Крмљ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krml/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 13:45:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Крмљ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krml/ 32 32 Кремљ не разговара за враќање на смртната казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-ne-razgovara-za-vrakane-na-smrtnata-kazna/ Mon, 25 Mar 2024 13:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=758574

Кремљ не е вклучен во никакви разговори за укинување на рускиот мораториум на смртната казна по петочниот терористички напад, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми.

Најмалку 137 луѓе беа убиени во петочниот масакр во концертната сала „Крокус сити хол“ на периферијата на Москва, а повеќе од 180 беа повредени, според официјалните податоци. Злосторството повторно ја разгоре дебатата меѓу пратениците за враќање на смртната казна, која практично е забранета во Русија од 1996 година.

„Ние не учествуваме во оваа дискусија“, рече Песков одговарајќи на прашање на ТАСС.

Поддржувачите на идејата, меѓу кои е и лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДПР), Леонид Слуцки, тврдат дека треба да се направи исклучок од мораториумот за четворицата вооружени напаѓачи кои го извршија нападот во петокот.

Шефот на фракцијата на партијата Единствена Русија во државната Дума, Владимир Василиев, исто така изјави дека идејата за повторно воведување на смртната казна за терористички дела ќе биде „длабоко и професионално раззработена“ и дека ќе се донесе одлука со која ќе „се задоволи расположението и очекувањата на нашето општество“.

Иако рускиот Кривичен законик технички има одредба за изрекување смртна казна, на судовите им е де факто забрането да изрекуваат таква казна. Како што објасни шефот на Комитетот за уставно законодавство при Федералниот совет, Андреј Клишас, повторното воведување на смртната казна е законски невозможно бидејќи ниту еден од домовите на рускиот парламент „не може да ги надмине одлуките на Уставниот суд на Русија за прашањето за смртната казна.”

Претседателот на рускиот Уставен суд, Валериј Зоркин, претходно истакна дека, според Уставот, секој има право на живот и затоа му е загарантирано „правото да не биде осуден на смрт“. Тој посочи дека повторното воведување на смртната казна ќе бара усвојување нов Устав.

Во меѓувреме, претседателот на Комитетот за државна изградба и законодавство на Државната дума, Павел Крашениников, посочи дека иако дискусиите за казнувањето на терористите се важни, тие не треба да бидат главниот фокус.

„Дискусиите за смртната казна, ми се чини, може да не одведат во погрешна насока“, предупреди Крашениников, инсистирајќи дека „за нас е поважно таквите дела да не се повторат“.

The post Кремљ не разговара за враќање на смртната казна appeared first on Република.

]]>

Кремљ не е вклучен во никакви разговори за укинување на рускиот мораториум на смртната казна по петочниот терористички напад, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми. Најмалку 137 луѓе беа убиени во петочниот масакр во концертната сала „Крокус сити хол“ на периферијата на Москва, а повеќе од 180 беа повредени, според официјалните податоци. Злосторството повторно ја разгоре дебатата меѓу пратениците за враќање на смртната казна, која практично е забранета во Русија од 1996 година. „Ние не учествуваме во оваа дискусија“, рече Песков одговарајќи на прашање на ТАСС. Поддржувачите на идејата, меѓу кои е и лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДПР), Леонид Слуцки, тврдат дека треба да се направи исклучок од мораториумот за четворицата вооружени напаѓачи кои го извршија нападот во петокот. Шефот на фракцијата на партијата Единствена Русија во државната Дума, Владимир Василиев, исто така изјави дека идејата за повторно воведување на смртната казна за терористички дела ќе биде „длабоко и професионално раззработена“ и дека ќе се донесе одлука со која ќе „се задоволи расположението и очекувањата на нашето општество“. Иако рускиот Кривичен законик технички има одредба за изрекување смртна казна, на судовите им е де факто забрането да изрекуваат таква казна. Како што објасни шефот на Комитетот за уставно законодавство при Федералниот совет, Андреј Клишас, повторното воведување на смртната казна е законски невозможно бидејќи ниту еден од домовите на рускиот парламент „не може да ги надмине одлуките на Уставниот суд на Русија за прашањето за смртната казна.” Претседателот на рускиот Уставен суд, Валериј Зоркин, претходно истакна дека, според Уставот, секој има право на живот и затоа му е загарантирано „правото да не биде осуден на смрт“. Тој посочи дека повторното воведување на смртната казна ќе бара усвојување нов Устав. Во меѓувреме, претседателот на Комитетот за државна изградба и законодавство на Државната дума, Павел Крашениников, посочи дека иако дискусиите за казнувањето на терористите се важни, тие не треба да бидат главниот фокус. „Дискусиите за смртната казна, ми се чини, може да не одведат во погрешна насока“, предупреди Крашениников, инсистирајќи дека „за нас е поважно таквите дела да не се повторат“.

The post Кремљ не разговара за враќање на смртната казна appeared first on Република.

]]>