куманово - бељаковце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumanovo-beljakovce/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Oct 2022 19:11:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куманово - бељаковце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kumanovo-beljakovce/ 32 32 Локвенец: До крајот на 2027 би имале готова пруга кон Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lokvenec-do-krajot-na-2027-bi-imale-gotova-pruga-kon-bugarija/ Fri, 07 Oct 2022 19:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=558564

Драго ми е што можам да кажам дека до 18-ти месецов, определените фирми за градба на проектот ќе почнат со работата, а официјалниот настан за почеток на градбата како држава би го означиле на 29-ти октомври. Со тоа почнува градбата на првите две делници: од Куманово до Бељаковце, со должина од 31 километар и ќе ја гради конзорциумот „Штрабак”, сочинет од компании од повеќе држави. Проекното време е 24 месеци, меѓутоа од самата компанија имаме најава дека би завршиле со работа за 18 месеци. Вториот дел ќе го работи турската компанија „Ѓулермак” и проектното време за изведба на овој проект е предвидено да биде во рок од 36 месеци. Тоа значи дека до крајот на 2025 година би имале завршено двете фази од пругата кон Република Бугарија, информира денеска директорот на „ЖРСМ Инфраструктура”, Хари Локвенец.

Што се однесува до третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, директорот информира дека во завршна фаза е подготовката на тендерската документација, која би требало да се објави најдоцна до почетокот на 2023 година и изборот да биде завршен до крајот на следната година, кога би требало да биде означен и почетокот на изградбата.

-Заради условите на ЕУ и заради потребата да го покажеме својот капацитет, својата подготвеност да го сработиме тоа, ние мораме да ја почнеме изведбата на овој дел од пругата кон Бугарија до крајот на 2023 година. Земајќи предвид дека предвиденото време за градба на тој дел е четири години, значи дека до крајот на 2027 година ние би имале готова пруга кон Бугарија, истакна Локвенец.

The post Локвенец: До крајот на 2027 би имале готова пруга кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Драго ми е што можам да кажам дека до 18-ти месецов, определените фирми за градба на проектот ќе почнат со работата, а официјалниот настан за почеток на градбата како држава би го означиле на 29-ти октомври. Со тоа почнува градбата на првите две делници: од Куманово до Бељаковце, со должина од 31 километар и ќе ја гради конзорциумот „Штрабак”, сочинет од компании од повеќе држави. Проекното време е 24 месеци, меѓутоа од самата компанија имаме најава дека би завршиле со работа за 18 месеци. Вториот дел ќе го работи турската компанија „Ѓулермак” и проектното време за изведба на овој проект е предвидено да биде во рок од 36 месеци. Тоа значи дека до крајот на 2025 година би имале завршено двете фази од пругата кон Република Бугарија, информира денеска директорот на „ЖРСМ Инфраструктура”, Хари Локвенец. Што се однесува до третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, директорот информира дека во завршна фаза е подготовката на тендерската документација, која би требало да се објави најдоцна до почетокот на 2023 година и изборот да биде завршен до крајот на следната година, кога би требало да биде означен и почетокот на изградбата. -Заради условите на ЕУ и заради потребата да го покажеме својот капацитет, својата подготвеност да го сработиме тоа, ние мораме да ја почнеме изведбата на овој дел од пругата кон Бугарија до крајот на 2023 година. Земајќи предвид дека предвиденото време за градба на тој дел е четири години, значи дека до крајот на 2027 година ние би имале готова пруга кон Бугарија, истакна Локвенец.

The post Локвенец: До крајот на 2027 би имале готова пруга кон Бугарија appeared first on Република.

]]>