крунисување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krunisuvane/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 20:29:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крунисување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krunisuvane/ 32 32 Принцот Вилијам нема да го покани Хари на своето крунисување https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/printsot-vilijam-nema-da-go-pokani-hari-na-svoeto-krunisuvane/ Mon, 19 Aug 2024 20:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=808067

Принцот Вилијам (42) не планира да го покани својот помлад брат Хари (39) на своето крунисување кога ќе дојде време, пишува „Дејли мејл“. Имено, браќата веќе извесно време не се блиски, а се верува дека не разговарале речиси две години.

Оваа година тој е фокусиран на сопругата, децата и на татка си. Неговиот брат не е нешто за што да се разговара – рекол извор за „Дејли мејл“.

И на кралот Чарлс Трети и на принцезата Кејт им е дијагностициран рак. Хари и Меган наводно дознале за дијагнозата на Кејт во исто време со пошироката јавност.

 

The post Принцот Вилијам нема да го покани Хари на своето крунисување appeared first on Република.

]]>

Принцот Вилијам (42) не планира да го покани својот помлад брат Хари (39) на своето крунисување кога ќе дојде време, пишува „Дејли мејл“. Имено, браќата веќе извесно време не се блиски, а се верува дека не разговарале речиси две години.
Оваа година тој е фокусиран на сопругата, децата и на татка си. Неговиот брат не е нешто за што да се разговара – рекол извор за „Дејли мејл“.
И на кралот Чарлс Трети и на принцезата Кејт им е дијагностициран рак. Хари и Меган наводно дознале за дијагнозата на Кејт во исто време со пошироката јавност.  

The post Принцот Вилијам нема да го покани Хари на своето крунисување appeared first on Република.

]]>
Протест и десетици апсења за време на крунисувањето на Чарлс трети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protest-i-desetitsi-apsena-za-vreme-na-krunisuvaneto-na-charls-treti/ Sat, 06 May 2023 21:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=637815

Лондонската полиција уапсила десетици демонстранти за време на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила. Како што пренесе Би-би-си, станува збор за 52 апсења кои биле извршени поради низа причини и сите остануваат во притвор.

Според објаснувањето од полицијата, лицата биле приведени поради неколку прекршоци, вклучително и тепачка, прекршување на јавниот ред, нарушување на мирот и заговор за предизвикување јавна непријатност.

Апсењата доаѓаат откако  во Лондон се одржа протестен митинг против крунисувањето на Чарлс. Демонстрантите се собраа на централниот плоштад и вееја британски знамиња и транспаренти со натписи: „Не е мојот крал“ и „Укинете ја монархијата“.

[caption id="attachment_637818" align="aligncenter" width="640"] Фото: АФП[/caption]

Еден од организаторите на митингот беше лидерот на антимонархистичката републичка група Греам Смит, кој побара да се замени уставната монархија со парламентарна република, а исто така ги критикуваше огромните трошоци за крунисувањето.

На почетокот на протестот, Греам Смит и петмина негови поддржувачи беа приведени. Органите на редот ги одзедоа и транспарентите и транспарентите на демонстрантите.

Пред да почне церемонијата, беа испратени писма до противниците на монархискиот режим со предупредување за заострување на правилата за одржување на митинзи со цел да се спречи нарушување на предвидените настани, вклучително и крунисувањето на Чарлс трети.

The post Протест и десетици апсења за време на крунисувањето на Чарлс трети appeared first on Република.

]]>

Лондонската полиција уапсила десетици демонстранти за време на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила. Како што пренесе Би-би-си, станува збор за 52 апсења кои биле извршени поради низа причини и сите остануваат во притвор. Според објаснувањето од полицијата, лицата биле приведени поради неколку прекршоци, вклучително и тепачка, прекршување на јавниот ред, нарушување на мирот и заговор за предизвикување јавна непријатност. Апсењата доаѓаат откако  во Лондон се одржа протестен митинг против крунисувањето на Чарлс. Демонстрантите се собраа на централниот плоштад и вееја британски знамиња и транспаренти со натписи: „Не е мојот крал“ и „Укинете ја монархијата“. [caption id="attachment_637818" align="aligncenter" width="640"] Фото: АФП[/caption] Еден од организаторите на митингот беше лидерот на антимонархистичката републичка група Греам Смит, кој побара да се замени уставната монархија со парламентарна република, а исто така ги критикуваше огромните трошоци за крунисувањето. На почетокот на протестот, Греам Смит и петмина негови поддржувачи беа приведени. Органите на редот ги одзедоа и транспарентите и транспарентите на демонстрантите. Пред да почне церемонијата, беа испратени писма до противниците на монархискиот режим со предупредување за заострување на правилата за одржување на митинзи со цел да се спречи нарушување на предвидените настани, вклучително и крунисувањето на Чарлс трети.

The post Протест и десетици апсења за време на крунисувањето на Чарлс трети appeared first on Република.

]]>
Принцот Вилијам му се заколна на верност на Кралот Чарлс Трети, Хари ја следеше цермонијата од третиот ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/printsot-vilijam-mu-se-zakolna-na-vernost-na-kralot-charls-treti-hari-ja-sledeshe-tsermonijata-od-tretiot-red/ Sat, 06 May 2023 15:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=637724

Чарлс стана 40-тиот суверен владетел крунисан во Вестминстерската опатија, уште од времето на Вилијам Освојувачот во 1066 година, кога надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, ја постави круната на Свети Едвард на неговата глава.

За време на крунисувањето, момент кој беше забележан од многубројните камери е кога принцот Вилијам му се заколнува на верност и кога го бакна.

Медиумите овој момент го опишуваат како најемотивен за време на церемонијата. Принцот Вилијам клекна пред неговиот татко и рече:

„Јас, Вилијам, принцот од Велс, ви се заколнувам на мојата лојалност и верност и вистина што ќе ги носам како ваш поданик. Бог да е со мене“.

Потоа стана, ја допре круната и го бакна кралот во образот. Чарлс беше видно емотивен, климна со главата на својот син и рече „Амин“ и „Благодарам, Вилијам“.

Сето ова принцот Хари го следеше од третиот ред.

The post Принцот Вилијам му се заколна на верност на Кралот Чарлс Трети, Хари ја следеше цермонијата од третиот ред appeared first on Република.

]]>

Чарлс стана 40-тиот суверен владетел крунисан во Вестминстерската опатија, уште од времето на Вилијам Освојувачот во 1066 година, кога надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, ја постави круната на Свети Едвард на неговата глава. За време на крунисувањето, момент кој беше забележан од многубројните камери е кога принцот Вилијам му се заколнува на верност и кога го бакна. Медиумите овој момент го опишуваат како најемотивен за време на церемонијата. Принцот Вилијам клекна пред неговиот татко и рече: „Јас, Вилијам, принцот од Велс, ви се заколнувам на мојата лојалност и верност и вистина што ќе ги носам како ваш поданик. Бог да е со мене“. Потоа стана, ја допре круната и го бакна кралот во образот. Чарлс беше видно емотивен, климна со главата на својот син и рече „Амин“ и „Благодарам, Вилијам“. Сето ова принцот Хари го следеше од третиот ред.

The post Принцот Вилијам му се заколна на верност на Кралот Чарлс Трети, Хари ја следеше цермонијата од третиот ред appeared first on Република.

]]>
Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prisustvuvashe-na-krunisuvane-na-britanskiot-kral-charls-treti-i-kralitsata-kamila/ Sat, 06 May 2023 15:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=637711

Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваше на свечена церемонија на крунисување на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила во Вестминстерската опатија во Лондон.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Пендаровски со сопругата вчера присуствувале и на прием во Бакингамската палата, приреден од Кралот Чарлс Трети за странски гости – шефови на држави со кои Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има дипломатски односи, за претставници на британските региони и прекуокеанските територии, како и за членови на кралското семејство и британската Влада.

Претседателот и сопругата присуствуваа на настаните во Лондон како одговор на поканата упатена до шефови на држави од британската страна. Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности и постојано се унапредуваат уште од нашата независност. Во 2023 година Република Македонија и Обединетото Кралство одбележуваат јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

 

The post Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваше на свечена церемонија на крунисување на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила во Вестминстерската опатија во Лондон. Како што соопштија од неговиот кабинет, Пендаровски со сопругата вчера присуствувале и на прием во Бакингамската палата, приреден од Кралот Чарлс Трети за странски гости – шефови на држави со кои Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има дипломатски односи, за претставници на британските региони и прекуокеанските територии, како и за членови на кралското семејство и британската Влада.
Претседателот и сопругата присуствуваа на настаните во Лондон како одговор на поканата упатена до шефови на држави од британската страна. Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности и постојано се унапредуваат уште од нашата независност. Во 2023 година Република Македонија и Обединетото Кралство одбележуваат јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.
 

The post Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-tseremonijata-na-krunisuvane-na-britanskiot-kral-charls-treti/ Sat, 06 May 2023 06:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=637532

Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети.

На церемонијата на крунисување најавени се повеќе од 2.200 гости меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство.

The post Пендаровски на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети.
На церемонијата на крунисување најавени се повеќе од 2.200 гости меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство.

The post Пендаровски на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>
Крунисувањето на британскиот крал ќе се одржи со најголемата воена церемонија во последните 70 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/krunisuvaneto-na-britanskiot-kral-ke-se-odrzhi-so-najgolemata-voena-tseremonija-vo-poslednite-70-godini/ Sun, 16 Apr 2023 11:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=631208

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ќе биде придружувано од најголемата воена церемонија во последните 70 години, со повеќе од 6 000 мажи и жени од вооружените сили кои ќе учествуваат на историскиот кралски настан.

Морнари, војници и воздухопловци од Велика Британија и Комонвелтот, сојуз на земји претежно составени од британски колонии, ќе ги придружуваат Чарлс и Камила до Вестминстерската опатија во Лондон, каде што ќе се одржи крунисувањето на 6 мај.

Подоцна, истиот ден, повеќе од 60 авиони на британската морнарица, армија и воздухопловни сили ќе летаат над трговскиот центар во центарот на Лондон шест минути.

Ќе се слушаат почесни пукотници за да се одбележи моментот на крунисувањето на кралот низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст.

Распоредените бродови на морнарицата и повеќе од 400 луѓе на 13 локации ќе испукаат 21 истрел, додека 62 истрели ќе бидат испукани во лондонската кула, а шест топови ќе бидат испукани на Парадата на гардата на коњите.

Во одбележувањето на историскиот момент ќе учествуваат и речиси 400 припадници на вооружените сили од најмалку 35 земји-членки на Комонвелтот.

The post Крунисувањето на британскиот крал ќе се одржи со најголемата воена церемонија во последните 70 години appeared first on Република.

]]>

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ќе биде придружувано од најголемата воена церемонија во последните 70 години, со повеќе од 6 000 мажи и жени од вооружените сили кои ќе учествуваат на историскиот кралски настан. Морнари, војници и воздухопловци од Велика Британија и Комонвелтот, сојуз на земји претежно составени од британски колонии, ќе ги придружуваат Чарлс и Камила до Вестминстерската опатија во Лондон, каде што ќе се одржи крунисувањето на 6 мај. Подоцна, истиот ден, повеќе од 60 авиони на британската морнарица, армија и воздухопловни сили ќе летаат над трговскиот центар во центарот на Лондон шест минути. Ќе се слушаат почесни пукотници за да се одбележи моментот на крунисувањето на кралот низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст. Распоредените бродови на морнарицата и повеќе од 400 луѓе на 13 локации ќе испукаат 21 истрел, додека 62 истрели ќе бидат испукани во лондонската кула, а шест топови ќе бидат испукани на Парадата на гардата на коњите. Во одбележувањето на историскиот момент ќе учествуваат и речиси 400 припадници на вооружените сили од најмалку 35 земји-членки на Комонвелтот.

The post Крунисувањето на британскиот крал ќе се одржи со најголемата воена церемонија во последните 70 години appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/printsot-hari-ke-dojde-na-krunisuvaneto-na-negoviot-tatko-megan-ke-gi-chuva-detsata-vo-sad/ Thu, 13 Apr 2023 12:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=630590

Вчера официјално беше објавено дека принцот Хари сам ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, додека Меган Маркл ќе остане во Калифорнија.

До „Daily Mail“ пристигнала информација дека преговорите биле тешки и долги, и дека Бакингемската палата најавила дека војводата од Сасекс сепак сам ќе присуствува на крунисувањето.

Од друга страна војвотката од Сасекс ќе остане дома со принцот Арчи и принцезата Лилибет.

Сепак, иако на сите им изгледа дека Хари и Меган се условени на ова, од дворот пристигнува информација дека ова е своевидно „маслиново гранче“ кое претходни на смирување на семејството.

 

The post Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД appeared first on Република.

]]>

Вчера официјално беше објавено дека принцот Хари сам ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, додека Меган Маркл ќе остане во Калифорнија. До „Daily Mail“ пристигнала информација дека преговорите биле тешки и долги, и дека Бакингемската палата најавила дека војводата од Сасекс сепак сам ќе присуствува на крунисувањето. Од друга страна војвотката од Сасекс ќе остане дома со принцот Арчи и принцезата Лилибет. Сепак, иако на сите им изгледа дека Хари и Меган се условени на ова, од дворот пристигнува информација дека ова е своевидно „маслиново гранче“ кое претходни на смирување на семејството.  

The post Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/printsot-hari-ke-prisustvuva-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/ Wed, 12 Apr 2023 17:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=630305

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, додека неговата сопруга Меган ќе остане со децата во САД, објави денеска Бакингемската палата.

„Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај“, се вели во соопштението.

Меѓутоа се наведува дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ќе остане во Калифорнија со децата.

По нивната венчавка во замокот Виндзор во 2018 година, Хари и Меган брзо се разделија од семејството и се преселија во Канада, а потоа во Калифорнија.

Чарлс Трети го презеде тронот во септември минатата година по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

The post Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, додека неговата сопруга Меган ќе остане со децата во САД, објави денеска Бакингемската палата. „Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај“, се вели во соопштението. Меѓутоа се наведува дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ќе остане во Калифорнија со децата. По нивната венчавка во замокот Виндзор во 2018 година, Хари и Меган брзо се разделија од семејството и се преселија во Канада, а потоа во Калифорнија. Чарлс Трети го презеде тронот во септември минатата година по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

The post Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>
Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/charls-iii-gi-pokanil-adel-i-ed-shiran-na-krunisuvaneto-tie-odbile-toj-den-sme-zafateni/ Mon, 20 Feb 2023 08:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=610877

На 6 мај ќе се одржи важна британска церемонија, крунисувањето на Кралот Чарлс Трети а во врска со протоколот веќе се објавени многу информации. Сепак, списокот на музичари се уште не е финализиран, a некои не ја прифатија поканата за оваа голема чест.

На програмата ќе учествуваат многу клучни британски музичари, но не и Адел и Ед Ширан. Имено, иако тие добиле покани да пеат на концертот во чест на новиот крал, сепак тие не ја прифатиле поканата, пишува Daily Mail.

Тие се извиниле што се зафатени и што не можеле да настапат на таа голема церемонија тој ден.

Tимот што се грижи за музиката им испрати покана, но тие рекоа дека не се во можност, што е големо разочарување. Тие се суштински членови на шоубиз индустријата и се суштински Британци, но и познати низ целиот свет. Штета што не можат да настапат – изјавил изворот за медиумите.

Сепак, тој ден засега не им е резервиран. Ед Ширан има концерт ден пред тој концерт, додека Адел нема ништо што е јавно.

Ако Ед Ширан има концерт во Тексас, на 6 мај, би можел да лета за Лондон со приватен авион, велат неговите обожаватели. Адел има концерти во Лас Вегас, но тие траат до 25 март.

Не е познато ниту дали Хари Стајлс добил покана, но британските таблоиди наведуваат дека и Чарлс би сакал да го види и слушне на тој концерт.

Во меѓувреме, на концерото по повод крунисувањето на британскиот крал се согласиле да пеат Лајонел Ричи и Спајс Грлс. На концертот ќе можат да учествуваат и граѓани, ѐ ќе бидат продадени неколку илјади билети.

The post Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! appeared first on Република.

]]>

На 6 мај ќе се одржи важна британска церемонија, крунисувањето на Кралот Чарлс Трети а во врска со протоколот веќе се објавени многу информации. Сепак, списокот на музичари се уште не е финализиран, a некои не ја прифатија поканата за оваа голема чест. На програмата ќе учествуваат многу клучни британски музичари, но не и Адел и Ед Ширан. Имено, иако тие добиле покани да пеат на концертот во чест на новиот крал, сепак тие не ја прифатиле поканата, пишува Daily Mail. Тие се извиниле што се зафатени и што не можеле да настапат на таа голема церемонија тој ден. Tимот што се грижи за музиката им испрати покана, но тие рекоа дека не се во можност, што е големо разочарување. Тие се суштински членови на шоубиз индустријата и се суштински Британци, но и познати низ целиот свет. Штета што не можат да настапат – изјавил изворот за медиумите. Сепак, тој ден засега не им е резервиран. Ед Ширан има концерт ден пред тој концерт, додека Адел нема ништо што е јавно. Ако Ед Ширан има концерт во Тексас, на 6 мај, би можел да лета за Лондон со приватен авион, велат неговите обожаватели. Адел има концерти во Лас Вегас, но тие траат до 25 март. Не е познато ниту дали Хари Стајлс добил покана, но британските таблоиди наведуваат дека и Чарлс би сакал да го види и слушне на тој концерт. Во меѓувреме, на концерото по повод крунисувањето на британскиот крал се согласиле да пеат Лајонел Ричи и Спајс Грлс. На концертот ќе можат да учествуваат и граѓани, ѐ ќе бидат продадени неколку илјади билети.

The post Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! appeared first on Република.

]]>