културна разновидност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kulturna-raznovidnost/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Nov 2022 08:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png културна разновидност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kulturna-raznovidnost/ 32 32 Проект „Регионална мрежа за културна разновидност” – Трет отворен повик за интеркултурни проекти 2022/2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekt-regionalna-mreza-za-kulturna-raznovidnost-tret-otvoren-povik-za-interkulturni-proekti-2022-2023/ Thu, 17 Nov 2022 08:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=574776

Регионална мрежа за културна разновидност (Regional Network for Cultural Diversity – READ) е регионален проект финансиран од ЕУ, со цел да им овозможи на граѓанските активисти да ги зајакнат демократските вредности и да придонесат кон интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите. Проектот се имплементира од страна на Гете-институт Скопје со партнерските организации: Асоцијација Крокодил (Србија), Центар за балканска соработка - Loja (Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центар за мултимедија (Косово). Проектот започна на 1-ви септември, 2020 и ќе трае до 31-ви Август, 2024 година.

Овој отворен повик за предлог проекти се објавува за организации од 5-те партнерски земји кои можат да аплицираат за финансиска поддршка за разновидни културни и уметнички иницијативи со цел да се зголеми пристапот и свеста за литературата и културата во регионот. При третиот повик за аплицирање ќе се поддржат околу 15 граѓански организации од Албанија, Косово, Македонија, Србија и Турција. Граѓанските организации се многу важни за успехот на овој проект, бидејќи тие имаат значително влијание врз културата и промените во општеството.

 Поддршка на интеркултурни проекти има за цел промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Целта е поддршка на голем број грас рут културни иницијативи низ горенаведените земји и промовирање на нивното вмрежување и соработка. Поддршката треба да ги покрие трошоците поврзани со литературните уметности и уметници, разни други културни и уметнички иницијативи, вклучително и музика, театар, аудио и видео продукција, мултимедија и други активности за промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Соработката помеѓу најмалку две држави кои учествуваат на проектот ќе се смета како предност. Максималниот износ за поддршка на интеркултурни проекти е 3.000 € по грант. Особено се охрабруваат проекти од младински организации.

Апликантите треба да бидат:
• непрофитни;
• граѓански организации;
• директно одговорни за подготовката и менаџментот на проектот заедно со ко-апликантот/ ко- апликантите);
• да се регистрирани во Албанија, Косово, Македонија, Србија и Турција најмалку 6 месеци пред датумот на објавување на овој повик;
• да се активни во една или повеќе од тематските подрачја кои се од важост за овој Повик за предлог проекти.

Само една апликација од секој апликант ќе биде земена предвид.
Рок за пријавување: 16.01.2023 г.

Повеќе информации во врска со Отворениот повик за апликации може да најдете на линкот подолу:
Регионална Мрежа за Културна Разновидност - РЕАД - Goethe-Institut Nordmazedonien

 

The post Проект „Регионална мрежа за културна разновидност” – Трет отворен повик за интеркултурни проекти 2022/2023 appeared first on Република.

]]>

Регионална мрежа за културна разновидност (Regional Network for Cultural Diversity – READ) е регионален проект финансиран од ЕУ, со цел да им овозможи на граѓанските активисти да ги зајакнат демократските вредности и да придонесат кон интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите. Проектот се имплементира од страна на Гете-институт Скопје со партнерските организации: Асоцијација Крокодил (Србија), Центар за балканска соработка - Loja (Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центар за мултимедија (Косово). Проектот започна на 1-ви септември, 2020 и ќе трае до 31-ви Август, 2024 година. Овој отворен повик за предлог проекти се објавува за организации од 5-те партнерски земји кои можат да аплицираат за финансиска поддршка за разновидни културни и уметнички иницијативи со цел да се зголеми пристапот и свеста за литературата и културата во регионот. При третиот повик за аплицирање ќе се поддржат околу 15 граѓански организации од Албанија, Косово, Македонија, Србија и Турција. Граѓанските организации се многу важни за успехот на овој проект, бидејќи тие имаат значително влијание врз културата и промените во општеството.  Поддршка на интеркултурни проекти има за цел промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Целта е поддршка на голем број грас рут културни иницијативи низ горенаведените земји и промовирање на нивното вмрежување и соработка. Поддршката треба да ги покрие трошоците поврзани со литературните уметности и уметници, разни други културни и уметнички иницијативи, вклучително и музика, театар, аудио и видео продукција, мултимедија и други активности за промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Соработката помеѓу најмалку две држави кои учествуваат на проектот ќе се смета како предност. Максималниот износ за поддршка на интеркултурни проекти е 3.000 € по грант. Особено се охрабруваат проекти од младински организации. Апликантите треба да бидат: • непрофитни; • граѓански организации; • директно одговорни за подготовката и менаџментот на проектот заедно со ко-апликантот/ ко- апликантите); • да се регистрирани во Албанија, Косово, Македонија, Србија и Турција најмалку 6 месеци пред датумот на објавување на овој повик; • да се активни во една или повеќе од тематските подрачја кои се од важост за овој Повик за предлог проекти. Само една апликација од секој апликант ќе биде земена предвид. Рок за пријавување: 16.01.2023 г. Повеќе информации во врска со Отворениот повик за апликации може да најдете на линкот подолу: Регионална Мрежа за Културна Разновидност - РЕАД - Goethe-Institut Nordmazedonien  

The post Проект „Регионална мрежа за културна разновидност” – Трет отворен повик за интеркултурни проекти 2022/2023 appeared first on Република.

]]>
Регионални и локални писатели, преведувачи, драматурзи, поети, илустратори, уметници на графички новели и стрипови и новинари од културата ќе творат на тема помирување и културна разновидност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/regionalni-i-lokalni-pisateli-preveduvachi-dramaturzi-poeti-ilustratori-umetnici-na-grafichki-noveli-i-stripovi-i-novinari-od-kulturata-kje-tvorat-na-tema-pomiruvanje-i-kulturna-raznovidnost/ Wed, 02 Mar 2022 08:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=466225

Регионални и локални писатели, преведувачи, драматурзи, поети, илустратори, уметници на графички новели и стрипови и новинари од културата од наведените земји се покануваат да се пријават за РЕАД резиденцијалниот програм. Во текот на едномесечниот престој ќе имаат можност да размислуваат и творат на тема помирување и културна разновидност. Резиденцијалниот престој ќе го организираат проектните партнер- организации од петте земји. Секоја организација ќе прими два автори во текот на 2022 година. Во иста мера се добредојдени млади и не многу искусни автори како и веќе етаблирани и автори со поголемо творечко искуство. Еден од критериумите за пријавување е авторот да има издадено најмалку две сопствени книги/ дела или два преводи. Апликантите мора да се жители на една од наведените земји.

Резиденциите ќе се одржуваат во периодот од мај до декември 2022 година.

Од избраните автори ќе се очекува да бидат продуктивни во текот на резиденцијалниот престој. Покрај работата на пообемниот проект, со кој ќе аплицираат, се очекува целосно да завршат и едно пократко дело (текст, есеј, поема, кратка приказна, статија, стрип), поврзано со општата тема: „Обединети во разновидност“, придонесувајќи кон помирување и меѓукултурна толеранција. Покрај пишувањето, творењето и преведувањето, од авторите ќе се очекува да учествуваат во работилници, да прават презентации (некои од нив може да се дел од мобилната библиотека) активно да учествуваат на литературните фестивали на партнерските организации, да одржуваат јавни литературни читања итн.

Пријавувањето е преку онлајн платформа (https://rb.gy/d1zd7l) и на англиски јазик.

Рок за пријавување: 31.03.2022 г.

Организациите домаќини ќе обезбедат сместување, покривање на патните трошоци за авторот и стипендија за секојдневните трошоци од 1.350 евра (бруто износ).

Повеќе за стипендијата и како да се пријавите, прочитајте тука:

https://www.goethe.de/ins/mk/mk/kul/sup/rea.html

https://www.facebook.com/readregionalnetwork

https://www.instagram.com/read.culturaldiversity/

Регионалната мрежа за културна разновидност (Regional Network for Cultural Diversity – READ) е регионален проект финансиран од ЕУ, со цел да им овозможи на граѓанските активисти од регионот да придонесат кон интеркултурната толеранција и зајакнување на демократските вредности, со посебен фокус на младите. Проектот го имплементираат Гете-институт Скопје заедно со партнерските организаци: Асоцијација Крокодил (Србија), Центар за балканска соработка - Лоја (Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центар за мултимедија (Косово).

 

The post Регионални и локални писатели, преведувачи, драматурзи, поети, илустратори, уметници на графички новели и стрипови и новинари од културата ќе творат на тема помирување и културна разновидност appeared first on Република.

]]>

Регионални и локални писатели, преведувачи, драматурзи, поети, илустратори, уметници на графички новели и стрипови и новинари од културата од наведените земји се покануваат да се пријават за РЕАД резиденцијалниот програм. Во текот на едномесечниот престој ќе имаат можност да размислуваат и творат на тема помирување и културна разновидност. Резиденцијалниот престој ќе го организираат проектните партнер- организации од петте земји. Секоја организација ќе прими два автори во текот на 2022 година. Во иста мера се добредојдени млади и не многу искусни автори како и веќе етаблирани и автори со поголемо творечко искуство. Еден од критериумите за пријавување е авторот да има издадено најмалку две сопствени книги/ дела или два преводи. Апликантите мора да се жители на една од наведените земји. Резиденциите ќе се одржуваат во периодот од мај до декември 2022 година. Од избраните автори ќе се очекува да бидат продуктивни во текот на резиденцијалниот престој. Покрај работата на пообемниот проект, со кој ќе аплицираат, се очекува целосно да завршат и едно пократко дело (текст, есеј, поема, кратка приказна, статија, стрип), поврзано со општата тема: „Обединети во разновидност“, придонесувајќи кон помирување и меѓукултурна толеранција. Покрај пишувањето, творењето и преведувањето, од авторите ќе се очекува да учествуваат во работилници, да прават презентации (некои од нив може да се дел од мобилната библиотека) активно да учествуваат на литературните фестивали на партнерските организации, да одржуваат јавни литературни читања итн. Пријавувањето е преку онлајн платформа (https://rb.gy/d1zd7l) и на англиски јазик. Рок за пријавување: 31.03.2022 г. Организациите домаќини ќе обезбедат сместување, покривање на патните трошоци за авторот и стипендија за секојдневните трошоци од 1.350 евра (бруто износ). Повеќе за стипендијата и како да се пријавите, прочитајте тука: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/kul/sup/rea.html https://www.facebook.com/readregionalnetwork https://www.instagram.com/read.culturaldiversity/ Регионалната мрежа за културна разновидност (Regional Network for Cultural Diversity – READ) е регионален проект финансиран од ЕУ, со цел да им овозможи на граѓанските активисти од регионот да придонесат кон интеркултурната толеранција и зајакнување на демократските вредности, со посебен фокус на младите. Проектот го имплементираат Гете-институт Скопје заедно со партнерските организаци: Асоцијација Крокодил (Србија), Центар за балканска соработка - Лоја (Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центар за мултимедија (Косово).  

The post Регионални и локални писатели, преведувачи, драматурзи, поети, илустратори, уметници на графички новели и стрипови и новинари од културата ќе творат на тема помирување и културна разновидност appeared first on Република.

]]>