Куќата на Уранија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kukjata-na-uranija/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 08:49:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Куќата на Уранија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kukjata-na-uranija/ 32 32 Изложба „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ на склупторот Жарко Башески на 12 август во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-ecce-homo-macedonicus-osmo-svetsko-chudo-na-skluptorot-zharko-basheski-na-12-avgust-vo-ohrid/ Mon, 05 Aug 2024 08:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=803420

Новата изложба на склупторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се отвори на 12 август со почеток во 20 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид.

„Изложбата, која ќе трае до 27 август, претставува дел од годинешната програма на МАНУ, а вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик“, се вели во соопштението за настанот.

Како што пишува таму, идејата долги години е развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, писател од светски рамки и автор на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата.

„Проектот ‘Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо’, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура ‘Ordinary Man’ на Башески, но овојпат во поинаков материјал. Изборот на материјали за изградба на овој проект, како и конкретната форма на ‘Ordinary man’, тесно се поврзува со концептот на авторот“, истакнува организацискиот тим.

Куратори на изложбата се Плевнеш и Венко Андоновски.

„Со Жарко Башески, еден од најпознатите македонски скулптори чии дела се наоѓаат во повеќе престижни галерии и светски музеи, речиси две децении водиме разговори за Осмото светско чудо, кое после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската ‘цивилизација на љубовта’, кое би било подигнато на македонската планина Галичица од која се гледаат двете митски езера – Охридското и Преспанското, на планината која растат повеќе илјади ендемски видови на растенија и е единствениот резерват на светот на 1200 ноќни пеперуги“, вели професорот Плевнеш во текстот за делото.

Додека пак, писателот Андоновски посочува дека кога ја примил фотографијата од делото се шокирал затоа што скулптурата не е цела. Но, како што нагласува, ако не е цела, не значи и дека не е целосна.

„Некогаш половините се поцелосни и од целините (како наша разделена Македонија), и тука е уметноста магија на исцелувањето на она што е нецело или оштетно! Ако внимателно ја погледнете оваа скулптура, ќе ви се стори дека таа е сè уште во настанување, како да е некој вселенски незавршен проект во вечна мена и промена, како и наша духовна Македонија, прапостојбина на словата, писменоста и уметностите, незавршена духовна постојбина која во моментов има некое повторно привремено и неважно уставно име за службена употреба“, појаснува тој.

The post Изложба „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ на склупторот Жарко Башески на 12 август во Охрид appeared first on Република.

]]>

Новата изложба на склупторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се отвори на 12 август со почеток во 20 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид. „Изложбата, која ќе трае до 27 август, претставува дел од годинешната програма на МАНУ, а вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик“, се вели во соопштението за настанот. Како што пишува таму, идејата долги години е развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, писател од светски рамки и автор на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата. „Проектот ‘Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо’, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура ‘Ordinary Man’ на Башески, но овојпат во поинаков материјал. Изборот на материјали за изградба на овој проект, како и конкретната форма на ‘Ordinary man’, тесно се поврзува со концептот на авторот“, истакнува организацискиот тим. Куратори на изложбата се Плевнеш и Венко Андоновски. „Со Жарко Башески, еден од најпознатите македонски скулптори чии дела се наоѓаат во повеќе престижни галерии и светски музеи, речиси две децении водиме разговори за Осмото светско чудо, кое после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската ‘цивилизација на љубовта’, кое би било подигнато на македонската планина Галичица од која се гледаат двете митски езера – Охридското и Преспанското, на планината која растат повеќе илјади ендемски видови на растенија и е единствениот резерват на светот на 1200 ноќни пеперуги“, вели професорот Плевнеш во текстот за делото. Додека пак, писателот Андоновски посочува дека кога ја примил фотографијата од делото се шокирал затоа што скулптурата не е цела. Но, како што нагласува, ако не е цела, не значи и дека не е целосна. „Некогаш половините се поцелосни и од целините (како наша разделена Македонија), и тука е уметноста магија на исцелувањето на она што е нецело или оштетно! Ако внимателно ја погледнете оваа скулптура, ќе ви се стори дека таа е сè уште во настанување, како да е некој вселенски незавршен проект во вечна мена и промена, како и наша духовна Македонија, прапостојбина на словата, писменоста и уметностите, незавршена духовна постојбина која во моментов има некое повторно привремено и неважно уставно име за службена употреба“, појаснува тој.

The post Изложба „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ на склупторот Жарко Башески на 12 август во Охрид appeared first on Република.

]]>
Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetska-sredba-razgovor-so-akademik-pavle-goranovik/ Sun, 27 Aug 2023 08:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=676234

Во Куќата на Уранија во Охрид денеска, во рамки на Научната и уметничка визита 2023, ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет, академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите – ЦАНУ.

На средбата предвидено е претставување и разговор со авторот, кој е гостин на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, како и читање на негови песни во превод на македонски јазик од страна на Никола Маџиров и Игор Исаковски.

Средбата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

 

The post Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ appeared first on Република.

]]>

Во Куќата на Уранија во Охрид денеска, во рамки на Научната и уметничка визита 2023, ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет, академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите – ЦАНУ. На средбата предвидено е претставување и разговор со авторот, кој е гостин на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, како и читање на негови песни во превод на македонски јазик од страна на Никола Маџиров и Игор Исаковски. Средбата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.  

The post Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ appeared first on Република.

]]>
Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова – Лори во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsijata-na-stihozbirkata-sega-ti-stanuvash-jas-od-dolores-atanasova-lori-vo-dvorot-na-kukata-na-uranija-vo-ohrid/ Fri, 04 Aug 2023 08:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=668552

Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од поетесата Долорес Атанасова – Лори ќе се одржи на 4 август 2023 година, 20 часот, во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид. Промоторка на книгата ќе биде Ана Голејшка – Џикова, модераторка на настанот е Билјана Црвенковска, а издавач на книгата е „Чудна шума“.

Рецензентката на книгата, Снежана Стојчевска, посочува дека најновиот поетски ракопис „Сега ти стануваш јас“ на поетесата Д. А. Лори, кој доаѓа по успешните поетски книги „Будење во трето лице еднина“, „Со ветрот под рака“, „Небо во кафез“ и „Ќе фатит бран“, ги интригираше читателите кои имаа можност да го посведочат создавањето на книгата преку песните кои авторката ги објавуваше на Инстаграм-сториња.

– Песните се создадени за кус временски период, под голем креативен набој. Стерната беше отворена и песните надоаѓаа како што надоаѓа вода и допираат длабоко до свеста на читателот кој гледа како песната се создава и исчезнува пред неговите очи, поради краткотрајноста на објавата, како што минува и животот: денес си, утре не си. При тоа читање, привлечена како од магнетска сила влегов во тој вртлог, чувствувајќи ги песните како свои или како свое огледало, што потоа со насловот на книгата се потврди, како поетско-филозофското гледиште дека „Секој секому огледало“, дека секој се гледа себеси во другиот или, пак, дека сите потекнуваме од ист извор и сите во тој извор ќе се вратиме – истакнува Снежана Стојчевска.

Долорес Атанасова – Лори (Д.А. Лори) е родена на 26.10.1974 година во Германија. Раното детство го поминува во Германија, а потоа се сели со семејството во Охрид, каде што ги поминува остатокот од детството и средношколските денови, сè до заминувањето во Скопје на студии по англиски јазик и книжевност во 1993 година.

Д.А. Лори денес работи како професор по англиски јазик во Скопје. Дел од нејзината поезија е објавена во „Букбокс“, во поетската збирка „100 000 поети за промена“ и во е-книгата „Поетискон“. Нејзината прва книга, „Будење во трето лице еднина“, беше издадена од „Блесок“ во 2014 година. Поезијата на Д.А.Лори е, исто така, објавена во монографијата на „Астални проекции“, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“.

The post Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова – Лори во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од поетесата Долорес Атанасова – Лори ќе се одржи на 4 август 2023 година, 20 часот, во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид. Промоторка на книгата ќе биде Ана Голејшка – Џикова, модераторка на настанот е Билјана Црвенковска, а издавач на книгата е „Чудна шума“. Рецензентката на книгата, Снежана Стојчевска, посочува дека најновиот поетски ракопис „Сега ти стануваш јас“ на поетесата Д. А. Лори, кој доаѓа по успешните поетски книги „Будење во трето лице еднина“, „Со ветрот под рака“, „Небо во кафез“ и „Ќе фатит бран“, ги интригираше читателите кои имаа можност да го посведочат создавањето на книгата преку песните кои авторката ги објавуваше на Инстаграм-сториња.
– Песните се создадени за кус временски период, под голем креативен набој. Стерната беше отворена и песните надоаѓаа како што надоаѓа вода и допираат длабоко до свеста на читателот кој гледа како песната се создава и исчезнува пред неговите очи, поради краткотрајноста на објавата, како што минува и животот: денес си, утре не си. При тоа читање, привлечена како од магнетска сила влегов во тој вртлог, чувствувајќи ги песните како свои или како свое огледало, што потоа со насловот на книгата се потврди, како поетско-филозофското гледиште дека „Секој секому огледало“, дека секој се гледа себеси во другиот или, пак, дека сите потекнуваме од ист извор и сите во тој извор ќе се вратиме – истакнува Снежана Стојчевска. Долорес Атанасова – Лори (Д.А. Лори) е родена на 26.10.1974 година во Германија. Раното детство го поминува во Германија, а потоа се сели со семејството во Охрид, каде што ги поминува остатокот од детството и средношколските денови, сè до заминувањето во Скопје на студии по англиски јазик и книжевност во 1993 година. Д.А. Лори денес работи како професор по англиски јазик во Скопје. Дел од нејзината поезија е објавена во „Букбокс“, во поетската збирка „100 000 поети за промена“ и во е-книгата „Поетискон“. Нејзината прва книга, „Будење во трето лице еднина“, беше издадена од „Блесок“ во 2014 година. Поезијата на Д.А.Лори е, исто така, објавена во монографијата на „Астални проекции“, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“.

The post Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова – Лори во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
„Четири елементи“ – изложба на Газанфер Бајрам во Куќата на Уранија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chetiri-elementi-izlozba-na-gazanfer-bajram-vo-kukjata-na-uranija/ Mon, 08 Aug 2022 07:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=537843

Во Куќата на Уранија во Охрид вечерва ќе биде отворена изложбата „Четири елементи“, мозаици од академик Газанфер Бајрам.

Изложбата ја организира Македонската академија на науките и уметностите и е дел од манифестацијата Научна и уметничка визита 2022 на МАНУ.

 

The post „Четири елементи“ – изложба на Газанфер Бајрам во Куќата на Уранија appeared first on Република.

]]>

Во Куќата на Уранија во Охрид вечерва ќе биде отворена изложбата „Четири елементи“, мозаици од академик Газанфер Бајрам. Изложбата ја организира Македонската академија на науките и уметностите и е дел од манифестацијата Научна и уметничка визита 2022 на МАНУ.  

The post „Четири елементи“ – изложба на Газанфер Бајрам во Куќата на Уранија appeared first on Република.

]]>