Куќата на Робевци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kukjata-na-robevci/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 10:47:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Куќата на Робевци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kukjata-na-robevci/ 32 32 Се санираат помошни објекти на комплексот „Робевци“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-saniraat-pomoshni-objekti-na-kompleksot-robevtsi-vo-ohrid/ Mon, 04 Nov 2024 10:47:05 +0000 https://republika.mk/?p=833943

Со средства обезбедени преку програмата на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата се спроведува реконструкција и адаптација на помошен објект до Магазата што е во склоп на музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“ во Охрид.

Отпочнати се зафати за промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, а поставен е и нов под од гранитни плочи.

На објектот ќе се работи и наредниот приод односно ќе бидат санирани внатрешните ѕидни платна како и промена на надворешнта столарија и освежување на фасадата во бела боја.

Реконструкцијата е во насока на подобрување на функционалоста на помошниот објект што служи како депо на археолошки наоди. 

The post Се санираат помошни објекти на комплексот „Робевци“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Магијата на Вангел Наумовски: 100 години од раѓањето на уметникот и 70 години од неговата прва изложба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/magijata-na-vangel-naumovski-100-godini-od-raganeto-na-umetnikot-i-70-godini-od-negovata-prva-izlozhba/ Mon, 05 Aug 2024 09:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=803440

Во чест на 100 години од раѓањето на сликарот Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата „Охридска порта-Љубица“ и во Куќата на Робевци беа отворени изложби на слики од уметникот кој го воодушеви светот. Наумовски е роден 1924, а почина во 2006.

Овде поминале плејада уметници, артисти, поети, академици кои ја збогатувале програмата. Со мојот татко ја нарековме уметност во уметност. 2 Август има симболика, нашиот голем празник Илинден и по тој повод била првата негова изложба. И оваа година почнавме со камбаните илинденски, па со рециталот на Петар Темелковски ‘Да се биде Македонец’. Јордан Плевнеш напиша песна за која идејата тлеела во него долги години и ја нарече ‘Песна за бесмртниот Вангел, рече на прес-конференцијата во Охрид, синот Рубенс Наумовски.

Ликовните критичари за Вангел рекле дека тој е сликар од бајките, префинет, суптилен. Жан Мари Дрот уште во 1969 изјавил: „Мислам дека уште покрај двајца други, тој отишол најдалеку во уметноста. Него не би можеле да го вклучиме во наивната уметност, туку пред сѐ во уметноста со почетна голема буква. Наумовски се раѓа со еден гение, без да биде предвиден во оваа организација на светот. По пет, шест или повеќе години, организаторите на општеството пак ќе се потрудат сѐ да предвидат, но и тогаш ќе се роди Наумовски кој ќе им се смее на сите предвидувања“.

The post Магијата на Вангел Наумовски: 100 години од раѓањето на уметникот и 70 години од неговата прва изложба appeared first on Република.

Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejna-izlozhba-vecherva-vo-kukata-na-robevtsi-100-godini-od-raganeto-na-vangel-naumovski/ Fri, 02 Aug 2024 16:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=802853

Во петок на Втори август од 20 часот во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена  ”Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски”.

На оваа изложба ќе бидат претставени дела содржани во збирката ”Вангел Наумовски” во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ.Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска, раководител на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела.

Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија.

Изложените слики љубителите на уметноста во Робевци ќе можат да ги видат се до 1 септември.

The post Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ appeared first on Република.

]]>

Во петок на Втори август од 20 часот во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена  ”Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски”. На оваа изложба ќе бидат претставени дела содржани во збирката ”Вангел Наумовски” во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ.Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска, раководител на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела. Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија. Изложените слики љубителите на уметноста во Робевци ќе можат да ги видат се до 1 септември.

The post Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ appeared first on Република.

]]>
Изложба „Остров на осаменост“ во Куќата на Робевци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-ostrov-na-osamenost-vo-kukjata-na-robevci/ Fri, 05 Aug 2022 08:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=536991

Во галеријата во Куќата на Робевци, утре со почетокот  во 20 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Остров на осаменост“ од авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес.

На изложбата ќе бидат изложени околу 40 -тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми, информираат од НУ Завод и музеј Охрид.

Изложбата „Остров на осаменост’’ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата помеѓу реалноста и фикцијата, граница која се искусува во самите нас денес. Земајќи го цртежот како концептуален базичен инструмент за истражување во непознати зони или за редефинирање на еден визуелен универзум, изложбата просторно отсликува една состојба на контрасти помеѓу ред и неред, несигурност и смиреност, мир и немир, додаваат во соопштението.

Учесниците, се вели во соопштението, репрезентираат една посебна дирекција во поглед на визуелната креација, секој од нив држејќи ги под притисок границите помеѓу видливото и невидливото, цртеж-сцена, цртеж-печат, цртеж-релјеф, цртеж-колаж, варијации со кои се поместени границите на една нова реалност.

The post Изложба „Остров на осаменост“ во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>

Во галеријата во Куќата на Робевци, утре со почетокот  во 20 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Остров на осаменост“ од авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес. На изложбата ќе бидат изложени околу 40 -тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми, информираат од НУ Завод и музеј Охрид.
Изложбата „Остров на осаменост’’ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата помеѓу реалноста и фикцијата, граница која се искусува во самите нас денес. Земајќи го цртежот како концептуален базичен инструмент за истражување во непознати зони или за редефинирање на еден визуелен универзум, изложбата просторно отсликува една состојба на контрасти помеѓу ред и неред, несигурност и смиреност, мир и немир, додаваат во соопштението.
Учесниците, се вели во соопштението, репрезентираат една посебна дирекција во поглед на визуелната креација, секој од нив држејќи ги под притисок границите помеѓу видливото и невидливото, цртеж-сцена, цртеж-печат, цртеж-релјеф, цртеж-колаж, варијации со кои се поместени границите на една нова реалност.
 
The post Изложба „Остров на осаменост“ во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>
Изложба на слики од Башким Меџити во Куќата на Робевци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-sliki-od-bashkim-medziti-vo-kukjata-na-robevci/ Fri, 15 Jul 2022 07:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=529128

Самостојната изложба на слики од Башким Меџити ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата во Куќата на Робевци.

Како што информираат организаторите, ќе бидат изложени 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно.

Башким Меџити е роден на 16 јули 1965 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, каде што се стекнал и со звањето Магистер по сликарство.

Низ годините, Меџити имал повеќе самостојни изложби низ државава и надвор, од кои последната била лани во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

The post Изложба на слики од Башким Меџити во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>

Самостојната изложба на слики од Башким Меџити ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата во Куќата на Робевци. Како што информираат организаторите, ќе бидат изложени 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно. Башким Меџити е роден на 16 јули 1965 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, каде што се стекнал и со звањето Магистер по сликарство. Низ годините, Меџити имал повеќе самостојни изложби низ државава и надвор, од кои последната била лани во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.  

The post Изложба на слики од Башким Меџити во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>
Изложба на Трајче Чатмов во галеријата во Куќата на Робевци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-trajche-chatmov-vo-galerijata-vo-kukjata-na-robevci/ Thu, 30 Jun 2022 09:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=521464

Утре, на први јули, в петок во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена самостојната изложба „Интимно понирање“ од авторот Трајче Чатмов. Ќе бидат изложени дваесетина дела работени во последната година во техника акрил на платно. Слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ,„Интимно Понирање“ но и слики со една нова колористична гама.

За неговиот последен циклус на дела професорот Гоце Наневски ќе каже:

Дали закопувањето на контаминирана земја со цезиум во земјена дупка, е чин со кој ја спасуваш останатата земја и се на неа? Дали ако носиш парче од некое свое дело во џебот го носиш и целото дело? Дали ако си говориш себе си на некој неразбирлив јазик, е разговор со самиот себe? Дали возењето со ист автомобил во кој се возел друг човек значи дека си се возел со истиот човек?

Понекогаш е полесно нештата да ги предвидиш одколку да ги погледнеш наназад. Добро е да гледаш нанапред со сликата. Малку гледаме нанапред иако иднината го бара тоа од нас. Сакаме да ја менуваме иднината, таа е мистериозна, таа нуди дарови и слики.

Погледот на минатото е поглед на слика од коцки и кругови(намерно не велам топки), таа не учи и ја има моќта да не охрабри. Можните истории ги нуди само иднината, оној момент кога ќе го разбереме тоа, разбираме зошто минатото е такво. Сакаме ли некако наназад да ја (по)влечеме иднината? Дали можеме да бидеме во исто време и во минатото и во иднината? По некаква логика тоа е (не)можно, или ако еден лист хартија го превиткате на пола, две точки од него ќе се најдат на исто место.

Создавањето уметност врз почва полна со „храна” е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се одтаде уметноста.

Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот “розев” мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории.

Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични” и „Легендите се за читање”.
Сега дополнувам: „Читајте ги сликите на Чатмов!”

The post Изложба на Трајче Чатмов во галеријата во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>

Утре, на први јули, в петок во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена самостојната изложба „Интимно понирање“ од авторот Трајче Чатмов. Ќе бидат изложени дваесетина дела работени во последната година во техника акрил на платно. Слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ,„Интимно Понирање“ но и слики со една нова колористична гама. За неговиот последен циклус на дела професорот Гоце Наневски ќе каже: Дали закопувањето на контаминирана земја со цезиум во земјена дупка, е чин со кој ја спасуваш останатата земја и се на неа? Дали ако носиш парче од некое свое дело во џебот го носиш и целото дело? Дали ако си говориш себе си на некој неразбирлив јазик, е разговор со самиот себe? Дали возењето со ист автомобил во кој се возел друг човек значи дека си се возел со истиот човек? Понекогаш е полесно нештата да ги предвидиш одколку да ги погледнеш наназад. Добро е да гледаш нанапред со сликата. Малку гледаме нанапред иако иднината го бара тоа од нас. Сакаме да ја менуваме иднината, таа е мистериозна, таа нуди дарови и слики. Погледот на минатото е поглед на слика од коцки и кругови(намерно не велам топки), таа не учи и ја има моќта да не охрабри. Можните истории ги нуди само иднината, оној момент кога ќе го разбереме тоа, разбираме зошто минатото е такво. Сакаме ли некако наназад да ја (по)влечеме иднината? Дали можеме да бидеме во исто време и во минатото и во иднината? По некаква логика тоа е (не)можно, или ако еден лист хартија го превиткате на пола, две точки од него ќе се најдат на исто место. Создавањето уметност врз почва полна со „храна” е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се одтаде уметноста. Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот “розев” мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични” и „Легендите се за читање”. Сега дополнувам: „Читајте ги сликите на Чатмов!”

The post Изложба на Трајче Чатмов во галеријата во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>