Кумјана Новакова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumjana-novakova/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 08:14:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кумјана Новакова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumjana-novakova/ 32 32 „Хембој“ на етнологот Елизабета Конеска и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова денеска на МакеДокс https://arhiva3.republika.mk/scena/film/hemboj-na-etnologot-elizabeta-koneska-i-molkot-na-razumot-na-kumjana-novakova-deneska-na-makedoks/ Mon, 19 Aug 2024 08:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=807844

Петтиот ден на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе почне со отворање на индустрискиот сегмент на фестивалот, во чии рамки ќе се одржи шестото издание на МакеКоПроДокс форумот од 19 до 21 август во МКЦ. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски центри, професионалци од областа на документарниот филм и од филмската индустрија и 9 проекти што се во различни фази на продукција, избрани преку отворен повик.

Форумот ќе биде отворен со претставување на проектите и авторите кои учествуваат на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „МакеДокс“, која ја модерираат Кумјана Новакова и Влад Петри.

Модератори и ментори на тридневниот форум се Хеле Хансен (консултантка за документарен филм, поранешна филмска застапничка за документаристика во Норвешкиот и Данскиот институт), Бриџид О’Шеа (коосновачка на Документарното здружение на Европа), Зејнеп Ѓузел (раководителка на „Doc Station“ во рамки на Програмата за таленти на „Берлинале“, виша консултантка во Документарното здружение на Европа) и продуцентот Виктор Еде (Cinephage Productions) од Франција.

Оваа година имаме значајна соработка со Францускиот институт и Француската амбасада, така што ќе имаме панел помеѓу претставници на балканските филмски центри и продуценти од Франција, а на панелот ќе се зборува за договорите за копродукција помеѓу балканските држави и Франција. Со акцент на документарните архиви директорката на „Док Индустри“ на фестивалот „Док Лајпциг“, Надја Тенстед, ќе ја презентира работата на професионален маркет за архиви. Ќе има презентација и на „Документарница“, која е лабораторија за развој на документарни филмови од Словенија, којашто е создадена од Словенечкиот филмски центар и Друштвото на режисери од Словенија – истакнува Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.

Во рамки на филмската програма на 19 август во Куршумли ан, со почеток во 21 часот, ќе се одржи македонската премиера на документарниот филм „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова. Темелејќи се исклучиво на архивски материјали и сведоштва, „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова е форензички видеоесеј конструиран како перформативно истражување за првиот случај на Меѓународен кривичен трибунал во кој се донесоа пресуди дека военото силување е форма на тортура, а военото сексуално ропство – злосторство против човештвото. Имајќи ја предвид комплексната тематика, филмот на Новакова досега ги освои наградата „Срцето на Сараево“ за човекови права, наградата за најдобра режија на ИДФА во Амстердам, наградата за најхрабар филм на Авторскиот филмски фестивал во Белград, специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Торино и многу други. Како филмски проект беше поддржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска копродукција.

На платото пред Музеј на Македонија, на 19 август, во 20.30 часот, ќе биде прикажан етнолошко-документарниот филм „Хембој“ во продукција на Музејот на Република Македонија, а чиј автор е етнологот Елизабета Конеска. Снимен во Старата скопска чаршија, каде што сè уште се бојадисуваат стари јакни, панталони, кошули и други видови ткаенини се прикажуваат трите генерации од семејството Незири кои го работат овој занает и го водат дуќанот што го презеле од семејството Бојачиев. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.

The post „Хембој“ на етнологот Елизабета Конеска и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова денеска на МакеДокс appeared first on Република.

]]>

Петтиот ден на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе почне со отворање на индустрискиот сегмент на фестивалот, во чии рамки ќе се одржи шестото издание на МакеКоПроДокс форумот од 19 до 21 август во МКЦ. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски центри, професионалци од областа на документарниот филм и од филмската индустрија и 9 проекти што се во различни фази на продукција, избрани преку отворен повик. Форумот ќе биде отворен со претставување на проектите и авторите кои учествуваат на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „МакеДокс“, која ја модерираат Кумјана Новакова и Влад Петри. Модератори и ментори на тридневниот форум се Хеле Хансен (консултантка за документарен филм, поранешна филмска застапничка за документаристика во Норвешкиот и Данскиот институт), Бриџид О’Шеа (коосновачка на Документарното здружение на Европа), Зејнеп Ѓузел (раководителка на „Doc Station“ во рамки на Програмата за таленти на „Берлинале“, виша консултантка во Документарното здружение на Европа) и продуцентот Виктор Еде (Cinephage Productions) од Франција.
Оваа година имаме значајна соработка со Францускиот институт и Француската амбасада, така што ќе имаме панел помеѓу претставници на балканските филмски центри и продуценти од Франција, а на панелот ќе се зборува за договорите за копродукција помеѓу балканските држави и Франција. Со акцент на документарните архиви директорката на „Док Индустри“ на фестивалот „Док Лајпциг“, Надја Тенстед, ќе ја презентира работата на професионален маркет за архиви. Ќе има презентација и на „Документарница“, која е лабораторија за развој на документарни филмови од Словенија, којашто е создадена од Словенечкиот филмски центар и Друштвото на режисери од Словенија – истакнува Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.
Во рамки на филмската програма на 19 август во Куршумли ан, со почеток во 21 часот, ќе се одржи македонската премиера на документарниот филм „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова. Темелејќи се исклучиво на архивски материјали и сведоштва, „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова е форензички видеоесеј конструиран како перформативно истражување за првиот случај на Меѓународен кривичен трибунал во кој се донесоа пресуди дека военото силување е форма на тортура, а военото сексуално ропство – злосторство против човештвото. Имајќи ја предвид комплексната тематика, филмот на Новакова досега ги освои наградата „Срцето на Сараево“ за човекови права, наградата за најдобра режија на ИДФА во Амстердам, наградата за најхрабар филм на Авторскиот филмски фестивал во Белград, специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Торино и многу други. Како филмски проект беше поддржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска копродукција. На платото пред Музеј на Македонија, на 19 август, во 20.30 часот, ќе биде прикажан етнолошко-документарниот филм „Хембој“ во продукција на Музејот на Република Македонија, а чиј автор е етнологот Елизабета Конеска. Снимен во Старата скопска чаршија, каде што сè уште се бојадисуваат стари јакни, панталони, кошули и други видови ткаенини се прикажуваат трите генерации од семејството Незири кои го работат овој занает и го водат дуќанот што го презеле од семејството Бојачиев. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.  

The post „Хембој“ на етнологот Елизабета Конеска и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова денеска на МакеДокс appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Тишината на разумот“ (Silence of Reason) на Кумјана Новакова во MoMA https://arhiva3.republika.mk/scena/film/premiera-na-tishinata-na-razumot-silence-of-reason-na-kumjana-novakova-vo-moma/ Tue, 27 Feb 2024 08:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=748793

Северноамериканската премиера на „Тишината на разумот“ (Silence of Reason) на Кумјана Новакова се одржа вчера, во MoMA The Museum of Modern Art Doc Fortnight 2024.
Ја посветивме нашата северноамериканска премиера на жените и девојките од Палестина кои се безмилосно цел на патријархалната воена машинерија.
Целосниот текст на воведната белешка од Кумјана Новакова е во продолжение.

Би сакале да им се заблагодариме на кураторите на програмата Софи Кавулакос и Џулијан Рос што создадоа простор за грижа за публиката, филмаџиите и филмовите. Отвореноста и политичката имагинативност на нивната програма и нивната посветеност на длабинските разговори по проекциите, не натераа повторно да веруваме дека е можно постојните кино платформи да се трансформираат во простори на солидарност и искрена размена дури и внатре во институциите кои вообичаено се поврзуваат со хиерархиски практики.

Вовед во проекцијата на Silence of Reason во МОМА што ја испорача Кумјана.

„Тишината на разумот“ се надоврзува на многу генерации на феминистичка солидарност и знаење. Тоа е многу тешка работа, сепак, би сакал да споделам со вас дека за нас, за тимот што стои зад неа, тоа е исто така надежна работа. Тоа е надежно затоа што преку него, на наш начин, ги прераскажувавме и архивиравме замолчените од официјалната историска борба на жените да опстанат пред нас, и промените во кои резултираше нивната борба.
Значи за нас тоа е чин против замолчување и бришење на опстанокот на угнетените.
Зборувајќи против замолчувањето - во името на жените кои стојат зад овој филм и жените што ги претставува овој филм, би сакал да ја посветам северноамериканската премиера во Њујорк денес на сите жени и девојки од Палестина кои се безмилосно цел на патријархалната воена машинерија.
Како феминистичка филмска работничка која доаѓа од географски простори на угнетување, стојам против сите форми на насилство и геноцид, и навистина верувам дека никој не е слободен додека сите не се ослободиме.
Прекинете го огнот сега.

The post Премиера на „Тишината на разумот“ (Silence of Reason) на Кумјана Новакова во MoMA appeared first on Република.

]]>

Северноамериканската премиера на „Тишината на разумот“ (Silence of Reason) на Кумјана Новакова се одржа вчера, во MoMA The Museum of Modern Art Doc Fortnight 2024. Ја посветивме нашата северноамериканска премиера на жените и девојките од Палестина кои се безмилосно цел на патријархалната воена машинерија. Целосниот текст на воведната белешка од Кумјана Новакова е во продолжение.
Би сакале да им се заблагодариме на кураторите на програмата Софи Кавулакос и Џулијан Рос што создадоа простор за грижа за публиката, филмаџиите и филмовите. Отвореноста и политичката имагинативност на нивната програма и нивната посветеност на длабинските разговори по проекциите, не натераа повторно да веруваме дека е можно постојните кино платформи да се трансформираат во простори на солидарност и искрена размена дури и внатре во институциите кои вообичаено се поврзуваат со хиерархиски практики.
Вовед во проекцијата на Silence of Reason во МОМА што ја испорача Кумјана.
„Тишината на разумот“ се надоврзува на многу генерации на феминистичка солидарност и знаење. Тоа е многу тешка работа, сепак, би сакал да споделам со вас дека за нас, за тимот што стои зад неа, тоа е исто така надежна работа. Тоа е надежно затоа што преку него, на наш начин, ги прераскажувавме и архивиравме замолчените од официјалната историска борба на жените да опстанат пред нас, и промените во кои резултираше нивната борба. Значи за нас тоа е чин против замолчување и бришење на опстанокот на угнетените. Зборувајќи против замолчувањето - во името на жените кои стојат зад овој филм и жените што ги претставува овој филм, би сакал да ја посветам северноамериканската премиера во Њујорк денес на сите жени и девојки од Палестина кои се безмилосно цел на патријархалната воена машинерија. Како феминистичка филмска работничка која доаѓа од географски простори на угнетување, стојам против сите форми на насилство и геноцид, и навистина верувам дека никој не е слободен додека сите не се ослободиме. Прекинете го огнот сега.
 
The post Премиера на „Тишината на разумот“ (Silence of Reason) на Кумјана Новакова во MoMA appeared first on Република.

]]>
Специјална проекција на филмот „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова вечерва во кино Фросина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/spetsijalna-proektsija-na-filmot-molkot-na-razumot-na-kumjana-novakova-vecherva-vo-kino-frosina/ Tue, 12 Dec 2023 11:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=721593

Silence of Reason / Молкот на разумот, филмот на Кумјана Новакова ќе има специјална проекција на 12 декември во 20 часот во Кино „Фросина“.

МОЛКОТ НА РАЗУМОТ | SILENCE OF REASON е форензички видеоесеј изграден како перформативно истражување на првиот случај на меѓународен кривичен трибунал во кој беа донесени пресуди за воено силување како форма на тортура и за воено сексуално ропство како злосторство против човештвото.

По проекцијата на филмот следува дискусија водена од филмската критичарка Петра Метерц. * Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик. *

Базиран исклучиво од форензичка визуелна архива и сведоштва, МОЛКОТ НА РАЗУМОТ дејствува како меморијата: недостижна, флуидна, надвор од рамките, се движи во сите правци – просторни и временски. Искуствата на насилство и тортура врз жените од логорите за силување во Фоча за време на војната во Босна и Херцеговина стануваат наши колективни сеќавања, надминувајќи ги времето и просторот.
Добитник на наградата за најдобра режија на програмската секција „Envision“ на Меѓународниот фестивал на документарен филм ИДФА (IDFA) во Амстердам 2023.
Добитник на наградата за човекови права на Филмскиот фестивал во Сараево 2023.
Добитник на најхрабар филм на Филмскиот авторски фестивал 2023 во Белград.
Специјално признание на Филмскиот фестивал во Торино 2023.

Режија: Кумјана Новакова
Сценарио: Кумјана Новакова
Монтажа: Јелена Максимовиќ
Дизајнер на звук: Владимир Живковиќ
Графички дизајн: Елена Диновска Зарапчиев
Продукција: Кумјана Новакова
Продукција: „Медеа“
Копродукција: „Pravo Ljudski“
VFX: Нувит Бингол

По потекло од Југославија, Кумјана работи во областа на филмот и уметноста од 2006 година. Таа е коосновач на Филмскиот фестивал „Pravo Ljudski“ во Сараево, каде што е главна кураторка и директорка. Од 2018 до 2021 година го водела и филмското одделение на Музејот на современата уметност во Скопје – МСУ.

Како авторка, нејзиното истражување лежи помеѓу филмот и современата видеоуметност, често истражувајќи како подвижните слики се однесуваат на идентитетите, сеќавањата и колективното јас. Нејзиниот последен филм „Вознемирена земја“ (корежиран со Гилермо Карерас Канди) беше во потесниот избор за наградите на Академијата.

Нејзиниот нов аудиовизуелен уметнички проект „Молкот на разумот“ ги следи искуствата на жените изложени на насилство во време на војна во поранешна Југославија и е награден со уметнички грант од БИРН.

Работи како вонредна професорка на магистерската програма по филм на Холандската филмска академија и следи докторски студии за современи уметности и медиуми во Белград.
Кумјана моментално живее меѓу Сараево и Скопје.

2021 година, „Вознемирена земја“, Кумјана Новакова, Гилермо Карерас Канди, креативен документарен филм
2016, „Може да биде филм“, Кумјана Новакова, филмски есеј
2014, „Кога облаците пукаат...“, Кумјана Новакова, Гилермо Карерас Канди, филмски есеј
2014, „СК 2014“, Кумјана Новакова, Емилио Гуера, Гилермо Карерас Канди, креативен документарен филм

The post Специјална проекција на филмот „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова вечерва во кино Фросина appeared first on Република.

]]>

Silence of Reason / Молкот на разумот, филмот на Кумјана Новакова ќе има специјална проекција на 12 декември во 20 часот во Кино „Фросина“.

МОЛКОТ НА РАЗУМОТ | SILENCE OF REASON е форензички видеоесеј изграден како перформативно истражување на првиот случај на меѓународен кривичен трибунал во кој беа донесени пресуди за воено силување како форма на тортура и за воено сексуално ропство како злосторство против човештвото.

По проекцијата на филмот следува дискусија водена од филмската критичарка Петра Метерц. * Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик. *

Базиран исклучиво од форензичка визуелна архива и сведоштва, МОЛКОТ НА РАЗУМОТ дејствува како меморијата: недостижна, флуидна, надвор од рамките, се движи во сите правци – просторни и временски. Искуствата на насилство и тортура врз жените од логорите за силување во Фоча за време на војната во Босна и Херцеговина стануваат наши колективни сеќавања, надминувајќи ги времето и просторот. Добитник на наградата за најдобра режија на програмската секција „Envision“ на Меѓународниот фестивал на документарен филм ИДФА (IDFA) во Амстердам 2023. Добитник на наградата за човекови права на Филмскиот фестивал во Сараево 2023. Добитник на најхрабар филм на Филмскиот авторски фестивал 2023 во Белград. Специјално признание на Филмскиот фестивал во Торино 2023.

Режија: Кумјана Новакова Сценарио: Кумјана Новакова Монтажа: Јелена Максимовиќ Дизајнер на звук: Владимир Живковиќ Графички дизајн: Елена Диновска Зарапчиев Продукција: Кумјана Новакова Продукција: „Медеа“ Копродукција: „Pravo Ljudski“ VFX: Нувит Бингол

По потекло од Југославија, Кумјана работи во областа на филмот и уметноста од 2006 година. Таа е коосновач на Филмскиот фестивал „Pravo Ljudski“ во Сараево, каде што е главна кураторка и директорка. Од 2018 до 2021 година го водела и филмското одделение на Музејот на современата уметност во Скопје – МСУ.

Како авторка, нејзиното истражување лежи помеѓу филмот и современата видеоуметност, често истражувајќи како подвижните слики се однесуваат на идентитетите, сеќавањата и колективното јас. Нејзиниот последен филм „Вознемирена земја“ (корежиран со Гилермо Карерас Канди) беше во потесниот избор за наградите на Академијата.

Нејзиниот нов аудиовизуелен уметнички проект „Молкот на разумот“ ги следи искуствата на жените изложени на насилство во време на војна во поранешна Југославија и е награден со уметнички грант од БИРН.

Работи како вонредна професорка на магистерската програма по филм на Холандската филмска академија и следи докторски студии за современи уметности и медиуми во Белград. Кумјана моментално живее меѓу Сараево и Скопје.

2021 година, „Вознемирена земја“, Кумјана Новакова, Гилермо Карерас Канди, креативен документарен филм 2016, „Може да биде филм“, Кумјана Новакова, филмски есеј 2014, „Кога облаците пукаат...“, Кумјана Новакова, Гилермо Карерас Канди, филмски есеј 2014, „СК 2014“, Кумјана Новакова, Емилио Гуера, Гилермо Карерас Канди, креативен документарен филм

The post Специјална проекција на филмот „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова вечерва во кино Фросина appeared first on Република.

]]>
„Silence of Reason“ на Кумјана Новакова прогласен за „Најхрабар филм“ на Фестивалот на авторски филм во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/silence-of-reason-na-kumjana-novakova-proglasen-za-najhrabar-film-na-festivalot-na-avtorski-film-vo-belgrad/ Sat, 02 Dec 2023 14:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=718704

Жирито на фестивалот „Храбар Балкан“ во состав: Димитрис Керкинос, Дина Покрајац и Никола Стојановиќ одлучи „Најхрабар филм“ за оваа година да го прогласи филмот „Молкот на разумот“Silence of Reason  на режисерката Кумјана Новакова.

The post „Silence of Reason“ на Кумјана Новакова прогласен за „Најхрабар филм“ на Фестивалот на авторски филм во Белград appeared first on Република.

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја доби наградата за најдобра режија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/molkot-na-razumot-na-kumjana-novakova-ja-dobi-nagradata-za-najdobra-rezhija/ Fri, 17 Nov 2023 08:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=702423

Кумјана Новакова за нејзиниот последен долгометражен филм „Молкот на разумот“ ја доби наградата за најдобра режија во програмската секција „Envision”, за време на синоќешната церемонија на најголемиот светски фестивал за документарен филм ИДФА, во Амстердам.

Наградата ја доделува петочлено жири, a фокусот на натпреварувачката програмска секција „Envision” е на меѓународни или светски премиери на филмови со посмела форма, каде авторите и авторките и пристапуваат на реалноста од поинаков агол и ги истражуваат најдалечните граници на документарната уметност.

Членовите на жирито ја истакнуваат режисерката за нејзиното ригорозно презентирање на форензички докази и неверојатната храброст на жените чие сведочење овозможи силувањето да биде меѓународно признато како воено злосторство. Кумјана Новакова на филмски начин направи овие злосторства никогаш да не ги заборавиме, истакна меѓународното жири во својата експликација за наградата.

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја доби наградата за најдобра режија

Во своето видео обраќање при примањето на наградата, Кумјана Новакова истакна дека „Молкот на разумот“ е филм кој е резултат на солидарноста на жените кои не само што ја преживеале војната, туку се издигнале над насилството за да го уништат самиот концепт на насилство.

Не сакам да зборувам за тоа колку е важен филмот, туку колку е важна солидарноста. Ако имаме барем малку интегритет, сите заедно во еден глас ќе побараме прекин на огнот и ослободување на Палестина веднаш. Не постои историска, политичка или која било друга причина која може да се користи како аргумент за уште еден геноцид да биде на рацете на човештвото. Крај на сите форми на опресија. Крај на сите форми на насилство. Слободна Палестина, потенцираше Новакова.

„Молкот на разумот“ своја светска премиера имаше оваа лето на Сараевскиот Филмски Фестивал. Во наредните неколку денови следуваат националните премиери на филмот во Србија - на Авторскиот филмски фестивал во Белград, во Италија - на Торино Филм Фестивал, во официјалната меѓународна натпреварувачка програма, и во Полска - на WatchDocs фестивалот исто во меѓународната натпреварувачка програма. Средината на декември филмот ќе има специјална проекција во Скопје. „Молкот на разумот“ е подржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска ко-продукција.

The post „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја доби наградата за најдобра режија appeared first on Република.

]]>

Кумјана Новакова за нејзиниот последен долгометражен филм „Молкот на разумот“ ја доби наградата за најдобра режија во програмската секција „Envision”, за време на синоќешната церемонија на најголемиот светски фестивал за документарен филм ИДФА, во Амстердам. Наградата ја доделува петочлено жири, a фокусот на натпреварувачката програмска секција „Envision” е на меѓународни или светски премиери на филмови со посмела форма, каде авторите и авторките и пристапуваат на реалноста од поинаков агол и ги истражуваат најдалечните граници на документарната уметност.
Членовите на жирито ја истакнуваат режисерката за нејзиното ригорозно презентирање на форензички докази и неверојатната храброст на жените чие сведочење овозможи силувањето да биде меѓународно признато како воено злосторство. Кумјана Новакова на филмски начин направи овие злосторства никогаш да не ги заборавиме, истакна меѓународното жири во својата експликација за наградата.
„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја доби наградата за најдобра режија Во своето видео обраќање при примањето на наградата, Кумјана Новакова истакна дека „Молкот на разумот“ е филм кој е резултат на солидарноста на жените кои не само што ја преживеале војната, туку се издигнале над насилството за да го уништат самиот концепт на насилство.
Не сакам да зборувам за тоа колку е важен филмот, туку колку е важна солидарноста. Ако имаме барем малку интегритет, сите заедно во еден глас ќе побараме прекин на огнот и ослободување на Палестина веднаш. Не постои историска, политичка или која било друга причина која може да се користи како аргумент за уште еден геноцид да биде на рацете на човештвото. Крај на сите форми на опресија. Крај на сите форми на насилство. Слободна Палестина, потенцираше Новакова.
„Молкот на разумот“ своја светска премиера имаше оваа лето на Сараевскиот Филмски Фестивал. Во наредните неколку денови следуваат националните премиери на филмот во Србија - на Авторскиот филмски фестивал во Белград, во Италија - на Торино Филм Фестивал, во официјалната меѓународна натпреварувачка програма, и во Полска - на WatchDocs фестивалот исто во меѓународната натпреварувачка програма. Средината на декември филмот ќе има специјална проекција во Скопје. „Молкот на разумот“ е подржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска ко-продукција.

The post „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја доби наградата за најдобра режија appeared first on Република.

]]>
Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево за филмот „Молк на разумот“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kumjana-novakova-dobi-nagrada-za-chovekovi-prava-na-29-filmski-festival-vo-saraevo-za-filmot-molk-na-razumot/ Mon, 21 Aug 2023 08:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=674082

Документарниот филм „Молк на разумот“ на македонската режисерка Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево што заврши синоќа. Филмот е копродукција меѓу Македонија и БиХ, и содржи сведоштва и видеоматеријали од фоензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои во војната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча.

Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.

The post Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево за филмот „Молк на разумот“ appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „Молк на разумот“ на македонската режисерка Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево што заврши синоќа. Филмот е копродукција меѓу Македонија и БиХ, и содржи сведоштва и видеоматеријали од фоензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои во војната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча. Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.

The post Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево за филмот „Молк на разумот“ appeared first on Република.

]]>
„Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова номиниран за најдобар документарен филм во Кан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/voznemirena-zemja-na-kumjana-novakova-nominiran-za-najdobar-dokumentaren-film-vo-kan/ Thu, 25 May 2023 07:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=644407

„Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди е номиниран за најдобар долгометражен филм од страна на ДокуФест.

Во рамки на чествувањето на документарниот филм во Кан, Алијансата на документарни фестивали (Doc Alliance) и Кан Док (Cannes Docs), вчера ги објавија филмовите номинирани за наградата за најдобар документарен филм на Doc Alliance за 2023 година.

Наградата ги поддржува новите таленти во европскиот документарен филм, а секој фестивал член на Doc Alliance, вклучувајќи го и гостинот партнер за 2023 година, ДокуФест, номинираа по еден долгометражен и еден краток филм од нивните програми. „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди е номиниран за најдобар долгометражен филм од страна на ДокуФест.

Наградите ќе бидат доделени на затворањето на ДокуФест во Призрен во август, а за нив ќе одлучува тро-члено меѓународно жири во состав: Џонатан Али (Jonathan Ali), Ана Бертолет (Anna Berthollet) и Арно Хе (Arnaud Hée).

„Вознемирена земја“, филм на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција, се квалификуваше за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм за 2022 година. По премиерата во официјалната селекција во Сараево, „Вознемирена земја“ беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните меѓународни филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар меѓународен долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс.

The post „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова номиниран за најдобар документарен филм во Кан appeared first on Република.

]]>

„Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди е номиниран за најдобар долгометражен филм од страна на ДокуФест. Во рамки на чествувањето на документарниот филм во Кан, Алијансата на документарни фестивали (Doc Alliance) и Кан Док (Cannes Docs), вчера ги објавија филмовите номинирани за наградата за најдобар документарен филм на Doc Alliance за 2023 година. Наградата ги поддржува новите таленти во европскиот документарен филм, а секој фестивал член на Doc Alliance, вклучувајќи го и гостинот партнер за 2023 година, ДокуФест, номинираа по еден долгометражен и еден краток филм од нивните програми. „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди е номиниран за најдобар долгометражен филм од страна на ДокуФест. Наградите ќе бидат доделени на затворањето на ДокуФест во Призрен во август, а за нив ќе одлучува тро-члено меѓународно жири во состав: Џонатан Али (Jonathan Ali), Ана Бертолет (Anna Berthollet) и Арно Хе (Arnaud Hée). „Вознемирена земја“, филм на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција, се квалификуваше за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм за 2022 година. По премиерата во официјалната селекција во Сараево, „Вознемирена земја“ беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните меѓународни филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар меѓународен долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс.

The post „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова номиниран за најдобар документарен филм во Кан appeared first on Република.

]]>
Проширено кино: „Терански фрагменти“ на Кумјана Новакова во „Центар – Јадро“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proshireno-kino-teranski-fragmenti-na-kumjana-novakova-vo-centar-jadro/ Thu, 26 May 2022 07:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=507071

На 27 мај (петок) од 20 часот во културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ ќе се претстави еднодневна уметничка интервенција под наслов „Терански фрагменти" на Кумјана Новакова во соработка со „Лудус“.

На настанот ќе биде прикажан експерименталниот филм на филмската авторка Кумјана Новакова базиран на серијата колекции на „Лудус“ насловени како Пост-родовост, надополнети со 4-канална видео инсталација и неколку креации од последната колекција на брендот.

Реализиран како привремена изложба на проширено кино, овој проект создава нова интеракција осмислувајќи нови значења и разбирање на односите помеѓу филмското, уметничкото, концептуалната мода и политичкото.

Авторка на проектот е Кумјана Новакова (кураторка, истражувачка и филмска авторка), а проектот е во продукција на „Лудус“. Соработници на проектот се Драган Христов, Кристијан Караџовски, Борјана Насева, Елена Диновска Зарапчиев, Филип Бојковски, Стефан Китановиќ, Сара Перчинкова, Марија Павловиќ и Харис Реџепи.

Настанот ќе започне во 20:00 и ќе трае до 00:00.

The post Проширено кино: „Терански фрагменти“ на Кумјана Новакова во „Центар – Јадро“ appeared first on Република.

]]>

На 27 мај (петок) од 20 часот во културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ ќе се претстави еднодневна уметничка интервенција под наслов „Терански фрагменти" на Кумјана Новакова во соработка со „Лудус“. На настанот ќе биде прикажан експерименталниот филм на филмската авторка Кумјана Новакова базиран на серијата колекции на „Лудус“ насловени како Пост-родовост, надополнети со 4-канална видео инсталација и неколку креации од последната колекција на брендот. Реализиран како привремена изложба на проширено кино, овој проект создава нова интеракција осмислувајќи нови значења и разбирање на односите помеѓу филмското, уметничкото, концептуалната мода и политичкото. Авторка на проектот е Кумјана Новакова (кураторка, истражувачка и филмска авторка), а проектот е во продукција на „Лудус“. Соработници на проектот се Драган Христов, Кристијан Караџовски, Борјана Насева, Елена Диновска Зарапчиев, Филип Бојковски, Стефан Китановиќ, Сара Перчинкова, Марија Павловиќ и Харис Реџепи. Настанот ќе започне во 20:00 и ќе трае до 00:00.

The post Проширено кино: „Терански фрагменти“ на Кумјана Новакова во „Центар – Јадро“ appeared first on Република.

]]>