куд „стив наумов“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kud-stiv-naumov/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 07:03:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куд „стив наумов“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kud-stiv-naumov/ 32 32 Првиот и најстар македонски хор од КУД „Стив Наумов“ денеска слави јубилеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prviot-i-najstar-makedonski-hor-od-kud-stiv-naumov-deneska-slavi-jubilej/ Wed, 06 Nov 2024 07:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=834538

На денешен ден во 1944 година во Битола е формиран мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов“, првиот и најстариот македонски хор кој денеска слави јубилеј, осум децении постоење.

Во архивата на друштвото е забележано дека пред 80 години, борците на Седмата македонска ударна бригада-Битолска, два дена по ослободувањето на градот, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и под диригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции, со што официјално почна работата на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“.

Денеска го чествуваме музичкото наследство на Битола и славната историја на КУД „Стив Наумов“. Со 80 години зад себе, нашето културно-уметничко друштво не само што ги одржува традициите на хорското пеење и мандолинскиот оркестар, туку е и расадник на музички таленти. Генерации битолчани, од кои многумина денес уживаат славни музички кариери, биле дел од ова семејство, оставајќи свој белег на македонската и светската музичка сцена. Во чест и благодарност на сите, вечер ќе приредиме изложба и свечена академија, со што заеднички ќе го прославиме големиот јубилеј, изјави за МИА Владимир Христовски, претседател на КУД „Стив Наумов“-Битола.

Културно уметничкото друштво од првиот ден го носи името на легендарниот македонски народен херој Стив Наумов, а во богатата историја добитник е на бројни награди меѓу кои Орден со сребрен венец и плакета потпишана од Јосип Броз - Тито во 1975 година, највисокото македонско признание наградата „11 Октомври“, награда „Глигор Смокварски“, највисокото признание на градот Битола „4 Ноември“ и многу други.

The post Првиот и најстар македонски хор од КУД „Стив Наумов“ денеска слави јубилеј appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1944 година во Битола е формиран мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов“, првиот и најстариот македонски хор кој денеска слави јубилеј, осум децении постоење. Во архивата на друштвото е забележано дека пред 80 години, борците на Седмата македонска ударна бригада-Битолска, два дена по ослободувањето на градот, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и под диригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции, со што официјално почна работата на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“.