куќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kukja/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 13:16:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kukja/ 32 32 Вечерва две изведби на „Куќа, дом“ на МОТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-dve-izvedbi-na-kuka-dom-na-mot/ Tue, 19 Nov 2024 13:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=839627

Претставата „Куќа, дом“, авторски проект на Катја Легин на Креативен центар Крушче од Словенија закажана за вечерва во приватна куќа во Капиштец од 21 часот е распродадена, а организаторот на Млад отворен театар (МОТ) пушти во продажба уште еден, втор термин, од 18 часот, соопштија од Младински културен центар (МКЦ).

Претставата „Куќа, дом” е авторска претстава на Катја Легин, актерка, танчерка и основачка на Општественото студио за истражување во уметноста на играта „УЦ Крушче” во Словенија. Таа, заедно со нејзиниот уметнички и животен партнер, театарскиот режисер Томи Јанежич, кој воедно е и советник во проектот, заеднички го водат културниот центар во Крушче посветен на уметничкото истражување, создавање, резиденцијален престој и неформално уметничко образование. Перформансот „Куќа, дом” која се изведува во специфичен, не – театарски простор (дом), таа вели – “една претстава не е вистинска претстава ако не треба да чистите по изведбата”.

Оригиналната претстава се изведува во нивниот дом, каде е сместено и студиото во кое работат. Во неа, авторката истражува повеќе теми – краде од филмот, користи поп и прави сѐ што може за да се случи Театар. Жонглира со темите на женственоста и животните сокови, домот, семејството и отсуството.

The post Вечерва две изведби на „Куќа, дом“ на МОТ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Куќа, дом“, авторски проект на Катја Легин на Креативен центар Крушче од Словенија закажана за вечерва во приватна куќа во Капиштец од 21 часот е распродадена, а организаторот на Млад отворен театар (МОТ) пушти во продажба уште еден, втор термин, од 18 часот, соопштија од Младински културен центар (МКЦ). Претставата „Куќа, дом” е авторска претстава на Катја Легин, актерка, танчерка и основачка на Општественото студио за истражување во уметноста на играта „УЦ Крушче” во Словенија. Таа, заедно со нејзиниот уметнички и животен партнер, театарскиот режисер Томи Јанежич, кој воедно е и советник во проектот, заеднички го водат културниот центар во Крушче посветен на уметничкото истражување, создавање, резиденцијален престој и неформално уметничко образование. Перформансот „Куќа, дом” која се изведува во специфичен, не – театарски простор (дом), таа вели – “една претстава не е вистинска претстава ако не треба да чистите по изведбата”. Оригиналната претстава се изведува во нивниот дом, каде е сместено и студиото во кое работат. Во неа, авторката истражува повеќе теми – краде од филмот, користи поп и прави сѐ што може за да се случи Театар. Жонглира со темите на женственоста и животните сокови, домот, семејството и отсуството.

The post Вечерва две изведби на „Куќа, дом“ на МОТ appeared first on Република.

]]>
„Куќа, дом“ на МОТ е распродадена, ќе има и втор термин во вторник од 18 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kuka-dom-na-mot-e-rasprodadena-ke-ima-i-vtor-termin-vo-vtornik-od-18-chasot/ Sun, 17 Nov 2024 15:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=838871

Претставата „Куќа, дом“, авторски проект на Катја Легин на Креативен центар Крушче од Словенија закажана за во вторник во приватна куќа во Капиштец од 21 часот е распродадена, а организаторот на Млад отворен театар (МОТ) пушти во продажба уште еден, втор термин, од 18 часот, соопштија од Младински културен центар (МКЦ).

Претставата „Куќа, дом" е авторска претстава на Катја Легин, актерка, танчерка и основачка на Општественото студио за истражување во уметноста на играта „УЦ Крушче" во Словенија. Таа, заедно со нејзиниот уметнички и животен партнер, театарскиот режисер Томи Јанежич, кој воедно е и советник во проектот, заеднички го водат културниот центар во Крушче посветен на уметничкото истражување, создавање, резиденцијален престој и неформално уметничко образование. Перформансот „Куќа, дом" која се изведува во специфичен, не - театарски простор (дом), таа вели - "една претстава не е вистинска претстава ако не треба да чистите по изведбата". Оригиналната претстава се изведува во нивниот дом, каде е сместено и студиото во кое работат. Во неа, авторката истражува повеќе теми - краде од филмот, користи поп и прави сѐ што може за да се случи Театар. Жонглира со темите на женственоста и животните сокови, домот, семејството и отсуството.

The post „Куќа, дом“ на МОТ е распродадена, ќе има и втор термин во вторник од 18 часот appeared first on Република.

]]>

Претставата „Куќа, дом“, авторски проект на Катја Легин на Креативен центар Крушче од Словенија закажана за во вторник во приватна куќа во Капиштец од 21 часот е распродадена, а организаторот на Млад отворен театар (МОТ) пушти во продажба уште еден, втор термин, од 18 часот, соопштија од Младински културен центар (МКЦ). Претставата „Куќа, дом" е авторска претстава на Катја Легин, актерка, танчерка и основачка на Општественото студио за истражување во уметноста на играта „УЦ Крушче" во Словенија. Таа, заедно со нејзиниот уметнички и животен партнер, театарскиот режисер Томи Јанежич, кој воедно е и советник во проектот, заеднички го водат културниот центар во Крушче посветен на уметничкото истражување, создавање, резиденцијален престој и неформално уметничко образование. Перформансот „Куќа, дом" која се изведува во специфичен, не - театарски простор (дом), таа вели - "една претстава не е вистинска претстава ако не треба да чистите по изведбата". Оригиналната претстава се изведува во нивниот дом, каде е сместено и студиото во кое работат. Во неа, авторката истражува повеќе теми - краде од филмот, користи поп и прави сѐ што може за да се случи Театар. Жонглира со темите на женственоста и животните сокови, домот, семејството и отсуството.

The post „Куќа, дом“ на МОТ е распродадена, ќе има и втор термин во вторник од 18 часот appeared first on Република.

]]>
Пожар во куќа во Карпош, повредена 84-годишна жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-kuka-vo-karposh-povredena-84-godishna-zhena/ Sun, 06 Oct 2024 15:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=823539

На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост на М.К.(84), додека таа готвела.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а М.К. се здобила со изгореници, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

 

The post Пожар во куќа во Карпош, повредена 84-годишна жена appeared first on Република.

]]>

На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост на М.К.(84), додека таа готвела. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а М.К. се здобила со изгореници, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.  

The post Пожар во куќа во Карпош, повредена 84-годишна жена appeared first on Република.

]]>
Пожар во куќа во Сопиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-kuka-vo-sopishte/ Sat, 13 Jan 2024 15:11:21 +0000 https://republika.mk/?p=732646

На 12.01.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Држилово, општина Сопиште настанал пожар во куќа сопственост на И.А.(53) од с. Држилово. Во пожарот изгорел целиот кров на куќата, а од страна на Бригадата за против пожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

The post Пожар во куќа во Сопиште appeared first on Република.

]]>

На 12.01.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Држилово, општина Сопиште настанал пожар во куќа сопственост на И.А.(53) од с. Држилово. Во пожарот изгорел целиот кров на куќата, а од страна на Бригадата за против пожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

The post Пожар во куќа во Сопиште appeared first on Република.

]]>
На Бадник ништо не се позајмува од куќата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-badnik-nishto-ne-se-pozajmuva-od-kukata/ Sat, 06 Jan 2024 16:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=729938

Најзначајниот, но и најбогатиот со обичаи празник е токму Бадник. Иако се смета за христијански празник, народот низ минатото, па и денес го прославува на начин кој тешко може да се карактеризира како христијански.

Повеќето бадникови и божиќни обичаи се темелат на сознанието дека во овие денови почнува новата година и на верувањето дека токму тогаш се одлучува судбината на домот и оние кои живеат во него за наредниот едногодишен период.

Скоро сите магиски и култни обреди за овие празници се инспирирани од желбата за посреќна година и напредок во неа.

Еве неколку од тие стари, народни обичаи кои сè уште се почитуваат во некои подрачја:

-Не е убаво на Бадник да се заспие додека не прегори бадниковото гранче, бидејќи некој од станарите ќе умре без предзнак.

-На Бадник ништо не се позајмува од куќата. Не е убаво она што припаѓа во домот да биде надвор од него на Божиќ.

-Кога станарите си легнуваат, бабата или некоја друга постара жена од фамилијата забодува нож во внатрешната страна на вратата и на него закачува малку лук, за станарите да бидат заштитени од уроци, вештерки и нечисти сили.

-На Бадник не е убаво огнот да се разгорува со дување, за ветрот да не ја одвее пченицата. Наместо со дување, тој се распалува со лиснати гранки.

-Жените на овој ден не треба да работат бидејќи така ќе им ги затворат устите на ѕверовите.

-На Бадник, кога ќе се завршат сите работи, во една чинија се растопува маст и во неа се огледуваат сите станари. Кој што нема да ја види својата глава, тој ќе умре во текот на годината.

-Ако е облачно на Бадник, годината ќе биде плодна. Ако во огништето има многу пепел, се верува дека зимата ќе има многу снег. Ако на Бадник искрите од огнот излегуваат сами, иако никој не го чепка огништето, се верува дека ќе има многу мед и богатство.

 

The post На Бадник ништо не се позајмува од куќата appeared first on Република.

]]>

Најзначајниот, но и најбогатиот со обичаи празник е токму Бадник. Иако се смета за христијански празник, народот низ минатото, па и денес го прославува на начин кој тешко може да се карактеризира како христијански. Повеќето бадникови и божиќни обичаи се темелат на сознанието дека во овие денови почнува новата година и на верувањето дека токму тогаш се одлучува судбината на домот и оние кои живеат во него за наредниот едногодишен период. Скоро сите магиски и култни обреди за овие празници се инспирирани од желбата за посреќна година и напредок во неа. Еве неколку од тие стари, народни обичаи кои сè уште се почитуваат во некои подрачја: -Не е убаво на Бадник да се заспие додека не прегори бадниковото гранче, бидејќи некој од станарите ќе умре без предзнак. -На Бадник ништо не се позајмува од куќата. Не е убаво она што припаѓа во домот да биде надвор од него на Божиќ. -Кога станарите си легнуваат, бабата или некоја друга постара жена од фамилијата забодува нож во внатрешната страна на вратата и на него закачува малку лук, за станарите да бидат заштитени од уроци, вештерки и нечисти сили. -На Бадник не е убаво огнот да се разгорува со дување, за ветрот да не ја одвее пченицата. Наместо со дување, тој се распалува со лиснати гранки. -Жените на овој ден не треба да работат бидејќи така ќе им ги затворат устите на ѕверовите. -На Бадник, кога ќе се завршат сите работи, во една чинија се растопува маст и во неа се огледуваат сите станари. Кој што нема да ја види својата глава, тој ќе умре во текот на годината. -Ако е облачно на Бадник, годината ќе биде плодна. Ако во огништето има многу пепел, се верува дека зимата ќе има многу снег. Ако на Бадник искрите од огнот излегуваат сами, иако никој не го чепка огништето, се верува дека ќе има многу мед и богатство.  

The post На Бадник ништо не се позајмува од куќата appeared first on Република.

]]>
Се запали куќа во село Раец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapali-kuka-vo-selo-raets/ Mon, 11 Dec 2023 14:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=721840

Се запали куќа во кавадаречкото село Раец, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.

Веднаш по дојавата за пожар наша екипа од четворица пожарникари со две противпожарни возила замина на лице место и интервенираа најбрзо што може, информираа од Противпожарната служба.

Оттаму додадоа дека има материјална штета при пожарот во Раец.

 

The post Се запали куќа во село Раец appeared first on Република.

]]>

Се запали куќа во кавадаречкото село Раец, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.
Веднаш по дојавата за пожар наша екипа од четворица пожарникари со две противпожарни возила замина на лице место и интервенираа најбрзо што може, информираа од Противпожарната служба.
Оттаму додадоа дека има материјална штета при пожарот во Раец.  

The post Се запали куќа во село Раец appeared first on Република.

]]>
43-годишен маж пронајден починат во куќа во гевгелиско https://arhiva3.republika.mk/vesti/43-godishen-mazh-pronajden-pochinat-vo-kuka-vo-gevgelisko/ Fri, 08 Dec 2023 16:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=721068

Во Полициската станица Гевгелија денеска во 09.40 часот било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.

 

The post 43-годишен маж пронајден починат во куќа во гевгелиско appeared first on Република.

]]>

Во Полициската станица Гевгелија денеска во 09.40 часот било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.  

The post 43-годишен маж пронајден починат во куќа во гевгелиско appeared first on Република.

]]>
Пожар во куќа во Скопје, сопствениците префрлени во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-kuka-vo-skopje-sopstvenitsite-prefrleni-vo-bolnitsa/ Tue, 31 Oct 2023 21:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=696832

Денеска (31.10.2023) во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фан Ноли“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Е.А.(43) од Скопје. Притоа, Е.А.(43), Ф.А.(44) и Е.А.(26) вдишиле чад и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.

The post Пожар во куќа во Скопје, сопствениците префрлени во болница appeared first on Република.

]]>

Денеска (31.10.2023) во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фан Ноли“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Е.А.(43) од Скопје. Притоа, Е.А.(43), Ф.А.(44) и Е.А.(26) вдишиле чад и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.

The post Пожар во куќа во Скопје, сопствениците префрлени во болница appeared first on Република.

]]>
Израелските војници ја демолираа куќата на висок функционер на Хамас на Западниот Брег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-vojnitsi-ja-demoliraa-kukata-na-visok-funktsioner-na-hamas-na-zapadniot-breg/ Tue, 31 Oct 2023 09:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=696601

Израелските војници денеска ја срушија куќата на функционерот на Хамас, Салех ал-Арури во населбата Арура кај Рамалах на окупираниот Западен Брег.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како е предизвикана контролирана експлозија. Наредбата за уривање е донесена пред неколку дена.

Ал-Арури живее во Либан и се смета де факто за лидер на Хамас на Западниот Брег и е одговорен за некои активности на исламската екстремистичка организација на таа територија, јавуваат израелските медиуми.

 

The post Израелските војници ја демолираа куќата на висок функционер на Хамас на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Израелските војници денеска ја срушија куќата на функционерот на Хамас, Салех ал-Арури во населбата Арура кај Рамалах на окупираниот Западен Брег. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како е предизвикана контролирана експлозија. Наредбата за уривање е донесена пред неколку дена. Ал-Арури живее во Либан и се смета де факто за лидер на Хамас на Западниот Брег и е одговорен за некои активности на исламската екстремистичка организација на таа територија, јавуваат израелските медиуми.  

The post Израелските војници ја демолираа куќата на висок функционер на Хамас на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>
Почна реновирањето на родната куќа на Хитлер, до 2026. ќе биде полициска станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochna-renoviraneto-na-rodnata-kuka-na-hitler-do-2026-ke-bide-politsiska-stanitsa/ Tue, 03 Oct 2023 08:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=687324

Во Австрија вчера почна реновирањето на куќата во којашто во 1889 година е роден Адолф Хитлер. Одлуката за обнова и пренамена на зданието во Браунау ам Ин, град близу австриската граница со Германија, беше донесена во 2019 година.

Од 1970-тите тој простор се користел за згрижување возрасни со попреченост, но во 2011 година е напуштен и останал празен.

Куќата ќе биде претворена во полициска станица, со цел да биде непривлечна како место за собири за оние кои го величаат нацистичкиот диктатор. Градежните работници веќе поставија ограда и почнаа со мерења за градежни работи. Се очекува полицијата да се смести тука во 2026 година.

На проектот за пренамена му претходеше повеќегодишен спор околу сопственоста на куќата. Тоа прашање беше решено во 2017 година кога највисокиот австриски Суд одлучи дека Владата има право да ја експроприра градбата откако сопственикот одбил да ја продаде. Предлогот за уривање на објектот, се наведува, е одбиен.

The post Почна реновирањето на родната куќа на Хитлер, до 2026. ќе биде полициска станица appeared first on Република.

]]>

Во Австрија вчера почна реновирањето на куќата во којашто во 1889 година е роден Адолф Хитлер. Одлуката за обнова и пренамена на зданието во Браунау ам Ин, град близу австриската граница со Германија, беше донесена во 2019 година. Од 1970-тите тој простор се користел за згрижување возрасни со попреченост, но во 2011 година е напуштен и останал празен. Куќата ќе биде претворена во полициска станица, со цел да биде непривлечна како место за собири за оние кои го величаат нацистичкиот диктатор. Градежните работници веќе поставија ограда и почнаа со мерења за градежни работи. Се очекува полицијата да се смести тука во 2026 година. На проектот за пренамена му претходеше повеќегодишен спор околу сопственоста на куќата. Тоа прашање беше решено во 2017 година кога највисокиот австриски Суд одлучи дека Владата има право да ја експроприра градбата откако сопственикот одбил да ја продаде. Предлогот за уривање на објектот, се наведува, е одбиен.

The post Почна реновирањето на родната куќа на Хитлер, до 2026. ќе биде полициска станица appeared first on Република.

]]>
Не бил „борец за слобода“ туку Пабло Ескобар од регионот: Косовската полиција покажа како изгледа куќата на Милан Радоичиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-bil-borets-za-sloboda-tuku-pablo-eskobar-od-regionot-kosovskata-politsija-pokazha-kako-izgleda-kukata-na-milan-radoichik/ Fri, 29 Sep 2023 16:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=686455

Косовската полиција од утрово го претресува имотот на Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, кој организираше акција во селото Бањска во која загинаа четири лица, пренесуваат српските медиуми.

Косовскиот министер за полиција Џељај Свеќља објави видео од внатрешноста на вилата на Радоичиќ на брегот на езерото Газиводе, нарекувајќи го Пабло Ескобар од регионот.

Детално и до крај ќе се истражува терористичкиот напад со кој се соочи косовската полиција во селото Бањска. Косовската полиција, согласно судската наредба, денеска изврши претрес во станот на Милан Радојчиќ, неговата вила на Ујманското езеро, напиша Свеќља на својот Фејсбук профил, пренесе „Нова.рс“

Дури и од сликите што може да се видат, очигледно е дека не се работи за „борец за слобода“ туку за Пабло Ескобар од регионот. Под превезот на бранител на граѓаните, тој и неговите соработници станаа мултимилионери на сметка на законот, државата и другите граѓани. Затоа, неопходно е да се истражи местото на злосторството сите овие години на северот на земјата заедно со целиот имот на терористичката група“, заклучи Свеќља.

Од утрово трае претресот на имотот на Милан Радоичиќ во Косово, а во меѓувреме тој ја призна целосната одговорност за настаните во селото Бањска, кога загинаа четири лица.

The post Не бил „борец за слобода“ туку Пабло Ескобар од регионот: Косовската полиција покажа како изгледа куќата на Милан Радоичиќ appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција од утрово го претресува имотот на Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, кој организираше акција во селото Бањска во која загинаа четири лица, пренесуваат српските медиуми. Косовскиот министер за полиција Џељај Свеќља објави видео од внатрешноста на вилата на Радоичиќ на брегот на езерото Газиводе, нарекувајќи го Пабло Ескобар од регионот. Детално и до крај ќе се истражува терористичкиот напад со кој се соочи косовската полиција во селото Бањска. Косовската полиција, согласно судската наредба, денеска изврши претрес во станот на Милан Радојчиќ, неговата вила на Ујманското езеро, напиша Свеќља на својот Фејсбук профил, пренесе „Нова.рс“ Дури и од сликите што може да се видат, очигледно е дека не се работи за „борец за слобода“ туку за Пабло Ескобар од регионот. Под превезот на бранител на граѓаните, тој и неговите соработници станаа мултимилионери на сметка на законот, државата и другите граѓани. Затоа, неопходно е да се истражи местото на злосторството сите овие години на северот на земјата заедно со целиот имот на терористичката група“, заклучи Свеќља. Од утрово трае претресот на имотот на Милан Радоичиќ во Косово, а во меѓувреме тој ја призна целосната одговорност за настаните во селото Бањска, кога загинаа четири лица.

The post Не бил „борец за слобода“ туку Пабло Ескобар од регионот: Косовската полиција покажа како изгледа куќата на Милан Радоичиќ appeared first on Република.

]]>
Четири пати се заканувал, на крај ја запалил куќата во Неготно што ја дели со братот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-pati-se-zakanuval-na-kraj-ja-zapalil-kukata-vo-negotno-shto-ja-deli-so-bratot/ Sun, 21 May 2023 13:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=643262

Пожар избувнал ноќеска во куќа во Неготино. Градоначалникот Горан Стојанов попладнево најави дека Општината ќе им помогне на оштетените.

Исконтактиравме со оштетените, да се види што може да се помогне. Дополнително и ќе се видиме, да се договориме околу начинот на помош, рече Стојанов за МИА.

Неофицијално, човек со проблеми, ја запалил сопствената куќа која е братска и во која, во еден дел живее неговиот син, а во другиот дел живее снаата за брат. Тој долго време се заканувал дека ќе ја запали куќата. Ова му било четврти пат како ја палел, но сега била најоштетена.

Оштетените бараат надлежните да се погрижат за човекот, за да не прави дополнителни проблеми.

Од Полицијата потврдија дека едно лице било приведено по пожарот во семејна куќа во Неготино.

 

The post Четири пати се заканувал, на крај ја запалил куќата во Неготно што ја дели со братот appeared first on Република.

]]>

Пожар избувнал ноќеска во куќа во Неготино. Градоначалникот Горан Стојанов попладнево најави дека Општината ќе им помогне на оштетените.
Исконтактиравме со оштетените, да се види што може да се помогне. Дополнително и ќе се видиме, да се договориме околу начинот на помош, рече Стојанов за МИА.
Неофицијално, човек со проблеми, ја запалил сопствената куќа која е братска и во која, во еден дел живее неговиот син, а во другиот дел живее снаата за брат. Тој долго време се заканувал дека ќе ја запали куќата. Ова му било четврти пат како ја палел, но сега била најоштетена. Оштетените бараат надлежните да се погрижат за човекот, за да не прави дополнителни проблеми. Од Полицијата потврдија дека едно лице било приведено по пожарот во семејна куќа во Неготино.  

The post Четири пати се заканувал, на крај ја запалил куќата во Неготно што ја дели со братот appeared first on Република.

]]>
По настинка треба да се исчисти целата куќа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-nastinka-treba-da-se-ischisti-tselata-kuka/ Wed, 17 May 2023 08:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=641642

Лекарите советуваат дека е добро да се исчисти целата куќа по времето минато со настинка. Препораките се однесуваат на менување на постелнината, перење на алиштата, пребришување на сите површини во домот - сѐ со цел да се отстранат непожелните бактерии. Но, истото важи и за четката за заби.

Четката за заби е еден од оние предмети што биле во директен контакт со микроорганизмите на настинката. Според американскиот стоматолог Гери Лиу, особено е важно да се земе нова четка, при присуство на заболувања како херпес, грип, болки во грлото, па тука спаѓа и обичната настинка.

Бактериите можат да живеат на четката и до неколку седмици, зависно од видот на микроорганизмот. Затоа, важно е четката да се смени, просто поради можноста од нова зараза.

Зошто не треба да се менува четката додека човекот е болен? Користењето на истата четка додека сте болни нема да ја продолжи лошата здравствена состојба. Исто така, погрешно е и да се покрива четката, бидејќи бактериите умираат во присуство на кислород.

The post По настинка треба да се исчисти целата куќа appeared first on Република.

]]>

Лекарите советуваат дека е добро да се исчисти целата куќа по времето минато со настинка. Препораките се однесуваат на менување на постелнината, перење на алиштата, пребришување на сите површини во домот - сѐ со цел да се отстранат непожелните бактерии. Но, истото важи и за четката за заби. Четката за заби е еден од оние предмети што биле во директен контакт со микроорганизмите на настинката. Според американскиот стоматолог Гери Лиу, особено е важно да се земе нова четка, при присуство на заболувања како херпес, грип, болки во грлото, па тука спаѓа и обичната настинка. Бактериите можат да живеат на четката и до неколку седмици, зависно од видот на микроорганизмот. Затоа, важно е четката да се смени, просто поради можноста од нова зараза. Зошто не треба да се менува четката додека човекот е болен? Користењето на истата четка додека сте болни нема да ја продолжи лошата здравствена состојба. Исто така, погрешно е и да се покрива четката, бидејќи бактериите умираат во присуство на кислород.

The post По настинка треба да се исчисти целата куќа appeared first on Република.

]]>
Почина жена во пожар во куќа во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-zhena-vo-pozhar-vo-kuka-vo-kochani/ Wed, 08 Mar 2023 16:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=617410

На 07.03.2023 во 10.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во населба Оризари настанал пожар во куќата на С.Л.(53), во која живеела неговата мајка С.Л.(79).

-Од здобиените повреди при пожарот, С.Л. починала, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.

 

The post Почина жена во пожар во куќа во Кочани appeared first on Република.

]]>

На 07.03.2023 во 10.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во населба Оризари настанал пожар во куќата на С.Л.(53), во која живеела неговата мајка С.Л.(79). -Од здобиените повреди при пожарот, С.Л. починала, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош, информира МВР. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.  

The post Почина жена во пожар во куќа во Кочани appeared first on Република.

]]>
Маж од Крива Паланка фрлил молотов коктел кон куќата на сопругата од која се разведувал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-od-kriva-palanka-frlil-molotov-koktel-kon-kukata-na-soprugata-od-koja-se-razveduval/ Tue, 21 Feb 2023 17:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=611617

Средовечен маж од Крива Паланка на вториот ден од новата година фрлил шише со запалива течност пред домот на неговата сопруга, со која се во процес на развод, соопшти полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.А.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.01.2023 пред домот на неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка, тој фрлил шише со запалива течност и предизвикал експлозија“, велат од МВР.

 

The post Маж од Крива Паланка фрлил молотов коктел кон куќата на сопругата од која се разведувал appeared first on Република.

]]>

Средовечен маж од Крива Паланка на вториот ден од новата година фрлил шише со запалива течност пред домот на неговата сопруга, со која се во процес на развод, соопшти полицијата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.А.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.01.2023 пред домот на неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка, тој фрлил шише со запалива течност и предизвикал експлозија“, велат од МВР.
 

The post Маж од Крива Паланка фрлил молотов коктел кон куќата на сопругата од која се разведувал appeared first on Република.

]]>
Таравари во Тафталиџе прв комшија на кумашинот и иден министер за здравство, како и на Јахоска од „Пуцко“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-vo-taftalidhe-prv-komshija-na-kumashinot-i-iden-minister-za-zdravstvo-kako-i-na-jahoska-od-putsko/ Fri, 17 Feb 2023 21:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=610378

Куќата што ја стекнал лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во скопско Тафталиџе сè уште е дел од дебатата во парламентот, каде веќе неколку дена трае расправата за владината реконструкција, во чии рамки треба да се изберат нови членови на владата од редовите на најновиот партнер – АА.

„Фокус“ изврши проверка во Катастарот на недвижности, од која произлезе дека Арбен Таравари, преку имотен лист со број 47531, поседува земјиште од 100 квадратни метри и станбен објект-куќа од 261 квадратни метри, на улица Бриселска во Карпош. Всушност, објектот е лоциран на катастарска парцела со број 1432/2, во рамки на катастарска општина Карпош. 

Впрочем, Таравари куќата уредно ја пријавил во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, каде навел дека ја стекнал по пат на купопродажба за цена од 9.2 милиони денари или 150 илјади евра. Во анкетниот лист не е наведено кога е склучен договорот, но, според одговорите што ги добивме од Таравари, куќата ја купил во 2011 година со помош на кредит.

Во однос на нашето прашање дали куќата е купена од функционер на ДУИ, како што го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и Николоски, Таравари ни рече дека нема таква информација. Како што истакна тој, куќата му ја нашол пријател, а се договарал со жена која нема врска со политиката. Сепак, не откри за кои луѓе станува збор.

Проверките што ги изврши „Фокус“ покажуваат дека новата куќа на Таравари, е лоцирана веднаш до неговиот кумашин, сопартиец и иден министер за здравство Фатмир Меџити, како и на Љупка Еда Јахоска, економист во нафтената компанија „Пуцко Петрол“, во сопственост на семејството на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски.

Целата сторија на „Фокус

The post Таравари во Тафталиџе прв комшија на кумашинот и иден министер за здравство, како и на Јахоска од „Пуцко“ appeared first on Република.

]]>

Куќата што ја стекнал лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во скопско Тафталиџе сè уште е дел од дебатата во парламентот, каде веќе неколку дена трае расправата за владината реконструкција, во чии рамки треба да се изберат нови членови на владата од редовите на најновиот партнер – АА. „Фокус“ изврши проверка во Катастарот на недвижности, од која произлезе дека Арбен Таравари, преку имотен лист со број 47531, поседува земјиште од 100 квадратни метри и станбен објект-куќа од 261 квадратни метри, на улица Бриселска во Карпош. Всушност, објектот е лоциран на катастарска парцела со број 1432/2, во рамки на катастарска општина Карпош.  Впрочем, Таравари куќата уредно ја пријавил во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, каде навел дека ја стекнал по пат на купопродажба за цена од 9.2 милиони денари или 150 илјади евра. Во анкетниот лист не е наведено кога е склучен договорот, но, според одговорите што ги добивме од Таравари, куќата ја купил во 2011 година со помош на кредит. Во однос на нашето прашање дали куќата е купена од функционер на ДУИ, како што го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и Николоски, Таравари ни рече дека нема таква информација. Како што истакна тој, куќата му ја нашол пријател, а се договарал со жена која нема врска со политиката. Сепак, не откри за кои луѓе станува збор. Проверките што ги изврши „Фокус“ покажуваат дека новата куќа на Таравари, е лоцирана веднаш до неговиот кумашин, сопартиец и иден министер за здравство Фатмир Меџити, како и на Љупка Еда Јахоска, економист во нафтената компанија „Пуцко Петрол“, во сопственост на семејството на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски. Целата сторија на „Фокус

The post Таравари во Тафталиџе прв комшија на кумашинот и иден министер за здравство, како и на Јахоска од „Пуцко“ appeared first on Република.

]]>
Фудбалски терен и на средина топка: Погледнете ја куќата на Меси во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbalski-teren-i-na-sredina-topka-poglednete-ja-kukata-na-mesi-vo-shpanija/ Wed, 01 Feb 2023 14:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=593506

Иако Меси игра во Франција, потекнува од Аргентина, се чини дека негова омилена земја е Шпанија каде долги години играше.

Лео планира по завршувањето на кариерата да живее во Шпанија па затоа си направи супер луксузна куќа во облика на неговата омилена топка.

Додека структурата на самата куќа е тркалезна, останатиот дел изгледа како фудбалско игралиште поделено на два дела! Со структурата пред главната зграда, од воздух оваа куќа изгледа како бројот 10, кој го претставува бројот на дресот на Меси.

The post Фудбалски терен и на средина топка: Погледнете ја куќата на Меси во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Иако Меси игра во Франција, потекнува од Аргентина, се чини дека негова омилена земја е Шпанија каде долги години играше. Лео планира по завршувањето на кариерата да живее во Шпанија па затоа си направи супер луксузна куќа во облика на неговата омилена топка. Додека структурата на самата куќа е тркалезна, останатиот дел изгледа како фудбалско игралиште поделено на два дела! Со структурата пред главната зграда, од воздух оваа куќа изгледа како бројот 10, кој го претставува бројот на дресот на Меси.

The post Фудбалски терен и на средина топка: Погледнете ја куќата на Меси во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Таравари треба да објасни како купил куќа во Карпош за само 576 евра квадрат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-treba-da-objasni-kako-kupil-kuka-vo-karposh-za-samo-576-evra-kvadrat/ Sat, 28 Jan 2023 13:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=601951

На социјалните мрежи се појавија документи од кои се гледа дека лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари купил семејна куќа во еден од поскапите делови на Скопје, општина Карпош за неверојатно ниска сума од 576 евра од квадрат. Во овој дел од Скопје цената на квадрат за стан е најмалку 1400 евра а за куќа дури и повисока.

Во твитот кој ги пренесува официјалните информации од сајтот на Државната Комисија за спречување на корупција Таравари добива директно прашање на кое се уште нема одговор:

Дали е реална цената, кога и од кого ја купил куќата г-дин Арбен Таравари?

Детали за куќата

Карпош, Скопје

Површина: 261м2

Цена: 150.475€

Квадрат: 576€

Стекнување со договор за купопродажба: /
———
Споредба во имотните листови на Арбен Таравари

Платата на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари како градоначалник на Гостивар е околу 1000 евра.

https://twitter.com/Trollowsky/status/1619254202521485312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1619254202521485312%7Ctwgr%5Ec87ef856863d78eb1ed801ec13866920211e5bbe%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.expres.mk%2Fse-cheka-odgovor-od-taravari-kupil-kukja-vo-karposh-za-samo-576-evra-za-kvadrat-dokument%2F

The post Таравари треба да објасни како купил куќа во Карпош за само 576 евра квадрат appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија документи од кои се гледа дека лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари купил семејна куќа во еден од поскапите делови на Скопје, општина Карпош за неверојатно ниска сума од 576 евра од квадрат. Во овој дел од Скопје цената на квадрат за стан е најмалку 1400 евра а за куќа дури и повисока. Во твитот кој ги пренесува официјалните информации од сајтот на Државната Комисија за спречување на корупција Таравари добива директно прашање на кое се уште нема одговор:
Дали е реална цената, кога и од кого ја купил куќата г-дин Арбен Таравари?

Детали за куќата

Карпош, Скопје Површина: 261м2 Цена: 150.475€ Квадрат: 576€ Стекнување со договор за купопродажба: / ——— Споредба во имотните листови на Арбен Таравари Платата на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари како градоначалник на Гостивар е околу 1000 евра. https://twitter.com/Trollowsky/status/1619254202521485312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1619254202521485312%7Ctwgr%5Ec87ef856863d78eb1ed801ec13866920211e5bbe%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.expres.mk%2Fse-cheka-odgovor-od-taravari-kupil-kukja-vo-karposh-za-samo-576-evra-za-kvadrat-dokument%2F

The post Таравари треба да објасни како купил куќа во Карпош за само 576 евра квадрат appeared first on Република.

]]>
Пронајден починат Германец во куќа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajden-pochinat-germanec-vo-kukja-vo-skopje/ Thu, 22 Sep 2022 15:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=553238

Пронајдено е починат германски државјанин во куќа во Скопје. Телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Во СВР Скопје вчера во 20:37 часот било пријавено дека во куќа на ул.„Кленоец“ бил пронајден починат О.Д.Х(57) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, посочуваат од МВР.

 

The post Пронајден починат Германец во куќа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Пронајдено е починат германски државјанин во куќа во Скопје. Телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Во СВР Скопје вчера во 20:37 часот било пријавено дека во куќа на ул.„Кленоец“ бил пронајден починат О.Д.Х(57) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, посочуваат од МВР.  

The post Пронајден починат Германец во куќа во Скопје appeared first on Република.

]]>
Нечиста кујна е знак на депрecиja, а запуштената бања открива стpec https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/nechista-kujna-e-znak-na-deprecija-a-zapushtenata-banja-otkriva-stpec/ Sat, 13 Aug 2022 18:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=539986

Веројатно сте слушнале за нашата стара изрека „Чиста куќа – чиста глава!“ Дознајте што зборува за вас нередот во вашата куќа

Неред во куќата открива дури 8 скриени психолошки проблеми, еве за што зборуваме:

1. Ако отпадот и кантата за ѓубре се скриени, а куќата изгледа уредно на прв поглед, тогаш сопственикот на таква куќа се обидува да им покаже на другите во најдобро светло, често дури и носи маска. За таквите луѓе е важно да зачуваат позитивна слика, дури и по цена на заблуда и илузија.

2. Скршените работи во домот укажуваат на тоа дека личноста не е способна сама да си ги реши проблемите, туку чека некој друг да го направи тоа. Вообичаено, таквите луѓе гледаат на животот преку „розови очила“, не прават конкретни планови и живеат еден ден, надевајќи се дека еден ден се ќе се реши само по себе, пишува Sensa.

3. Натрупаното биро обично зборува за инфантилност, ексцентричност и преценета самодоверба. Но, понекогаш преполната маса може да зборува за генијалност и развој на креативни квалитети, само ако човекот лесно може да ја најде вистинската работа меѓу нередот.

4. Ако корпата за отпадоци е секогаш полна, како и корпата за перење, тогаш личноста има тенденција да одолговлекува, односно претпочита да ги одложува работите за подоцна.

5. Ако има чувство на празнина на влезот од куќата, односно практично нема мебел, садови, работи и слично, тоа може да укаже дека сопственикот на домот е инфантилен и очекува дека му треба некоја личност да се создаде пријатна средина. Честопати овие луѓе чувствуваат дека не можат да бидат среќни кога се сами.

6. Валканата кујна може да биде знак за депресивно расположение. Дури и луѓето кои не сакаат чистење се обидуваат да ја одржуваат кујната чиста, пред се од хигиенски причини. Луѓето со намалена енергија и генерално ќе почнат да го запоставуваат домот од кујната (дамки, валкани садови во мијалникот…)

7. Валканата бања може да биде знак за долготраен стрес. Како прво, бањата се одржува чиста како кујната, а доколку се занемари може да значи дека личноста е постојано под стрес, напната и брза.

8. Прекумерното складирање на работи во куќата може да биде знак за пореметување наречено прекумерно акумулирање на непотребни работи во психологијата. Тоа може да биде форма на опсесивно-компулсивно нарушување и во овој случај потребно е да се консултирате со стручно лице како психолог или психотерапевт.

Од друга страна, крајноста е прекумерната чистота и стравот од неред, што исто така може да се смета за вид на опсесивно-компулсивно нарушување. Запомнете, со отстранување на непотребните работи од домот, уредување, живеење во чист и слободен простор, вие всушност си помагате да се ослободите од негативните мисли.

Уредувањето внатре може да зависи од аранжманот надвор, како и спротивното. Затоа, не заборавајте редовно да се посветувате на двете.

The post Нечиста кујна е знак на депрecиja, а запуштената бања открива стpec appeared first on Република.

]]>

Веројатно сте слушнале за нашата стара изрека „Чиста куќа – чиста глава!“ Дознајте што зборува за вас нередот во вашата куќа Неред во куќата открива дури 8 скриени психолошки проблеми, еве за што зборуваме: 1. Ако отпадот и кантата за ѓубре се скриени, а куќата изгледа уредно на прв поглед, тогаш сопственикот на таква куќа се обидува да им покаже на другите во најдобро светло, често дури и носи маска. За таквите луѓе е важно да зачуваат позитивна слика, дури и по цена на заблуда и илузија. 2. Скршените работи во домот укажуваат на тоа дека личноста не е способна сама да си ги реши проблемите, туку чека некој друг да го направи тоа. Вообичаено, таквите луѓе гледаат на животот преку „розови очила“, не прават конкретни планови и живеат еден ден, надевајќи се дека еден ден се ќе се реши само по себе, пишува Sensa. 3. Натрупаното биро обично зборува за инфантилност, ексцентричност и преценета самодоверба. Но, понекогаш преполната маса може да зборува за генијалност и развој на креативни квалитети, само ако човекот лесно може да ја најде вистинската работа меѓу нередот. 4. Ако корпата за отпадоци е секогаш полна, како и корпата за перење, тогаш личноста има тенденција да одолговлекува, односно претпочита да ги одложува работите за подоцна. 5. Ако има чувство на празнина на влезот од куќата, односно практично нема мебел, садови, работи и слично, тоа може да укаже дека сопственикот на домот е инфантилен и очекува дека му треба некоја личност да се создаде пријатна средина. Честопати овие луѓе чувствуваат дека не можат да бидат среќни кога се сами. 6. Валканата кујна може да биде знак за депресивно расположение. Дури и луѓето кои не сакаат чистење се обидуваат да ја одржуваат кујната чиста, пред се од хигиенски причини. Луѓето со намалена енергија и генерално ќе почнат да го запоставуваат домот од кујната (дамки, валкани садови во мијалникот…) 7. Валканата бања може да биде знак за долготраен стрес. Како прво, бањата се одржува чиста како кујната, а доколку се занемари може да значи дека личноста е постојано под стрес, напната и брза. 8. Прекумерното складирање на работи во куќата може да биде знак за пореметување наречено прекумерно акумулирање на непотребни работи во психологијата. Тоа може да биде форма на опсесивно-компулсивно нарушување и во овој случај потребно е да се консултирате со стручно лице како психолог или психотерапевт. Од друга страна, крајноста е прекумерната чистота и стравот од неред, што исто така може да се смета за вид на опсесивно-компулсивно нарушување. Запомнете, со отстранување на непотребните работи од домот, уредување, живеење во чист и слободен простор, вие всушност си помагате да се ослободите од негативните мисли. Уредувањето внатре може да зависи од аранжманот надвор, како и спротивното. Затоа, не заборавајте редовно да се посветувате на двете.

The post Нечиста кујна е знак на депрecиja, а запуштената бања открива стpec appeared first on Република.

]]>