крвен пристисок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krven-pristisok/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 09:03:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крвен пристисок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krven-pristisok/ 32 32 Пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок, покажува австриско истражување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pieneto-voda-od-plastichni-shishina-go-zgolemuva-krvniot-pritisok-pokazhuva-avstrisko-istrazhuvane/ Fri, 16 Aug 2024 08:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=807089

Резултатите од истражувањето објавени во стручниот магазин „Микропластикс“ (Microplastics) покажаа дека пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок како резултат на влегувањето на микропластиката во крвотокот.

Истражувањето што го спроведоа научниците од Австрија, открива дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците престанале да консумираат течност од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма во период од две недели.

Крвниот притисок на учесниците за време на истражувањето постојано им бил мерен. По две недели, забележанo е значителенo намалување на диастолниот (долниот) крвен притисок.

Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот во комбинација со намалувањето на потрошувачката на пластиката, претпоставуваме дека пластичните честички присутни во крвотокот придонесуваат за зголемениот крвен притисок – наведоа научниците.

Микропластиката се создава како резултат на распаѓање на пластичните производи под влијание на хемиските, физичките и биолошките процеси во нивната околина, а еден од примерите се струготините од автомобилските гуми што настануваат поради триењето.

The post Пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок, покажува австриско истражување appeared first on Република.

]]>

Резултатите од истражувањето објавени во стручниот магазин „Микропластикс“ (Microplastics) покажаа дека пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок како резултат на влегувањето на микропластиката во крвотокот. Истражувањето што го спроведоа научниците од Австрија, открива дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците престанале да консумираат течност од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма во период од две недели. Крвниот притисок на учесниците за време на истражувањето постојано им бил мерен. По две недели, забележанo е значителенo намалување на диастолниот (долниот) крвен притисок.
Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот во комбинација со намалувањето на потрошувачката на пластиката, претпоставуваме дека пластичните честички присутни во крвотокот придонесуваат за зголемениот крвен притисок – наведоа научниците.
Микропластиката се создава како резултат на распаѓање на пластичните производи под влијание на хемиските, физичките и биолошките процеси во нивната околина, а еден од примерите се струготините од автомобилските гуми што настануваат поради триењето.

The post Пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок, покажува австриско истражување appeared first on Република.

]]>
Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/koj-e-idealniot-krven-pritisok-kon-koj-treba-da-se-stremime/ Sat, 13 Jul 2024 15:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=796454

Срцевите заболувања вклучуваат акутна ревматска треска, хронични ревматски болести на срцето, хипертензивни заболувања, исхемична (коронарна) срцева болест, пулмонална срцева болест и болести на пулмоналната циркулација, цереброваскуларни заболувања, болести на артериите, артериоли и капилари, како и болести на вените, лимфните садови и лимфните јазли.

Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт во светот, а се очекува до 2030 година овој број на смртни случаи да се зголеми од сегашните 17,5 милиони на 23 милиони.

Во Европа годишно умираат околу 4 милиони луѓе од кардиоваскуларни болести или 45% од сите смртни случаи.

Болестите на срцето и крвните садови претставуваат голема, хетерогена група на заболувања и се на прво место како причини за смрт во генералната популација во Македонија.

Во една студија објавена во јуни 2024 година, истражувачите открија дека опсегот на крвниот притисок од 120 до 139 е идеален. До овој заклучок дошле проучувајќи 68.000 луѓе постари од 65 години со хипертензија.

„Тие го разгледаа средниот систолен крвен притисок на учесниците и открија дека оние со опсег од 120 до 139 mmHg имале помали стапки на срцев удар, срцева слабост, мозочен удар и смрт“, објасни кардиологот Мери Бранч за Парад.

Бидејќи студијата е спроведена меѓу возрасни Корејци, важно е да се има на ум дека високиот крвен притисок има многу етиологии, вклучувајќи генетика, исхрана, стрес и фактори на животната средина. Според една студија спроведена во САД во 2015 година, оптималниот крвен притисок е помеѓу 120 и 140.

„Пациентите со хипертензија треба да разговараат со својот лекар за соодветна цел на крвен притисок за нив“, советува кардиологот Валас Р. Џонсон.

Повеќето срцеви заболувања може да се спречат со избегнување на факторите на ризик како што се пушењето, лошата исхрана и недоволната физичка активност.

 

The post Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме? appeared first on Република.

]]>

Срцевите заболувања вклучуваат акутна ревматска треска, хронични ревматски болести на срцето, хипертензивни заболувања, исхемична (коронарна) срцева болест, пулмонална срцева болест и болести на пулмоналната циркулација, цереброваскуларни заболувања, болести на артериите, артериоли и капилари, како и болести на вените, лимфните садови и лимфните јазли. Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт во светот, а се очекува до 2030 година овој број на смртни случаи да се зголеми од сегашните 17,5 милиони на 23 милиони. Во Европа годишно умираат околу 4 милиони луѓе од кардиоваскуларни болести или 45% од сите смртни случаи. Болестите на срцето и крвните садови претставуваат голема, хетерогена група на заболувања и се на прво место како причини за смрт во генералната популација во Македонија. Во една студија објавена во јуни 2024 година, истражувачите открија дека опсегот на крвниот притисок од 120 до 139 е идеален. До овој заклучок дошле проучувајќи 68.000 луѓе постари од 65 години со хипертензија. „Тие го разгледаа средниот систолен крвен притисок на учесниците и открија дека оние со опсег од 120 до 139 mmHg имале помали стапки на срцев удар, срцева слабост, мозочен удар и смрт“, објасни кардиологот Мери Бранч за Парад. Бидејќи студијата е спроведена меѓу возрасни Корејци, важно е да се има на ум дека високиот крвен притисок има многу етиологии, вклучувајќи генетика, исхрана, стрес и фактори на животната средина. Според една студија спроведена во САД во 2015 година, оптималниот крвен притисок е помеѓу 120 и 140. „Пациентите со хипертензија треба да разговараат со својот лекар за соодветна цел на крвен притисок за нив“, советува кардиологот Валас Р. Џонсон. Повеќето срцеви заболувања може да се спречат со избегнување на факторите на ризик како што се пушењето, лошата исхрана и недоволната физичка активност.  

The post Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме? appeared first on Република.

]]>