кучиња скитници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kuchinja-skitnici/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 13:52:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кучиња скитници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kuchinja-skitnici/ 32 32 Глутницата во Клинички нападна маж, тој падна и се повреди додека бегаше https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/glutnitsata-vo-klinichki-napadna-mazh-toj-padna-i-se-povredi-dodeka-begashe/ Thu, 16 May 2024 07:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=778571

Вчера во 01.12 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници.

Според пријавеното, тој при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Ургентниот центар во комплексот.

За проблемот со кучињата скитници веќе со години се жалат и вработените во клиничкиот центар, но и пациентите, кои алармираат дека во дворот царуваат неколку глутници, кои напаѓаат луѓе и се касаат меѓусебе. Во подоцнежните часови кога има помала развиженост, кучињата добиваат поголема смелост и сила.

The post Глутницата во Клинички нападна маж, тој падна и се повреди додека бегаше appeared first on Република.

]]>

Вчера во 01.12 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници. Според пријавеното, тој при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Ургентниот центар во комплексот. За проблемот со кучињата скитници веќе со години се жалат и вработените во клиничкиот центар, но и пациентите, кои алармираат дека во дворот царуваат неколку глутници, кои напаѓаат луѓе и се касаат меѓусебе. Во подоцнежните часови кога има помала развиженост, кучињата добиваат поголема смелост и сила.

The post Глутницата во Клинички нападна маж, тој падна и се повреди додека бегаше appeared first on Република.

]]>
Бегајќи од глутница улични кучиња гостиварец искршил коски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/begajki-od-glutnitsa-ulichni-kuchina-gostivarets-iskrshil-koski/ Tue, 23 Jan 2024 11:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=735876

Триесет и петгодишниот гостиварец Ф.Р., вчера во 20 часот во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илија Антевски-Смок“ во Гостивар бил нападнат од кучиња скитници.

Како што пријавил, бегајќи од нив паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

The post Бегајќи од глутница улични кучиња гостиварец искршил коски appeared first on Република.

]]>

Триесет и петгодишниот гостиварец Ф.Р., вчера во 20 часот во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илија Антевски-Смок“ во Гостивар бил нападнат од кучиња скитници. Како што пријавил, бегајќи од нив паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

The post Бегајќи од глутница улични кучиња гостиварец искршил коски appeared first on Република.

]]>
Кучиња скитници нападнаа велосипедист https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kuchina-skitnitsi-napadnaa-velosipedist/ Wed, 15 Nov 2023 11:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=701787

Вчеравечер во 21 часот, У.И.(56) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илинденска“ во Гостивар бил нападнат од кучиња скитници, по што паднал од велосипед и се повредил.

The post Кучиња скитници нападнаа велосипедист appeared first on Република.

Две жени и едно дете каснати од кучиња скитници во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dve-zheni-i-edno-dete-kasnati-od-kuchina-skitnitsi-vo-skopje/ Mon, 23 Oct 2023 12:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=694165

Во полиција во еден ден се нападнати три каснувања од кучиња скитници. Според МВР се работи за поединечни случаи во различни населби во Скопје, при што настрадало и едно малолетно дете.

На 22.10.2023 во 23:15 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Д.(42) од Скопје пријавила дека на бул.„Александар Македонски“ била касната од куче скитник.

На 22.10.2023 во 18:00 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Периша Савелиќ“ била касната од куче скитник.

На 22.10.2023 во 21:00 часот во Полициската станица Чаир, Т.М.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Боро Менков“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

The post Две жени и едно дете каснати од кучиња скитници во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во полиција во еден ден се нападнати три каснувања од кучиња скитници. Според МВР се работи за поединечни случаи во различни населби во Скопје, при што настрадало и едно малолетно дете. На 22.10.2023 во 23:15 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Д.(42) од Скопје пријавила дека на бул.„Александар Македонски“ била касната од куче скитник. На 22.10.2023 во 18:00 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Периша Савелиќ“ била касната од куче скитник. На 22.10.2023 во 21:00 часот во Полициската станица Чаир, Т.М.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Боро Менков“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

The post Две жени и едно дете каснати од кучиња скитници во Скопје appeared first on Република.

]]>
Штипјанец сред бел ден шета со оружје и стрела животни, соседите преплашени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shtipjanets-sred-bel-den-sheta-so-oruzhje-i-strela-zhivotni-sosedite-preplasheni/ Fri, 09 Jun 2023 14:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=649690

Во Штип среде бел ден, во населена средина возрасен човек шета со оружје, нишани и стрела во животни за да ги осакати и убие, при што е сериозно повредена мачка на негови комшии – објави здружението за заштита на животните Анима Мунди на својот профил на Фејсбук, заедно со куса снимка што ја добило од граѓани.

До кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара? Или во насилството врз животните ќе препознаеме девијација, или ќе го препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе. Куса снимка од ова лице, кое лежерно и без трошка страв пукало по што ќе му текне, кршејќи најстрого закон, ни пуштија жители од населбата, преплашени за својата безбедност, но за и безбедноста на своите миленици. Среде бел ден е предизвикана сериозна опасност на јавноста и мачени се и убивани животни, што се кривични дела за што е потребно итно постапување на надлежните и најстрога казна за сторителите, побара Анима Мунди.

Организацијата објавува и видео снимка на која се гледа како во Виница, возач со автомобил влече врзано куче, кое мора да трча по колата за да не биде задавено.

Ваков пример на насилство врз животно би било веднаш строго санкционирано во секоја европска држава, но не и во Македонија. Неколку лица се обиделе да пријават во полиција – потенцираме, се обиделе, но полицијата не сакала ниту да прими и да евидентира ваква пријава, што значи дека за нив тоа што се случило е нешто нормално. Токму непостапувањето на службените лица значи злоупотреба на должноста и дава поттик на насилниците и понатаму да мачат, убиваат и да поминуваат неказнети, пишуваат од Анима Мунди.

Здржението ги повикува институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана за безбедноста и на животните и на луѓето.

The post Штипјанец сред бел ден шета со оружје и стрела животни, соседите преплашени appeared first on Република.

Битолчанец од автомобил пукал кон кучиња скитници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanets-od-avtomobil-pukal-kon-kuchina-skitnitsi/ Thu, 25 May 2023 08:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=644460

Полициски службеници вчера во 18.30 часот на ул.„Димитар Илиевски Мурато" во Битола привеле 29-годишник кој пукал со воздушна пушка во кучиња скитници.

И.Г. (29), управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи, соопшти МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

The post Битолчанец од автомобил пукал кон кучиња скитници appeared first on Република.

Четири лица вчера во Скопје биле искасани од кучиња скитници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-litsa-vchera-vo-skopje-bile-iskasani-od-kuchina-skitnitsi/ Sun, 16 Apr 2023 12:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=631271

Четири лица во текот на вчерашниот ден во Скопје биле искасани од кучиња скитници.

На 15.04.2023 околу 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.П.(19) од с.Мирковци, скопско, пријавил дека на ул.„Бутелска“ бил каснат од куче скитник.

На 15.04.2023 во 16.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.М.(49) од Скопје пријавил на ул.„Жан Жорес“ бил каснат од куче скитник.

На 15.04.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.П.(38) од Скопје пријавила дека во с.Кучково нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 15.04.2023 во 19.50 часот во Полициската станица Чаир, Х.И.(24) од Скопје пријавила дека на ул.„Призренска“ била касната под куче скитник.

The post Четири лица вчера во Скопје биле искасани од кучиња скитници appeared first on Република.

]]>

Четири лица во текот на вчерашниот ден во Скопје биле искасани од кучиња скитници. На 15.04.2023 околу 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.П.(19) од с.Мирковци, скопско, пријавил дека на ул.„Бутелска“ бил каснат од куче скитник. На 15.04.2023 во 16.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.М.(49) од Скопје пријавил на ул.„Жан Жорес“ бил каснат од куче скитник. На 15.04.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.П.(38) од Скопје пријавила дека во с.Кучково нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. На 15.04.2023 во 19.50 часот во Полициската станица Чаир, Х.И.(24) од Скопје пријавила дека на ул.„Призренска“ била касната под куче скитник.

The post Четири лица вчера во Скопје биле искасани од кучиња скитници appeared first on Република.

]]>
Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ramiz-merko-ova-ne-e-plemenski-sojuz-tuku-drzhava/ Fri, 31 Mar 2023 10:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=625769

По само два месеци од масовното убиство на кучиња од Струга, кога вооружани лица среде бел ден стрелале во жива мета по улиците на Струга, фрапантно кршејќи закон; сведочиме на јавно охрабрување за убивање на кучињата. И тоа не изјави на некој обичен граѓанин туку првиот човек на Струга, кој очигледно залутал во дејност чија одговорност не ја разбира, реагираат од здружението „Анима мунди“, на изјавата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека „ако можиме да колиме јагниња, да колиме телиња, да колиме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, се правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чувема кучињата“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/merko-ako-mozhe-da-se-kolat-jagnina-zoshto-ne-mozhe-da-se-ubivaat-kuchina/

Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава! Законите, стратегиите постојат за да се унапредуваат, а со идеите за тендери со ловни друштва и убивање на секое куче од улица, закана сте по сѐ што е цивилизациска придобивка, претставувате опасност и ја срамите Струга.
Ова е говор на омраза кој промовира и поттикнува насилство за што треба итно да се биде казнет!
Со вакви сфаќања, повици и изјави човек не смее да биде политичар, уште помалку градоначалник на град и атрактивна туристистичка дестинација во нашата држава.
Од една страна Струга со сите свои убавини, од друга градоначалник кај кој личи дека општествената еволуција застанала, за кого емпатија и хуманост се непознати поими а насилството, безредието, убивањето животни посакувана норма.
Компаративно одобрување на помало убиство - животно, не може никогаш да го прави истото дело оправдано. Посочуваме и дека во изјавата Рамиз Мерко кажува како жител од село Мислешево убил и натоварил цел трактор со мртви кучиња, бараме институциите, обвинителелството веднаш да постапи по овој случај на кој Мерко е очигледно сведок и да биде повикан на распит. Воедно легитимно е да се праша дали градоначалникот на Струга ги поттикнал или ангажирал оние кои во јануари стрелаа бездомни кучиња по градот, загрозувајќи ја безбедноста на сите, а притоа никој да не одговара до ден денес. Одговорност мора да има ако целиме кон правичност и правда, а не кон девијација на и она малку нормално што остана од/во нашава држава!, реагираат од здружението.

The post Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава! appeared first on Република.

]]>

По само два месеци од масовното убиство на кучиња од Струга, кога вооружани лица среде бел ден стрелале во жива мета по улиците на Струга, фрапантно кршејќи закон; сведочиме на јавно охрабрување за убивање на кучињата. И тоа не изјави на некој обичен граѓанин туку првиот човек на Струга, кој очигледно залутал во дејност чија одговорност не ја разбира, реагираат од здружението „Анима мунди“, на изјавата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека „ако можиме да колиме јагниња, да колиме телиња, да колиме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, се правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чувема кучињата“. https://republika.mk/vesti/makedonija/merko-ako-mozhe-da-se-kolat-jagnina-zoshto-ne-mozhe-da-se-ubivaat-kuchina/
Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава! Законите, стратегиите постојат за да се унапредуваат, а со идеите за тендери со ловни друштва и убивање на секое куче од улица, закана сте по сѐ што е цивилизациска придобивка, претставувате опасност и ја срамите Струга. Ова е говор на омраза кој промовира и поттикнува насилство за што треба итно да се биде казнет! Со вакви сфаќања, повици и изјави човек не смее да биде политичар, уште помалку градоначалник на град и атрактивна туристистичка дестинација во нашата држава. Од една страна Струга со сите свои убавини, од друга градоначалник кај кој личи дека општествената еволуција застанала, за кого емпатија и хуманост се непознати поими а насилството, безредието, убивањето животни посакувана норма. Компаративно одобрување на помало убиство - животно, не може никогаш да го прави истото дело оправдано. Посочуваме и дека во изјавата Рамиз Мерко кажува како жител од село Мислешево убил и натоварил цел трактор со мртви кучиња, бараме институциите, обвинителелството веднаш да постапи по овој случај на кој Мерко е очигледно сведок и да биде повикан на распит. Воедно легитимно е да се праша дали градоначалникот на Струга ги поттикнал или ангажирал оние кои во јануари стрелаа бездомни кучиња по градот, загрозувајќи ја безбедноста на сите, а притоа никој да не одговара до ден денес. Одговорност мора да има ако целиме кон правичност и правда, а не кон девијација на и она малку нормално што остана од/во нашава држава!, реагираат од здружението.

The post Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава! appeared first on Република.

]]>
Двe карпошанки и лисичанец каснати од куче скитник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-karposhanki-i-lisichanets-kasnati-od-kuche-skitnik/ Mon, 27 Mar 2023 10:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=624184

На 26.03.2023 во 20.20 часот во Полициска станица Аеродром, Б.Д. (36) од Скопје пријавила дека на ул.„Горно Лисиче“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 26.03.2023 во 17.00 часот во Полициска станица Карпош, А.А. (24) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Русински“  била касната од куче скитник.

На 26.03.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.А. (41) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.

The post Двe карпошанки и лисичанец каснати од куче скитник appeared first on Република.

]]>

На 26.03.2023 во 20.20 часот во Полициска станица Аеродром, Б.Д. (36) од Скопје пријавила дека на ул.„Горно Лисиче“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 26.03.2023 во 17.00 часот во Полициска станица Карпош, А.А. (24) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Русински“  била касната од куче скитник. На 26.03.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.А. (41) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.

The post Двe карпошанки и лисичанец каснати од куче скитник appeared first on Република.

]]>
Тетовски адвокат на Уставен суд го оспори општинскиот правилник за исплата на штета по напади од бездомни кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tetovski-advokat-na-ustaven-sud-go-ospori-opshtinskiot-pravilnik-za-isplata-na-shteta-po-napadi-od-bezdomni-kuchina/ Fri, 17 Mar 2023 12:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=620718

Правилникот кој Општина Тетово го изработи со цел да се спогоди за штета со граѓаните доколку бидат повредени од каснување од куче скитник е оспорен пред Уставниот суд. Оваа одлука која е донесена од Советот на Општината е оспорена од адвокатот Дарко Котески.

Советот на Општина Тетово нема надлежност за донесување на оспорениот правилник и затоа оценувам дека е спротивен на Законот за локална самоуправа. Таа надлежност му припаѓа исклучиво на градоначалникот. Правилник е спротивен на член 8 и член 51 од Уставот. Ги оспорувам и критериумите за утврдување на висината на надоместокот на штета предизвикана од куче бездомник според кои граѓаните се поделени според возраста за добивање отштета, вели адвокатот Дарко Котески.

И од Уставен суд информираа дека во текот на февруари меѓу вкупниот број на 21 нов предмет кои се оформени се наоѓа и предлогот на тетовскиот адвокат.

Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од судии и советници и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи поединечни реферати коишто ќе содржат предлози за гласање на седница, информираше Уставен суд.

Правилникот беше усвоен на седница на Совет во 2022 година. Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветна петчлена комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината.

Има критериуми за утврдување на намедостокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што материјалната и нематеријалната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претрпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-нагрденост и б-нарушување на психичката состојба од претрпениот страв). Врз основа на критериумите и поените надоместокот може да биде од минимални 30 илјади денари до максимални 100 илјади денари. До барателот се доставува спогодба со која се предлага висината на надоместокот на штетата, која може да ја прифати или одбие.

Повредените лица треба да достават медицинска документација од здравствена установа за третирање на повредата настаната од каснување од бездомно куче, потврда од МВР, записник од Општински инспекторат, фотографија и изјава од сведоци ако има, опија од фискална сметка за трошоците направени во врска со настанот и копија од трансакциска сметка на барателот.

The post Тетовски адвокат на Уставен суд го оспори општинскиот правилник за исплата на штета по напади од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>

Правилникот кој Општина Тетово го изработи со цел да се спогоди за штета со граѓаните доколку бидат повредени од каснување од куче скитник е оспорен пред Уставниот суд. Оваа одлука која е донесена од Советот на Општината е оспорена од адвокатот Дарко Котески.
Советот на Општина Тетово нема надлежност за донесување на оспорениот правилник и затоа оценувам дека е спротивен на Законот за локална самоуправа. Таа надлежност му припаѓа исклучиво на градоначалникот. Правилник е спротивен на член 8 и член 51 од Уставот. Ги оспорувам и критериумите за утврдување на висината на надоместокот на штета предизвикана од куче бездомник според кои граѓаните се поделени според возраста за добивање отштета, вели адвокатот Дарко Котески.
И од Уставен суд информираа дека во текот на февруари меѓу вкупниот број на 21 нов предмет кои се оформени се наоѓа и предлогот на тетовскиот адвокат. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од судии и советници и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи поединечни реферати коишто ќе содржат предлози за гласање на седница, информираше Уставен суд. Правилникот беше усвоен на седница на Совет во 2022 година. Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветна петчлена комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината. Има критериуми за утврдување на намедостокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што материјалната и нематеријалната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претрпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-нагрденост и б-нарушување на психичката состојба од претрпениот страв). Врз основа на критериумите и поените надоместокот може да биде од минимални 30 илјади денари до максимални 100 илјади денари. До барателот се доставува спогодба со која се предлага висината на надоместокот на штетата, која може да ја прифати или одбие. Повредените лица треба да достават медицинска документација од здравствена установа за третирање на повредата настаната од каснување од бездомно куче, потврда од МВР, записник од Општински инспекторат, фотографија и изјава од сведоци ако има, опија од фискална сметка за трошоците направени во врска со настанот и копија од трансакциска сметка на барателот.

The post Тетовски адвокат на Уставен суд го оспори општинскиот правилник за исплата на штета по напади од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>
Во Скопје се носат кучиња скитници од Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-skopje-se-nosat-kuchina-skitnitsi-od-kosovo/ Tue, 07 Mar 2023 14:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=616950

Бездомни кучиња со товарни возила се преместуваат од еден град во друг, а има случаи кога такви кучиња се носат и од други држави, конкретно од Косово, пренесува „Плусинфо“, откако во добиле реакции од жители на Волково дека во нивното населено место бројот на бездомни кучиња во последно време значително пораснал.

Добро ги познаваме кучињата во нашата населба кои немаат сопственици, бидејќи редовно ги храниме и им помагаме кога можеме. Пред неколку дена забележавме повредено кученце кое имаше обетка на увото. Откако го однесовме на ветеринар да го прегледа, тој ни кажа дека станува збор за куче донесено од Гостивар, бидејќи чипот што го имало кучето е на јавното комунално претпријатие од овој град, велат жители на оваа населба.

Некои жители на Волково забележале комбиња и камиони, кои немаат скопски регистарски таблички, како носат и истовараат по десетина кучиња во оваа населба.

На социјалната мрежа Фејсбук можевме да прочитаме за сличен случај, при што во дискусијата меѓу членовите беше констатирано, според обетката која ја има кучето, дека тоа е донесено од соседно Косово. Љубителите на миленици во објавата прашуваат од кој град е зелената обетка со бројки што ја има, а во коментарите некои од членовите одговараат дека станува збор за куче донесено од Косово и дека често можело да се забележи на релација Карпош-Центар.

The post Во Скопје се носат кучиња скитници од Косово appeared first on Република.

]]>

Бездомни кучиња со товарни возила се преместуваат од еден град во друг, а има случаи кога такви кучиња се носат и од други држави, конкретно од Косово, пренесува „Плусинфо“, откако во добиле реакции од жители на Волково дека во нивното населено место бројот на бездомни кучиња во последно време значително пораснал.
Добро ги познаваме кучињата во нашата населба кои немаат сопственици, бидејќи редовно ги храниме и им помагаме кога можеме. Пред неколку дена забележавме повредено кученце кое имаше обетка на увото. Откако го однесовме на ветеринар да го прегледа, тој ни кажа дека станува збор за куче донесено од Гостивар, бидејќи чипот што го имало кучето е на јавното комунално претпријатие од овој град, велат жители на оваа населба.
Некои жители на Волково забележале комбиња и камиони, кои немаат скопски регистарски таблички, како носат и истовараат по десетина кучиња во оваа населба. На социјалната мрежа Фејсбук можевме да прочитаме за сличен случај, при што во дискусијата меѓу членовите беше констатирано, според обетката која ја има кучето, дека тоа е донесено од соседно Косово. Љубителите на миленици во објавата прашуваат од кој град е зелената обетка со бројки што ја има, а во коментарите некои од членовите одговараат дека станува збор за куче донесено од Косово и дека често можело да се забележи на релација Карпош-Центар.

The post Во Скопје се носат кучиња скитници од Косово appeared first on Република.

]]>
Од денеска започнува заловувањето кучиња скитници во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-zapochnuva-zalovuvaneto-kuchina-skitnitsi-vo-aerodrom/ Mon, 06 Mar 2023 09:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=616292

Од денеска градското претпријатие „Лајка“ започнува со заловување на нексатрирани и агресивни кучиња скитници на територијата на Општина Аеродром.

Акцијата ќе трае во текот на целата недела, а директорката Радмила Пешевска ги повика граѓаните на Општина Аердором да помогнат со лоцирањето и телефонски да ги пријавуваат глутниците во претпријатието.

Целта е да бидат репродуктивно неспособни и да провериме дали се здрави и вакцинирани. додека трае третманот, кучето се објавува за домување и овие кучиња во голем број случаи си наоѓаат вдомувач. Граѓаните од овие населби слободно да се јавуваат и да пријавуваат локации, порача Пешевска.

The post Од денеска започнува заловувањето кучиња скитници во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Од денеска градското претпријатие „Лајка“ започнува со заловување на нексатрирани и агресивни кучиња скитници на територијата на Општина Аеродром. Акцијата ќе трае во текот на целата недела, а директорката Радмила Пешевска ги повика граѓаните на Општина Аердором да помогнат со лоцирањето и телефонски да ги пријавуваат глутниците во претпријатието.
Целта е да бидат репродуктивно неспособни и да провериме дали се здрави и вакцинирани. додека трае третманот, кучето се објавува за домување и овие кучиња во голем број случаи си наоѓаат вдомувач. Граѓаните од овие населби слободно да се јавуваат и да пријавуваат локации, порача Пешевска.
 
The post Од денеска започнува заловувањето кучиња скитници во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Глутница искаса активистка за заштита на уличните кучиња во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/glutnitsa-iskasa-aktivistka-za-zashtita-na-ulichnite-kuchina-vo-struga/ Mon, 23 Jan 2023 07:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=599742

Нов напад од улични кучиња се случил вчера во центарот на Струга, а како што објави порталот Охриднет, овој пат жртва била активистка за заштита на кушињата скитници.

Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова е најновата жртва на напад од агресивни улични кучиња. Околу 17 часот пред мезе бар БараБар во Струга беше нападната 31 годишната девојка. Ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи и длабоки рани со крварење, а друго ја искаснало за рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди, објави порталот Охриднет.

Девојката, како што пренесува порталот, побара помош од блиски, кои ја однеле во хируршкото одделение во струшката болница каде и биле санирани раните, а потоа била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.

The post Глутница искаса активистка за заштита на уличните кучиња во Струга appeared first on Република.

]]>

Нов напад од улични кучиња се случил вчера во центарот на Струга, а како што објави порталот Охриднет, овој пат жртва била активистка за заштита на кушињата скитници. Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова е најновата жртва на напад од агресивни улични кучиња. Околу 17 часот пред мезе бар БараБар во Струга беше нападната 31 годишната девојка. Ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи и длабоки рани со крварење, а друго ја искаснало за рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди, објави порталот Охриднет. Девојката, како што пренесува порталот, побара помош од блиски, кои ја однеле во хируршкото одделение во струшката болница каде и биле санирани раните, а потоа била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.  

The post Глутница искаса активистка за заштита на уличните кучиња во Струга appeared first on Република.

]]>
Тројца скопјани вчера искасани од улични кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-skopjani-vchera-iskasani-od-ulichni-kuchina/ Sun, 22 Jan 2023 17:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=599666

Три жители на главниот град, вчера пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња.

Во 9 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во близина на мост на река Вардар, била касната од куче скитник.

Во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(45) од Скопје, пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.

Во 21.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Ѓ.М.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Тиранска“ бил каснат од куче скитник.

The post Тројца скопјани вчера искасани од улични кучиња appeared first on Република.

]]>

Три жители на главниот град, вчера пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња. Во 9 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во близина на мост на река Вардар, била касната од куче скитник. Во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(45) од Скопје, пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник. Во 21.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Ѓ.М.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Тиранска“ бил каснат од куче скитник.  

The post Тројца скопјани вчера искасани од улични кучиња appeared first on Република.

]]>
Eвропски песови: Откако власта најави дека ќе побара помош од Брисел, се повеќе граѓани каснати од кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/evropski-pesovi-otkako-vlasta-najavi-deka-ke-pobara-pomosh-od-brisel-se-poveke-gragani-kasnati-od-kuchina/ Tue, 17 Jan 2023 16:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=598015

На 16.01.2023  во ОВР Прилеп Ј.К.(69) од Прилеп пријави дека неговата сопруга Д.К.(66), на ул.„Мирче Ацев“ била касната од куче скитник.

На 16.01.2023 во 21.30 часот во Полициската станица Драчево, Г.Д.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил нападнат од куче скитник.

На 16.01.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Чаир, Д.К.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Призренска“ бил каснат од куче скитник.

На 16.01.2023 во СВР Битола, С.Г.(64) од Битола пријави дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.

На 16.01.2022 во 15.30 часот, А.Б.(35) од струшкото село Боровец во ОВР Струга пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Струга нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

The post Eвропски песови: Откако власта најави дека ќе побара помош од Брисел, се повеќе граѓани каснати од кучиња appeared first on Република.

]]>

На 16.01.2023  во ОВР Прилеп Ј.К.(69) од Прилеп пријави дека неговата сопруга Д.К.(66), на ул.„Мирче Ацев“ била касната од куче скитник. На 16.01.2023 во 21.30 часот во Полициската станица Драчево, Г.Д.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил нападнат од куче скитник. На 16.01.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Чаир, Д.К.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Призренска“ бил каснат од куче скитник. На 16.01.2023 во СВР Битола, С.Г.(64) од Битола пријави дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник. На 16.01.2022 во 15.30 часот, А.Б.(35) од струшкото село Боровец во ОВР Струга пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Струга нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

The post Eвропски песови: Откако власта најави дека ќе побара помош од Брисел, се повеќе граѓани каснати од кучиња appeared first on Република.

]]>
Тасевски: Ве бришат од меморијата на светот како Македонци, иднината на вашите деца и потеклото им го сотираат, плаќате најскапо за храна и струја во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-ve-brishat-od-memorijata-na-svetot-kako-makedontsi-idninata-na-vashite-detsa-i-potekloto-im-go-sotiraat-plakate-najskapo-za-hrana-i-struja-vo-evropa/ Thu, 12 Jan 2023 18:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=596335

Ве бришат од меморијата на светот како Македонци.

Сакаат јазикот да ви го наречат бугарски, историјата бугарска...

Ви сменија име...

Иднината на вашите деца и потеклото им го сотираат

Плаќате најскапо за храна и струја во Европа.

Збор не кажавте. Солза не пролеавте

Ама за кучињава скитници, три дена кукате, коментира актерот Сашо Тасевски.

Ако сте вие нормални, си го сечам...Увото ко Ван Шлог

Ко секта сте бе. Страв да го фати чоек. Џим Џонс, сајантолози, мормони и јеховини сведоци, не можат да се мерат со вас.

Психијатрите треба да засукаат ракави до рамо, пишува Тасевски.

The post Тасевски: Ве бришат од меморијата на светот како Македонци, иднината на вашите деца и потеклото им го сотираат, плаќате најскапо за храна и струја во Европа appeared first on Република.

]]>

Ве бришат од меморијата на светот како Македонци. Сакаат јазикот да ви го наречат бугарски, историјата бугарска... Ви сменија име... Иднината на вашите деца и потеклото им го сотираат Плаќате најскапо за храна и струја во Европа. Збор не кажавте. Солза не пролеавте Ама за кучињава скитници, три дена кукате, коментира актерот Сашо Тасевски.
Ако сте вие нормални, си го сечам...Увото ко Ван Шлог   Ко секта сте бе. Страв да го фати чоек. Џим Џонс, сајантолози, мормони и јеховини сведоци, не можат да се мерат со вас.   Психијатрите треба да засукаат ракави до рамо, пишува Тасевски.

The post Тасевски: Ве бришат од меморијата на светот како Македонци, иднината на вашите деца и потеклото им го сотираат, плаќате најскапо за храна и струја во Европа appeared first on Република.

]]>
Не е фејк њуз: Државата ќе бара помош од Брисел за решавање на проблемот со бездомните кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-fejk-nuz-drzhavata-ke-bara-pomosh-od-brisel-za-reshavane-na-problemot-so-bezdomnite-kuchina/ Thu, 12 Jan 2023 14:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=596286

Премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на РЕК Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со кучињата-скитници, рече дека и покрај тоа што станува збор за ингеренција на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар кој ќе биде дом за тие кучиња.

Ковачевски нагласи дека проблемот со бездомните кучиња е голем и оти секојдневно сме сведоци на напади врз граѓани.

Потенцирајќи дека тоа е исклучителна надлежност на општините, пртседателот на Владата посочи дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.

Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проек, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем. Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, нагласи Ковачевски.

The post Не е фејк њуз: Државата ќе бара помош од Брисел за решавање на проблемот со бездомните кучиња appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на РЕК Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со кучињата-скитници, рече дека и покрај тоа што станува збор за ингеренција на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар кој ќе биде дом за тие кучиња. Ковачевски нагласи дека проблемот со бездомните кучиња е голем и оти секојдневно сме сведоци на напади врз граѓани. Потенцирајќи дека тоа е исклучителна надлежност на општините, пртседателот на Владата посочи дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.
Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проек, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем. Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него, нагласи Ковачевски.

The post Не е фејк њуз: Државата ќе бара помош од Брисел за решавање на проблемот со бездомните кучиња appeared first on Република.

]]>
До смрт искасан српски аналитичар, сопругата му се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/do-smrt-iskasan-srpski-analitichar-soprugata-mu-se-bori-za-zhivot/ Wed, 04 Jan 2023 18:04:32 +0000 https://republika.mk/?p=593688

Српскиот аналитичар Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасале кучиња скитници во Велика Иванча во близина на српскиот град Младеновац.

Како што пренесува „Новости“, во нападот на кучињата била повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне. Таа со возило на Брзата помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.

Како што претходно објави „Блиц“, три кучиња скитници го нападнале на Радосављевиќ на улица во Велика Иванча, а тој починал како последица од нападот на кучињата.

Лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Жртвата Радосављевиќ порано беше извршен директор на Медиа центарот.

The post До смрт искасан српски аналитичар, сопругата му се бори за живот appeared first on Република.

]]>

Српскиот аналитичар Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасале кучиња скитници во Велика Иванча во близина на српскиот град Младеновац. Како што пренесува „Новости“, во нападот на кучињата била повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне. Таа со возило на Брзата помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба. Како што претходно објави „Блиц“, три кучиња скитници го нападнале на Радосављевиќ на улица во Велика Иванча, а тој починал како последица од нападот на кучињата. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Жртвата Радосављевиќ порано беше извршен директор на Медиа центарот.

The post До смрт искасан српски аналитичар, сопругата му се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Teтовка скрши нога и повреди рака бегајќи од кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovka-skrshi-noga-i-povredi-raka-begajkji-od-kuchinja/ Mon, 21 Nov 2022 08:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=576335

Со скршеница на десната нога и повредена рака заврши 40-годишна жена во обидот да избегне напад од бездомни кучиња вчера во Тетово. Непријатниот настан се случил во неделата околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар.

Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката, вели В.С инаку мајка на три деца.

Жената била однесена во тетовската болница каде поради скршеницата на ногата и е направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката. Случајот е пријавен во полиција, со тоа што полициска екипа дошла во болницата да направи записник за пријавениот напад од бездомни кучиња.

The post Teтовка скрши нога и повреди рака бегајќи од кучиња appeared first on Република.

За три години 3.660 каснати од кучиња, од нив 498 деца! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-tri-godini-3-660-kasnati-od-kuchinja-od-niv-498-deca/ Tue, 08 Nov 2022 16:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=571522

Бројот на граѓани каснати од бездомни кучиња од година во година расте. Во 2020 година имало 1.062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1.315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1.283 напади на кучиња, или, вкупно 3.660 напади за последните три години, покажуваат податоци на МВР кои ги побарал Центарот за управување со кризи.

Од овие напади во Скопје се случиле 1.853, во Кичево – 439, Велес – 250, Струга – 177, Тетово – 170, Битола – 149, во Прилеп – 122, Гостивар – 98, Куманово – 75, Охрид – 50.

– За да биде состојбата посериозна, од овие нападнати 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги немаме во систем, тогаш состојбата е уште поалармантна – рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој рече дека се одржала координативната средба со претставници на МВР, АХВ, на ЗЕЛС, на Град Скопје, на Лајка, на Анима Мунди, Ветеринарна комора и Кинолошкиот сојуз, на која се разговарало за овој, како што рече, исклучително комплексен проблем кој бара интердисциплинарно решение.

Од неформални информации, како што посочи, во одредени општини бројот на напади е значително поголем од пријавените напади.

– Во Скопје сметаме дека аналитиката и статистиката се најпрецизни. Каснатите граѓани се поучени од страна на адвокати дека за секој напад на куче може да добијат одредена оштета што ги мотивира граѓаните да ги пријавуваат сите напади. Ги повикувам сите засегнати граѓани кои ќе бидат нападнати од улично куче да го пријават нападот на бројот 112. Од страна на МВР ќе бидат преземени сите соодветни мерки и на тој начин ќе воспоставиме и пообјективна контрола врз бројот на напади на улични кучиња врз граѓани на цела територија на државата – рече Ангелов.

Стратешки момент на кој треба да работиме организирано, рече Ангелов, е масовна стерилизација на уличните кучиња.

– Потребна е едновремена акција, а кога би била на идеален начин направена би можеле отприлика за три месеци околу 75 отсто од кучињата да ги стерилизираме. Со 75 посто стерилизација на уличните кучиња нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат – смета Ангелов.

The post За три години 3.660 каснати од кучиња, од нив 498 деца! appeared first on Република.

]]>

Бројот на граѓани каснати од бездомни кучиња од година во година расте. Во 2020 година имало 1.062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1.315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1.283 напади на кучиња, или, вкупно 3.660 напади за последните три години, покажуваат податоци на МВР кои ги побарал Центарот за управување со кризи. Од овие напади во Скопје се случиле 1.853, во Кичево – 439, Велес – 250, Струга – 177, Тетово – 170, Битола – 149, во Прилеп – 122, Гостивар – 98, Куманово – 75, Охрид – 50.
– За да биде состојбата посериозна, од овие нападнати 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги немаме во систем, тогаш состојбата е уште поалармантна – рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Тој рече дека се одржала координативната средба со претставници на МВР, АХВ, на ЗЕЛС, на Град Скопје, на Лајка, на Анима Мунди, Ветеринарна комора и Кинолошкиот сојуз, на која се разговарало за овој, како што рече, исклучително комплексен проблем кој бара интердисциплинарно решение. Од неформални информации, како што посочи, во одредени општини бројот на напади е значително поголем од пријавените напади.