културни работници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kulturni-rabotnici/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 11:08:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png културни работници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kulturni-rabotnici/ 32 32 Костадиновска-Стојчевска: Девет чувари биле пишани дека работеле во еден ист ден во музеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-devet-chuvari-bile-pishani-deka-rabotele-vo-eden-ist-den-vo-muzej/ Wed, 30 Mar 2022 11:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=480843

Колку што треба да се инвестира во човечкиот капитал, толку треба да се прават и капитални инвестиции во установите, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска гостувајќи во „Утрински брифинг“.

Со репрезентативните синдикати од културата разговаравме за зголемувањето на платите во културниот сектор. Од нивна страна имаше предлог за кратење на капиталните инвестиции, но и за кратење на културната програма, нагласи Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека се во ред барањата на културните работници за раст на платите, но дека посакува солидарност во услови на кризите што ја зафатија државата.

Таа предложи постојните плати да останат непроменети шест месеци, а потоа да се најде решение за нивно зголемување.

Имаме четири зголемувања на платите од 2017 година, иако во еден период дел од фелата беше под мерки и не работеше. Сметав дека ќе најдеме солидарно решение, шест месеци да се земаат сегашните плати, а понатаму да најдеме решение за зголемување, рече Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека освен три струки, кои сега се усогласиле со минималната плата, сите други во изминативе години имале покачувања во просек од две до девет илјади.

Таа потсети дека според Законот за минимална плата, постои рок од шест месеци за усогласување на платите, нагласувајќи дека до тогаш никој нема да остане без плата.

Костадиновска-Стојчевска истакна дела во фаза на формирање се и работните групи за новиот колективен договор во културата, во чија работа ќе бидат вклучени сите засегнати страни, изразувајќи надеж дека ќе биде постигнат договор со репрезентативните синдикати кои бараат усогласување на останатите плати со минималната плата.

Министерката призна дека имало доцнење со платите во културата, потенцирајќи оти тоа било поради злоупотреби со новиот Закон за недела да биде неработен ден.

Откривме дека девет чувари биле пишани дека работеле во еден ист ден во музеј, рече Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека културните установи исто така доцнеле и со административното пријавување за тоа кој треба да работи во недела, како и дека имало одредени недостатоци во однос на теренскиот издаток.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека со синдикатите се согласиле дека овие утврдени недостатоци ќе бидат адресирани во новиот колективен договор со цел да се дообјаснат работите за да нема доцнење на платите, но и дека се разговарало и за освежување на кадрите, како и за реевиденција на тоа кој делува и работи во културата и кој и колку си ги исполнува работните задачи.

The post Костадиновска-Стојчевска: Девет чувари биле пишани дека работеле во еден ист ден во музеј appeared first on Република.

]]>

Колку што треба да се инвестира во човечкиот капитал, толку треба да се прават и капитални инвестиции во установите, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска гостувајќи во „Утрински брифинг“.
Со репрезентативните синдикати од културата разговаравме за зголемувањето на платите во културниот сектор. Од нивна страна имаше предлог за кратење на капиталните инвестиции, но и за кратење на културната програма, нагласи Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека се во ред барањата на културните работници за раст на платите, но дека посакува солидарност во услови на кризите што ја зафатија државата.
Таа предложи постојните плати да останат непроменети шест месеци, а потоа да се најде решение за нивно зголемување.
Имаме четири зголемувања на платите од 2017 година, иако во еден период дел од фелата беше под мерки и не работеше. Сметав дека ќе најдеме солидарно решение, шест месеци да се земаат сегашните плати, а понатаму да најдеме решение за зголемување, рече Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека освен три струки, кои сега се усогласиле со минималната плата, сите други во изминативе години имале покачувања во просек од две до девет илјади.
Таа потсети дека според Законот за минимална плата, постои рок од шест месеци за усогласување на платите, нагласувајќи дека до тогаш никој нема да остане без плата. Костадиновска-Стојчевска истакна дела во фаза на формирање се и работните групи за новиот колективен договор во културата, во чија работа ќе бидат вклучени сите засегнати страни, изразувајќи надеж дека ќе биде постигнат договор со репрезентативните синдикати кои бараат усогласување на останатите плати со минималната плата. Министерката призна дека имало доцнење со платите во културата, потенцирајќи оти тоа било поради злоупотреби со новиот Закон за недела да биде неработен ден.
Откривме дека девет чувари биле пишани дека работеле во еден ист ден во музеј, рече Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека културните установи исто така доцнеле и со административното пријавување за тоа кој треба да работи во недела, како и дека имало одредени недостатоци во однос на теренскиот издаток.
Костадиновска-Стојчевска нагласи дека со синдикатите се согласиле дека овие утврдени недостатоци ќе бидат адресирани во новиот колективен договор со цел да се дообјаснат работите за да нема доцнење на платите, но и дека се разговарало и за освежување на кадрите, како и за реевиденција на тоа кој делува и работи во културата и кој и колку си ги исполнува работните задачи.

The post Костадиновска-Стојчевска: Девет чувари биле пишани дека работеле во еден ист ден во музеј appeared first on Република.

]]>
Љутков: Владата призна дека нема пари во буџетот и бара последиците да ги трпат културните работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ljutkov-vladata-prizna-deka-nema-pari-vo-budzetot-i-bara-posledicite-da-gi-trpat-kulturnite-rabotnici/ Wed, 30 Mar 2022 09:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=480782

Владата во допис признава дека во буџетот нема пари за нормални функционирање и исполнување на законските обврски. Владата признава дека нема пари во буџетот и бара последиците од тоа да ги трпат и културните работници и програмските активности како и капиталните проекти, истакна на денешната прес-конференција Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текс и видео од прес-конференцијата на Љутков:

Mинистерството за култура на чело со министерката повторно во поход за омаловажување на културните работници преку предлог за неисполнување на колективниот договор за културата, сега, во паника преку допис бара измена на колективниот договор во културата.

Деновиве до СОНК и Синдикатот за култура на Република Македонија, пристигна допис – предлог за изменување и дополнување на Колективниот договор во културата.

Во дописот се наведува дека ваквото зголемување ќе предизвика дополнителни финансиски импликации, а со оглед на тоа што се уште е во примена Членот 65 од Колективниот договор за културата, а министерството за финансии не обезбедува дополнителни средства за исплата на платите на вработените во установите од областа на културата, министерството бара измени во Колективниот договор за културата во Членот 65 со што по новата пресметка би била на штета на вработените.

Дали вработените во културата се колатерлна штета на неспособното и безидејно раководење на министерството од страна на министерката Стојчевска? Нејзините политики, како и политиките на нејзините претходници кои владата на СДСМ ги разрешува и поставува секоја година, се покажуваат како погубно дезориентирано водење на културните политики, секако на штета на вработените во установите од областа на културата, и пошироко на сите културни работници.

Ваквиот аматеризам стана причина за повторeн обид за избегнување на скалестото покачување на платите, (иако со закон тоа е уредено) а непланското работење со финансиите се правда неможноста да се обезбедат дополнителни средства од страна на министерството за финансии.

Со ваквиот срамен предлог за изменување и дополнување на колективниот договор за културата се прави притисок врз вработените преку директорите на инстиуциите, кои прават обиди вработените да прифатат неприфатливи решенија врз своја штета со скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог тоа ќе биде на штета на програмските активности и капиталните инвестиции и се бара од синдикатите да дадат предлог од каде да се црпат средствата за плати.

Ова е избегнување на одговорност и потврда дека ниту имале план и стратегија, ниту пак сега ја имаат.

Ветувањето за повисоки плати се претвори во игра на лаги без граници, избегунување на одговорност, која трае веќе две години, започната со министерувањето на министерката Стефоска, а продолжува и со новоназначената министерка Стојчевска.

Каква партија, таква власт, таква култура, вели Љутков.

https://youtu.be/ZYB9P9qY2LU

 

The post Љутков: Владата призна дека нема пари во буџетот и бара последиците да ги трпат културните работници appeared first on Република.

]]>

Владата во допис признава дека во буџетот нема пари за нормални функционирање и исполнување на законските обврски. Владата признава дека нема пари во буџетот и бара последиците од тоа да ги трпат и културните работници и програмските активности како и капиталните проекти, истакна на денешната прес-конференција Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текс и видео од прес-конференцијата на Љутков: Mинистерството за култура на чело со министерката повторно во поход за омаловажување на културните работници преку предлог за неисполнување на колективниот договор за културата, сега, во паника преку допис бара измена на колективниот договор во културата. Деновиве до СОНК и Синдикатот за култура на Република Македонија, пристигна допис – предлог за изменување и дополнување на Колективниот договор во културата. Во дописот се наведува дека ваквото зголемување ќе предизвика дополнителни финансиски импликации, а со оглед на тоа што се уште е во примена Членот 65 од Колективниот договор за културата, а министерството за финансии не обезбедува дополнителни средства за исплата на платите на вработените во установите од областа на културата, министерството бара измени во Колективниот договор за културата во Членот 65 со што по новата пресметка би била на штета на вработените. Дали вработените во културата се колатерлна штета на неспособното и безидејно раководење на министерството од страна на министерката Стојчевска? Нејзините политики, како и политиките на нејзините претходници кои владата на СДСМ ги разрешува и поставува секоја година, се покажуваат како погубно дезориентирано водење на културните политики, секако на штета на вработените во установите од областа на културата, и пошироко на сите културни работници. Ваквиот аматеризам стана причина за повторeн обид за избегнување на скалестото покачување на платите, (иако со закон тоа е уредено) а непланското работење со финансиите се правда неможноста да се обезбедат дополнителни средства од страна на министерството за финансии. Со ваквиот срамен предлог за изменување и дополнување на колективниот договор за културата се прави притисок врз вработените преку директорите на инстиуциите, кои прават обиди вработените да прифатат неприфатливи решенија врз своја штета со скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог тоа ќе биде на штета на програмските активности и капиталните инвестиции и се бара од синдикатите да дадат предлог од каде да се црпат средствата за плати. Ова е избегнување на одговорност и потврда дека ниту имале план и стратегија, ниту пак сега ја имаат. Ветувањето за повисоки плати се претвори во игра на лаги без граници, избегунување на одговорност, која трае веќе две години, започната со министерувањето на министерката Стефоска, а продолжува и со новоназначената министерка Стојчевска. Каква партија, таква власт, таква култура, вели Љутков. https://youtu.be/ZYB9P9qY2LU  

The post Љутков: Владата призна дека нема пари во буџетот и бара последиците да ги трпат културните работници appeared first on Република.

]]>