КСП Центар – Јадро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ksp-tsentar-jadro/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 12:11:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КСП Центар – Јадро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ksp-tsentar-jadro/ 32 32 Концерт на Дина Марковска и Јована Удовиќ во КСП Центар-Јадро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-dina-markovska-i-jovana-udovik-vo-ksp-tsentar-jadro/ Sat, 06 Apr 2024 11:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=762532

Во КСП Центар-Јадро утре (6 април,сабота со почеток во 18 часот, концерт ќе одржат Дина Марковска (флејта) и Јована Удовиќ (виолина).

Програма

Јована Удовиќ:
Jохан Себастијан Бах – Соната за соло виолина бр. 2 во а-мол (BWV 1003)
– Grave
– Fuga
– Andante
– Allegro
Фридрих Крајслер – Рецитатив и Скерцо-каприц, оп. 6

Дина Марковска:
Георг Филип Телеман – Фантазија бр. 10 во фис-мол за соло флејта
Иван Јевтиќ – Инкантации за соло флејта
Зигфрид Карг-Елерт – Соната апасионата оп. 140 за соло флејта
Вилхелм Фридман Бах – Дует бр. 4 во ф-дур

Дина Марковска е родена во Скопје 2003 година, а од 2012 живее и учи во Белград. Своето музичко образование го започна на 10 години, кога се запиша на отсек флејта во Музичкото училиште „Јосиф Маринковиќ“, во класата на професорот Константин Мирковиќ. Од 2020, работи со професорот Александар Буркерт во Средното музичко училиште „Коста Манојловиќ“ во Земун каде и го завршува средното музичко образование. Моментално е студент на втора година на основните академски студии на Факултетот за Музичка уметност во Белград во класата на професорот Миомир Симоновиќ. За сите овие години настапува на бројни училишни и академски концерти како солиста, камерен и оркестарски музичар во разни ансамбли како што се хор на флејти, дуо со виолина, дуо со обоа, квартет на флејта со гудачи, дувачки квинтет и симфонијски оркестар.

Има настапувано во многу концертни сали, како што се Големата сала на Коларчева задужбина, Галеријата на Коларчева задужбина, Параброд, МТС Дворана, Гварнеријус, Студентски културен центар, Српска академија на наука и уметност, како и на сцената на Македонската опера и балет. Исто така има настапувано и освојувано први награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ (2021 и 2024), меѓународните средби на флејтисти „Тахир Куленовиќ“ (2021 и 2023), меѓународен натпревар „Охрид те сакам“ во Македонија (2022), „Zemun international music competition“ (2021, 2022 и 2023 каде што беше прогласена за Лауреат на категорија), „Смотра на музичките таленати на Србија“ (2023) и други. Во јуни 2023 година освои и второ место на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ во Охрид, Македонија и вооедно беше најдобра во најстарата категорија на овој натпревар. Дина Марковска има посетувано и мајсторски курсеви и работилници каде има соработувано со професорите Матеј Зупан (Словенија), Паоло Табалионе (Италија), Вали Хасе (Германија), Карл-Хајнц Шуц (Австрија), Матју Госи-Онселан (Австрија), а во 2023 година беше и дел од Летната академија во Ница, Франција, каде што соработуваше со професорот Винсент Лука (Франција). Исто така учествуваше на оркестарскиот семинар во организација на FAME´s институтот во Скопје, каде соработуваше со професорот Владимир Николов и диригентот Џијан Емин, со чиј оркетар во склоп на овој проект настапи и на отварање на „Skopje Jazz Festival“ 2023.

Јована Удовиќ родена е во Белград, 2004. Таа го има започнато своето музичко образование во Белград на 8 години, во класата на професорката Лидија Ранковиќ. Во 2012 го завршува своето средно музичко образование во Училиштето за музички таленти во класата на професорот Драгутин Младеновиќ со награда за најдобра изведба на дипломскиот испит. Моментално е студент на втора година на Факултетот за музичка уметност во Белград кај професорот Роберт Лакатош.

Од самиот почеток на своето музичко образование таа има освоено многу награди на меѓународно и национално ниво, од кои најзначајни се: прва награда на “Васко Абаџиев” натпревар во Бугарија; прва награда и специјална награда за изведба на романски автор на „Eugen Cuteanu“ натпревар во Романија (2015); прва награда и Лауреат на Републички натпревар во Србија (2014, 2016, 2018, 2021); прва награда и специјална награда на Art Center на натпреварот „Talents for Europe“ во Словачка (2017); трета награда на „Jaroslav Kocijan“ натпревар во Чешка (2017); Лауреат и прва награда на „International String Competition“ во Ниш, Србија (2017, 2019); втора и прва награда на „Охридски Бисери“ натпревар во Македонија (2018, 2020).

Јована е носителка на наградата Свети Сава 2020 од Министерството за образование, наука и технолошки развој на Република Србија, а на “Kustendorf Classic” филмскиот и музички фестивал во Србија таа во 2023 доби специјална награда од семејството Кустурица.

Таа има одржано свои рецитали во Цвијета Зузориќ Павиљон (2018), САНУ галеријата (2019, 2020, 2023), Артгет галерија / Белградски културен центар (2019, 2020, 2023), Национален музеј во Белград (2022), Мултимедиален центар на Академијата за уметности во Нови Сад (2022), Вуков театар (2023) и на големата сцена на Коларчева задужбина (2023). Во 2021, на покана на член на жирито на „Охридски бисери“, таа настапи на Виолина Фест во Македонската филхармонија во Скопје.

The post Концерт на Дина Марковска и Јована Удовиќ во КСП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

Во КСП Центар-Јадро утре (6 април,сабота со почеток во 18 часот, концерт ќе одржат Дина Марковска (флејта) и Јована Удовиќ (виолина).

Програма

Јована Удовиќ: Jохан Себастијан Бах – Соната за соло виолина бр. 2 во а-мол (BWV 1003) – Grave – Fuga – Andante – Allegro Фридрих Крајслер – Рецитатив и Скерцо-каприц, оп. 6 Дина Марковска: Георг Филип Телеман – Фантазија бр. 10 во фис-мол за соло флејта Иван Јевтиќ – Инкантации за соло флејта Зигфрид Карг-Елерт – Соната апасионата оп. 140 за соло флејта Вилхелм Фридман Бах – Дует бр. 4 во ф-дур Дина Марковска е родена во Скопје 2003 година, а од 2012 живее и учи во Белград. Своето музичко образование го започна на 10 години, кога се запиша на отсек флејта во Музичкото училиште „Јосиф Маринковиќ“, во класата на професорот Константин Мирковиќ. Од 2020, работи со професорот Александар Буркерт во Средното музичко училиште „Коста Манојловиќ“ во Земун каде и го завршува средното музичко образование. Моментално е студент на втора година на основните академски студии на Факултетот за Музичка уметност во Белград во класата на професорот Миомир Симоновиќ. За сите овие години настапува на бројни училишни и академски концерти како солиста, камерен и оркестарски музичар во разни ансамбли како што се хор на флејти, дуо со виолина, дуо со обоа, квартет на флејта со гудачи, дувачки квинтет и симфонијски оркестар. Има настапувано во многу концертни сали, како што се Големата сала на Коларчева задужбина, Галеријата на Коларчева задужбина, Параброд, МТС Дворана, Гварнеријус, Студентски културен центар, Српска академија на наука и уметност, како и на сцената на Македонската опера и балет. Исто така има настапувано и освојувано први награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ (2021 и 2024), меѓународните средби на флејтисти „Тахир Куленовиќ“ (2021 и 2023), меѓународен натпревар „Охрид те сакам“ во Македонија (2022), „Zemun international music competition“ (2021, 2022 и 2023 каде што беше прогласена за Лауреат на категорија), „Смотра на музичките таленати на Србија“ (2023) и други. Во јуни 2023 година освои и второ место на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ во Охрид, Македонија и вооедно беше најдобра во најстарата категорија на овој натпревар. Дина Марковска има посетувано и мајсторски курсеви и работилници каде има соработувано со професорите Матеј Зупан (Словенија), Паоло Табалионе (Италија), Вали Хасе (Германија), Карл-Хајнц Шуц (Австрија), Матју Госи-Онселан (Австрија), а во 2023 година беше и дел од Летната академија во Ница, Франција, каде што соработуваше со професорот Винсент Лука (Франција). Исто така учествуваше на оркестарскиот семинар во организација на FAME´s институтот во Скопје, каде соработуваше со професорот Владимир Николов и диригентот Џијан Емин, со чиј оркетар во склоп на овој проект настапи и на отварање на „Skopje Jazz Festival“ 2023. Јована Удовиќ родена е во Белград, 2004. Таа го има започнато своето музичко образование во Белград на 8 години, во класата на професорката Лидија Ранковиќ. Во 2012 го завршува своето средно музичко образование во Училиштето за музички таленти во класата на професорот Драгутин Младеновиќ со награда за најдобра изведба на дипломскиот испит. Моментално е студент на втора година на Факултетот за музичка уметност во Белград кај професорот Роберт Лакатош. Од самиот почеток на своето музичко образование таа има освоено многу награди на меѓународно и национално ниво, од кои најзначајни се: прва награда на “Васко Абаџиев” натпревар во Бугарија; прва награда и специјална награда за изведба на романски автор на „Eugen Cuteanu“ натпревар во Романија (2015); прва награда и Лауреат на Републички натпревар во Србија (2014, 2016, 2018, 2021); прва награда и специјална награда на Art Center на натпреварот „Talents for Europe“ во Словачка (2017); трета награда на „Jaroslav Kocijan“ натпревар во Чешка (2017); Лауреат и прва награда на „International String Competition“ во Ниш, Србија (2017, 2019); втора и прва награда на „Охридски Бисери“ натпревар во Македонија (2018, 2020). Јована е носителка на наградата Свети Сава 2020 од Министерството за образование, наука и технолошки развој на Република Србија, а на “Kustendorf Classic” филмскиот и музички фестивал во Србија таа во 2023 доби специјална награда од семејството Кустурица. Таа има одржано свои рецитали во Цвијета Зузориќ Павиљон (2018), САНУ галеријата (2019, 2020, 2023), Артгет галерија / Белградски културен центар (2019, 2020, 2023), Национален музеј во Белград (2022), Мултимедиален центар на Академијата за уметности во Нови Сад (2022), Вуков театар (2023) и на големата сцена на Коларчева задужбина (2023). Во 2021, на покана на член на жирито на „Охридски бисери“, таа настапи на Виолина Фест во Македонската филхармонија во Скопје.

The post Концерт на Дина Марковска и Јована Удовиќ во КСП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>
За Денот на поезијата во КСП Центар – Јадро проект посветен на на Петре М. Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/za-denot-na-poezijata-vo-ksp-tsentar-jadro-proekt-posveten-na-na-petre-m-andreevski/ Mon, 18 Mar 2024 08:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=755767

За Денот на поезијата - 21 март, Општина Центар-Скопје ќе реализира проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски.
Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамките на проектот ќе биде презентиран видео-запис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски, а присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус.

The post За Денот на поезијата во КСП Центар – Јадро проект посветен на на Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>

За Денот на поезијата - 21 март, Општина Центар-Скопје ќе реализира проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски. Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамките на проектот ќе биде презентиран видео-запис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски, а присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус.

The post За Денот на поезијата во КСП Центар – Јадро проект посветен на на Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии од Иво Дамјановски во КСП Центар – Јадро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-od-ivo-damjanovski-vo-ksp-tsentar-jadro/ Fri, 08 Mar 2024 09:36:04 +0000 https://republika.mk/?p=752558

Денес во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Иво Дамјановски.

Секоја фотографија е доказ за наоѓање убавина во неочекуваното и тивките приказни кои траат во невиденото. Позајмувајќи го описот на Зарковски за истоименото фотографско движење, „snapshots“ е мојот обид „не да го реформирам [секојдневниот] живот, туку да го спознаам“, вели Дамјановски.

 

„snapshots“ е покана за пауза, рефлексија и размислување за (не толку обичните) обични пејсажи, напуштените излози и останатите глетки што нé опкружуваат.

Изложбата се отвора на 8-ви Март во 19:00 часот и трае истиот ден.

The post Изложба на фотографии од Иво Дамјановски во КСП Центар – Јадро appeared first on Република.

]]>

Денес во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Иво Дамјановски. Секоја фотографија е доказ за наоѓање убавина во неочекуваното и тивките приказни кои траат во невиденото. Позајмувајќи го описот на Зарковски за истоименото фотографско движење, „snapshots“ е мојот обид „не да го реформирам [секојдневниот] живот, туку да го спознаам“, вели Дамјановски.   „snapshots“ е покана за пауза, рефлексија и размислување за (не толку обичните) обични пејсажи, напуштените излози и останатите глетки што нé опкружуваат. Изложбата се отвора на 8-ви Март во 19:00 часот и трае истиот ден.

The post Изложба на фотографии од Иво Дамјановски во КСП Центар – Јадро appeared first on Република.

]]>
КСП Центар- Јадро октомвриската програма ја започнува со филмска работилница https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ksp-tsentar-jadro-oktomvriskata-programa-ja-zapochnuva-so-filmska-rabotilnitsa/ Wed, 04 Oct 2023 11:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=687822

Октомври официјално го започнуваме со филмска работилница под водство на култниот американски независен филмски режисер Џон Џост - „Learn everything there is to know from a real MoFo“. Работилницата ќе се одржи од 3 до 5 октомври (вторник - четврток) и од 10 до 12 октомври (вторник - четврток). Џон Џост уште од крајот на септември ни гостува во КСП Центар- Јадро и за време на својот престој работи на своите најнови ликовни дела кои ќе може да ги погледнете на изложба во Јадро на крајот на неговиот престој.

Доколку сакате да дознаете „Како можеме да ја ослободиме анималноста во нас?“ дојдете си играме на работилницата за кореографија и танц  „Taming the wild“ со Тереза Лазарев. Пријавете се на kultrening@gmail.com за оваа работилница која ќе се одржи на 7 октомври 2023.

Неделното попладне на 15 октомври ќе се впуштиме во експериментален простор за дебата и истражување - „The Laboratory of Intelligence Culture“ или „Патувачка Лабораторија“, проект кој по 4 години ги отвора портите.

Две изложби ќе се отворат овој октомври во  КСП Центар - ЈАДРО.

На 17.10.23 (вторник), дојдете на отварањето на самостојната изложба на Сашо Станојковиќ - „Transfer of Responsibility (II): From Point A to Point B“.

А, на 28.10.2023 (сабота), Ве чекаме на отворањето на „Траги“, самостојна изложба на Горан Ристовски.

The post КСП Центар- Јадро октомвриската програма ја започнува со филмска работилница appeared first on Република.

]]>

Октомври официјално го започнуваме со филмска работилница под водство на култниот американски независен филмски режисер Џон Џост - „Learn everything there is to know from a real MoFo“. Работилницата ќе се одржи од 3 до 5 октомври (вторник - четврток) и од 10 до 12 октомври (вторник - четврток). Џон Џост уште од крајот на септември ни гостува во КСП Центар- Јадро и за време на својот престој работи на своите најнови ликовни дела кои ќе може да ги погледнете на изложба во Јадро на крајот на неговиот престој. Доколку сакате да дознаете „Како можеме да ја ослободиме анималноста во нас?“ дојдете си играме на работилницата за кореографија и танц  „Taming the wild“ со Тереза Лазарев. Пријавете се на kultrening@gmail.com за оваа работилница која ќе се одржи на 7 октомври 2023. Неделното попладне на 15 октомври ќе се впуштиме во експериментален простор за дебата и истражување - „The Laboratory of Intelligence Culture“ или „Патувачка Лабораторија“, проект кој по 4 години ги отвора портите. Две изложби ќе се отворат овој октомври во  КСП Центар - ЈАДРО. На 17.10.23 (вторник), дојдете на отварањето на самостојната изложба на Сашо Станојковиќ - „Transfer of Responsibility (II): From Point A to Point B“. А, на 28.10.2023 (сабота), Ве чекаме на отворањето на „Траги“, самостојна изложба на Горан Ристовски.

The post КСП Центар- Јадро октомвриската програма ја започнува со филмска работилница appeared first on Република.

]]>
КСП Центар – Јадро распиша конкурс за изработка на мурал на фасадата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ksp-tsentar-jadro-raspisha-konkurs-za-izrabotka-na-mural-na-fasadata/ Sun, 13 Aug 2023 11:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=671626

КСП Центар – Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември, а на конкурсот право да учествуваат имаат сите уметници кои се државјани или резиденти на Македонија.

Уметниците можат да се пријават индивидуално или во групи и колективи.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 5 септември, со назнака Конкурс за изработка на мурал, како и податоци за авторот/ите – име, презиме, телефонски број“, се вели во конкурсот.

Од Јадро посочуваат дека планиран период за изработка на муралот е во периодот од 10 до 20 септември 2023 година, а дополнуваат дека за изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Оттаму нагласуваат дека тематски конкурсот е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела врз којшто се темели институцијата.

Од Јадро посочуваат дека институцијата ќе обезбеди средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20.000 денари.

Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази“, забележуваат оттаму.

The post КСП Центар – Јадро распиша конкурс за изработка на мурал на фасадата appeared first on Република.

]]>

КСП Центар – Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември, а на конкурсот право да учествуваат имаат сите уметници кои се државјани или резиденти на Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или во групи и колективи.
Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 5 септември, со назнака Конкурс за изработка на мурал, како и податоци за авторот/ите – име, презиме, телефонски број“, се вели во конкурсот.
Од Јадро посочуваат дека планиран период за изработка на муралот е во периодот од 10 до 20 септември 2023 година, а дополнуваат дека за изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата. Оттаму нагласуваат дека тематски конкурсот е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела врз којшто се темели институцијата. Од Јадро посочуваат дека институцијата ќе обезбеди средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20.000 денари.
Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази“, забележуваат оттаму.

The post КСП Центар – Јадро распиша конкурс за изработка на мурал на фасадата appeared first on Република.

]]>