Крлеж Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krlezh/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 12:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Крлеж Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krlezh/ 32 32 Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ako-ve-kasne-osa-krlezh-ili-konska-muva-koga-da-pobarate-lekarska-pomosh/ Sat, 13 Jul 2024 12:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=796388

Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјавува за британски „Сан“ фармацевтот Клер Невинсон.

Пчели, оси и стршни

Иако каснувањата од овие инсекти делуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали осилото останува во кожата или не.

Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, но ако осилото остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се каснатото место да го држите што повисоко, така ќе го намалите отокот – вели Клер.

Комарец

– Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга треска. Обидете се да ги покриете поосетливите делови од телото во периодот од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер.

Крлежи

– Каснувањата од крлежите обично не се болни, но понекогаш може да предизвикаат алергиска реакција, како и да пренесат Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните осилото што е можно поскоро, при тоа да внимавате да не го оштетите осилото. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето – објаснува Клер.

Коњска мува

Каснувањето од коњска мува може да биде многу непријатно.

– Каснувањето од коњска мува може да биде болно и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од ваквото каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека преку каснувањето сте се инфицирале, а тоа обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш побарајте лекарска помош – советува Клер Невинсон.

 

The post Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? appeared first on Република.

]]>

Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјавува за британски „Сан“ фармацевтот Клер Невинсон. Пчели, оси и стршни Иако каснувањата од овие инсекти делуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали осилото останува во кожата или не.
Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, но ако осилото остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се каснатото место да го држите што повисоко, така ќе го намалите отокот – вели Клер.
Комарец – Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга треска. Обидете се да ги покриете поосетливите делови од телото во периодот од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер. Крлежи – Каснувањата од крлежите обично не се болни, но понекогаш може да предизвикаат алергиска реакција, како и да пренесат Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните осилото што е можно поскоро, при тоа да внимавате да не го оштетите осилото. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето – објаснува Клер. Коњска мува Каснувањето од коњска мува може да биде многу непријатно. – Каснувањето од коњска мува може да биде болно и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од ваквото каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека преку каснувањето сте се инфицирале, а тоа обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш побарајте лекарска помош – советува Клер Невинсон.  

The post Ако ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош? appeared first on Република.

]]>
Почна сезоната на крлежи – Неколку совети како да го третирате каснувањето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochna-sezonata-na-krlezhi-nekolku-soveti-kako-da-go-tretirate-kasnuvaneto/ Mon, 01 Apr 2024 18:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=761034

Сезоната на крлежи трае од април до септември, па важно е однапред да се знае како правилно да ги отстраните од кожата доколку е потребно тоа.

Од заразните болести, менингоенцефалитис, меѓу другите, се пренесува преку крлеж. Тоа е воспалително заболување на централниот нервен систем, чијашто клиничка слика може да се движи од настинка до тешко воспаление на мозокот. Натаму, тука спаѓа и конго-кримска хеморагична треска што се јавува многу ретко на нашите простори, но доведува до сериозно нарушување во згрутчувањето на крвта и предизвикува обилно крвавење, а може да заврши и со смрт. Крлежот може да пренесе и рикециоза која може да се развие во потежок облик, но и лајмска болест што го напаѓа целиот организам, особено кожата, нервниот систем, зглобовите и срцето.

Стручњаците велат дека најдобар начин за заштита од крлежи е долга облека за време на престоите во природа и нанесување заштитно средство. Иако крлежот може да изгледа безопасно, секогаш треба да се биде внимателен околу тоа.

При забележување крлеж закачен на човековото тело, пред сѐ, потребни се чисти раце и дезинфицирана пинцета. Со алатката инсектот се фаќа внимателно во пределот на главата, т.е. што е можно поблиску до кожата. Потоа се извлекува нежно, полека и со рамномерни повлекувања, без никакво извртување. Битно: крлежот треба да се отстрани цел - нескинат, и без оштетување на кожата. Не се препорачува никакво масло, бензин, мраз или други слични средства, истакнуваат лекарите.

Во случај да не може да се отстранат главата или устата на инсектот, тоа треба дополнително да се извлече со пинцета - без оштетување на кожата.

Доколку не се успее, обратете се во најблиската здравствена установа. Важно е да се испита местото на каснување, да се дезинфицира и уште еднаш да се провери дали сè е отстрането од кожата.

Ако се појави оток или некоја друга промена на кожата, треба да се примени антиалергиски лек на местото на каснувањето. Антимикробната заштита по каснување од крлеж обично ја одредува компетентен лекар врз основа на придружните знаци и симптоми.

Не се препорачува: распарчување на крлежот, горење со чкорче, ниту премачкување со крема, масти или масла по каснувањето, што е неделотворно, но и контрапродуктивно и опасно по здравјето.

The post Почна сезоната на крлежи – Неколку совети како да го третирате каснувањето appeared first on Република.

]]>

Сезоната на крлежи трае од април до септември, па важно е однапред да се знае како правилно да ги отстраните од кожата доколку е потребно тоа. Од заразните болести, менингоенцефалитис, меѓу другите, се пренесува преку крлеж. Тоа е воспалително заболување на централниот нервен систем, чијашто клиничка слика може да се движи од настинка до тешко воспаление на мозокот. Натаму, тука спаѓа и конго-кримска хеморагична треска што се јавува многу ретко на нашите простори, но доведува до сериозно нарушување во згрутчувањето на крвта и предизвикува обилно крвавење, а може да заврши и со смрт. Крлежот може да пренесе и рикециоза која може да се развие во потежок облик, но и лајмска болест што го напаѓа целиот организам, особено кожата, нервниот систем, зглобовите и срцето. Стручњаците велат дека најдобар начин за заштита од крлежи е долга облека за време на престоите во природа и нанесување заштитно средство. Иако крлежот може да изгледа безопасно, секогаш треба да се биде внимателен околу тоа. При забележување крлеж закачен на човековото тело, пред сѐ, потребни се чисти раце и дезинфицирана пинцета. Со алатката инсектот се фаќа внимателно во пределот на главата, т.е. што е можно поблиску до кожата. Потоа се извлекува нежно, полека и со рамномерни повлекувања, без никакво извртување. Битно: крлежот треба да се отстрани цел - нескинат, и без оштетување на кожата. Не се препорачува никакво масло, бензин, мраз или други слични средства, истакнуваат лекарите. Во случај да не може да се отстранат главата или устата на инсектот, тоа треба дополнително да се извлече со пинцета - без оштетување на кожата. Доколку не се успее, обратете се во најблиската здравствена установа. Важно е да се испита местото на каснување, да се дезинфицира и уште еднаш да се провери дали сè е отстрането од кожата. Ако се појави оток или некоја друга промена на кожата, треба да се примени антиалергиски лек на местото на каснувањето. Антимикробната заштита по каснување од крлеж обично ја одредува компетентен лекар врз основа на придружните знаци и симптоми. Не се препорачува: распарчување на крлежот, горење со чкорче, ниту премачкување со крема, масти или масла по каснувањето, што е неделотворно, но и контрапродуктивно и опасно по здравјето.

The post Почна сезоната на крлежи – Неколку совети како да го третирате каснувањето appeared first on Република.

]]>
Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nema-prostor-za-strav-kongo-krimskata-treska-ne-se-prenesuva-lesno-ne-e-sekoj-krlezh-zarazen-so-nekoj-virus-veli-d-r-petlichkovski/ Tue, 15 Aug 2023 12:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=672336

Нема простор за страв, конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) не е болест која се пренесува лесно, пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со вирусот. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата. Состанокот го иницираше Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ.

Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со ККХТ. На 30 јули почина 27-годишна жена од Штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе заздравува. Вчера беше соопштено дека третиот заразен е 42-годишен велешанец, кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.

Крлежи има многу, особено во летните месеци, глобалното затоплување придонесува за нивна поинтензивна активност. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини, но кога ќе излегуваат, треба да имаат предвид и да бидат позаштитени. Риболовци, ловџии, сточари се оосбено изложени на оваа опаснсот, особено и здравствените работници кои се изложени и треба повеќе да се заштитуваат при контакт со сомнителни пациенти, изјави д-р Петличковски.

Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.

И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.

Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ.

Комисијата за заразни болести ќе побара од Владата организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата на наоѓањето, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучна превентивна мерка.

За волја на вистината, ако логично размислуваме, врз основа на научните истражувања на Факултетот за ветерина, ние откриваме дека стоката, животните во Македонија се постојано изложени. Тоа не е вирус кој се појавил годинава. Во тие истражување над 30 проценти од различните стоки говеда, овци, кози се со прележан вирус, т. е веќе биле во контакт со вирусот. Меѓутоа, немаме информации за хоспиталиизрани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека е тука, но можнот е да се од таа поблага варијанта, така што луѓето не стигнуваат до болница, изјави д-р Петличковски.

The post Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>

Нема простор за страв, конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) не е болест која се пренесува лесно, пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со вирусот. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата. Состанокот го иницираше Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ. Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со ККХТ. На 30 јули почина 27-годишна жена од Штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе заздравува. Вчера беше соопштено дека третиот заразен е 42-годишен велешанец, кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.
Крлежи има многу, особено во летните месеци, глобалното затоплување придонесува за нивна поинтензивна активност. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини, но кога ќе излегуваат, треба да имаат предвид и да бидат позаштитени. Риболовци, ловџии, сточари се оосбено изложени на оваа опаснсот, особено и здравствените работници кои се изложени и треба повеќе да се заштитуваат при контакт со сомнителни пациенти, изјави д-р Петличковски.
Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.
И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.
Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ. Комисијата за заразни болести ќе побара од Владата организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата на наоѓањето, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучна превентивна мерка.
За волја на вистината, ако логично размислуваме, врз основа на научните истражувања на Факултетот за ветерина, ние откриваме дека стоката, животните во Македонија се постојано изложени. Тоа не е вирус кој се појавил годинава. Во тие истражување над 30 проценти од различните стоки говеда, овци, кози се со прележан вирус, т. е веќе биле во контакт со вирусот. Меѓутоа, немаме информации за хоспиталиизрани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека е тука, но можнот е да се од таа поблага варијанта, така што луѓето не стигнуваат до болница, изјави д-р Петличковски.

The post Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>
Почина 27 годишна штипјанка од смртоносната Конго- кримска хеморагична треска, ја каснал крлеж https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-27-godishna-shtipjanka-od-smrtonosnata-kongo-krimska-hemoragichna-treska-ja-kasnal-krlezh/ Sun, 30 Jul 2023 12:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=666935

Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица ,Штип која поради брзо прогредирање на болестапочинала истиот ден, потврдуваат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје.

Тим од Одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од ЦЈЗ Штип направија веднаш увид во с. Кучица, во Клиничката болница Штип и во ИМП Штип. Се направи епидемиолошка анкета за пациентката од која дознавме дека била касната од крлеж, кој бил изваден во домашни услови. По појава на симптоми неколку дена од каснувањеето најпрво била хоспитализирана во Штип , апотоа во Скопје . Со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице, направени се претраги на сите контакти во семејството и во КБ и ИМП Штип , при што беа класифицирани според ризикот.

The post Почина 27 годишна штипјанка од смртоносната Конго- кримска хеморагична треска, ја каснал крлеж appeared first on Република.

]]>

Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица ,Штип која поради брзо прогредирање на болестапочинала истиот ден, потврдуваат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје. Тим од Одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од ЦЈЗ Штип направија веднаш увид во с. Кучица, во Клиничката болница Штип и во ИМП Штип. Се направи епидемиолошка анкета за пациентката од која дознавме дека била касната од крлеж, кој бил изваден во домашни услови. По појава на симптоми неколку дена од каснувањеето најпрво била хоспитализирана во Штип , апотоа во Скопје . Со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице, направени се претраги на сите контакти во семејството и во КБ и ИМП Штип , при што беа класифицирани според ризикот.

The post Почина 27 годишна штипјанка од смртоносната Конго- кримска хеморагична треска, ја каснал крлеж appeared first on Република.

]]>
Речиси половина милион Американци развиле алергија на месо поради каснување од крлеж https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/rechisi-polovina-milion-amerikantsi-razvile-alergija-na-meso-poradi-kasnuvane-od-krlezh/ Fri, 28 Jul 2023 11:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=666280

Бројот на Американци кои развиваат ретка алергија на месо од каснувања од крлежи се зголемува и можеби веќе зафатиле дури 450.000 луѓе, тврдат научниците, пишува Би-Би-Си.

Новите податоци објавени од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат нагло зголемување на случаите на алфа-гал синдром. Поради алергија на неколку видови месо или производи од животинско потекло, може да дојде до реакција опасна по живот.

Американските научници пронајдоа алфа-гал во плунката на крлежот Amblyomma americanum, кој има бела дамка на грбот и главно се наоѓа во јужните и источните делови на САД. Експертите предупредуваат дека поради климатските промени, бројот на овие крлежи се зголемува и дека може да се шират на друго место, надвор од САД.

Едно лице може да се разболи од каснувањето на Amblyomma americanum ако консумира одредено месо и животински производи добиени од цицачи. Списокот на опасни намирници за луѓето кои страдаат од синдромот алфа-гал вклучува свинско, говедско, зајачко, јагнешко, дивеч, желатин, млеко, некои млечни производи и лекови.

Симптомите на сè уште слабо разбраниот синдром вклучуваат стомачни грчеви, дијареа, осип и отежнато дишење, што може да предизвика фатална анафилакса.

Реакциите на синдромот на алфа-гел може да варираат од личност до личност, почнувајќи од благи до тешки или дури и опасни по живот, вели ЦДЦ. Анафилакса, потенцијално опасна по живот реакција која вклучува повеќе органски системи, може да бара итна медицинска помош. Сепак, луѓето можеби нема да имаат алергиска реакција по секое изложување на алфа-гал, забележува ЦДЦ.

Поради тоа колку бавно телото го вари месото, може да биде многу тешко да се забележат симптомите што се појавуваат. Повеќе од 110.000 случаи се откриени од 2010 година, вели ЦДЦ. Од 2017 до 2021 година, бројот на случаи се зголемувал за околу 15.000 годишно.

Поради тешкотијата на дијагнозата, ЦДЦ вели дека вкупно до 450.000 Американци можеби развиле алергии на месо поради алфа-гал. Истражувањето минатата година на 1.500 американски лекари и здравствени работници покажа дека 42 отсто од нив никогаш не слушнале за синдромот.

Во истражувањето, исто така од ЦДЦ, околу една третина од групата рекоа дека не се многу сигурни во нивната способност да ја идентификуваат болеста. Само 5 отсто од анкетираните изјавиле дека се многу сигурни во своите способности.

Синдромот Алфа-гал беше случајно откриен во 2008 година, откако американските истражувачи открија неочекувани резултати додека тестираа лек за рак.

The post Речиси половина милион Американци развиле алергија на месо поради каснување од крлеж appeared first on Република.

]]>

Бројот на Американци кои развиваат ретка алергија на месо од каснувања од крлежи се зголемува и можеби веќе зафатиле дури 450.000 луѓе, тврдат научниците, пишува Би-Би-Си. Новите податоци објавени од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат нагло зголемување на случаите на алфа-гал синдром. Поради алергија на неколку видови месо или производи од животинско потекло, може да дојде до реакција опасна по живот. Американските научници пронајдоа алфа-гал во плунката на крлежот Amblyomma americanum, кој има бела дамка на грбот и главно се наоѓа во јужните и источните делови на САД. Експертите предупредуваат дека поради климатските промени, бројот на овие крлежи се зголемува и дека може да се шират на друго место, надвор од САД. Едно лице може да се разболи од каснувањето на Amblyomma americanum ако консумира одредено месо и животински производи добиени од цицачи. Списокот на опасни намирници за луѓето кои страдаат од синдромот алфа-гал вклучува свинско, говедско, зајачко, јагнешко, дивеч, желатин, млеко, некои млечни производи и лекови. Симптомите на сè уште слабо разбраниот синдром вклучуваат стомачни грчеви, дијареа, осип и отежнато дишење, што може да предизвика фатална анафилакса. Реакциите на синдромот на алфа-гел може да варираат од личност до личност, почнувајќи од благи до тешки или дури и опасни по живот, вели ЦДЦ. Анафилакса, потенцијално опасна по живот реакција која вклучува повеќе органски системи, може да бара итна медицинска помош. Сепак, луѓето можеби нема да имаат алергиска реакција по секое изложување на алфа-гал, забележува ЦДЦ. Поради тоа колку бавно телото го вари месото, може да биде многу тешко да се забележат симптомите што се појавуваат. Повеќе од 110.000 случаи се откриени од 2010 година, вели ЦДЦ. Од 2017 до 2021 година, бројот на случаи се зголемувал за околу 15.000 годишно. Поради тешкотијата на дијагнозата, ЦДЦ вели дека вкупно до 450.000 Американци можеби развиле алергии на месо поради алфа-гал. Истражувањето минатата година на 1.500 американски лекари и здравствени работници покажа дека 42 отсто од нив никогаш не слушнале за синдромот. Во истражувањето, исто така од ЦДЦ, околу една третина од групата рекоа дека не се многу сигурни во нивната способност да ја идентификуваат болеста. Само 5 отсто од анкетираните изјавиле дека се многу сигурни во своите способности. Синдромот Алфа-гал беше случајно откриен во 2008 година, откако американските истражувачи открија неочекувани резултати додека тестираа лек за рак.

The post Речиси половина милион Американци развиле алергија на месо поради каснување од крлеж appeared first on Република.

]]>