крстот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krstot/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Jan 2023 17:20:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крстот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krstot/ 32 32 Единствената девојка која скокна по крстот во Велес: Не се откажувам, ќе скокам сè додека не го фатам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edinstvenata-devojka-koja-skokna-po-krstot-vo-veles-ne-se-otkazhuvam-ke-skokam-se-dodeka-ne-go-fatam/ Thu, 19 Jan 2023 17:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=598780

Меѓу 71 православни христијани, кои денеска скокнаа во водите на Вардар во Велес за Богојавление –Водици, беше и единствената девојка,  28 – годишната Ели Апостоловска, вработена во Армијата, во Воената полиција. Таа досега три пати се пријавувала за учество, а два пати скокала по светиот крст во водите на Вардар. За МИА, потенцира дека крстот бил блиску до неа, но среќа прв да стигне до крстот имал нејзиниот колега од Армијата, Игор Василевиќ.

Апостоловска  потенцира дека и во наредните години за Водици не се откажува и ќе се пријави да скока по крстот во водите на Вардар, а се надева дека ќе и се насмевне среќата и ќе го фати светиот крст за Водици. Воедно, таа потенцира дека е многу среќна што била учесник и е горда што е дел од традиционалната манифестаци, која е многу значајна за христијаните.

Имав преголема желба и така се пријавив. Исто како кога требаше првпат да скокам, така и овој пат, синоќа цела вечере не можев да заспијам од возбуда. Преубаво се чувствувам и сум многу среќна што влегов во осветените води на Вардар. Тоа значи и здравје и среќа, појасни за МИА, Апостоловска.

Ели Апостловска во Армијата работи од 7 септември 2015 година. Прво се вработила во Полкот за специјални операции – Ренџери, па во чета за Логистичка поддршка, а сега е во Воената полиција во Касарната „Илинден“ во Скопје.

Таа ни сите православни христијани им го честита празникот Богојавление Водици и им посака многу здравје и среќа.

The post Единствената девојка која скокна по крстот во Велес: Не се откажувам, ќе скокам сè додека не го фатам appeared first on Република.

]]>

Меѓу 71 православни христијани, кои денеска скокнаа во водите на Вардар во Велес за Богојавление –Водици, беше и единствената девојка,  28 – годишната Ели Апостоловска, вработена во Армијата, во Воената полиција. Таа досега три пати се пријавувала за учество, а два пати скокала по светиот крст во водите на Вардар. За МИА, потенцира дека крстот бил блиску до неа, но среќа прв да стигне до крстот имал нејзиниот колега од Армијата, Игор Василевиќ. Апостоловска  потенцира дека и во наредните години за Водици не се откажува и ќе се пријави да скока по крстот во водите на Вардар, а се надева дека ќе и се насмевне среќата и ќе го фати светиот крст за Водици. Воедно, таа потенцира дека е многу среќна што била учесник и е горда што е дел од традиционалната манифестаци, која е многу значајна за христијаните.
Имав преголема желба и така се пријавив. Исто како кога требаше првпат да скокам, така и овој пат, синоќа цела вечере не можев да заспијам од возбуда. Преубаво се чувствувам и сум многу среќна што влегов во осветените води на Вардар. Тоа значи и здравје и среќа, појасни за МИА, Апостоловска.
Ели Апостловска во Армијата работи од 7 септември 2015 година. Прво се вработила во Полкот за специјални операции – Ренџери, па во чета за Логистичка поддршка, а сега е во Воената полиција во Касарната „Илинден“ во Скопје. Таа ни сите православни христијани им го честита празникот Богојавление Водици и им посака многу здравје и среќа.

The post Единствената девојка која скокна по крстот во Велес: Не се откажувам, ќе скокам сè додека не го фатам appeared first on Република.

]]>
Петар Бошковски го фати крстот во Лепенец, а Игор Георгиевски Ачка во Вардар кај Хром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/petar-boshkovski-go-fati-krstot-vo-lepenets-a-igor-georgievski-achka-vo-vardar-kaj-hrom/ Thu, 19 Jan 2023 16:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=598773

Петар Бошковски беше среќлија и го фати крстот во Лепенец, а Игор Георгиевски - Ачка ќе го следи среќата во новата годоина откако го фати крстот во осветените води на реката Вардар кај мостот во Хром.

На двата настани им претходеа литургии и литии предводени од свештените лица од црквите од Ѓорче Петров.

Општина Ѓорче Петров по долга пауза учествува и е покровител на големите собири по повод осветување на водите на реките Лепенец и Вардар. Голема благодарност до ZEGIN за нивното учество во организација на настаните.
Да продолжиме да ги негуваме вековните христијански традиции. Денешниот ден кога Господ Исус Христос е крстен во реката Јордан нека донесе здравје, благосостојба и радости во секое семејство, им посака градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски на жителите од општината.

The post Петар Бошковски го фати крстот во Лепенец, а Игор Георгиевски Ачка во Вардар кај Хром appeared first on Република.

]]>

Петар Бошковски беше среќлија и го фати крстот во Лепенец, а Игор Георгиевски - Ачка ќе го следи среќата во новата годоина откако го фати крстот во осветените води на реката Вардар кај мостот во Хром. На двата настани им претходеа литургии и литии предводени од свештените лица од црквите од Ѓорче Петров. Општина Ѓорче Петров по долга пауза учествува и е покровител на големите собири по повод осветување на водите на реките Лепенец и Вардар. Голема благодарност до ZEGIN за нивното учество во организација на настаните. Да продолжиме да ги негуваме вековните христијански традиции. Денешниот ден кога Господ Исус Христос е крстен во реката Јордан нека донесе здравје, благосостојба и радости во секое семејство, им посака градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски на жителите од општината.

The post Петар Бошковски го фати крстот во Лепенец, а Игор Георгиевски Ачка во Вардар кај Хром appeared first on Република.

]]>
Покрстен Турчин го фати крстот на Фанар https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pokrsten-turchin-go-fati-krstot-na-fanar/ Sat, 08 Jan 2022 18:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=442021

Триесет и шестгодишен Турчин кој го прифатил христијанството го фати крстот за време на церемонија за осветување на водите во Златниот Рог (залив на границата меѓу Босфор и Маморното Море). Виктор за првпат го фати светиот крст при осветување на водите во Фанар, церемонија со која раководеше вселенскиот патријарх Ватоломеј.

Во изјава Виктор се осврнува на неговата голема желба да го фати крстот и да го прими благословот, истовремено објаснувајќи ги причините зошто избрал да стане христијанин.

-Многу сум среќен и имам добра година. Јас сум христијанин…Оваа вера е поблиска до мене. Решив да го изберам христијанството бидејќи тоа е религија поврзана со ова место.Оваа вера има многу длабоко вкоренета историја, додаде тој.

Виктор е крстен христијанин во Турција, што е исклучително ретко и вели дека е горд на тоа. Многу млади луѓе од Грција и Истанбул скокнаа во водите за да го фатат крстот.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу испрати цвеќе на Фанар, јавија локалните медиуми.

The post Покрстен Турчин го фати крстот на Фанар appeared first on Република.

]]>

Триесет и шестгодишен Турчин кој го прифатил христијанството го фати крстот за време на церемонија за осветување на водите во Златниот Рог (залив на границата меѓу Босфор и Маморното Море). Виктор за првпат го фати светиот крст при осветување на водите во Фанар, церемонија со која раководеше вселенскиот патријарх Ватоломеј. Во изјава Виктор се осврнува на неговата голема желба да го фати крстот и да го прими благословот, истовремено објаснувајќи ги причините зошто избрал да стане христијанин.
-Многу сум среќен и имам добра година. Јас сум христијанин…Оваа вера е поблиска до мене. Решив да го изберам христијанството бидејќи тоа е религија поврзана со ова место.Оваа вера има многу длабоко вкоренета историја, додаде тој.
Виктор е крстен христијанин во Турција, што е исклучително ретко и вели дека е горд на тоа. Многу млади луѓе од Грција и Истанбул скокнаа во водите за да го фатат крстот. Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу испрати цвеќе на Фанар, јавија локалните медиуми.

The post Покрстен Турчин го фати крстот на Фанар appeared first on Република.

]]>