кумановска болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumanovska-bolnica/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 14:46:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кумановска болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumanovska-bolnica/ 32 32 Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-kumanovskata-bolnitsa-za-sluchajot-so-pochinatata-rodilka/ Wed, 02 Oct 2024 15:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=821839

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.

Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.

Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

The post Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба. Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.
Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.
Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.
Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

The post Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка appeared first on Република.

]]>
Стефан Трајановски, нов директор на кумановската општа болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/stefan-trajanovski-nov-direktor-na-kumanovskata-opshta-bolnitsa/ Wed, 24 Jul 2024 18:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=799934

Нова опрема, прераспределување на простор за поголема достапност на пациентите, вложувања во здравствен кадар, се приоритети на кои ќе се посвети доктор Стефан Трајановски кој од неодамна е назначен за директор на кумановската општа болница.

Тој на денешната прес-конференција најави дека ќе се вложи целосно во разрешување на проблемите на установата која нуди здравствена услуга на шест општини од североистокот и се наоѓа на крстосница помеѓу двата коридори.

– Мојата цел ќе биде подобрување во однос на организациската поставеност и нарушувањето во однос на кадровскиот потенцијал и просторниот потенцијал на пример разрешување а простор за амбулантска дејност, да се стават во функција на пружање на поквалитетна здравствена услуга. На пример не може да се искористи простор на старо АТД. За за доградување проширување е потребна помош од централната власт, изјави Трајановски.

Горлив проблем за болницата е службата за анестезија, најмладиот од нив е 60 години. Во моментов има лекари на специјализација, но Трајановски стравува дека може да се јави период да има недостиг на анестезиолози. Службата како што појасни е клучна не само за функционирање на хируршкото одделение, туку и за реанимација. Алармантен е бројот на рендгенолози, има само тројца.

– Се има решение, ќе решаваме и ќе се бориме. Се надевам дека министерот и ресорното министерството се свесни дека кумановската болница не е само регионална туку се наоѓа на крстопат помеѓу двата коридори од европско значење, 10 и 8. Што значи дека кумановската болница мора секогаш да биде подготвена за масовен примен на повредени, трауматолошкиот дел мора да биде на високо ниво. Општа болница е од посебно значење за државата. Македонија мора да е свесна за потребите и значењето на болницата, кажа Трајановски.

Тој потсети и на мигрантската криза која беше предизвик за болницата која поради поставеноста на влезот во државата, помеѓу двата коридори 8 и 10 што дополнително бара вложувања, инвестиции не само во опрема, туку пред сè во човечки потенцијал, здравствен кадар кој може да одговори на потребите на пациентите кои минуваат тука, од кои едниот 10, во моментов е во полн ек и интензивно оптоварен.

Трајановски додаде дека до крајот на годинава со сегашниот буџет ќе обезбеди поквалитетна здравствена услуга на сограѓаните, организација на како што рече „одредени просторни промашувања“ да ја уреди со поголема достапност за пациентите.

– Во иднина имам за цел да донесам магнетна резонанца и друга опрема. Но, потребно е да се вложува во здравствен кадар, додава новиот директор кој ја презеде функцијата од досегашната директорка Биљана Ивановска.

Трајановски ќе продолжи да работи како ортопед, бидејќи само двајца се во болницата и поднел барање до Министерството да продолжи со дејноста, бидејќи работат на хируршките дејности.

Општа болница покрива територија на шест општини од североистокот и обезбедува секундарна здравствена заштита за Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце со приближно 200.000 граѓани.

The post Стефан Трајановски, нов директор на кумановската општа болница appeared first on Република.

]]>

Нова опрема, прераспределување на простор за поголема достапност на пациентите, вложувања во здравствен кадар, се приоритети на кои ќе се посвети доктор Стефан Трајановски кој од неодамна е назначен за директор на кумановската општа болница. Тој на денешната прес-конференција најави дека ќе се вложи целосно во разрешување на проблемите на установата која нуди здравствена услуга на шест општини од североистокот и се наоѓа на крстосница помеѓу двата коридори. – Мојата цел ќе биде подобрување во однос на организациската поставеност и нарушувањето во однос на кадровскиот потенцијал и просторниот потенцијал на пример разрешување а простор за амбулантска дејност, да се стават во функција на пружање на поквалитетна здравствена услуга. На пример не може да се искористи простор на старо АТД. За за доградување проширување е потребна помош од централната власт, изјави Трајановски. Горлив проблем за болницата е службата за анестезија, најмладиот од нив е 60 години. Во моментов има лекари на специјализација, но Трајановски стравува дека може да се јави период да има недостиг на анестезиолози. Службата како што појасни е клучна не само за функционирање на хируршкото одделение, туку и за реанимација. Алармантен е бројот на рендгенолози, има само тројца. – Се има решение, ќе решаваме и ќе се бориме. Се надевам дека министерот и ресорното министерството се свесни дека кумановската болница не е само регионална туку се наоѓа на крстопат помеѓу двата коридори од европско значење, 10 и 8. Што значи дека кумановската болница мора секогаш да биде подготвена за масовен примен на повредени, трауматолошкиот дел мора да биде на високо ниво. Општа болница е од посебно значење за државата. Македонија мора да е свесна за потребите и значењето на болницата, кажа Трајановски. Тој потсети и на мигрантската криза која беше предизвик за болницата која поради поставеноста на влезот во државата, помеѓу двата коридори 8 и 10 што дополнително бара вложувања, инвестиции не само во опрема, туку пред сè во човечки потенцијал, здравствен кадар кој може да одговори на потребите на пациентите кои минуваат тука, од кои едниот 10, во моментов е во полн ек и интензивно оптоварен. Трајановски додаде дека до крајот на годинава со сегашниот буџет ќе обезбеди поквалитетна здравствена услуга на сограѓаните, организација на како што рече „одредени просторни промашувања“ да ја уреди со поголема достапност за пациентите. – Во иднина имам за цел да донесам магнетна резонанца и друга опрема. Но, потребно е да се вложува во здравствен кадар, додава новиот директор кој ја презеде функцијата од досегашната директорка Биљана Ивановска. Трајановски ќе продолжи да работи како ортопед, бидејќи само двајца се во болницата и поднел барање до Министерството да продолжи со дејноста, бидејќи работат на хируршките дејности. Општа болница покрива територија на шест општини од североистокот и обезбедува секундарна здравствена заштита за Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце со приближно 200.000 граѓани.

The post Стефан Трајановски, нов директор на кумановската општа болница appeared first on Република.

]]>
Маж ноќва со пиштол се заканувал на вработените во кумановската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-nokva-so-pishtol-se-zakanuval-na-vrabotenite-vo-kumanovskata-bolnitsa/ Sat, 25 Nov 2023 18:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=716234

Денеска во 01 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(30) од Свети Николе поради тоа што во Општата болница Куманово агресивно се однесувал кон вработените и носел пиштол.

Како што соопшти МВР, тој бил задржан во полициска станица, пиштолот му бил одземен и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

 

The post Маж ноќва со пиштол се заканувал на вработените во кумановската болница appeared first on Република.

]]>

Денеска во 01 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(30) од Свети Николе поради тоа што во Општата болница Куманово агресивно се однесувал кон вработените и носел пиштол. Како што соопшти МВР, тој бил задржан во полициска станица, пиштолот му бил одземен и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.  

The post Маж ноќва со пиштол се заканувал на вработените во кумановската болница appeared first on Република.

]]>
Биљана Ивановска се врати во директорската фотелја во кумановската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bilana-ivanovska-se-vrati-vo-direktorskata-fotelja-vo-kumanovskata-bolnitsa/ Wed, 08 Nov 2023 08:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=699421

Психологот Биљана Ивановска е вратена на функцијата директор на кумановската општа болница. Во денешното соопштение до медиумите, Ивановска нагласува дека ќе се залага за реализација на проекти, набавка на современа апаратура, значајна и потребна за пациентите од североисточниот регион.

Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини, вели Ивановска.

Таа претходно беше назначена, а после кус период беше разрешена и на нејзиното место беше поставен доктор Фати Џемаили, уролог во болницата. Кумановската јавност бурно реагираше и стравуваше дека регионот останува без единствениот уролог во јавното здравство. Нејзината смена ја потврди и министерот за здравство кој во тој период беше во посета на Куманово.

Кумановската болница е една од најголемите во државата со преку 700 вработени и пружа здравствена помош за пациентите од североисточниот дел со приближно 180.000 жители.

The post Биљана Ивановска се врати во директорската фотелја во кумановската болница appeared first on Република.

]]>

Психологот Биљана Ивановска е вратена на функцијата директор на кумановската општа болница. Во денешното соопштение до медиумите, Ивановска нагласува дека ќе се залага за реализација на проекти, набавка на современа апаратура, значајна и потребна за пациентите од североисточниот регион. Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини, вели Ивановска. Таа претходно беше назначена, а после кус период беше разрешена и на нејзиното место беше поставен доктор Фати Џемаили, уролог во болницата. Кумановската јавност бурно реагираше и стравуваше дека регионот останува без единствениот уролог во јавното здравство. Нејзината смена ја потврди и министерот за здравство кој во тој период беше во посета на Куманово. Кумановската болница е една од најголемите во државата со преку 700 вработени и пружа здравствена помош за пациентите од североисточниот дел со приближно 180.000 жители.

The post Биљана Ивановска се врати во директорската фотелја во кумановската болница appeared first on Република.

]]>
Не ни се исплаќа ниту празник, ниту недела, коефициентот не ни е зголемен, реагираат вработените во техничките служби од кумановската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-ni-se-isplaka-nitu-praznik-nitu-nedela-koefitsientot-ne-ni-e-zgolemen-reagiraat-vrabotenite-vo-tehnichkite-sluzhbi-od-kumanovskata-bolnitsa/ Mon, 06 Nov 2023 12:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=698811

Вработените од техничкиот персонал од кумановската општа болница денеска мирно протестираа пред установата, барајќи доследно зголемување на платата од десет проценти како што е договорено. Тие се пожалија дека зголемувањето на платите воопшто несоодветствува со договореното зголемување од десет проценти. Дел од нив кажаа дека имаат зголемување од 90 па се 400 денари.

Во два наврати се зголемува платата од десет отсто, ние од техничката служба немаме такво зголемување. Лично имам 400 денари, некои пак имаат 50, некои воопшто, изјави Борислав Младеновиќ, болничар претставник на синдикат.

Вработените велат дека во други здравствени установи во Скопје, Тетово зголемување е видливо и изнесува 2.400 денари.

За нив е нејасна и т.н доплата до минималната плата.

Минималната е 20.150 денари. Само кумановската болница го смета минималецот 14.000 па исплаќа доплата. Незадоволни сме и не ни се исплаќа ниту празник, ниту недела, коефициентот не ни е зголемен, вели Валентина Мишевска, хигиеничар во болницата.

Мусли Иљази, болничар кажа дека добил 509, а претходно 390. За него нејасно е како се смета зголемување, зашто вели не е 10 проценти, туку помалку, некои добиле и 62 денари.

Со него се сложува и Менка Кузмановска, вработена во кујната, укажувајќи дека и покрај нејзините 40 години стаж, зошто има само доплата. Вработена е уште во 80-тите години од минатиот век.

Вработените кажаа дека без нивната работа не е можно функционирање на установата. Тие најавуваат дека ќе поднесат барања за регулирање на овој проблем до Министерството за здравство преку синдикалната организација.

The post Не ни се исплаќа ниту празник, ниту недела, коефициентот не ни е зголемен, реагираат вработените во техничките служби од кумановската болница appeared first on Република.

]]>

Вработените од техничкиот персонал од кумановската општа болница денеска мирно протестираа пред установата, барајќи доследно зголемување на платата од десет проценти како што е договорено. Тие се пожалија дека зголемувањето на платите воопшто несоодветствува со договореното зголемување од десет проценти. Дел од нив кажаа дека имаат зголемување од 90 па се 400 денари.
Во два наврати се зголемува платата од десет отсто, ние од техничката служба немаме такво зголемување. Лично имам 400 денари, некои пак имаат 50, некои воопшто, изјави Борислав Младеновиќ, болничар претставник на синдикат.
Вработените велат дека во други здравствени установи во Скопје, Тетово зголемување е видливо и изнесува 2.400 денари. За нив е нејасна и т.н доплата до минималната плата.
Минималната е 20.150 денари. Само кумановската болница го смета минималецот 14.000 па исплаќа доплата. Незадоволни сме и не ни се исплаќа ниту празник, ниту недела, коефициентот не ни е зголемен, вели Валентина Мишевска, хигиеничар во болницата.
Мусли Иљази, болничар кажа дека добил 509, а претходно 390. За него нејасно е како се смета зголемување, зашто вели не е 10 проценти, туку помалку, некои добиле и 62 денари. Со него се сложува и Менка Кузмановска, вработена во кујната, укажувајќи дека и покрај нејзините 40 години стаж, зошто има само доплата. Вработена е уште во 80-тите години од минатиот век. Вработените кажаа дека без нивната работа не е можно функционирање на установата. Тие најавуваат дека ќе поднесат барања за регулирање на овој проблем до Министерството за здравство преку синдикалната организација.

The post Не ни се исплаќа ниту празник, ниту недела, коефициентот не ни е зголемен, реагираат вработените во техничките служби од кумановската болница appeared first on Република.

]]>
Кумановската болница сега нема возило за итна помош, едно се преврте во Скопје, две се на мајстор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kumanovskata-bolnitsa-sega-nema-vozilo-za-itna-pomosh-edno-se-prevrte-vo-skopje-dve-se-na-majstor/ Sat, 22 Apr 2023 10:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=632957

Кумановската општа болница во моментов е без амбулантно возило за транспорт на пациенти, бидејќи возилото „мерцедес“ учествуваше во сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, а останатите две со кои располага установата се на сервис, информираше денеска директорката на болницата Снежана Захариева.

Болницата го доби возилото за транспорт на критично болни пациенти како донација од невладина организација од хуманитарното здружение „И јас сум Матејче“, инаку донација од болницата Базел Швајцарија која беше предадена на кумановската болница, уште во мај 2021 за време на ковид пандемијата. Останатите две возила, пак, се на сервис, едното е со дефект, второто на сервис за поситна поправка. Дотогаш болницата ќе позајмува возила од Здравствен дом и ќе ја чека испораката на возилото кое јавната здравствена установа го набавила со сопствени средства.

- Возилото беше добро го користевме за транспорт на пациенти. Од останатите две, едното го однесовме на сервис, сметајќи дека со две може да се врши транспорт. Второто пак имаше поситен дефект е однесено на сервисер и добив ветување дека во тек на денот ќе го добиеме назад. Во меѓувреме ќе користиме возила од Итна помош Куманово. Спроведовме јавна набавка, договорот е потпишан, чекаме испорака. Возилото е набавено со наши сопствени средства, изјави директорката Захариева.

И возачот и медицинската сестра кои беа во возилото што учествуваше во синоќешната сообраќајка биле на опсервација во Градската општа болница и Ургентен центар Скопје и се пуштени на домашно лекување. Захариева рече дека се во добра состојба.

- И возачот и медицинската сестра се под стрес, во стабилна состојба, пуштени на домашно лекување, биле учесници во таква сообраќајна незгода која досега не се случила. Сме имале дефекти при транспорт на пациенти, некоја сосема лесна незгода. Можам да кажам дека по нивните изјави тие возеле со вклучена ротација, приспособена брзина. Сепак, ќе оставам истражните органи да ја завршат работата. Како и да е тоа е габаритно возило и е потребна силина од удар за да се преврти, изјави Захариева.

И пациентката која е превезувана е префрлена на Клиника за кардиологија и како што посочува Захариева, е во стабилна состојба.

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и возило на Итна медицинска помош. Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од булевар „Климент Охридски“ и улицата „Св. Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово.

Повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk)

The post Кумановската болница сега нема возило за итна помош, едно се преврте во Скопје, две се на мајстор appeared first on Република.

]]>

Кумановската општа болница во моментов е без амбулантно возило за транспорт на пациенти, бидејќи возилото „мерцедес“ учествуваше во сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, а останатите две со кои располага установата се на сервис, информираше денеска директорката на болницата Снежана Захариева. Болницата го доби возилото за транспорт на критично болни пациенти како донација од невладина организација од хуманитарното здружение „И јас сум Матејче“, инаку донација од болницата Базел Швајцарија која беше предадена на кумановската болница, уште во мај 2021 за време на ковид пандемијата. Останатите две возила, пак, се на сервис, едното е со дефект, второто на сервис за поситна поправка. Дотогаш болницата ќе позајмува возила од Здравствен дом и ќе ја чека испораката на возилото кое јавната здравствена установа го набавила со сопствени средства.
- Возилото беше добро го користевме за транспорт на пациенти. Од останатите две, едното го однесовме на сервис, сметајќи дека со две може да се врши транспорт. Второто пак имаше поситен дефект е однесено на сервисер и добив ветување дека во тек на денот ќе го добиеме назад. Во меѓувреме ќе користиме возила од Итна помош Куманово. Спроведовме јавна набавка, договорот е потпишан, чекаме испорака. Возилото е набавено со наши сопствени средства, изјави директорката Захариева.
И возачот и медицинската сестра кои беа во возилото што учествуваше во синоќешната сообраќајка биле на опсервација во Градската општа болница и Ургентен центар Скопје и се пуштени на домашно лекување. Захариева рече дека се во добра состојба.
- И возачот и медицинската сестра се под стрес, во стабилна состојба, пуштени на домашно лекување, биле учесници во таква сообраќајна незгода која досега не се случила. Сме имале дефекти при транспорт на пациенти, некоја сосема лесна незгода. Можам да кажам дека по нивните изјави тие возеле со вклучена ротација, приспособена брзина. Сепак, ќе оставам истражните органи да ја завршат работата. Како и да е тоа е габаритно возило и е потребна силина од удар за да се преврти, изјави Захариева.
И пациентката која е превезувана е префрлена на Клиника за кардиологија и како што посочува Захариева, е во стабилна состојба. Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и возило на Итна медицинска помош. Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од булевар „Климент Охридски“ и улицата „Св. Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово. Повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk)

The post Кумановската болница сега нема возило за итна помош, едно се преврте во Скопје, две се на мајстор appeared first on Република.

]]>
Константен мобинг врз Македонците вработени во кумановската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konstanten-mobing-vrz-makedontsite-vraboteni-vo-kumanovskata-bolnitsa/ Mon, 20 Mar 2023 12:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=621560

Четири искусни медицински сестри биле набркани од работа само затоа што се Македонки, aлармираше Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи го овој скандал ДУИзација на Куманово.

https://republika.mk/vesti/makedonija/iskusni-meditsinski-sestri-izbrkani-od-rabota-od-bolnitsata-vo-kumanovo-za-na-nivno-mesto-da-se-vrabotat-kadri-na-dui/

Пратеникот вели дека откако вчера објави за овие за скандалозни вработувања во ЈЗУ Здравствен дом Куманово, до него непрестајно стигаат информации од вработените дека таму се врши константен мобинг врз Македонците.

Јавашлукот на ДУИ во институциите мора да престане! Барам од надлежните институции да се поништи огласот кој не е спроведен согласно балансерот, на кој секогаш се повикува ДУИ, со што е незаконски и дискриминирачки.
Каков, таков, балансерот му наложува на директорот од ДУИ, НЕ да вработува само Албанци (ова не е прв ваков оглас), туку од 10-те вработувања согласно последниот оглас МОРА 5 да се Македонци, 4 Албанци и 1 Србин, порача Петрушевски.

The post Константен мобинг врз Македонците вработени во кумановската болница appeared first on Република.

]]>

Четири искусни медицински сестри биле набркани од работа само затоа што се Македонки, aлармираше Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи го овој скандал ДУИзација на Куманово. https://republika.mk/vesti/makedonija/iskusni-meditsinski-sestri-izbrkani-od-rabota-od-bolnitsata-vo-kumanovo-za-na-nivno-mesto-da-se-vrabotat-kadri-na-dui/ Пратеникот вели дека откако вчера објави за овие за скандалозни вработувања во ЈЗУ Здравствен дом Куманово, до него непрестајно стигаат информации од вработените дека таму се врши константен мобинг врз Македонците.
Јавашлукот на ДУИ во институциите мора да престане! Барам од надлежните институции да се поништи огласот кој не е спроведен согласно балансерот, на кој секогаш се повикува ДУИ, со што е незаконски и дискриминирачки. Каков, таков, балансерот му наложува на директорот од ДУИ, НЕ да вработува само Албанци (ова не е прв ваков оглас), туку од 10-те вработувања согласно последниот оглас МОРА 5 да се Македонци, 4 Албанци и 1 Србин, порача Петрушевски.

The post Константен мобинг врз Македонците вработени во кумановската болница appeared first on Република.

]]>
Искусни медицински сестри избркани од работа од болницата во Куманово за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/iskusni-meditsinski-sestri-izbrkani-od-rabota-od-bolnitsata-vo-kumanovo-za-na-nivno-mesto-da-se-vrabotat-kadri-na-dui/ Sun, 19 Mar 2023 15:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=621268

Четири искусни медицински сестри набркани од работа само затоа што се Македонки, aлармира Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи го овој скандал ДУИзација на Куманово

Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор.

Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки.

По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема.

Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ, открива тој.

Петрушевски ги повика надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово.

The post Искусни медицински сестри избркани од работа од болницата во Куманово за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Четири искусни медицински сестри набркани од работа само затоа што се Македонки, aлармира Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи го овој скандал ДУИзација на Куманово
Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор. Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема. Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ, открива тој.
Петрушевски ги повика надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово.

The post Искусни медицински сестри избркани од работа од болницата во Куманово за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Ја давел со чаршав, па ја избол: Ноќва сред болница нападната медицинска сестра во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-davel-so-charshav-pa-ja-izbol-nokjva-sred-bolnica-napadnata-medicinska-sestra-vo-kumanovo/ Thu, 29 Sep 2022 15:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=555732

Ноќва во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, соопшти МВР.

Насилникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Според информациите на „СДК“ од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и ѝ ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира. Таа паднала на подот, по што тој ѝ ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги земал ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се оневестила. Мешницата ја слушнале нејзините колешки и дошле да видат што се случува, при што ја нашле на подот со чаршафот на глава во бесознание. Откако ја освестиле веднаш повикале полиција и го алармирале обезбедувањето. Насилникот во меѓувреме побегнал.

Не е познато како тој влегол во зградата, бидејќи влезните врати на одделнијата се заклучуваат на полноќ, а пациентите кои доѓаат подоцна се најавуват на ѕвоно ако имаат потреба од лекарска помош. Се претпоставува дека можеби се криел во собите или тоалетите, или влегол преку некој прозор. Што точно се случувало ќе утврдат безбедносните камери на службата за обезбедување во болницата.

The post Ја давел со чаршав, па ја избол: Ноќва сред болница нападната медицинска сестра во Куманово appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, соопшти МВР. Насилникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Според информациите на „СДК“ од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и ѝ ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира. Таа паднала на подот, по што тој ѝ ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги земал ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се оневестила. Мешницата ја слушнале нејзините колешки и дошле да видат што се случува, при што ја нашле на подот со чаршафот на глава во бесознание. Откако ја освестиле веднаш повикале полиција и го алармирале обезбедувањето. Насилникот во меѓувреме побегнал. Не е познато како тој влегол во зградата, бидејќи влезните врати на одделнијата се заклучуваат на полноќ, а пациентите кои доѓаат подоцна се најавуват на ѕвоно ако имаат потреба од лекарска помош. Се претпоставува дека можеби се криел во собите или тоалетите, или влегол преку некој прозор. Што точно се случувало ќе утврдат безбедносните камери на службата за обезбедување во болницата.

The post Ја давел со чаршав, па ја избол: Ноќва сред болница нападната медицинска сестра во Куманово appeared first on Република.

]]>