културата во 2022 година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kulturata-vo-2022-godina/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Jan 2023 08:07:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png културата во 2022 година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kulturata-vo-2022-godina/ 32 32 Година на промоции, премиери, номинации за награди, но и проблеми за уметниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/godina-na-promotsii-premieri-nominatsii-za-nagradi-no-i-problemi-za-umetnitsite/ Mon, 09 Jan 2023 08:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=594783

 

„Најсреќниот човек на светот“ и „Кајмак“ – филмовите во македонска продукција, претставите „Пепелашка #Љубов“ и „Госпоѓиците од Авињон“ се само дел од проектите кои ja одбележаа културната сцена за 2022 година, но не изостанаа и проблемите. Внимание предизвика подготовката на новиот Закон за култура, а ликовните уметници бараат свој простор и галерија за работа.

Минатата година почна подготовката на новиот Закон за култура. Според министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, новиот закон предвидува унапредување на правата на културните работници, но и вработување на младите, кои штотуку дипломирале на некои од уметничките факултети.

Веднаш по објавувањето на нацрт-верзијата на новиот закон, од Синдикатот на култура излегоа со реакција, алармирајќи дека не се вклучени во работните групи за изработка на новиот нацрт. Оттаму истакнаа дека не им е даден доволно временски простор да испратат забелешки и предлози на веќе подготвената верзија.

На ова министерката посочи дека нацрт-верзиите на законот им била испратена електронски, откако била изработена во рамки на Министерството.

Од Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) лани излегоа со реакција дека немаат соодветен простор и галерија за работа, по што одржаа и средба со министерката на која ги упатија своите барања.

Уште се чека решение за нивниот проблем. Костадиновска Стојчевска посочи оти на ликовните уметници им е ветено дека ќе им се помогне и порача дека проблемот ќе го решат набрзо.

Во меѓувреме, во текот на 2022 година продолжија активностите на шест инвестициски проекти, кои се продолжување на изведбата од претходните години. Три се изградби на нови објекти во Тетово, Скопје и Струмица, а три се реконструкции на постојни објекти во Куманово, Кочани и Гостивар.

Лани почнаа девет нови капитални инвестициски проекти, како реконструкции на објекти на национални установи од областа на културата.

Од овие девет проекти, кај три објекти веќе изведбата е во напредна фаза, поточно кај НУБ Климент Охридски – Скопје, Музеј д-р Никола Незлобински – Струга и Музеј на современа уметност – Скопје, додека за останатите шест проекти како ЦК Прилеп, ЦК Битола, Музеј на Македонија, Национална галерија, ЦК Струмица и за студија за енергетска ефикасност, се обезбеди проектната и техничката документација по која во наредните години треба да биде започната и завршена предвидената реконструкција.

В рамки на Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид лани се се одржа пленарна сесија насловена „Отворен Балкан отвора култура“, во чии рамки е предвидено да се реализираат гостувања на театри, опери и размена на искуства во полето на културата со Албанија и Србија.

Минатата година се создадоа и можности целосно електронски да се аплицира на конкурсот за проекти кои се од национален интерес во културата. Од опозицијата реагираа обвинувајќи дека на овој начин се отежнува начинот за апликација на културните уметници.

Во меѓувреме, филмската уметност, во првата постпандемиска година повторно си го врати својот сјај. Уметниците конечно се вратија на културната сцена, а публиката уживаше во нови креативни проекти.

2022 година ќе се памети и по новото дело на режисерката Теона Стругар Митевска. Станува збор за „Најсреќниот човек на светот“, кој уште во самата фаза на подготовка разви високи очекувања во јавноста. Врвот го достигна со стекнување на титулата – македонски кандидат за Оскар во категорија најдобар меѓународен филм.

„Најсреќниот човек на светот“ во септември имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, а имаше и своја проекција во Торонто.

Станува збор за дело кое е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска, целосно е на босански јазик и главнината на актерската група се босански и хрватски актери.

Во текот на месец ноември филмот во светот се прикажуваше низ шест фестивали и имаше редовна дистрибуција во низа европски земји. Исто така, освои три награди на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож во Словенија.

Бура од позитивни реакции кај филмските критичари лани предизвика и „Кајмак“ – најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски кој имаше своја проекција во 30 градови низ државата.

„Кајмак“ во октомври имаше светска премира во Токио, а потоа се прикажуваше во рамките на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј.

Филмот имаше позитивни реакции и во регионот, а неодамна и познатиот италијански културен печат „ОДГ Магазин“ излезе со рецензија, во која оценува дека „Кајмак“ се истакнува по непредвидливоста на заплетот.

Според рецензијата, Манчевски и пристапува на филмската леснотија без да ги напушти принципите на своите најпосветени филмови.

Освен филмовите, минатата година ја одбележаа и низа балетски и театарски претстави.

Во Националната опера и балет (НОБ) една од балетските претстави која успешно го задржа вниманието кај јавноста е „Госпоѓиците од Авињон“, инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, која зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена беше Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

2022 година ќе се памети и по тоа што на сцената на НОБ првпат беше прикажана балетската претстава „Пепелашка #Љубов“ од Сергеј Прокофјев во кореографија на познатиот Александар Илиќ од Србија.

Драмскиот театар пак, лани се здоби со две престижни награди на театарскиот фестивал „Театар на крстопат“ во Ниш со претставата „Се викам Горан Стефановски“ (My Name Is Goran Stefanovski) во режија на Бранислав Миќуновиќ, а имаше и повеќе меѓународни гостувања.

Карактеристично за лани беше и одржувањето на моден гала настан од светски познатата холандска хај – тек дизајнерка Анук Випрехт. На настанот посетителите имаа можност да видат дел од нејзините оригинални модни дизајни, кои претставуваат спој меѓу технологијата и модата.

Холандската дизајнерка, која минатата година првпат имаше свое гостување во државава, живее и работи на релација Л.А. Мајами – Амстердам, а нејзините модни дизајни во себе инкорпорираат вештачка интелигенција и технологија.

Настанот беше во организиран од Амбасадата на Кралството на Холандија, а се реализираше во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Според министерката Костадиновска Стојчевска, иако беше прва постапандемиска и година со енергетска и економска криза, се заврши со бројни успешни проекти.

И покрај енергетската криза, морам да нагласам дека репертоарите не се намалуваат. Имаме прекрасни проекти кои се на сцена, во салите и изложени во галериите, изјави неодамна министерката во интервјуто за МИА.

Таа се надева дека 2023 ќе ја започнеме со нови проекти и конкурси. Оваа година, како што рече, ќе биде и година посветена на Ацо Шопов и година во која ќе чествуваме 120 години од најголемиот македонски празник – Илинден.

The post Година на промоции, премиери, номинации за награди, но и проблеми за уметниците appeared first on Република.

]]>

  „Најсреќниот човек на светот“ и „Кајмак“ – филмовите во македонска продукција, претставите „Пепелашка #Љубов“ и „Госпоѓиците од Авињон“ се само дел од проектите кои ja одбележаа културната сцена за 2022 година, но не изостанаа и проблемите. Внимание предизвика подготовката на новиот Закон за култура, а ликовните уметници бараат свој простор и галерија за работа. Минатата година почна подготовката на новиот Закон за култура. Според министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, новиот закон предвидува унапредување на правата на културните работници, но и вработување на младите, кои штотуку дипломирале на некои од уметничките факултети. Веднаш по објавувањето на нацрт-верзијата на новиот закон, од Синдикатот на култура излегоа со реакција, алармирајќи дека не се вклучени во работните групи за изработка на новиот нацрт. Оттаму истакнаа дека не им е даден доволно временски простор да испратат забелешки и предлози на веќе подготвената верзија. На ова министерката посочи дека нацрт-верзиите на законот им била испратена електронски, откако била изработена во рамки на Министерството. Од Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) лани излегоа со реакција дека немаат соодветен простор и галерија за работа, по што одржаа и средба со министерката на која ги упатија своите барања. Уште се чека решение за нивниот проблем. Костадиновска Стојчевска посочи оти на ликовните уметници им е ветено дека ќе им се помогне и порача дека проблемот ќе го решат набрзо. Во меѓувреме, во текот на 2022 година продолжија активностите на шест инвестициски проекти, кои се продолжување на изведбата од претходните години. Три се изградби на нови објекти во Тетово, Скопје и Струмица, а три се реконструкции на постојни објекти во Куманово, Кочани и Гостивар. Лани почнаа девет нови капитални инвестициски проекти, како реконструкции на објекти на национални установи од областа на културата. Од овие девет проекти, кај три објекти веќе изведбата е во напредна фаза, поточно кај НУБ Климент Охридски – Скопје, Музеј д-р Никола Незлобински – Струга и Музеј на современа уметност – Скопје, додека за останатите шест проекти како ЦК Прилеп, ЦК Битола, Музеј на Македонија, Национална галерија, ЦК Струмица и за студија за енергетска ефикасност, се обезбеди проектната и техничката документација по која во наредните години треба да биде започната и завршена предвидената реконструкција. В рамки на Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид лани се се одржа пленарна сесија насловена „Отворен Балкан отвора култура“, во чии рамки е предвидено да се реализираат гостувања на театри, опери и размена на искуства во полето на културата со Албанија и Србија. Минатата година се создадоа и можности целосно електронски да се аплицира на конкурсот за проекти кои се од национален интерес во културата. Од опозицијата реагираа обвинувајќи дека на овој начин се отежнува начинот за апликација на културните уметници. Во меѓувреме, филмската уметност, во првата постпандемиска година повторно си го врати својот сјај. Уметниците конечно се вратија на културната сцена, а публиката уживаше во нови креативни проекти. 2022 година ќе се памети и по новото дело на режисерката Теона Стругар Митевска. Станува збор за „Најсреќниот човек на светот“, кој уште во самата фаза на подготовка разви високи очекувања во јавноста. Врвот го достигна со стекнување на титулата – македонски кандидат за Оскар во категорија најдобар меѓународен филм. „Најсреќниот човек на светот“ во септември имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, а имаше и своја проекција во Торонто. Станува збор за дело кое е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска, целосно е на босански јазик и главнината на актерската група се босански и хрватски актери. Во текот на месец ноември филмот во светот се прикажуваше низ шест фестивали и имаше редовна дистрибуција во низа европски земји. Исто така, освои три награди на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож во Словенија. Бура од позитивни реакции кај филмските критичари лани предизвика и „Кајмак“ – најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски кој имаше своја проекција во 30 градови низ државата. „Кајмак“ во октомври имаше светска премира во Токио, а потоа се прикажуваше во рамките на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј. Филмот имаше позитивни реакции и во регионот, а неодамна и познатиот италијански културен печат „ОДГ Магазин“ излезе со рецензија, во која оценува дека „Кајмак“ се истакнува по непредвидливоста на заплетот. Според рецензијата, Манчевски и пристапува на филмската леснотија без да ги напушти принципите на своите најпосветени филмови. Освен филмовите, минатата година ја одбележаа и низа балетски и театарски претстави. Во Националната опера и балет (НОБ) една од балетските претстави која успешно го задржа вниманието кај јавноста е „Госпоѓиците од Авињон“, инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, која зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена беше Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев. 2022 година ќе се памети и по тоа што на сцената на НОБ првпат беше прикажана балетската претстава „Пепелашка #Љубов“ од Сергеј Прокофјев во кореографија на познатиот Александар Илиќ од Србија. Драмскиот театар пак, лани се здоби со две престижни награди на театарскиот фестивал „Театар на крстопат“ во Ниш со претставата „Се викам Горан Стефановски“ (My Name Is Goran Stefanovski) во режија на Бранислав Миќуновиќ, а имаше и повеќе меѓународни гостувања. Карактеристично за лани беше и одржувањето на моден гала настан од светски познатата холандска хај – тек дизајнерка Анук Випрехт. На настанот посетителите имаа можност да видат дел од нејзините оригинални модни дизајни, кои претставуваат спој меѓу технологијата и модата. Холандската дизајнерка, која минатата година првпат имаше свое гостување во државава, живее и работи на релација Л.А. Мајами – Амстердам, а нејзините модни дизајни во себе инкорпорираат вештачка интелигенција и технологија. Настанот беше во организиран од Амбасадата на Кралството на Холандија, а се реализираше во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева. Според министерката Костадиновска Стојчевска, иако беше прва постапандемиска и година со енергетска и економска криза, се заврши со бројни успешни проекти.
И покрај енергетската криза, морам да нагласам дека репертоарите не се намалуваат. Имаме прекрасни проекти кои се на сцена, во салите и изложени во галериите, изјави неодамна министерката во интервјуто за МИА.
Таа се надева дека 2023 ќе ја започнеме со нови проекти и конкурси. Оваа година, како што рече, ќе биде и година посветена на Ацо Шопов и година во која ќе чествуваме 120 години од најголемиот македонски празник – Илинден.

The post Година на промоции, премиери, номинации за награди, но и проблеми за уметниците appeared first on Република.

]]>