонски и грчки конзерватори ги презентирале досегашните резултати од соработката меѓу битолскиот Завод и музеј и Европскиот центар за византиски споменици за реализација на проектот за „Конзервација на ѕидното сликарство на црквата Св. Ѓорѓи во село Курбиново“. На презентација, меѓу останатите, присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду, генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис, директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, директорката на Европскиот центар од Солун, Флора Карајани, како и тимот конзерватори. Проектот започнат пред две години се реализира врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка. Во соопштението беше посочено дека во оваа фаза од конзервацијата, стручните лица користеле современи технологии и техники на истражување, ласерско скенирање на објектот, инфрацрвена камера, мултиспектрална камера и други техники за да се утврди како работеле и ја граделе црквата „Св. Ѓорѓи“ некогашните зографи. Според најавите од Заводот и музеј – Битола, активностите во црква е планирано да завршат до крајот на годинава, кога ќе се добие „завршен и комплетиран споменик од конзерваторски аспект во однос на архитектура и ѕидно сликарство“.

The post „Еуроњуз“: Македонија и Грција заеднички спасуваат ретки византиски фрески од 12 век appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска со амбасадорката на Грција, Филипиду, утре во Курбиново, за резултатите од соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-so-ambasadorkata-na-grtsija-filipidu-utre-vo-kurbinovo-za-rezultatite-od-sorabotkata-so-evropskiot-tsentar-za-vizantiski-i-postvizantiski-spomenitsi/ Sun, 04 Jun 2023 19:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=647742

Во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново в понеделник (5 јуни 2023 година), во 11 часот, ќе бидат презентирани досегашните резултатите од соработката меѓу НУ „Заводот и музеј“ – Битола и „Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици“ од Солун на проектот за „Конзервација на ѕидното сликарство на црквата св. Ѓорѓи во с. Курбиново“.

На средбата ќе присуствуваат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, директорката на НУ „Заводот и музеј“ – Битола, д-р Мери Стојанова, со тимот конзерватори, како и директорката на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, д-р Флора Карајани, со својот стручен тим.

The post Костадиновска-Стојчевска со амбасадорката на Грција, Филипиду, утре во Курбиново, за резултатите од соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици appeared first on Република.

]]>

Во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново в понеделник (5 јуни 2023 година), во 11 часот, ќе бидат презентирани досегашните резултатите од соработката меѓу НУ „Заводот и музеј“ – Битола и „Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици“ од Солун на проектот за „Конзервација на ѕидното сликарство на црквата св. Ѓорѓи во с. Курбиново“.

На средбата ќе присуствуваат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, директорката на НУ „Заводот и музеј“ – Битола, д-р Мери Стојанова, со тимот конзерватори, како и директорката на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, д-р Флора Карајани, со својот стручен тим.

The post Костадиновска-Стојчевска со амбасадорката на Грција, Филипиду, утре во Курбиново, за резултатите од соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Во Курбиново работат грчки конзерватори без контрола на македонските институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vmro-dpmne-vo-kurbinovo-rabotat-grchki-konzervatori-bez-kontrola-na-makedonskite-institutsii/ Wed, 01 Feb 2023 12:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=603363

Додека Бујар Османи секојдневно и ревносно обиколуваше повеќе институции за преглед на таблите за двојазични ознаки, денес раководните кадри токму од партијата на Османи или помалите албанските партии, исто така не ја пропуштаат можноста за масовна двојазична промена на таблите по институциите и објектите - од лични имиња и презимиња, па сè до описи и патокази на културните добра, се вели во реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

„Конзерваторските центри во Република Македонија подолг временски период станаа целосно нефункционални институции од дејноста за заштита на културното наследство, крајно оневозможени да ја реализираат својата основна задача и функција. Но и покрај тоа, неспособните раководни кадри од власта поитаа да ја истакнат формата пред суштината. Следствено, во регионите со повеќе бројно албанско население, таблите со натписите не се ниту двојазични.

Додека македонскиот јазик полека исчезнува, маргинализиран до целосно непрепознавање, неспособноста на оваа Влада ја доживува својата кулминација со целосната негрижа кон културното профано и сакрално добро, кое од година во година бележи нов поразителен статус на доуништување.

Дивеејќи во своите замисли, без никакво проследување на заштитните законски обврски - некогаш зададени од стручните установи или со упатства за користење на спомениците на културата обележани со метални табли, во период кога се поставуваа постулатите во заштитата на споменичкото наследство - денес конзерваторските центри се оставени не само на маргините од културата, туку цврсто лежат на самото културно дно.

Ненаоѓајќи го спасот во својата држава, центрите за конзервација се принудени да ја прифатат странската помош не како опција, туку како давеник за сламка, барајќи покритие за својата некадарност, која лесно се согледува преку странски „стручњаци“ кои деновиве работат во Курбиново без стручна контрола од домашните институции. Зарем по сè што ни се случува, воопшто не сме свесни дека странските заинтересирани страни, кои се „врткаат“ околу спомениците на културата на наше тло, сè уште гледаат на нив како на сопствена оставнина од минатото на овие простори.

Од работата на регионалните, локални конзерваторски центри, кои, исто така, треба да спроведуваат барем елементарна евиденција и превенција во заштитата, останаа само гласно најавени проекти за обично реновирање на црковна кујна (на пример таа во Трескавец), заборавајќи на главната причина за постоење на тој објект - црквата, заради која целиот тој предел го носи епитетот заштитено добро.

И како впрочем да се објасни ваквата состојба ако не се тргне од самото неспособно раководство поставено од Владата, каде што од прва рака се кршат правилниците за работа во вакви специфични стручни установи, во кои се именуваат директори со ниту еден работен ден во културата, а поимот „конзервација“ им е мисловна именка!

Тоа ли е таа наша убава земја?! Земја во која сѐ уште нема целосна ре/валоризација, ниту евиденција на спомениците изградени од пред 100 години. Да ги споменеме тука и поновите, оние индустриските (особено актуелни во светот), кои исчезнуваат пред нашите очи секој ден!

А сè започна со една банална сентенца... „годинава... само годинава нема пари за“... терен, обиколка, увид, заштита на културните добра на терен“, се вели во известувањето на Комисијатаза култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во Курбиново работат грчки конзерватори без контрола на македонските институции appeared first on Република.

]]>

Додека Бујар Османи секојдневно и ревносно обиколуваше повеќе институции за преглед на таблите за двојазични ознаки, денес раководните кадри токму од партијата на Османи или помалите албанските партии, исто така не ја пропуштаат можноста за масовна двојазична промена на таблите по институциите и објектите - од лични имиња и презимиња, па сè до описи и патокази на културните добра, се вели во реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. „Конзерваторските центри во Република Македонија подолг временски период станаа целосно нефункционални институции од дејноста за заштита на културното наследство, крајно оневозможени да ја реализираат својата основна задача и функција. Но и покрај тоа, неспособните раководни кадри од власта поитаа да ја истакнат формата пред суштината. Следствено, во регионите со повеќе бројно албанско население, таблите со натписите не се ниту двојазични. Додека македонскиот јазик полека исчезнува, маргинализиран до целосно непрепознавање, неспособноста на оваа Влада ја доживува својата кулминација со целосната негрижа кон културното профано и сакрално добро, кое од година во година бележи нов поразителен статус на доуништување. Дивеејќи во своите замисли, без никакво проследување на заштитните законски обврски - некогаш зададени од стручните установи или со упатства за користење на спомениците на културата обележани со метални табли, во период кога се поставуваа постулатите во заштитата на споменичкото наследство - денес конзерваторските центри се оставени не само на маргините од културата, туку цврсто лежат на самото културно дно. Ненаоѓајќи го спасот во својата држава, центрите за конзервација се принудени да ја прифатат странската помош не како опција, туку како давеник за сламка, барајќи покритие за својата некадарност, која лесно се согледува преку странски „стручњаци“ кои деновиве работат во Курбиново без стручна контрола од домашните институции. Зарем по сè што ни се случува, воопшто не сме свесни дека странските заинтересирани страни, кои се „врткаат“ околу спомениците на културата на наше тло, сè уште гледаат на нив како на сопствена оставнина од минатото на овие простори. Од работата на регионалните, локални конзерваторски центри, кои, исто така, треба да спроведуваат барем елементарна евиденција и превенција во заштитата, останаа само гласно најавени проекти за обично реновирање на црковна кујна (на пример таа во Трескавец), заборавајќи на главната причина за постоење на тој објект - црквата, заради која целиот тој предел го носи епитетот заштитено добро. И како впрочем да се објасни ваквата состојба ако не се тргне од самото неспособно раководство поставено од Владата, каде што од прва рака се кршат правилниците за работа во вакви специфични стручни установи, во кои се именуваат директори со ниту еден работен ден во културата, а поимот „конзервација“ им е мисловна именка! Тоа ли е таа наша убава земја?! Земја во која сѐ уште нема целосна ре/валоризација, ниту евиденција на спомениците изградени од пред 100 години. Да ги споменеме тука и поновите, оние индустриските (особено актуелни во светот), кои исчезнуваат пред нашите очи секој ден! А сè започна со една банална сентенца... „годинава... само годинава нема пари за“... терен, обиколка, увид, заштита на културните добра на терен“, се вели во известувањето на Комисијатаза култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во Курбиново работат грчки конзерватори без контрола на македонските институции appeared first on Република.

]]>
Почнаа конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnaa-konzervatorski-istrazuvanja-na-dzidnoto-slikarstvo-vo-crkvata-sveti-gjorgji-vo-kurbinovo/ Wed, 15 Jun 2022 07:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=515354

Националната установа Завод и Музеј-Битола во соработка со Европски центар за византиски и поствизантиски споменици со седиште во Солун, почна конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново.

Станува збор за конзерваторски проект, кој по комплетирањето ќе биде испратен на стручна контрола во Националниот конзерваторски центар во Скопје и ако добие позитивно стручно мислење, потоа треба да добие и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, информираат од НУ Завод и Музеј-Битола.

Во тек е конзервација на архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во чиј опфат е инјектирање на ѕидовите во внатрешниот дел на објектот, како и интервенции на кровната конструкција. Во рамки на конзерваторските истражувања се вршат и анализи кои ќе придонесат за соодветни конзерваторски интервенции, потврдуваат од битолскиот Музеј.

Како што е познато, во црквата „Свети Ѓорги“ во преспанско Курбиново се наоѓа фреската на светецот Архангел Гаврил – „Ангелот од Курбиново“ која е ставена на Привремената листа за културно наследство на УНЕСКО.

The post Почнаа конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново appeared first on Република.

]]>

Националната установа Завод и Музеј-Битола во соработка со Европски центар за византиски и поствизантиски споменици со седиште во Солун, почна конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново. Станува збор за конзерваторски проект, кој по комплетирањето ќе биде испратен на стручна контрола во Националниот конзерваторски центар во Скопје и ако добие позитивно стручно мислење, потоа треба да добие и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, информираат од НУ Завод и Музеј-Битола.
Во тек е конзервација на архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во чиј опфат е инјектирање на ѕидовите во внатрешниот дел на објектот, како и интервенции на кровната конструкција. Во рамки на конзерваторските истражувања се вршат и анализи кои ќе придонесат за соодветни конзерваторски интервенции, потврдуваат од битолскиот Музеј.
Како што е познато, во црквата „Свети Ѓорги“ во преспанско Курбиново се наоѓа фреската на светецот Архангел Гаврил – „Ангелот од Курбиново“ која е ставена на Привремената листа за културно наследство на УНЕСКО.

The post Почнаа конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново appeared first on Република.

]]>
Конзерватори од Солун и Битола заеднички работат на заштита на манастирот во Курбиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konzervatori-od-solun-i-bitola-zaednichki-rabotat-na-zashtita-na-manastirot-vo-kurbinovo/ Sat, 04 Jun 2022 13:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=511077

Во срцето на Баба планина и со поглед на бистрите води на Преспанското езеро сместен е најзначајниот храм од времето на византиска Македонија – Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново. Живописните фрески кои речиси 1000 години го красат овој храм , наскоро ќе добијат нов сјај.

Конзерватори од Солун и Битола заеднички активно работат на студија за заштита на надворешниот и внатрешниот дел на црквата, а со тоа и спас за фреските. Она што не беше случај досега, по потпишувањето на Преспанскиот договор, стручни лица од Грција ја зголемуваат соработката со македонските колеги и со најсовремена опрема се вклучуваат во истражувања за степенот на оштетување на фреските во Курбиново.

Македонскиот тим на конзерватори во комуникација со екпертите од Солун веќе земаат примероци од боите и се прават фотографии со специјализирани камери за да се утврди состојбата на фрескоживописот.

Целиот текст на Алфа.мк

The post Конзерватори од Солун и Битола заеднички работат на заштита на манастирот во Курбиново appeared first on Република.

]]>

Во срцето на Баба планина и со поглед на бистрите води на Преспанското езеро сместен е најзначајниот храм од времето на византиска Македонија – Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново. Живописните фрески кои речиси 1000 години го красат овој храм , наскоро ќе добијат нов сјај. Конзерватори од Солун и Битола заеднички активно работат на студија за заштита на надворешниот и внатрешниот дел на црквата, а со тоа и спас за фреските. Она што не беше случај досега, по потпишувањето на Преспанскиот договор, стручни лица од Грција ја зголемуваат соработката со македонските колеги и со најсовремена опрема се вклучуваат во истражувања за степенот на оштетување на фреските во Курбиново. Македонскиот тим на конзерватори во комуникација со екпертите од Солун веќе земаат примероци од боите и се прават фотографии со специјализирани камери за да се утврди состојбата на фрескоживописот. Целиот текст на Алфа.мк

The post Конзерватори од Солун и Битола заеднички работат на заштита на манастирот во Курбиново appeared first on Република.

]]>
Истражување за изработка на студија за одржување на фрески во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/istrazuvanje-za-izrabotka-na-studija-za-odrzuvanje-na-freski-vo-crkvata-sv-gjorgji-vo-kurbinovo/ Tue, 03 May 2022 09:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=496693

Стручниот персонал од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕЦВПС) со седиште во Солун од 26 до 29 април спроведе истражување во црквата „Св. Ѓорѓи” во Курбиново, со цел да се изработи студија за одржување на фреските зачувани на неговата внатрешност и надворешност, соопштија денеска од Амбасада на Грција во Скопје.

Овој храм претставува еден од најзначајните споменици од византиска Македонија, во којшто е сочувана една од врвните збирки на сликарство од времето на Комнените, се наведува во соопштението.

Инаку, во јуни минатата година, Министерството за култура потпиша Меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици за одржување на фреските во овој многу значаен споменик.

По потпишувањето следеа теренски истражувања направени од страна на конзерваторскиот тим од Центарот, а неодамна надлежните служби од Министерството за култура ја одобрија и изработката на релевантната студија, којашто опфаќа земање примероци од боите, правење слики со помош на мултиспектрални камери, земање примероци со помош на УВ-зрачење, колориметрија, стереомикроскопски анализи, како и фотографирање со тангентно осветлување.

Изминативе денови, како што посочија од Грчката амбасада, тимот на конзерватори од Центарот на чело со директорката Флора Карајани и во состав Електра Карајаниду, одговорна за студијата, Астериос Апостолидис, Алексиос Папапелеканос и Александрос Константас, со помош на вработените во Заводот за заштита на спомениците и музеј – Битола – Оливера Макриевска, Јовица Богоев, Славе Стојанов и Крсте Кочов, под раководство на Мери Стојанова, изврши истражни работи на самото место на споменикот, користејќи специјализирана и технолошки најсовремена опрема, којашто беше транспортирана од Грција.

Целта е да се комплетираат најдобрата можна документација на ова автентично сликарство, идентификацијата и верификувањето на можните натсликувања и на сите зафати што биле претрпени низ вековите, евиденцијата на нивната состојба, како и предложените зафати за нивното одржување. Студијата се очекува да биде завршена до следниот јули, а потоа да биде доставена на одобрување до надлежните органи на Министерството за култура на Македонија, по што ЕЦВПС ќе продолжи со извршување на работите за одржување на фреските за сметка на грчкото Министерство за култура и спорт, се наведува во соопштението на Амбасадата на Грција во земјава.

The post Истражување за изработка на студија за одржување на фрески во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново appeared first on Република.

]]>

Стручниот персонал од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕЦВПС) со седиште во Солун од 26 до 29 април спроведе истражување во црквата „Св. Ѓорѓи” во Курбиново, со цел да се изработи студија за одржување на фреските зачувани на неговата внатрешност и надворешност, соопштија денеска од Амбасада на Грција во Скопје.
Овој храм претставува еден од најзначајните споменици од византиска Македонија, во којшто е сочувана една од врвните збирки на сликарство од времето на Комнените, се наведува во соопштението.
Инаку, во јуни минатата година, Министерството за култура потпиша Меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици за одржување на фреските во овој многу значаен споменик. По потпишувањето следеа теренски истражувања направени од страна на конзерваторскиот тим од Центарот, а неодамна надлежните служби од Министерството за култура ја одобрија и изработката на релевантната студија, којашто опфаќа земање примероци од боите, правење слики со помош на мултиспектрални камери, земање примероци со помош на УВ-зрачење, колориметрија, стереомикроскопски анализи, како и фотографирање со тангентно осветлување. Изминативе денови, како што посочија од Грчката амбасада, тимот на конзерватори од Центарот на чело со директорката Флора Карајани и во состав Електра Карајаниду, одговорна за студијата, Астериос Апостолидис, Алексиос Папапелеканос и Александрос Константас, со помош на вработените во Заводот за заштита на спомениците и музеј – Битола – Оливера Макриевска, Јовица Богоев, Славе Стојанов и Крсте Кочов, под раководство на Мери Стојанова, изврши истражни работи на самото место на споменикот, користејќи специјализирана и технолошки најсовремена опрема, којашто беше транспортирана од Грција.
Целта е да се комплетираат најдобрата можна документација на ова автентично сликарство, идентификацијата и верификувањето на можните натсликувања и на сите зафати што биле претрпени низ вековите, евиденцијата на нивната состојба, како и предложените зафати за нивното одржување. Студијата се очекува да биде завршена до следниот јули, а потоа да биде доставена на одобрување до надлежните органи на Министерството за култура на Македонија, по што ЕЦВПС ќе продолжи со извршување на работите за одржување на фреските за сметка на грчкото Министерство за култура и спорт, се наведува во соопштението на Амбасадата на Грција во земјава.

The post Истражување за изработка на студија за одржување на фрески во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново appeared first on Република.

]]>