Крушево град на културата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krushevo-grad-na-kulturata/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jul 2023 06:58:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Крушево град на културата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krushevo-grad-na-kulturata/ 32 32 Во пресрет на Илинден, во Крушево првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-presret-na-ilinden-vo-krushevo-prvpat-se-odrzha-manifestatsijata-starata-krushevska-charshija/ Fri, 28 Jul 2023 06:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=666136

Во центарот на Крушево синоќа првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“. Пред бројните посетители и туристи крушевчани ги претставија своите традиционални вредности со крушевски специјалитети, музика, дружење, потсетувајќи на старите крушевски седенки во старата чаршија каде се постигнувале договори, се покажувало почит, се претставувале традицијата и културата.

Манифестацијата е во рамките на Крушево - град на културата.

Сакајќи да ја зачуваме традицијата и да прикажеме како изгледале крушевските седенки и дружбата помеѓу старите крушевчани, како и да ја заживееме крушевската чаршија, на еден интересен начин дојдовме до идеја да организираме „Старата крушевска чаршија“. Со крушевски специјалитети, музика, ја правиме дружбата помеѓу крушевчани и туристите, рече Jасмина Димовска од локалната самоуправа на Крушево.

Манифестацијата е во организација на локалната самоуправа и на Здружението на крушевски жени и потсетува на живеењето во Илинденскиот период.

Во рамките на Крушево - град на културата, во централното градско подрачје, каде е столбот на Републиката, со Здружението на жени од Крушево ја претставивме традиционалната крушевска соба. Изложивме автентична храна. Претставуваме како се живеело пред Илинденското востание, со пеење, дружење, соживот и сето она што го означува Крушево. Претставуваме како крушевчани живееле во тоа време, пред и за време на Илинденското востание, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Крушевчани, а и посетителите и гостите кои престојуваат  за Илинден се одушевени од атмосферата, на потсетувањето на поранешните времиња.

[caption id="" align="alignnone" width="1920"] Фото: МИА[/caption]

-Ова е една од повеќето манифестации во Крушево за Илинден. Ова е своевиден етно саем, да се покаже како живееле старите крушевчани, како се дружеле, да се покаже крушевската култура. Убави се овие традиции. На седенките се договарале бизниси, па и свадби, рече крушевчанецот  Јорго Јуца.

- Атмосферата е прекрасна. Пријатно сум изненадена. Дојдовме од Скопје да бидеме во Крушево за Илинден. Јас првпат доаѓам и одушевена сум, вели гостинка од Скопје.

За Илинденските празници сите капацитети во Крушево се полни со гости и туристи од земјава и странство.

The post Во пресрет на Илинден, во Крушево првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“ appeared first on Република.

]]>

Во центарот на Крушево синоќа првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“. Пред бројните посетители и туристи крушевчани ги претставија своите традиционални вредности со крушевски специјалитети, музика, дружење, потсетувајќи на старите крушевски седенки во старата чаршија каде се постигнувале договори, се покажувало почит, се претставувале традицијата и културата. Манифестацијата е во рамките на Крушево - град на културата.
Сакајќи да ја зачуваме традицијата и да прикажеме како изгледале крушевските седенки и дружбата помеѓу старите крушевчани, како и да ја заживееме крушевската чаршија, на еден интересен начин дојдовме до идеја да организираме „Старата крушевска чаршија“. Со крушевски специјалитети, музика, ја правиме дружбата помеѓу крушевчани и туристите, рече Jасмина Димовска од локалната самоуправа на Крушево.
Манифестацијата е во организација на локалната самоуправа и на Здружението на крушевски жени и потсетува на живеењето во Илинденскиот период.
Во рамките на Крушево - град на културата, во централното градско подрачје, каде е столбот на Републиката, со Здружението на жени од Крушево ја претставивме традиционалната крушевска соба. Изложивме автентична храна. Претставуваме како се живеело пред Илинденското востание, со пеење, дружење, соживот и сето она што го означува Крушево. Претставуваме како крушевчани живееле во тоа време, пред и за време на Илинденското востание, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.
Крушевчани, а и посетителите и гостите кои престојуваат  за Илинден се одушевени од атмосферата, на потсетувањето на поранешните времиња. [caption id="" align="alignnone" width="1920"] Фото: МИА[/caption]
-Ова е една од повеќето манифестации во Крушево за Илинден. Ова е своевиден етно саем, да се покаже како живееле старите крушевчани, како се дружеле, да се покаже крушевската култура. Убави се овие традиции. На седенките се договарале бизниси, па и свадби, рече крушевчанецот  Јорго Јуца.   - Атмосферата е прекрасна. Пријатно сум изненадена. Дојдовме од Скопје да бидеме во Крушево за Илинден. Јас првпат доаѓам и одушевена сум, вели гостинка од Скопје.
За Илинденските празници сите капацитети во Крушево се полни со гости и туристи од земјава и странство.

The post Во пресрет на Илинден, во Крушево првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“ appeared first on Република.

]]>
Со концерт на битолскиот Камерен оркестар пред „Македониум“ в петок почнува програмата „Крушево – град на културата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-kontsert-na-bitolskiot-kameren-orkestar-pred-makedonium-v-petok-pochnuva-programata-krushevo-grad-na-kulturata/ Tue, 23 May 2023 07:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=643813

Под мотото „Крушево жив тестамент на културата“ од петпок и официјално почнува манифестацијата Крушево град на културата за 2023 година. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека „Крушево ќе пулсира во ритамот на македонската култура и ќе ги промовира македонскиот идентитет и посебност“.

И не случајно што годинава, кога одбележуваме 120 години од Илинденското востание, даваме посебно значење и внимание на овој живописен град, богат со историја, наследство, сегашност и иднина, правејќи го и град на културата за сите домашни и странски посетители. Крушево ќе пулсира во ритамот на македонската култура и ќе го промовира македонскиот идентитет и посебност. Да се биде „Град на културата“ не е само титула, тоа е можност да се прикаже уникатниот идентитет на Крушево, богатото наследство, енергичноста на уметничка сцена и посветеноста во негувањето на креативноста и културното изразување. Со оваа манифестација оставаме траен белег и го проектираме Крушево на европската мапа како културен и туристички центар, рече Костадиновска Стојчевска.

Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонска култура, а преку проектот „Културен град“ го зајакнува културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, преку соработка со локалната самоуправа. Богатата културна содржина, со вклученост на различни групи учесници ќе има свој придонес и за непосредниот економски и туристички поттик на општина Крушево.

Крушево е град музеј, овде се среќаваат вековни традиции и траги на крушевските трговци, прочуени низ светот, на револуционерното минато, објекти и колекции од оваа колепка на уметностите и занаетите. Крушево и во поновата историја продолжува да ја збогатува сликата за својата посебност користејќи ги сите свои ресурси и ретките природни убавини, рече Костадиновска Стојчевска.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски нагласува дека ова е значајна пресвртница за Крушево бидејќи го зазема заслуженото место како културен епицентар на нашата држава.

Титулата културна престолнина не е само признание, тоа е доказ за непоколебливата посветеност на градот кон уметноста, неговата посветеност на зачувување и прикажување на неговите културни богатства и неговата посветеност да ги инспирира идните генерации. Крушево ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи реализација на богати културни содржини во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во рамките на културата, рече Христоски на денешната најава на манифестацијата.

Манифестацијата ќе биде отворена в петок, на 26 мај. Попладнето ќе биде посетена Галеријата „Никола Мартиновски“, како потсетник на крушевскиот маестро и неговата уметност. Потоа, пред споменикот „Македониум“, камерниот оркестар од Битола ќе изведе концерт со наслов „Безвременска хармонија“, кога ќе настапат македонски солисти: Елена Ристеска, Мики Јованскови Џафер, Ристо Самарџиев, Дарио, Кристина Арнаудова, Пере, Нокаут, Наде Талеска, Димитар Андоновски, Тамара Стојковска, Марија Цветаноска, Александра Трајческа, и хорот Проарс.

The post Со концерт на битолскиот Камерен оркестар пред „Македониум“ в петок почнува програмата „Крушево – град на културата“ appeared first on Република.