Кумановски театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumanovski-teatar/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jun 2024 10:46:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кумановски театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumanovski-teatar/ 32 32 Кумановскиот театар на фестивал во Бугарија освои награда за колективно уметничко остварување https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kumanovskiot-teatar-na-festival-vo-bugarija-osvoi-nagrada-za-kolektivno-umetnichko-ostvaruvane/ Wed, 19 Jun 2024 09:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=789016

Кумановскиот театар, на Фестивалот за малите театарски форми во Враца, Република Бугарија освои награда за колективно уметничко остварување за претставата „Драма изгубена во времето“.

„Жирито во состав на истакнати театарски критичари и експерти: Калина Стефанова, Аве Иванова и Владимир Петков одлучи наградата за комплетно уметничко достигнување за претставата да ја додели на Театар Куманово. Жирито ја образложи одлуката со фактот што претставата како целина достигнала одлична комуникација со публиката и совршената драматуршка вклопеност на целокупното дејство“, информираа од театар Куманово.

Текстот е на Сашко Насев во режија на Владлен Александров. Во претставата играат Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и во улога на гостин во краткиот филм актерката Александра Пешевска. Драматургијата е на Симона Тоскиќ, сценографија Крсто Богојевски и костими Кети Пауновска Стевковска. Продукција на видеофилм е на Никола Поповски, а визуализација Емил Пачковски. На Фестивалот играле четиринаесет претстави изминативе седум дена на две сцени во Театарот во Враца.

 

The post Кумановскиот театар на фестивал во Бугарија освои награда за колективно уметничко остварување appeared first on Република.

]]>

Кумановскиот театар, на Фестивалот за малите театарски форми во Враца, Република Бугарија освои награда за колективно уметничко остварување за претставата „Драма изгубена во времето“. „Жирито во состав на истакнати театарски критичари и експерти: Калина Стефанова, Аве Иванова и Владимир Петков одлучи наградата за комплетно уметничко достигнување за претставата да ја додели на Театар Куманово. Жирито ја образложи одлуката со фактот што претставата како целина достигнала одлична комуникација со публиката и совршената драматуршка вклопеност на целокупното дејство“, информираа од театар Куманово. Текстот е на Сашко Насев во режија на Владлен Александров. Во претставата играат Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и во улога на гостин во краткиот филм актерката Александра Пешевска. Драматургијата е на Симона Тоскиќ, сценографија Крсто Богојевски и костими Кети Пауновска Стевковска. Продукција на видеофилм е на Никола Поповски, а визуализација Емил Пачковски. На Фестивалот играле четиринаесет претстави изминативе седум дена на две сцени во Театарот во Враца.  

The post Кумановскиот театар на фестивал во Бугарија освои награда за колективно уметничко остварување appeared first on Република.

]]>
Кумановскиот театар гостува во Гевгелија со претставата „Љубовна терапија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kumanovskiot-teatar-gostuva-vo-gevgelija-so-pretstavata-lubovna-terapija/ Thu, 15 Feb 2024 13:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=744444

Вечер во Народниот театар во Гевгелија гостува ансамблот на Театар Куманово со претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот текст на „Beyond therapy“ на Кристофер Дјуранг.

- Љубовта е обработена како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е заемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси, вели за претставата драматургот Симона Тоскиќ.

Како што се додава во известувањето од Народниот театар во Гевгелија, од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го запре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања се наоѓаат во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска.

Улогите ги толкуваат Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски и Матеј Стојковски

The post Кумановскиот театар гостува во Гевгелија со претставата „Љубовна терапија“ appeared first on Република.

]]>

Вечер во Народниот театар во Гевгелија гостува ансамблот на Театар Куманово со претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот текст на „Beyond therapy“ на Кристофер Дјуранг. - Љубовта е обработена како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е заемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси, вели за претставата драматургот Симона Тоскиќ. Како што се додава во известувањето од Народниот театар во Гевгелија, од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го запре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања се наоѓаат во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска. Улогите ги толкуваат Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски и Матеј Стојковски

The post Кумановскиот театар гостува во Гевгелија со претставата „Љубовна терапија“ appeared first on Република.

]]>
Кумановски театар со „Секс и лаги“ вечерва гостува во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kumanovski-teatar-so-seks-i-lagi-vecherva-gostuva-vo-strumitsa/ Fri, 03 Mar 2023 09:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=615423

Кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“ ќе игра пред струмичани, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Гостувањето во Народниот театар „Антон Панов“-Струмица е закажано за 3 март со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска, со почеток од 20 часот.

-Комедијата е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и е спој помеѓу интригата и моралот, вистината и лагата во која конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични. Поради голема гледаност и заинтересираност на публиката оваа ќе биде деветта реприза на претставата, која премиерно беше изведена на Фестивалот „Денови на комедија“-2022 година, соопштија од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Во претставата играат Марко Трајковиќ, Анастасија Величковиќ, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска, Никица Јанковски. Со оваа претстава кумановскиот театар веќе настапи во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка на Фестивалот „Јоаким Осоговски“ и Неготино. Претставата ја доби и наградата за најдобра претстава на Фестивалот „Денови на комедија“-2022 година.

Викендов, кумановскиот театар настапи и пред велешани со претставата „Лето во кое те нема“.

Публиката реагираше одлично на актерската игра и даде позитивни коментари после изведбата на претставата. Претставата се одигра на малата сцена на народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес, изјавија од кумановскиот театар.

Автор на претставата е Петар Андоновски, режија Драгана Гунин, сценографија е на Крсто Богојевски, драматизација на Ева Камчевска, музиката на Гала Насева.

Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски. Во следниот период претставата ќе гостува и во другите градови, а ќе се игра повторно и на сцената во Театар Куманово.

The post Кумановски театар со „Секс и лаги“ вечерва гостува во Струмица appeared first on Република.

]]>

Кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“ ќе игра пред струмичани, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Гостувањето во Народниот театар „Антон Панов“-Струмица е закажано за 3 март со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска, со почеток од 20 часот. -Комедијата е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и е спој помеѓу интригата и моралот, вистината и лагата во која конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични. Поради голема гледаност и заинтересираност на публиката оваа ќе биде деветта реприза на претставата, која премиерно беше изведена на Фестивалот „Денови на комедија“-2022 година, соопштија од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Во претставата играат Марко Трајковиќ, Анастасија Величковиќ, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска, Никица Јанковски. Со оваа претстава кумановскиот театар веќе настапи во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка на Фестивалот „Јоаким Осоговски“ и Неготино. Претставата ја доби и наградата за најдобра претстава на Фестивалот „Денови на комедија“-2022 година. Викендов, кумановскиот театар настапи и пред велешани со претставата „Лето во кое те нема“.
Публиката реагираше одлично на актерската игра и даде позитивни коментари после изведбата на претставата. Претставата се одигра на малата сцена на народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес, изјавија од кумановскиот театар.
Автор на претставата е Петар Андоновски, режија Драгана Гунин, сценографија е на Крсто Богојевски, драматизација на Ева Камчевска, музиката на Гала Насева. Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски. Во следниот период претставата ќе гостува и во другите градови, а ќе се игра повторно и на сцената во Театар Куманово.

The post Кумановски театар со „Секс и лаги“ вечерва гостува во Струмица appeared first on Република.

]]>
Кумановски театар со „Лето во кое те нема“ вечерва гостува во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kumanovski-teatar-so-leto-vo-koe-te-nema-vecherva-gostuva-vo-veles/ Sat, 25 Feb 2023 16:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=613166

Со претставата „Лето во кое те нема“ вечерва во 20 часот на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес гостува кумановскиот театар.

Како што информираат од велешкиот театар, „Лето во кое те нема“ е претстава за љубовта, за пријателството, но и празнината што ги оставаат љубовта и пријателството. Бојан, Владо и Иван не се само обични пријатели, нивното пријателство се развива во љубовна тројка се до мигот кога Иван ќе одлучи да ги напушти. По неговото заминување Бојан и Владо се соочуваат со празнина која се одразува и на нивниот однос. „Лето кое те нема“ е приказна за соништата, за кошмарите, за патувањето назад во минатото, за внатрешните борби со кои се соочуваат ликовите, за преиспитување на животот и за истрајноста во барањето вистина.

Автор на претставата е Петар Андоновски, режија: Драгана Гунин, драматизација: Ева Камчевска, музика: Гала Насева.

Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.

Билетите може да се набават на касата на театарот во Велес и непосредно пред почетокот на претставата. 

The post Кумановски театар со „Лето во кое те нема“ вечерва гостува во Велес appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Лето во кое те нема“ вечерва во 20 часот на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес гостува кумановскиот театар. Како што информираат од велешкиот театар, „Лето во кое те нема“ е претстава за љубовта, за пријателството, но и празнината што ги оставаат љубовта и пријателството. Бојан, Владо и Иван не се само обични пријатели, нивното пријателство се развива во љубовна тројка се до мигот кога Иван ќе одлучи да ги напушти. По неговото заминување Бојан и Владо се соочуваат со празнина која се одразува и на нивниот однос. „Лето кое те нема“ е приказна за соништата, за кошмарите, за патувањето назад во минатото, за внатрешните борби со кои се соочуваат ликовите, за преиспитување на животот и за истрајноста во барањето вистина. Автор на претставата е Петар Андоновски, режија: Драгана Гунин, драматизација: Ева Камчевска, музика: Гала Насева. Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски. Билетите може да се набават на касата на театарот во Велес и непосредно пред почетокот на претставата. 

The post Кумановски театар со „Лето во кое те нема“ вечерва гостува во Велес appeared first on Република.

]]>