крњево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krnjevo/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 19:11:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крњево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krnjevo/ 32 32 Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/graganite-se-zhalat-za-visokite-zgradi-na-parkingot-sproti-ist-gejt-investitorot-chifliganets-tvrdi-deka-se-gradi-zakonski/ Fri, 04 Oct 2024 19:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=822661

На неколку метри од зградата на Македонската телевизија на паркинг просторот спроти трговскиот центар „Ист Гејт“, ќе се гради малку понизок станбен и деловен објект од 15 ката. Ќе чини од 90 до 100 милиони евра, а се очекува да биде изграден за две години. Ќе има три дела, на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект ќе има 11, а бизнис центарот седум ката.

Граѓаните се жалат дека по изградбата на „Ист Гејт“ на улиците секојдневно се создава метеж, а дополнително со новиот станбен и деловен објект ќе биде ставен целосен крај на движењето и живеењето во овој дел од градот. Општина Центар ѝ издаде градежна дозвола на фирмата Адора инжинеринг, а сопственикот Ванчо Чифлиганец екслузивно за „Телма“ тврди се гради согласно закон.

За изградбата на објектот, Чифлиганец тврди дека се уплатени комуналии од околу пет милиони евра.

Според Деталниот урбанистички план, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година.

Чифлиганец поднел барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, што според стариот план се дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен.

Општина Центар го смени ДУП-от за Крњево во јули минатата година. Со измените, ја намали површината на која може да се гради и развиената површина, но ја зголеми дозволената катност на зградите од 12 на 18 ката.

The post Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски appeared first on Република.

]]>

На неколку метри од зградата на Македонската телевизија на паркинг просторот спроти трговскиот центар „Ист Гејт“, ќе се гради малку понизок станбен и деловен објект од 15 ката. Ќе чини од 90 до 100 милиони евра, а се очекува да биде изграден за две години. Ќе има три дела, на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект ќе има 11, а бизнис центарот седум ката. Граѓаните се жалат дека по изградбата на „Ист Гејт“ на улиците секојдневно се создава метеж, а дополнително со новиот станбен и деловен објект ќе биде ставен целосен крај на движењето и живеењето во овој дел од градот. Општина Центар ѝ издаде градежна дозвола на фирмата Адора инжинеринг, а сопственикот Ванчо Чифлиганец екслузивно за „Телма“ тврди се гради согласно закон.
За изградбата на објектот, Чифлиганец тврди дека се уплатени комуналии од околу пет милиони евра.
Според Деталниот урбанистички план, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година. Чифлиганец поднел барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, што според стариот план се дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен. Општина Центар го смени ДУП-от за Крњево во јули минатата година. Со измените, ја намали површината на која може да се гради и развиената површина, но ја зголеми дозволената катност на зградите од 12 на 18 ката.

The post Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски appeared first on Република.

]]>
Се чистат депонии на приватен имот, инспекторите се во Крњево https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-chistat-deponii-na-privaten-imot-inspektorite-se-vo-krnjevo/ Thu, 03 Mar 2022 16:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=467245

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите за животна средина од скопските општини започнаа координирана акција за депонии и сметилишта на приватен имот. Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот.

Заедничката акција на градските и општинските инспектори за животна средина на терен се спроведува во општина Центар во населба Крњево, каде што со помош на механизација се чисти депонија составена од оштетени автомобилски гуми оставени на приватен незаграден имот, при што подигнати се околу 700 гуми, со што е спречено нивно потенцијално палење и загадување на воздухот и животната средина.

The post Се чистат депонии на приватен имот, инспекторите се во Крњево appeared first on Република.

]]>

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите за животна средина од скопските општини започнаа координирана акција за депонии и сметилишта на приватен имот. Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот. Заедничката акција на градските и општинските инспектори за животна средина на терен се спроведува во општина Центар во населба Крњево, каде што со помош на механизација се чисти депонија составена од оштетени автомобилски гуми оставени на приватен незаграден имот, при што подигнати се околу 700 гуми, со што е спречено нивно потенцијално палење и загадување на воздухот и животната средина.

The post Се чистат депонии на приватен имот, инспекторите се во Крњево appeared first on Република.

]]>