кризна состојба во енергетиката Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krizna-sostojba-vo-energetikata/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Jan 2023 14:36:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кризна состојба во енергетиката Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krizna-sostojba-vo-energetikata/ 32 32 Ковачевски: Избори во 2024-та, успешно се справуваме со енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-izbori-vo-2024-ta-uspeshno-se-spravuvame-so-energetskata-kriza/ Thu, 12 Jan 2023 14:36:58 +0000 https://republika.mk/?p=596272

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш рече дека предвремени парламентарни избори нема да има, туку дека изборите ќе се одржат во 2024 година.

Според Ковачевски, комплимент е тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај, односно напролет, зашто тоа е показател дека Владата ефикасно се справува со енергетската криза која завршува на 30 април.

-Мицкоски по не знам кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став кој не го менувам секоја недела како него, дека избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин зашто имаме економска и енергетска криза. Воедно, скрининг процесот е почнат и е во тек, а и земјава е претседавач со ОБСЕ. Сигурно тоа нема да го прекинуваме за да му удоволуваме на Мицкоски и на неговите партиски желби. Избори ќе има во 2024 година. На парламентарните избори ќе победат СДСМ и коалициските партнери, а на претседателските кандидатот што тие ќе го предложат. Тоа што Мицкоски бара избори во мај е комполимент за Владата, смета дека Владата одлично се справува и со економската и со енергетската криза која завршува на 30 април. Можам само да му се заблагодарам за довербата дека добро се справуваме со кризата, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола

The post Ковачевски: Избори во 2024-та, успешно се справуваме со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш рече дека предвремени парламентарни избори нема да има, туку дека изборите ќе се одржат во 2024 година. Според Ковачевски, комплимент е тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај, односно напролет, зашто тоа е показател дека Владата ефикасно се справува со енергетската криза која завршува на 30 април.
-Мицкоски по не знам кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став кој не го менувам секоја недела како него, дека избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин зашто имаме економска и енергетска криза. Воедно, скрининг процесот е почнат и е во тек, а и земјава е претседавач со ОБСЕ. Сигурно тоа нема да го прекинуваме за да му удоволуваме на Мицкоски и на неговите партиски желби. Избори ќе има во 2024 година. На парламентарните избори ќе победат СДСМ и коалициските партнери, а на претседателските кандидатот што тие ќе го предложат. Тоа што Мицкоски бара избори во мај е комполимент за Владата, смета дека Владата одлично се справува и со економската и со енергетската криза која завршува на 30 април. Можам само да му се заблагодарам за довербата дека добро се справуваме со кризата, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола

The post Ковачевски: Избори во 2024-та, успешно се справуваме со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-izglasa-prodolzuvanje-na-kriznite-sostojbi-zaradi-nedostig-na-elektrichna-i-toplinska-energija/ Fri, 30 Sep 2022 15:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=556097

Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница, изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје.

Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, а со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Денеска не беше отворен претрес за третата и четвртата точка од дневниот ред на 86-тата седница – Предлог на просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030 и Предлог на закон за изменување на Законот за финансиска дисциплина, поради тоа што матичните комисии се уште ги немаат разгледано тие предлози. Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.

The post Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница, изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје. Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, а со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Денеска не беше отворен претрес за третата и четвртата точка од дневниот ред на 86-тата седница – Предлог на просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030 и Предлог на закон за изменување на Законот за финансиска дисциплина, поради тоа што матичните комисии се уште ги немаат разгледано тие предлози. Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.

The post Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-domashnoto-proizvodstvo-na-struja-kje-ja-obezbeduva-celata-potrebna-energija-i-maksimalno-kje-se-zgolemi/ Fri, 26 Aug 2022 14:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=544501

Со навремени и ефикасни политики Владата предводена од СДСМ ја одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните. Обврска на државата е да се заштитат граѓаните и домашниот буџет. Затоа домаќинствата за сметките на струја плаќаат 20 отсто, а 80 отсто се субвенционира цената од страна на државата“, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Тој посочи дека „се подготвуваат и нови антикризни мерки. Со ребалансот на буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки коишто како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година. За непречено снабдување со струја и топлинска енергија Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија“.

Костовски вели дека „домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Тука се и задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои од наредниот месец секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто“.

„Од наредниот месец следува големо покачување на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и на платите. Платите континуирано се зголемуваат. Според последните официјални податоци, просечната плата во јуни се искачи на 31.869 денари. Покачување на платите од септември ќе има во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита“, вели тој.

The post СДСМ: Домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми appeared first on Република.

]]>

Со навремени и ефикасни политики Владата предводена од СДСМ ја одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните. Обврска на државата е да се заштитат граѓаните и домашниот буџет. Затоа домаќинствата за сметките на струја плаќаат 20 отсто, а 80 отсто се субвенционира цената од страна на државата“, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. Тој посочи дека „се подготвуваат и нови антикризни мерки. Со ребалансот на буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки коишто како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година. За непречено снабдување со струја и топлинска енергија Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија“. Костовски вели дека „домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Тука се и задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои од наредниот месец секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто“. „Од наредниот месец следува големо покачување на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и на платите. Платите континуирано се зголемуваат. Според последните официјални податоци, просечната плата во јуни се искачи на 31.869 денари. Покачување на платите од септември ќе има во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита“, вели тој.

The post СДСМ: Домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми appeared first on Република.

]]>
Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и со струја во целата земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proglasena-krizna-sostojba-vo-snabduvanjeto-so-toplinska-energija-vo-skopje-i-so-struja-na-celata-zemja/ Thu, 25 Aug 2022 19:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=544126

Владата денеска ја одржа 74-тата седница, на која донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија.

-Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, соопшти владината прес-служба.

Двете одлуки се донесени на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе отпочне да се применуваат од 1 септември 2022 година.

Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија ќе трае 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.

-Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојба на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, стои во соопштението од Владата.

The post Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и со струја во целата земја appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ја одржа 74-тата седница, на која донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија.
-Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, соопшти владината прес-служба.
Двете одлуки се донесени на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе отпочне да се применуваат од 1 септември 2022 година. Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија ќе трае 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.
-Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојба на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, стои во соопштението од Владата.

The post Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и со струја во целата земја appeared first on Република.

]]>
Без да видиме каде отидоа парите нема шанса да поддржиме продолжување на кризната состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bez-da-vidime-kade-otidoa-parite-nema-shansa-da-poddrzime-prodolzuvanje-na-kriznata-sostojba/ Thu, 25 Aug 2022 18:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=544138

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи без да се види каде се потрошени парите од минатата кризна состојба нема да поддржи продолжување на кризната состојба во енергетиката прогласена денеска.

Имаме сиромашни граѓани, плаќаат инфлација. А, имаме богата Влада која што договара во четири очи тендери и прогласува кризна состојба за да никој жив не знае како ќе идат парите од Буџетот до ЕСМ. Без да видиме каде се потрошени парите, а имаме сериозни индиции за сторен криминал, на памет не ми паѓа да побарам од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да поддржи продолжување на енергетска кризна состојба. На памет не ми паѓа, децидно одговори Мицкоски.

Тој додаде дека без да се види каде отидоа парите за јаглен, како инстант компании преку ноќ формирани добиваат милионски тендери за превоз на јаглен, каде отидоа парите за мазут, колку мазут се купи и по која цена се купи истиот тој мазут, нема да се поддржи продолжување на кризна состојба.

Нормално ли е инстант компанија денес формирана, утре да добие тендер за транспорт на јаглен од Х места. Нормално ли е ? Тоа не е нормално! Па, тука криминалот од месечината се гледа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Без да видиме каде отидоа парите нема шанса да поддржиме продолжување на кризната состојба appeared first on Република.

Така беше со ковидот, така е и сега: Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и да се прават набавки во 4 очи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taka-beshe-so-kovidot-taka-e-i-sega-se-proglasuvaat-krizni-sostojbi-za-da-se-kradat-narodni-pari-i-da-se-pravat-nabavki-vo-4-ochi/ Thu, 25 Aug 2022 17:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=544114

Премногу раскрчмувања на државата во многу кратко време.
Во неколку дена се случија толку многу работи што човек не е способен да ги процесира. А каде се останатокот од триесетте години крадење и раскрчмување?!

Во статус на Фејсбук Ивор Мицковски набројова само дел од се што ни се случи само денеска.

Криминални набавки на јаглен преку штотуку отворени фирми.
Криминално не се плаќа струја во наводно едно општество за сите.
Децата зимово најверојатно ќе останат дома зошто нема да има за греење на училишта.
Власт испокарана до гуша со фондација го дозакопа судството и обвинителството.
Убиството на ракометарот ќе го суди политички и професионално компромитирана судијка.
Никаква одговорност ни за Дурмо, ни за Беса турс, ни за кабелот во Тетово.
Неделно гинат по двајца работници на терен.
За секој потрошен милион капитална инвестиција 10% одат на неоправдани трошоци.
Непотизам и партизација цутат како никогаш досега, државата губи преку пола милијарда годишно на Рамковни и фамилии на функционери и партиски лидери.
Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и прават набавки во 4 очи, така беше со ковидот, така и со струјата.
Нови небодери и дивоградби што кај Холидеј Ин, што кај Треска.
Индиции за криминал со огревното дрво кое уште малку ќе стане 5 илјади денари по кубик.
Дивоградби ќе никнуваат во Охрид на археолошки локалитети.
Дивоградби во Маврово и Трница со вмешани функционери и понатаму си никнуваат.
Бугарија почна да се изживува и врз македонското малцинство во Албанија.
Дечко на 25 години умира во болница поради сепса по интервенција на заб.
Да не навлагаме во поскапувања и инфлација, нови давачки и остали срања, битно на секое поле сме пепел, кучињата лаат, а караванот си врви.
Ова системско распарчување и раскрчмување на државичево некад ќе мора да запре, пишува Ивор Мицковски.

The post Така беше со ковидот, така е и сега: Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и да се прават набавки во 4 очи appeared first on Република.

]]>

Премногу раскрчмувања на државата во многу кратко време. Во неколку дена се случија толку многу работи што човек не е способен да ги процесира. А каде се останатокот од триесетте години крадење и раскрчмување?! Во статус на Фејсбук Ивор Мицковски набројова само дел од се што ни се случи само денеска. Криминални набавки на јаглен преку штотуку отворени фирми. Криминално не се плаќа струја во наводно едно општество за сите. Децата зимово најверојатно ќе останат дома зошто нема да има за греење на училишта. Власт испокарана до гуша со фондација го дозакопа судството и обвинителството. Убиството на ракометарот ќе го суди политички и професионално компромитирана судијка. Никаква одговорност ни за Дурмо, ни за Беса турс, ни за кабелот во Тетово. Неделно гинат по двајца работници на терен. За секој потрошен милион капитална инвестиција 10% одат на неоправдани трошоци. Непотизам и партизација цутат како никогаш досега, државата губи преку пола милијарда годишно на Рамковни и фамилии на функционери и партиски лидери. Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и прават набавки во 4 очи, така беше со ковидот, така и со струјата. Нови небодери и дивоградби што кај Холидеј Ин, што кај Треска. Индиции за криминал со огревното дрво кое уште малку ќе стане 5 илјади денари по кубик. Дивоградби ќе никнуваат во Охрид на археолошки локалитети. Дивоградби во Маврово и Трница со вмешани функционери и понатаму си никнуваат. Бугарија почна да се изживува и врз македонското малцинство во Албанија. Дечко на 25 години умира во болница поради сепса по интервенција на заб. Да не навлагаме во поскапувања и инфлација, нови давачки и остали срања, битно на секое поле сме пепел, кучињата лаат, а караванот си врви. Ова системско распарчување и раскрчмување на државичево некад ќе мора да запре, пишува Ивор Мицковски.

The post Така беше со ковидот, така е и сега: Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и да се прават набавки во 4 очи appeared first on Република.

]]>
Македонија прогласува кризна состојба во енергетиката, ќе се постапува во општините каде има загуби на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-proglasuva-krizna-sostojba-vo-energetikata-kje-se-postapuva-vo-opshtinite-kade-ima-zagubi-na-struja/ Thu, 25 Aug 2022 15:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=544085

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека вечер ќе прогласат кризна состојба во енергетскиот сектор на национално ниво, но и најави оти ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија. Загубите на струја, како што рече, се признаваат како трошок кога се одредува цената за струјата.

Од понеделник екипите на ЕВН Македонија непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа Општина, но и на други места, изјави попладнево министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот со градоначалникот Ридван Ибраими.

Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово – 16,2 посто, Тетово 10,7 посто, Гостивар – 19,3 посто, Кичево -12,1 проценти, Скопје – 19,6 отсто. Министерот најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон.

Ги повикувам сите да ги почитуваат законите, одредбите од законите се со цел да не се направи штета во делот на снабдување со електрична енергија, но и во делот на електродистибутивниот систем, рече Бектеши нагласувајќи дека крадење на струја или незаконски приклучок во дистрибутнивната мрежа е кривично дело кое се санкционира согласно закон.

The post Македонија прогласува кризна состојба во енергетиката, ќе се постапува во општините каде има загуби на струја appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека вечер ќе прогласат кризна состојба во енергетскиот сектор на национално ниво, но и најави оти ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија. Загубите на струја, како што рече, се признаваат како трошок кога се одредува цената за струјата. Од понеделник екипите на ЕВН Македонија непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа Општина, но и на други места, изјави попладнево министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот со градоначалникот Ридван Ибраими. Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово – 16,2 посто, Тетово 10,7 посто, Гостивар – 19,3 посто, Кичево -12,1 проценти, Скопје – 19,6 отсто. Министерот најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон.