Кум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kum/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Dec 2022 07:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kum/ 32 32 В недела во Говрлевска Краста кумот и здравичарот ќе сечат бадниково гранче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/v-nedela-vo-govrlevska-krasta-kumot-i-zdravicharot-kje-sechat-badnikovo-granche/ Wed, 21 Dec 2022 07:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=588198

В недела (25.12.2022) во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинашната прослава на Бадник традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2023 што по 31 пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

На скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче,во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик.

Средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче (први ќе го направат тоа кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски Јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. Следуваат изјави за медиумите, а потоа е слободна дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент и на чист воздух, на само 20 километри од загаденото и зачадено Скопје, со пржена риба, со чаша пиво, вино и сок.

Локацијата на настанот многу лесно се наоѓа - се врти десно од патот за Драчево кон Батинци (кај мостот на Маркова Река) се до крстосницата, за Езерото Козјак и ХЕЦ Матка - Света Петка).

Членови на одборот ќе ги пречекаат ВИП гостите и сите заедно организирано ќе тргнат кон Краста триесетина минути пред 12 часот.

The post В недела во Говрлевска Краста кумот и здравичарот ќе сечат бадниково гранче appeared first on Република.

]]>

В недела (25.12.2022) во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинашната прослава на Бадник традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2023 што по 31 пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје. На скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче,во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик. Средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче (први ќе го направат тоа кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски Јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. Следуваат изјави за медиумите, а потоа е слободна дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент и на чист воздух, на само 20 километри од загаденото и зачадено Скопје, со пржена риба, со чаша пиво, вино и сок. Локацијата на настанот многу лесно се наоѓа - се врти десно од патот за Драчево кон Батинци (кај мостот на Маркова Река) се до крстосницата, за Езерото Козјак и ХЕЦ Матка - Света Петка). Членови на одборот ќе ги пречекаат ВИП гостите и сите заедно организирано ќе тргнат кон Краста триесетина минути пред 12 часот.

The post В недела во Говрлевска Краста кумот и здравичарот ќе сечат бадниково гранче appeared first on Република.

]]>
Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-premierot-primil-dva-milioni-evra-vo-tenderi-i-drzavna-pomosh-zasega/ Sat, 01 Oct 2022 18:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=556425

Договори за финансиска поддршка од Владата, проекти добиени преку Фондот за иновации како и новоформирана компанија за производство на соларни панели, која од неодамна е регистрирана во тетовската индустриска зона. Ваков е билансот на успех за период од пет години на
бизнисменот Горан Паунов, кум на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со кого партнерски ја основаа „Пиксел Груп“, компанија за производство на фотоволтаични модули, на чие свечено отворање во 2018 година присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев, открива „А1он“. Само две години подоцна, откако Ковачевски одлучи да влезе во политиката како заменик-министер за финансии, кон крајот на септември 2020 година ги повлече и вложените пари во компанијата.

Но, и без Ковачевски во сопственичката структура, на „Пиксел Груп“ и оди повеќе од одлично. Можеби за компанијата не може да се најдат податоци на Бирото за јавни набавки дека добивала тендери, но, затоа, на алатката „Отворени финансии“ можат да се пронајдат вкупно 12 исплати во период од 2018 до 2021 година, државни пари кои „Пиксел Гроуп“ ги добивала од Владата и од Фондот за иновации.

Исплатите од Владата, најверојатно се однесуваат за доделување на финансиска поддршка за компанијата. На таков заклучок упатува и
документот од 159-тата седница на Владата од 2019 година, со која се носи одлука за потпишување на договор за доделување на државна
помош на „Пиксел Гроуп“. Исплати кон компанијата се евидентирани осум на број, од 2019 до крајот на 2021 година со вкупна вредност од 27
262 082 или 443.285 евра. Најголемиот износ е исплатен на претпоследниот ден од 2021 година, односно 12 531 359 денари или 203.761 евро.

Целата сторија на А1он

The post Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! appeared first on Република.

]]>

Договори за финансиска поддршка од Владата, проекти добиени преку Фондот за иновации како и новоформирана компанија за производство на соларни панели, која од неодамна е регистрирана во тетовската индустриска зона. Ваков е билансот на успех за период од пет години на бизнисменот Горан Паунов, кум на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со кого партнерски ја основаа „Пиксел Груп“, компанија за производство на фотоволтаични модули, на чие свечено отворање во 2018 година присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев, открива „А1он“. Само две години подоцна, откако Ковачевски одлучи да влезе во политиката како заменик-министер за финансии, кон крајот на септември 2020 година ги повлече и вложените пари во компанијата. Но, и без Ковачевски во сопственичката структура, на „Пиксел Груп“ и оди повеќе од одлично. Можеби за компанијата не може да се најдат податоци на Бирото за јавни набавки дека добивала тендери, но, затоа, на алатката „Отворени финансии“ можат да се пронајдат вкупно 12 исплати во период од 2018 до 2021 година, државни пари кои „Пиксел Гроуп“ ги добивала од Владата и од Фондот за иновации. Исплатите од Владата, најверојатно се однесуваат за доделување на финансиска поддршка за компанијата. На таков заклучок упатува и документот од 159-тата седница на Владата од 2019 година, со која се носи одлука за потпишување на договор за доделување на државна помош на „Пиксел Гроуп“. Исплати кон компанијата се евидентирани осум на број, од 2019 до крајот на 2021 година со вкупна вредност од 27 262 082 или 443.285 евра. Најголемиот износ е исплатен на претпоследниот ден од 2021 година, односно 12 531 359 денари или 203.761 евро. Целата сторија на А1он

The post Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! appeared first on Република.

]]>
Скопје филм фестивал ја одбележува 50-годишнината од серијалот „Кум“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopje-film-festival-ja-odbelezuva-50-godishninata-od-serijalot-kum/ Sun, 11 Sep 2022 11:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=549689

Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола.

Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани во понеделник (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот.

Детален распоред на програмата на Скопје филм фестивал погледнете на www.skopjefilmfestival.com.mk и на Фејсбук стрницата на фестивалот.

 

Вечерва (недела 11 септември) на програмата се филмовите „Корсет“ (од 20 часот) и „Римини“ 922 часот) во Кинотека. Во кафе киното „Котур“ од 19 часот е проекцијата на документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ и разговор со гостинката Александра Оленска.

 

The post Скопје филм фестивал ја одбележува 50-годишнината од серијалот „Кум“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани во понеделник (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот. Детален распоред на програмата на Скопје филм фестивал погледнете на www.skopjefilmfestival.com.mk и на Фејсбук стрницата на фестивалот.   Вечерва (недела 11 септември) на програмата се филмовите „Корсет“ (од 20 часот) и „Римини“ 922 часот) во Кинотека. Во кафе киното „Котур“ од 19 часот е проекцијата на документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ и разговор со гостинката Александра Оленска.  

The post Скопје филм фестивал ја одбележува 50-годишнината од серијалот „Кум“ appeared first on Република.

]]>
Почина легендарниот Џејмс Кан, ѕвездата на филмот „Кум“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochina-legendarniot-dzejms-kan-dzvezdata-na-filmot-kum/ Fri, 08 Jul 2022 09:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=525817

Американскиот актер Џејмс Кан, чија најпозната филмска улога беше Сантино „Сони“ Корлеоне во култниот филм „Кум“, почина на 82-годишна возраст.

Тажната вест ја сподели неговиот тим на Твитер.

Џејмс Кан е роден на 26 март 1940 година во Бронкс, една од петте области на Њујорк, а неговите родители Артур и Софија Кан биле еврејски емигранти од Германија.

Тој стекна голема популарност во далечната 1972 година, кога ја одигра улогата на Сантино „Сони“ Корлеоне во филмот „Кум“, во режија на маестралниот Фрaнсис Форд Копола. За оваа улога беше номиниран за филмската награда Оскар, во категоријата за најдобра споредна машка улога.

Паралелно со неговата блескава актерска кариера, Кан имал и интересен приватен живот. Имено, тој го кажал судбоносното „да“ дури четири пати и е татко на пет деца.

 

The post Почина легендарниот Џејмс Кан, ѕвездата на филмот „Кум“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот актер Џејмс Кан, чија најпозната филмска улога беше Сантино „Сони“ Корлеоне во култниот филм „Кум“, почина на 82-годишна возраст. Тажната вест ја сподели неговиот тим на Твитер. Џејмс Кан е роден на 26 март 1940 година во Бронкс, една од петте области на Њујорк, а неговите родители Артур и Софија Кан биле еврејски емигранти од Германија. Тој стекна голема популарност во далечната 1972 година, кога ја одигра улогата на Сантино „Сони“ Корлеоне во филмот „Кум“, во режија на маестралниот Фрaнсис Форд Копола. За оваа улога беше номиниран за филмската награда Оскар, во категоријата за најдобра споредна машка улога. Паралелно со неговата блескава актерска кариера, Кан имал и интересен приватен живот. Имено, тој го кажал судбоносното „да“ дури четири пати и е татко на пет деца.  

The post Почина легендарниот Џејмс Кан, ѕвездата на филмот „Кум“ appeared first on Република.

]]>
50 години од култуниот филм „Кум“ на Копола https://arhiva3.republika.mk/scena/film/50-godini-od-kultuniot-film-kum-na-kopola/ Fri, 04 Feb 2022 14:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=454264

Во 1972 година режисерот Френсис Форд Копола го сними култниот филм „Кум“ со Марлон Брандо и Ал Пачино во главните улоги.

Филмот е адаптација на истоимениот роман, напишан од Марио Пузо и опфаќа период од 10 години (1945-1955) низ кои го следи италијанско-американското семејство Корлеоне.

„Кум“ ги доби наградите на Американската филмска академија за најдобар филм, најдобар актер и најдобро адаптирано сценарио и беше избран за чување во Националниот филмски регистар на САД. Рангиран е и како втор најдобар филм во историјата на американската кинематографија, зад „Граѓанинот Кејн“ на листата на „100 години … 100 филмови (10-то јубилејно издание)“ на Американскиот филмски институт и на второто место на листата „250 најдобри“ на IMDb, прв на листата на 100 најдобри сајтови „Метакритик“ и меѓу првите 10 на листата на најдобри филмови на сите времиња „Ротен Томатос“...

Филмот првично бил одбиен од италијанскиот режисер Серџо Леоне, кој пак, дванаесет години подоцна, сепак, го снимил криминалниот филм „Беше еднаш во Америка“.

https://www.youtube.com/watch?v=F98_Y2DKxso

The post 50 години од култуниот филм „Кум“ на Копола appeared first on Република.

]]>

Во 1972 година режисерот Френсис Форд Копола го сними култниот филм „Кум“ со Марлон Брандо и Ал Пачино во главните улоги. Филмот е адаптација на истоимениот роман, напишан од Марио Пузо и опфаќа период од 10 години (1945-1955) низ кои го следи италијанско-американското семејство Корлеоне. „Кум“ ги доби наградите на Американската филмска академија за најдобар филм, најдобар актер и најдобро адаптирано сценарио и беше избран за чување во Националниот филмски регистар на САД. Рангиран е и како втор најдобар филм во историјата на американската кинематографија, зад „Граѓанинот Кејн“ на листата на „100 години … 100 филмови (10-то јубилејно издание)“ на Американскиот филмски институт и на второто место на листата „250 најдобри“ на IMDb, прв на листата на 100 најдобри сајтови „Метакритик“ и меѓу првите 10 на листата на најдобри филмови на сите времиња „Ротен Томатос“... Филмот првично бил одбиен од италијанскиот режисер Серџо Леоне, кој пак, дванаесет години подоцна, сепак, го снимил криминалниот филм „Беше еднаш во Америка“. https://www.youtube.com/watch?v=F98_Y2DKxso

The post 50 години од култуниот филм „Кум“ на Копола appeared first on Република.

]]>