купување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kupuvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 10:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png купување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kupuvanje/ 32 32 Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskiot-e-kupuvach-so-slichen-kalap-kako-balkanskiot-pravi-zdelki-do-50-evra-a-najmnogu-surfa-na-sotsijalni-mrezhi-i-telefonira/ Tue, 12 Nov 2024 10:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=836704

Македонскиот е-купувач е сличен на балканскиот, добро е поврзан со интернет, но главно го користи за социјални медиуми, телефонирање, видео повици,... Најчесто прави нарачки до 50 евра и купува облека. Притоа, ова не му е навика, туку го прави еднаш до двапати во три месеци што значи дека е „случаен онлајн купувач“. Генерално плаќа во готово при достава и прави зделки со домашни продавачи.

Како што рече денеска претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков, некои од причините за ваквите карактеристики се немањето доволно дигитални вештини, ниското ниво на користење е-банкарство, немањето навики за плаќање со картичка, како и немањето доверба дали ќе стигне производот.

Врз е-трговијата, оцени Ангеловска Станков, многу влијае и доставата. Според последната анкета која опфатила 40 компании од Западен Балкан, најголем предизвик се токму брзината на доставување, флексибилноста, доверливоста и недоволната професионалност на доставувачите кои многу влијаат врз креирањето на искуството кај граѓаните од онлајн купувањето.

Најновите податоци покажуваат дека во земјава над 86,6 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници.

Регионот споредено со Европа има најниско ниво на иматели на сметки, на платежни картички и најмалку користи платежните картички. Кешот е се уште доминантен начин на плаќање. Денеска ќе видиме како да ги „отплеткаме“ другите платежни методи кои во развиените земји се норма и каде плаќање во готово не се ни нуди како опција, истакна Ангеловска Станков пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

Земјите од Западен Балкан имаат напредок во е-трговијата, но и покрај растот, се рангирани најниско во споредба со европските држави.

Имаме прогрес, но далеку сме од фаќање чекор со европските земји. Имаме уште многу работа. Во однос на подготвеноста за е-трговија, секогаш ја гледаме и дигиталната подготвеност како предуслов. Тука се уште не сме на завидно ниво зашто во однос на дигитални вештини, регионот е многу ниско рангиран и потребно е забрзување. Албанија во однос на е-трговијата минатите пет години бележи раст од 370 проценти, а Србија како најголем пазар има најголем потенцијал - има 65 отсто онлајн купувачи од интернет корисниците, додека Македонија е на второ место со 54 проценти, рече Ангеловска Станков.

Македонскиот е-купувач, освен облека, купува и електроника, производи за домаќинство,...

Имаме разлики со европскиот купувач кога се работи за електрониката. Албанија, на пример, купува повеќе од европскиот купувач, а Црногорците многу нарачуваат храна од ресторани за разлика од Европјаните. Во однос на зделките кои се најчесто до 50 евра, една од причините е купувната моќ. Сепак, дел од овие зделки се плаќаат во кеш при доставата. Во Европа нарачките просечно се од 100 - 500 евра. Битна е и колку често купувате, кај нас онлајн купувањето се уште не е навика, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија.

Нејзина оценка е и дека приватните пошти имаат значаен раст во работењето, но мора да применат помодерни технологии за да го оптимизираат работењето и да ги намалат трошоците, како и да го подобрат квалитетот. Недостигот на кадар, порача, може да се надмине со подобра технологија.

Најновите податоци се охрабрувачки. Над 86,6 отсто од домаќинствата во земјава имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Овие бројки ја поставуваат нашата држава на водечките позиции во регионот, но го отсликуваат и потенцијалот за развој. Охрабрувачки е да се види како нашите домашни платформи веќе имплементираат современи технолошки решенија од напредни системи базирани на вештачка интелигенција, иновативни платежни решенија, до нови начини на достава. Ова покажува дека имаме капацитет да развиваме решенија кои ги задоволуваат современите потрошувачки потреби и можат да се напредуваат со глобалните стандарди, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој најави дека во наредниот период ќе се посвети внимание на создавање поволна деловна клима која ќе поттикне претприемништво и во дигиталната сфера.

Преку континуиран дијалог и соработка ќе продолжиме да работиме на создавање поконкурентен и динамичен екосистем кој ќе биде двигател на економскиот раст и на дигиталната трансформација. Со заедничка визија и координарани напори можеме да ги надминеме предизвиците и да го искористиме целосниот потенцијал на дигиталната економија во нашиот регион за да го достигнеме нивото на европските пазари. Нашата намера е да работиме и на олеснување на прекуграничната трговија, унапредување на системите за плаќање и модернизација на логистичката инфраструктура, рече министерот.

На 7. регионална конференција за е-трговија која се одржува во Скопје под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, има над 700 учесници од дома и од регионот, претставници од водечки компании, меѓународни организации и академски институции.

Како што рече Ангеловска Станков, потенцијалот на регионот во однос на е-трговијата почнаа да го забележуваат и интернационални компании кои влегоа на овие пазари, а се забележува и ширење на регионални компании во повеќе земји од Западен Балкан.

The post Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира appeared first on Република.

]]>

Македонскиот е-купувач е сличен на балканскиот, добро е поврзан со интернет, но главно го користи за социјални медиуми, телефонирање, видео повици,... Најчесто прави нарачки до 50 евра и купува облека. Притоа, ова не му е навика, туку го прави еднаш до двапати во три месеци што значи дека е „случаен онлајн купувач“. Генерално плаќа во готово при достава и прави зделки со домашни продавачи. Како што рече денеска претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков, некои од причините за ваквите карактеристики се немањето доволно дигитални вештини, ниското ниво на користење е-банкарство, немањето навики за плаќање со картичка, како и немањето доверба дали ќе стигне производот. Врз е-трговијата, оцени Ангеловска Станков, многу влијае и доставата. Според последната анкета која опфатила 40 компании од Западен Балкан, најголем предизвик се токму брзината на доставување, флексибилноста, доверливоста и недоволната професионалност на доставувачите кои многу влијаат врз креирањето на искуството кај граѓаните од онлајн купувањето. Најновите податоци покажуваат дека во земјава над 86,6 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Регионот споредено со Европа има најниско ниво на иматели на сметки, на платежни картички и најмалку користи платежните картички. Кешот е се уште доминантен начин на плаќање. Денеска ќе видиме како да ги „отплеткаме“ другите платежни методи кои во развиените земји се норма и каде плаќање во готово не се ни нуди како опција, истакна Ангеловска Станков пред почетокот на регионална конференција за е-трговија. Земјите од Западен Балкан имаат напредок во е-трговијата, но и покрај растот, се рангирани најниско во споредба со европските држави. Имаме прогрес, но далеку сме од фаќање чекор со европските земји. Имаме уште многу работа. Во однос на подготвеноста за е-трговија, секогаш ја гледаме и дигиталната подготвеност како предуслов. Тука се уште не сме на завидно ниво зашто во однос на дигитални вештини, регионот е многу ниско рангиран и потребно е забрзување. Албанија во однос на е-трговијата минатите пет години бележи раст од 370 проценти, а Србија како најголем пазар има најголем потенцијал - има 65 отсто онлајн купувачи од интернет корисниците, додека Македонија е на второ место со 54 проценти, рече Ангеловска Станков. Македонскиот е-купувач, освен облека, купува и електроника, производи за домаќинство,... Имаме разлики со европскиот купувач кога се работи за електрониката. Албанија, на пример, купува повеќе од европскиот купувач, а Црногорците многу нарачуваат храна од ресторани за разлика од Европјаните. Во однос на зделките кои се најчесто до 50 евра, една од причините е купувната моќ. Сепак, дел од овие зделки се плаќаат во кеш при доставата. Во Европа нарачките просечно се од 100 - 500 евра. Битна е и колку често купувате, кај нас онлајн купувањето се уште не е навика, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија. Нејзина оценка е и дека приватните пошти имаат значаен раст во работењето, но мора да применат помодерни технологии за да го оптимизираат работењето и да ги намалат трошоците, како и да го подобрат квалитетот. Недостигот на кадар, порача, може да се надмине со подобра технологија. Најновите податоци се охрабрувачки. Над 86,6 отсто од домаќинствата во земјава имаат пристап до интернет, а 88,3 проценти од популацијата се активни интернет корисници. Овие бројки ја поставуваат нашата држава на водечките позиции во регионот, но го отсликуваат и потенцијалот за развој. Охрабрувачки е да се види како нашите домашни платформи веќе имплементираат современи технолошки решенија од напредни системи базирани на вештачка интелигенција, иновативни платежни решенија, до нови начини на достава. Ова покажува дека имаме капацитет да развиваме решенија кои ги задоволуваат современите потрошувачки потреби и можат да се напредуваат со глобалните стандарди, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој најави дека во наредниот период ќе се посвети внимание на создавање поволна деловна клима која ќе поттикне претприемништво и во дигиталната сфера. Преку континуиран дијалог и соработка ќе продолжиме да работиме на создавање поконкурентен и динамичен екосистем кој ќе биде двигател на економскиот раст и на дигиталната трансформација. Со заедничка визија и координарани напори можеме да ги надминеме предизвиците и да го искористиме целосниот потенцијал на дигиталната економија во нашиот регион за да го достигнеме нивото на европските пазари. Нашата намера е да работиме и на олеснување на прекуграничната трговија, унапредување на системите за плаќање и модернизација на логистичката инфраструктура, рече министерот. На 7. регионална конференција за е-трговија која се одржува во Скопје под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, има над 700 учесници од дома и од регионот, претставници од водечки компании, меѓународни организации и академски институции. Како што рече Ангеловска Станков, потенцијалот на регионот во однос на е-трговијата почнаа да го забележуваат и интернационални компании кои влегоа на овие пазари, а се забележува и ширење на регионални компании во повеќе земји од Западен Балкан.

The post Македонскиот е-купувач со сличен калап како балканскиот: Прави зделки до 50 евра, а најмногу „сурфа“ на социјални мрежи и телефонира appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/andonovski-graganite-da-bidat-mnogu-vnimatelni-pri-e-kupuvaneto-i-vednash-da-prijavuvaat-izmami/ Tue, 12 Nov 2024 10:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=836682

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти,..., за да бидат сигури дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со честите измами на интернет, Андоновски напомена дека е многу важно во вакви случаи граѓаните веднаш да пријават за институциите брзо да интервенираат.

Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независnи платформи како фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување.

-Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,..., кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. Постои сега и нов феномен на инстаграм со формирање лажни профили на јавни личности. Тоа е нешто со кое сите се соочуваме, но брзото реагирање кон државните институции и кон платформите, овозможува тие профили да се симнат многу брзо. Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија. Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет, истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

The post Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами appeared first on Република.

]]>

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти,..., за да бидат сигури дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со честите измами на интернет, Андоновски напомена дека е многу важно во вакви случаи граѓаните веднаш да пријават за институциите брзо да интервенираат. Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независnи платформи како фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување. -Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,..., кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. Постои сега и нов феномен на инстаграм со формирање лажни профили на јавни личности. Тоа е нешто со кое сите се соочуваме, но брзото реагирање кон државните институции и кон платформите, овозможува тие профили да се симнат многу брзо. Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија. Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет, истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

The post Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето и веднаш да пријавуваат измами appeared first on Република.

]]>
Диплома во БИХ може да се купи на бензинска пумпа, тврди главниот обвинител Кајганиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/diploma-vo-bih-mozhe-da-se-kupi-na-benzinska-pumpa-tvrdi-glavniot-obvinitel-kajganik/ Thu, 23 Feb 2023 18:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=612432

Главниот обвинител на Босна и Херцеговина, Миланко Кајганиќ денеска изјави дека акцијата „Кластер“, спроведена поради издавање лажни дипломи на неколку приватни универзитети во земјата покажала дека диплома може да се купи на бензинска пумпа.

„Фактот дека диплома може да се купи на бензинска пумпа говори дека инспекциските органи не си ја вршат својата работа“, изјави Кајганиќ за новинарите во Сараево.

Тој наведе дека со акцијата „Кластер“ се опфатени приватни факултети, каде  Обвинителството докажало злоупотреби, но дека ќе се постапува и на државните, ако има докази дека издавале лажни дипломи.

„Сите треба да станеме сериозни, инспекцијата да биде поригорозна и да утврди како, без оглед на контролите, е можно да се купи диплома. Акцијата „Кластер“, во која беа уапсени 11 професори и раководители на неколку приватни универзитети во БиХ, е една од најзначајните акции во борбата против корупцијата во БиХ. Од 2021 година водиме истраги со Агенцијата за истрага и заштита на БиХ и дојдовме до докази дека во БиХ постои организирана криминална група која се занимава со продажба на дипломи, што сметаме дека е основа за каква било друга корупција“, додаде Кајганиќ.

Наведе дека станува збор за системска корупција, бидејќи многумина кои купиле дипломи врз основа на нив се вработуваат во владини органи, полициски агенции, образование, правда, здравство, нагласувајќи дека Обвинителството има докази дека е купена и диплома за градежен инженер.

„Ова е само врвот на ледениот брег, а ние испративме предлог до Судот на Босна и Херцеговина да одреди притвор за пет лица, а предложивме мерки за забрана за шест. Меѓу нив има ректори и декани на универзитети, директори, професори, изјави Кајганиќ.

Тој рече дека организаторите на продажбата на лажни дипломи се поврзани со луѓе од земјите од регионот, со кои ќе соработуваат за тие предмети.

The post Диплома во БИХ може да се купи на бензинска пумпа, тврди главниот обвинител Кајганиќ appeared first on Република.

]]>

Главниот обвинител на Босна и Херцеговина, Миланко Кајганиќ денеска изјави дека акцијата „Кластер“, спроведена поради издавање лажни дипломи на неколку приватни универзитети во земјата покажала дека диплома може да се купи на бензинска пумпа.
„Фактот дека диплома може да се купи на бензинска пумпа говори дека инспекциските органи не си ја вршат својата работа“, изјави Кајганиќ за новинарите во Сараево. Тој наведе дека со акцијата „Кластер“ се опфатени приватни факултети, каде  Обвинителството докажало злоупотреби, но дека ќе се постапува и на државните, ако има докази дека издавале лажни дипломи. „Сите треба да станеме сериозни, инспекцијата да биде поригорозна и да утврди како, без оглед на контролите, е можно да се купи диплома. Акцијата „Кластер“, во која беа уапсени 11 професори и раководители на неколку приватни универзитети во БиХ, е една од најзначајните акции во борбата против корупцијата во БиХ. Од 2021 година водиме истраги со Агенцијата за истрага и заштита на БиХ и дојдовме до докази дека во БиХ постои организирана криминална група која се занимава со продажба на дипломи, што сметаме дека е основа за каква било друга корупција“, додаде Кајганиќ. Наведе дека станува збор за системска корупција, бидејќи многумина кои купиле дипломи врз основа на нив се вработуваат во владини органи, полициски агенции, образование, правда, здравство, нагласувајќи дека Обвинителството има докази дека е купена и диплома за градежен инженер. „Ова е само врвот на ледениот брег, а ние испративме предлог до Судот на Босна и Херцеговина да одреди притвор за пет лица, а предложивме мерки за забрана за шест. Меѓу нив има ректори и декани на универзитети, директори, професори, изјави Кајганиќ. Тој рече дека организаторите на продажбата на лажни дипломи се поврзани со луѓе од земјите од регионот, со кои ќе соработуваат за тие предмети.

The post Диплома во БИХ може да се купи на бензинска пумпа, тврди главниот обвинител Кајганиќ appeared first on Република.

]]>
Бугарите од пограничните места доаѓаат во Делчево по евтини лекови и храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-od-pogranichnite-mesta-doagaat-vo-delchevo-po-evtini-lekovi-i-hrana/ Tue, 17 Jan 2023 11:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=597827

Поради проблемите со снабдувањето и високите цени на лековите во Бугарија, стотици Бугари од пограничните места патуваат во Македонија за да купуваат медикаменти што им недостасуваат во домашните аптеки, пренесуваат бугарските медиуми.

Градот Делчево е на само 15 километри од границата и 30 минути возење од Благоевград. Во последните месеци тамошните фармацевти читаат се повеќе бугарски рецепти. Знаат за проблемите со недостигот на лекови кај нас. Во македонската аптека Бугаринот обично е дарежлив. Тој купува повеќе бидејќи лековите се поевтини, иако тоа не е секогаш случај. Најчесто се бараат лекови против главоболки, симптоми на грип и висок крвен притисок, пишува Нова ТВ.

Бугарите што доаѓаат во Делчево, како што се посочува, никогаш не се враќаат само со лекови, туку секогаш носат вреќа со прехранбени производи набавени од локалните трговци

The post Бугарите од пограничните места доаѓаат во Делчево по евтини лекови и храна appeared first on Република.

]]>

Поради проблемите со снабдувањето и високите цени на лековите во Бугарија, стотици Бугари од пограничните места патуваат во Македонија за да купуваат медикаменти што им недостасуваат во домашните аптеки, пренесуваат бугарските медиуми. Градот Делчево е на само 15 километри од границата и 30 минути возење од Благоевград. Во последните месеци тамошните фармацевти читаат се повеќе бугарски рецепти. Знаат за проблемите со недостигот на лекови кај нас. Во македонската аптека Бугаринот обично е дарежлив. Тој купува повеќе бидејќи лековите се поевтини, иако тоа не е секогаш случај. Најчесто се бараат лекови против главоболки, симптоми на грип и висок крвен притисок, пишува Нова ТВ. Бугарите што доаѓаат во Делчево, како што се посочува, никогаш не се враќаат само со лекови, туку секогаш носат вреќа со прехранбени производи набавени од локалните трговци

The post Бугарите од пограничните места доаѓаат во Делчево по евтини лекови и храна appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Власта купува пченица по цена 25 проценти повисока од берзанската, над 1 милион евра ќе завршат во приватни џебови! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-vlasta-kupuva-pchenica-po-cena-25-procenti-povisoka-od-berzanskata-nad-1-milion-evra-kje-zavrshat-vo-privatni-dzebovi/ Sat, 15 Oct 2022 10:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=561423

Додека народот е гладува, владата со народни пари купува пченица, по цена 25% повисока од берзанската, рече на прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во два наврати, Агенцијата за стоковни резерви троши околу 9 милиони евра, за набавка на 20.000 тони пченица. Цената која ја плаќаат за килограм оди дури и над 26 денари за килограм. Односно над 6 денари поскапо од тоа што се тргува на регионалните берзи. Имено на 24.08.2022 и 25.08.2022 година, Агенцијата склучува два договори во вредност од 4,4 милиони евра и двата, за набавка на 10.000 тони пченица, едниот со фирмата Агроглобал трејд ДОО Скопје, а другиот со Кокра Е Арт од Тетово. Месец и половина подоцна, на 04.10.2022 година, Агенцијата повторно склучува договор со фирмата Кокра Е Арт од Тетово, исто така за набавка на 5.000 тони пчeница, овој пат за вредност од 2,1 милион евра, а само два дена подоцна на 06.10.2022 година склучува уште еден договор, исто така за набавка на 5.000 тони пченица во вредност од 2,2 милиони евра, овој пат со фирмата Млин Аргулица од Карбинци. И во двата случаја се извршени по две набавки, вкупно 4 на број, и набавени се 20.000 тони пченица. Цената на килограм пченица во еден договор е околу 26 денари, а во трите други над 27 денари за килограм. Целиот случај отвора сериозен сомнеж за огромни профити кои завршуваат во нечии џебови, ако се земе во предвид дека берзанската цена на пченицата во Србија изнесува околу 20.5 денари за килограм, ако на тоа се стави и цена на транспорт која е околу 2 денари за килограм, доаѓаме до цена за килограм не поскапа од 22.5 денари. Но во случајов цената која ја плаќа Агенцијата е над 6 денари повисока од цената која е на берза од замислете дури за 8 денари повисока од македонската пченица - истакна Трипуновски.

Тој вели дека со ваквите договори се создаваат над 1 милион евра, пари за кои се сомневаме дека ќе завршат во приватни џебови, а можеле да бидат заштедени.

Од тука се поставуваат неколку логични прашања:

Зошто Владата кога веќе имала пари не извршила интервентен откуп на македонската пченица од македонските производители согласно Законот за земјоделство каде јасно стои дека ако просечна откупна цена е помала од производната цена како што е во конкретниов случај. Па во овие кризни ситуации за македонските земјоделци можела и да ја плати по цена како што ја плаќа српската. Понатаму, дали со оваа набавка од 20.000 тона пченица е извршена целосна пополнетост на стоковите резерви од кој според закон би требало да обезбедат покриеност на потрошувачката на пченица за 120 дена? Како и зошто Љупчо Николовски од позиција на министер за земјоделство не испреговарал пониска цена или цена приближна до берзанската? И на крај, доколку навистина владата и СДС се грижеше за македонските земјоделци, тогаш ќе се откупеше македонската пченица и наместо парите да се изнесеа надвор од државата, ќе останеа во државата и ќе се реинвестираа во домашното производство. Го повикувам Љупчо Николовски да излезе пред јавноста и да даде одговор пред македонските земјоделци во чиј џеб завршат овие еден милион евра и зошто не се откупи македонска пченица - потенцираше Трипуновски.

Криминалот и корупцијата со СДС, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски метастазира во секоја пора од општеството. Власта краде дури и од храната за граѓаните, и тоа мора час поскоро да заврши. Одговорност мора и ќе има, додаде тој.

The post Трипуновски: Власта купува пченица по цена 25 проценти повисока од берзанската, над 1 милион евра ќе завршат во приватни џебови! appeared first on Република.

]]>

Додека народот е гладува, владата со народни пари купува пченица, по цена 25% повисока од берзанската, рече на прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во два наврати, Агенцијата за стоковни резерви троши околу 9 милиони евра, за набавка на 20.000 тони пченица. Цената која ја плаќаат за килограм оди дури и над 26 денари за килограм. Односно над 6 денари поскапо од тоа што се тргува на регионалните берзи. Имено на 24.08.2022 и 25.08.2022 година, Агенцијата склучува два договори во вредност од 4,4 милиони евра и двата, за набавка на 10.000 тони пченица, едниот со фирмата Агроглобал трејд ДОО Скопје, а другиот со Кокра Е Арт од Тетово. Месец и половина подоцна, на 04.10.2022 година, Агенцијата повторно склучува договор со фирмата Кокра Е Арт од Тетово, исто така за набавка на 5.000 тони пчeница, овој пат за вредност од 2,1 милион евра, а само два дена подоцна на 06.10.2022 година склучува уште еден договор, исто така за набавка на 5.000 тони пченица во вредност од 2,2 милиони евра, овој пат со фирмата Млин Аргулица од Карбинци. И во двата случаја се извршени по две набавки, вкупно 4 на број, и набавени се 20.000 тони пченица. Цената на килограм пченица во еден договор е околу 26 денари, а во трите други над 27 денари за килограм. Целиот случај отвора сериозен сомнеж за огромни профити кои завршуваат во нечии џебови, ако се земе во предвид дека берзанската цена на пченицата во Србија изнесува околу 20.5 денари за килограм, ако на тоа се стави и цена на транспорт која е околу 2 денари за килограм, доаѓаме до цена за килограм не поскапа од 22.5 денари. Но во случајов цената која ја плаќа Агенцијата е над 6 денари повисока од цената која е на берза од замислете дури за 8 денари повисока од македонската пченица - истакна Трипуновски.
Тој вели дека со ваквите договори се создаваат над 1 милион евра, пари за кои се сомневаме дека ќе завршат во приватни џебови, а можеле да бидат заштедени. Од тука се поставуваат неколку логични прашања:
Зошто Владата кога веќе имала пари не извршила интервентен откуп на македонската пченица од македонските производители согласно Законот за земјоделство каде јасно стои дека ако просечна откупна цена е помала од производната цена како што е во конкретниов случај. Па во овие кризни ситуации за македонските земјоделци можела и да ја плати по цена како што ја плаќа српската. Понатаму, дали со оваа набавка од 20.000 тона пченица е извршена целосна пополнетост на стоковите резерви од кој според закон би требало да обезбедат покриеност на потрошувачката на пченица за 120 дена? Како и зошто Љупчо Николовски од позиција на министер за земјоделство не испреговарал пониска цена или цена приближна до берзанската? И на крај, доколку навистина владата и СДС се грижеше за македонските земјоделци, тогаш ќе се откупеше македонската пченица и наместо парите да се изнесеа надвор од државата, ќе останеа во државата и ќе се реинвестираа во домашното производство. Го повикувам Љупчо Николовски да излезе пред јавноста и да даде одговор пред македонските земјоделци во чиј џеб завршат овие еден милион евра и зошто не се откупи македонска пченица - потенцираше Трипуновски.
Криминалот и корупцијата со СДС, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски метастазира во секоја пора од општеството. Власта краде дури и од храната за граѓаните, и тоа мора час поскоро да заврши. Одговорност мора и ќе има, додаде тој.

The post Трипуновски: Власта купува пченица по цена 25 проценти повисока од берзанската, над 1 милион евра ќе завршат во приватни џебови! appeared first on Република.

]]>