кумановско здружение на дијабетичари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumanovsko-zdruzhenie-na-dijabetichari/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 13:51:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кумановско здружение на дијабетичари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumanovsko-zdruzhenie-na-dijabetichari/ 32 32 Фармацевтските куќи тврдат дека има доволно инсулин, а Министерството за здравство ги ограничува количините, реагираат кумановските дијабетичари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/farmatsevtskite-kuki-tvrdat-deka-ima-dovolno-insulin-a-ministerstvoto-za-zdravstvo-gi-ogranichuva-kolichinite-reagiraat-kumanovskite-dijabetichari/ Thu, 22 Feb 2024 13:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=747039

Надлежните од Здружението на дијабетичари Куманово денеска реагираа на делумен недостиг на инсулин и, како што кажаа, имаат потреба од глукомери кои се испорачани во ограничена количина, недоволна за пациентите во градот.

Годинава почна со проблеми, набавка на инсулин. Ние како Здружение и сојуз инсистираме да се набават зашто фармацевтските куќи тврдат дека има доволно инсулин, а Министерството за здравство ги ограничува количините и затоа имаме проблеми со набавка на инсулини, изјави претседателот на Здружението, Зоран Бојковски.

Во однос на глукомерите, Здружението реагира на испорачана количина од 1.000, а има преку 3.800 пациенти кои се на инсулинска терапија.

За нив се неопходни овие апаратчиња, еве трета година не се доставени и оние коишто се доставени се во очајна форма, добар дел од нашите пациенти се жалат дека се неисправни. Не е само да ги има, треба да бидат квалитетни за да може правилно да се мери гликемијата, изјави Бојковски.

Кумановските дијабетичари за да го надминат овој проблем се снаоѓаат со стари апаратчиња, лентите се користат, но како што потенцира Бојковски, не е начин да се користат различни ленти во друг апарат. За инсулините кажа дека има одредени промени кои им се даваат на луѓето.

Тоа не е добро, ако организмот навикнал на еден инсулин со тој треба да продолжи. Набавуваме едни од други, поврзани сме едни со други, каде што има недостиг доставуваат сите, солидарни сме, рече Бојковски.

Во Здружението и само во Куманово има преку 3.800 лица со инсулинска терапија, останатите се поголема загрижувачка бројка. Дел од нив користат таблетарна терапија, а има неоткриени, дел се откриени ама не се јавуваат за терапија. Според податоците на ниво на општините Куманово, соседните помали и Крива Паланка има околу 10.000.

Што се однесува до децата, тие податоци се водат преку Клиника за ендокринологија. Годинава имаше позитивна работа, беа набавени 650 сензори за деца до 18 години со тип 1 дијабет и тоа е за поздрав. Министерството излезе во пресрет и за дел од лицата што се слепи, за бремените, тој дел е завршен, останатите ќе бидат поделени на повозрасните лица што е добро, вели Бојковски.

Тој кажа дека реагирале преку Сојузот, поднеле и тужбено барање за минатогодишниот недостиг на лентите и очекуваат разрешница.

The post Фармацевтските куќи тврдат дека има доволно инсулин, а Министерството за здравство ги ограничува количините, реагираат кумановските дијабетичари appeared first on Република.

]]>