куд илинден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kud-ilinden/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 10:03:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куд илинден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kud-ilinden/ 32 32 Традиционален годишен концерт на КУД „Илинден“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/traditsionalen-godishen-kontsert-na-kud-ilinden-vo-bitola/ Sat, 16 Dec 2023 10:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=723572

Културно уметничкото друштво „Илинден“-Битола, вечерва во големата сала на Центарот за култура со повеќе од 240 играорци, ќе го изведе традиционалниот годишен концерт кој оваа година е со наслов „Од ко ќе удре с'нце, дур до мрак“.

Програмата ќе биде отворена со сценската адаптација на песни и игри од Леринско Поле „На панаѓир“, чиј автор е м-р Валентин Соклевски, а на сцената ќе бидат изведени и уметничките дела „Три години Спиро“, „Моштенки“, „На бачило“, „Чучук“ и „Црногорка“.

Вечер пред битолската публика ќе бидат изведени и кореографиите „Ратевка“, „Малешевка“ и сплет игри и песни од Источна Македонија.

Гостин на ансамблите на КУД „Илинден“-Битола е професорот на труба Илија Стојаноски, а пред вечерниот концерт, во 17 часот ќе настапат детскиот и младинскиот ансамбл, како и дел на школата за изучување на традиционални инструменти на КУД „Илинден“-Битола.

The post Традиционален годишен концерт на КУД „Илинден“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Културно уметничкото друштво „Илинден“-Битола, вечерва во големата сала на Центарот за култура со повеќе од 240 играорци, ќе го изведе традиционалниот годишен концерт кој оваа година е со наслов „Од ко ќе удре с'нце, дур до мрак“. Програмата ќе биде отворена со сценската адаптација на песни и игри од Леринско Поле „На панаѓир“, чиј автор е м-р Валентин Соклевски, а на сцената ќе бидат изведени и уметничките дела „Три години Спиро“, „Моштенки“, „На бачило“, „Чучук“ и „Црногорка“. Вечер пред битолската публика ќе бидат изведени и кореографиите „Ратевка“, „Малешевка“ и сплет игри и песни од Источна Македонија. Гостин на ансамблите на КУД „Илинден“-Битола е професорот на труба Илија Стојаноски, а пред вечерниот концерт, во 17 часот ќе настапат детскиот и младинскиот ансамбл, како и дел на школата за изучување на традиционални инструменти на КУД „Илинден“-Битола.

The post Традиционален годишен концерт на КУД „Илинден“ во Битола appeared first on Република.

]]>
Високо признание за КУД „Илинден“-Битола на фолклорен фестивал во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/visoko-priznanie-za-kud-ilinden-bitola-na-folkloren-festival-vo-polska/ Fri, 25 Aug 2023 06:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=675596

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола доби високо признание на меѓународен фолклорен фестивал кој синоќа заврши во градот Закопане, Полска.

Ансамблот на КУД „Илинден“-Битола од стручно жири е награден со „Сребрена секира“  кое високо ја оцени презентацијата на македонскиот фолклор, соопштија од КУД „Илинден“.

Фестивалот беше организиран на високо ниво, со ансамбли од повеќе држави и бројна публика. За време на престојот воочивме големо гостопримство од одговорната на фестивалот Хана Рибка, а ни беше приреден и прием кај градоначалникот на Закопане, Лезек Дорула. Наградата „Сребрена секира“  на 54. издание на фестивалот во Закопане е поттик и мотивација за сите членови на друштвото и што поголема успешност во обврските кои претстојат, информираа од КУД „Илинден“-Битола.

The post Високо признание за КУД „Илинден“-Битола на фолклорен фестивал во Полска appeared first on Република.

]]>

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола доби високо признание на меѓународен фолклорен фестивал кој синоќа заврши во градот Закопане, Полска. Ансамблот на КУД „Илинден“-Битола од стручно жири е награден со „Сребрена секира“  кое високо ја оцени презентацијата на македонскиот фолклор, соопштија од КУД „Илинден“.
Фестивалот беше организиран на високо ниво, со ансамбли од повеќе држави и бројна публика. За време на престојот воочивме големо гостопримство од одговорната на фестивалот Хана Рибка, а ни беше приреден и прием кај градоначалникот на Закопане, Лезек Дорула. Наградата „Сребрена секира“  на 54. издание на фестивалот во Закопане е поттик и мотивација за сите членови на друштвото и што поголема успешност во обврските кои претстојат, информираа од КУД „Илинден“-Битола.

The post Високо признание за КУД „Илинден“-Битола на фолклорен фестивал во Полска appeared first on Република.

]]>
Градските приказни на КУД Илинден, подвижен музеј на градот Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gradskite-prikazni-na-kud-ilinden-podvizen-muzej-na-gradot-bitola/ Thu, 19 May 2022 14:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=504427

Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов „Битола е градот” во Офицерски дом. Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното. Помеѓу тие бисери се „Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град.

Ансамблот ИЛИНДЕН е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот, стоеше на најавата со плакат кој за овој настан го дизајнираше Сергеј Светозарев.

„Битола е градот“, а КУД Илинден е синонимот за Битола. Најстар фолклорен ансамбл, едно од најстарите здруженија во Битола и нашата татковина, без прекин на континуитетот. КУД Илинден 67 години е амбасадор на Македонија во светот, се разбира и на сцените низ нашата држава. Сме настапувале од САД на Запад до Јордан на Исток, низ цела Европа, Австралија, Русија...Минатата година бевме дел од 6-тата светска фоклоријада во Уфа, Русија, како претставници на Македонија. Овој проект е нераскинливо врзан за нашиот ансамбл. Сите сцени на „Градските приказни„ се предизвик за нас, а Офицерскиот дом и како архитектура и како историја е место каде се спојуваат истокот и западот. Идеален простор каде можат да се претстават и Ала Турка и Ала Франга традициите преку непроценливи костими, песни и игри. Беше повеќе од предизвик да ги раскажеме нашите градски приказни токму на оваа локација, бидејќи ние сме еден од ретките ансамбли кои ги има градските игри, во формат на целовечерен концерт, вели Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД Илинден.

Овој концерт, на барање на публиката ќе се одржи уште неколку пати, а веќе пристигнуваат покани за настапи на други сцени и на еден голем интернационален настан во организација на една од амбасадите во Македонија, за што ќе следуваат наскоро детали.

The post Градските приказни на КУД Илинден, подвижен музеј на градот Битола appeared first on Република.

]]>

Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов „Битола е градот” во Офицерски дом. Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното. Помеѓу тие бисери се „Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град. Ансамблот ИЛИНДЕН е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот, стоеше на најавата со плакат кој за овој настан го дизајнираше Сергеј Светозарев.