кризен штаб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krizen-shtab/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 16:04:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кризен штаб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krizen-shtab/ 32 32 Сите што може да излезат и да помогнат: Апел на Кризниот штаб на Прилеп до сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/site-shto-mozhe-da-izlezat-i-da-pomognat-apel-na-krizniot-shtab-na-prilep-do-sopstvenitsite-na-imoti-vo-mariovskoto-selo-krushevitsa/ Thu, 05 Sep 2024 16:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=813608

Прилепските локални власти, заедно со кризниот штаб, попладнето упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот.

Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат, стои во апелот од општина Прилеп.

Инаку големиот пожар во Мариово не стивнува и се проширува и во пониски делови. Преку 150 професионалци се на теренот и главен приоритет им е да ги спасат населените места од опасноста на огнената стихија која опфатила преку 10 000 хектари, главно ниска вегерација, а огнената линија е на преку 30 километри. За опасноста од пожарот да влезе во селото крушевица денеска алармираше и прилепскиот кризен штаб.ем/са/

The post Сите што може да излезат и да помогнат: Апел на Кризниот штаб на Прилеп до сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица appeared first on Република.

]]>

Кризен штаб Неготино побара дополнителна противпожарна опрема, обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и механизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krizen-shtab-negotino-pobara-dopolnitelna-protivpozharna-oprema-obezbeduvane-dron-za-podobra-preglednost-na-terenot-i-mehanizatsija/ Sun, 14 Jul 2024 20:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=796814

Кризниот штаб на Општина Неготино побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација, ова е заклучокот од вечерашниот состанок на Штабот.

Пожарот на планината Серта е се уште активен, битката со огнот продолжува и утре. И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен, било констатирано на состанокот.

Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги навеле непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот.

На вечерашниот состанок на Кризниот штаб на општина Неготино, заклучено било активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположливите ресурси, да продолжат утре во раните утрински часови.

The post Кризен штаб Неготино побара дополнителна противпожарна опрема, обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и механизација appeared first on Република.

]]>

Кризниот штаб на Општина Неготино побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација, ова е заклучокот од вечерашниот состанок на Штабот.
Пожарот на планината Серта е се уште активен, битката со огнот продолжува и утре. И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен, било констатирано на состанокот.
Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги навеле непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот. На вечерашниот состанок на Кризниот штаб на општина Неготино, заклучено било активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположливите ресурси, да продолжат утре во раните утрински часови.  

The post Кризен штаб Неготино побара дополнителна противпожарна опрема, обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и механизација appeared first on Република.

]]>
Војници на АРМ да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Серта, бара кризниот штаб на Неготино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vojnitsi-na-arm-da-se-vkluchat-vo-gasnene-na-pozharot-na-planinata-serta-bara-krizniot-shtab-na-negotino/ Sat, 13 Jul 2024 12:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=796393

Кризниот штаб на Неготино побара од Министерството за одбрана вклучување на војници на АРМ во гаснењето на пожарот на планината Серта, покрај постојните сили што веќе неколку денови го гаснат пожарот од земја, се вели во известувањето од неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Тој информира дека од утрово, пожарот на Серта се гасне со воен хеликоптер и два авиона за гаснење пожари.

Врз основа на дописот од Кризниот штаб на Oпштина Неготино, за поддршка од надлежните институции за вклучување во гаснењето на пожарот на планината Серта и остварената комуникација со одговорните лица, од утрово во гаснењето на пожарот се вклучени еден воен хеликоптер и два авиона што од воздух со испуштање количини вода, прават напори пожарот да биде изгаснат, соопштува Стојанов.

Од Кризниот штаб на Општина Неготино апелираат до граѓаните за почитување на мерките и препораките дадени изминатите денови од кога е и активен пожарот на Серта.

Пожарот избувна во средата околу 10:30 часот.

The post Војници на АРМ да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Серта, бара кризниот штаб на Неготино appeared first on Република.

]]>

Кризниот штаб на Неготино побара од Министерството за одбрана вклучување на војници на АРМ во гаснењето на пожарот на планината Серта, покрај постојните сили што веќе неколку денови го гаснат пожарот од земја, се вели во известувањето од неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој информира дека од утрово, пожарот на Серта се гасне со воен хеликоптер и два авиона за гаснење пожари.
Врз основа на дописот од Кризниот штаб на Oпштина Неготино, за поддршка од надлежните институции за вклучување во гаснењето на пожарот на планината Серта и остварената комуникација со одговорните лица, од утрово во гаснењето на пожарот се вклучени еден воен хеликоптер и два авиона што од воздух со испуштање количини вода, прават напори пожарот да биде изгаснат, соопштува Стојанов.
Од Кризниот штаб на Општина Неготино апелираат до граѓаните за почитување на мерките и препораките дадени изминатите денови од кога е и активен пожарот на Серта. Пожарот избувна во средата околу 10:30 часот.

The post Војници на АРМ да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Серта, бара кризниот штаб на Неготино appeared first on Република.

]]>
Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје: Во „Треска“ има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати, надлежните да преземат итни мерки за расчистување https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sostanok-na-krizniot-shtab-na-grad-skopje-vo-treska-ima-i-cisterna-so-obem-od-20-iljadi-litri-na-nafteni-derivati-nadleznite-da-prezemat-itni-merki-za-raschistuvanje/ Mon, 18 Apr 2022 19:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=490245

Денеска се одржа состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со учество на командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, директори на јавните претпријатија и членови на кризниот штаб.

На состанокот се разговараше за преземање на мерки за превенција од пожари, по случајот со пожарот во поранешната фабрика Треска, во скопската општина Центар.

Се донесоа заклучоци, меѓу кои и потребата ресорно надлежните институции да преземат итни мерки за расчистување и отстранување на запаливите материјали како и штетниот отпад од поранешната фабрика Треска кој може да го загади воздухот и почвата и воопшто животната средина на жителите кој живеат на тој потег, со што надлежните би можеле да ја отстранат опасноста од загадување и од повторување на пожари. На терен при гасењето на пожарот, пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, како и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност која ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните.

Градот Скопје ги става на располагање своите капацитети за помош во расчистувањето на штетните материјали, доколку надлежните институции утврдат потреба од истото, а воедно за подобра и навремена подготвеност на службите за интервенција, беше донесен заклучок да се побара информација за база на податоци од Дирекција за заштита и спасување, за мапирање потенцијални ризични места во градот каде постојат цистерни или магацини со запаливи или ризични материјали, со цел брза и навремена интервенција за заштита од можни хаварии и инциденти предизвикани од пожар.

The post Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје: Во „Треска“ има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати, надлежните да преземат итни мерки за расчистување appeared first on Република.

]]>

Денеска се одржа состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со учество на командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, директори на јавните претпријатија и членови на кризниот штаб. На состанокот се разговараше за преземање на мерки за превенција од пожари, по случајот со пожарот во поранешната фабрика Треска, во скопската општина Центар. Се донесоа заклучоци, меѓу кои и потребата ресорно надлежните институции да преземат итни мерки за расчистување и отстранување на запаливите материјали како и штетниот отпад од поранешната фабрика Треска кој може да го загади воздухот и почвата и воопшто животната средина на жителите кој живеат на тој потег, со што надлежните би можеле да ја отстранат опасноста од загадување и од повторување на пожари. На терен при гасењето на пожарот, пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, како и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност која ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. Градот Скопје ги става на располагање своите капацитети за помош во расчистувањето на штетните материјали, доколку надлежните институции утврдат потреба од истото, а воедно за подобра и навремена подготвеност на службите за интервенција, беше донесен заклучок да се побара информација за база на податоци од Дирекција за заштита и спасување, за мапирање потенцијални ризични места во градот каде постојат цистерни или магацини со запаливи или ризични материјали, со цел брза и навремена интервенција за заштита од можни хаварии и инциденти предизвикани од пожар.  

The post Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје: Во „Треска“ има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати, надлежните да преземат итни мерки за расчистување appeared first on Република.

]]>
Втора седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид-19: Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtora-sednica-na-glavniot-koordinativen-krizen-shtab-za-spravuvanje-so-kovid-19-preporaka-za-kratenje-na-periodot-na-izolacija-od-10-na-7-dena/ Tue, 25 Jan 2022 08:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=449035

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

Препораката е доставена до Владата на Република Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница.

The post Втора седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид-19: Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена appeared first on Република.

]]>

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот. Препораката е доставена до Владата на Република Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница.

The post Втора седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид-19: Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена appeared first on Република.

]]>
Свикан кризниот штаб: Ќе се одлучува за второто полугодие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svikan-krizniot-shtab-kje-se-odluchuva-za-vtoroto-polugodie/ Mon, 17 Jan 2022 17:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=446006

Главниот координативен кризен штаб вечерва ќе заседава и ќе треба да донесе предлог за тоа како да започне второто полугодие од учебната година.

Потоа, донесениот предлог ќе треба да го достави до Владата која на седница ќе треба да ја донесе конечната одлука. Владината седница за ова прашање можно е да биде свикана и доцна вечерва.

Комисијата за заразни болести заседаваше денеска зад затворени врати и неофицијалните информации се дека тие предложиле почетокот на второто полугодие со физичко присуство, без одложување.

The post Свикан кризниот штаб: Ќе се одлучува за второто полугодие appeared first on Република.

]]>

Главниот координативен кризен штаб вечерва ќе заседава и ќе треба да донесе предлог за тоа како да започне второто полугодие од учебната година. Потоа, донесениот предлог ќе треба да го достави до Владата која на седница ќе треба да ја донесе конечната одлука. Владината седница за ова прашање можно е да биде свикана и доцна вечерва. Комисијата за заразни болести заседаваше денеска зад затворени врати и неофицијалните информации се дека тие предложиле почетокот на второто полугодие со физичко присуство, без одложување.

The post Свикан кризниот штаб: Ќе се одлучува за второто полугодие appeared first on Република.

]]>